Сантјаго Бернабеу (стадион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сантјаго Бернабеу(шпански)
Ел Бернабеу
Santiagobernabeupanoramav3.jpg

УЕФА Nuvola apps mozilla.pngNuvola apps mozilla.pngNuvola apps mozilla.pngNuvola apps mozilla.pngNuvola apps mozilla.png

Место Avenida de Concha Espina 1, E28036 , Мадрид, Шпанија
Отворен 14 декември 1947
Сопственик ФК Реал Мадрид
Оператор ФК Реал Мадрид
Подлога Трева, 107 x 72 метри[1]
Игра ФК Реал Мадрид
Гледачи 80.400

Сантјаго Бернабеу (шпански: Estadio Santiago Bernabéu) — фудбалски стадион во Мадрид, Шпанија и е домашен терен на ФК Реал Мадрид. Изградбата на овој стадион започна на 27 октомври 1944. Првион стадионот се викаше Чамартин, а изградбата заврши во декември 1947 година. Реал Мадрид официјано го призна сегашното име Сантјаго Бернабеу на 4 јануари 1955, во чест на претседателот на Реал Мадрид Сантјаго Бернабеу Јесте. Овој стадион беше официјано награден од УЕФА за стадион со 5 ѕвезди уште во 60-тите години на минатиот век

Со проширувањето во 1953 година капацитетот на стадионот се зголеми на 120.000 . Во 1998 година УЕФА донесе одлука да се модернизираат стадионите, а во тоа спаѓаше и ставање на столчиња на трибините ( Реал Мадрид ја заврши оваа работа во сезоната 1998/99). Сантјаго Бернабеу се прошири уште со неколку проширувања, а последното се случи во 2003 година кога стадионот се прошири за 5.000 места и го доби денешниот капацитет од 80.400 гледачи.

Сантјаго Бернабеу е еден од најпознатите светски фудбалски стадиони. Тој бил домаќин на 3 финалиња од Купот на шампиони(1957,1969 и 1980), а треба да биде домаќин на финалето во Лига на Шампиони 2010[2] Финалињата на ЕУРО 1964 и Светско првенство 1982 Шпанија исто така се одиграа на Сантјаго Бернабеу.

Стадионот има свое метро кое се движи низ Улицата “10 линија“ и е наречено Сантјаго Бернабеу. Тоа е сместено во срцето на Мадридската бизниска локација.

После основањето на клубот во 1902 година клубот игра на повеќе стадиони, пред да се смести во стадионот “Кампо де Одонел“ во 1912 година.

Клубот на овој стадион се задржува девет години и потоа се сели во “Кампо де Суидад Линеал“, мал стадион со капацитет од 8.000 гледачи. Реал Мадрид овде играл само дванаесет месеци. Потоа Реал Мадрид се пресели на “Чамартин “ и на 17 мај1923 Реал Мадрид го изигра првиот натпревар на овој стадион против Њукасл. На овој стадион, со капацитет од 22.500 гледачи Реал Мадрид ја освои првата титула во Шпанската Премиера

После овие успеси тогашниот претседател на Реал Мадрид г-дин Сантјаго Бернабеу реши да изгради нов стадион бидејќи стадионот Чемертин не ги задоволувал потребите на Реал Мадрид. Стадионот беше завршен на 14 декември 1947. Тоа беше стадионот „Сантјаго Бернабеу“, како што го знаеме денес, но овој стадион не го доби денешното име се до 1955. Првиот меч кој се одиграа на овој стадион беше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Белененсес(3-1). Сабино Баринага беше првиот фудбалер кој дал гол на овој стадион. Тогашниот капацитет изнесуваше 75.000.

Во 1953 година, беше извршено првото проширување, кое се реализира со додавањето на третата “тераса“ на стадионот.Ова го зголеми капацитетот на стадионот, кој после проширувањето изнесување 120.000 гледачи.

Во исто време Реал Мадрид стана голем тим кој освои многу трофеи во наредните неколку години. Еден од тие трофеи беше освоен на сопствениот Сантјаго Бернабеу, на нивното второ финале во Купот на шампиони. Тогаш ја победија Фјорентина во финалето на Купот на шампиони 1957. Исто така се изигарни и финалињата на Купот на шампиони 1969( Милан и Ајакс) И Купот на шампиони 1980 (Нотингем Форест и ХСВ. Првиот официјален натпреар кој Шпанската репрезентцаја го изиграла на овој стадион бил во 1964 (Франко-Сталин) или Шпанија-СССР

Со доаѓањето на Светското Првенство во Шпанија во 1982, овој стадион се реновираше и се намали неговиот капацитет на 90.000

Мечевите од Групата Б помеѓу Шпанија, Германија и Англија, како и финалето беа натпреварите кои се одиграа на Сантјаго Бернабеу на Светското првенство 1982

Во 1992 година стадионот беше реновиран и неговиот капацитет изнесуваше преку 100.000, односно 106.500 гледачи. Во исто време стадионот беше реновиран и беше направен како што го знаеме денес, вклучувајќи го и преправањето на надворешните кули во аглите

Ова ново проширување значеше започнување битка со најголемиот ривал на Реал Мадрид, Барселона за кој има поголем стадион. Во оваа битка победи Барселона кога УЕФА реши да ги модернизира стадионите, односно стоечките места да ги претвори во седечки. Тогаш капацитетот се намали на 74.500

Новата реконструкција заврши. Оваа реконструкцијата на источната трибина го зголеми капацитетот на 80.000 гледачи.

Екс-председателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2005 година, пред да го напушти ова место, даде наредба да се реконструира покривот на стадионот. Но, оваа работа се уште не е започната

Забелеши[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]