Карим Бензема

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карим Бензема
Karim Benzema vs. FC Schalke 04 (16647992937).jpg
Бензема играјќи за Реал Мадрид во 2015
Лични податоци
Полно име Karim Mostafa Benzema[1]
Роден на 19 декември 1987 (1987-12-19) (30 г.)
Роден во Лион, Франција
Висина 1.85 m[2]
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид
Број 9
Младинска кариера
1996–2005 Академија на Олипик Лион
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2006 Лион Б 20 (15)
2004–2009 Лион 112 (43)
2009– Реал Мадрид 254 (124)
Репрезентација
2004 Франција 17 4 (1)
2004–2005 Франција 18 17 (14)
2005–2006 Франција 19 9 (5)
2006 Франција 21 5 (0)
2007– Франција 81 (27)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 December 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 11 October 2015

Карим Мостафа Бензема (كريم بنزيما) (роден 19 декември 1987 година) е француски професионален фудбалер кој игра за шпанскиот клуб Реал Мадрид и Францускиот национален тим како напаѓач. Тој е опишан како "неверојатно талентиран напаѓач", кој е "силен и моќен" и " со изнвонредна реализација во внатрешноста на шеснаесетникот".

Бензема е роден во градот Лион, каде што и ја започнал својата фудбалска кариера со локалниот клуб Брон Тераилон. Во 1996 година, тој се приклучил на Олипик Лион,  преку младинските категории. Бензема го направил своето професионално деби во сезоната 2004-05  и се појавил само спорадично во првите три сезони кога Лион освоил три титули во Лига 1. Во сезоната 2007-08, Бензема станал стартер во првиот тим и постигнал над 30 гола, со што му помигнал на Лион да ја освои својата седма лига титула. Со неговите одлични игри, тој бил прогласен за играч на годината во Лига 1 од страна на Националниот Сојуз на Професионални Фудбалери (UNFP) како и во тимот на годината. Бензема во 2009 година во трансфер вреден од над 35 милиони фунти ( 50 милиони долари), и потпишал шест годишен договор со Реал Мадрид. По борбата да се воспостави себе си во првиот тим во својата деби сезона со клубот, во наредните две сезони, Бензема дал огромен придонес со постигнатите 32 гола со што му помогнал на Реал Мадрид да го освои шпанскиот куп и првенството. Тој е именуван за француски фудбалер на годината три пати, во 2011, 2012 и 2014 година.

Бензема ја претставувал фудбалската репрезентација на Франција во младинските категории, со репрезентацијата до 17 години го освоил  УЕФА Европското првенство под-17 години во 2004 година. Бензема го имал своето  репрезентативно  деби за сениорскиот тим на Франција во март 2007 година во пријателскиот натпревар против Австрија, постигнувајќи гол во победата од 1-0. Бензема досега одиграл над 80 пати за националниот тим и бил улесник  на три големи меѓународни турнири: 2008 и 2012 изданија на УЕФА Европското Фудбалско Првенство и 2014 година ФИФА Светското Првенство. Сепак, Бензема во два наврати бил  изоставен од главните турнир : на Светското прцвенство во Јужна Агрика во 2010 година поради недостаток на минутажа со Реал Мадрид и Евро 2016 година по големиот јавен скандал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UEFA Champions League 2008/2009“. uefa.com. http://www.uefa.com/multimediafiles/download/disciplinarychart/uefa/uefamedia/75/40/14/754014_download.pdf. посет. 29 јуни 2012 г. 
  2. „Real Madrid C.F. – Karim Benzema“. Real Madrid. http://www.realmadrid.com/en/football/squad/karim-benzema. посет. 18 ноември 2017 г.