Прејди на содржината

Инстаграм

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Инстаграм
Изворни авториКевин Ситром, Мајк Кригер (Burbn, Inc.)
ПрограмериFacebook Inc.
Првично изданиеоктомври 6, 2010; пред 14 години (2010-10-06)
Развојна состојбаактивен
Опер. системiOS верзија 4.3 или понова; Андроид верзија 2.2 или понова;
Големина14 MB
ЈазициАнглиски јазик, африканс, чешки, дански, германски, грчки, англиски (Велика Британија), шпански (Шпанија) шпански (Латинска Америка), фински, француски (Франција), индонезиски, италијански, јапонски, корејски, малајски, норвешки (бокмал) , холандски, полски, португалски (Португалија), руски, шведски, тајландски, тагалог, турски, виетнамски, кинески (поедноставен) кинески (традиционален).
ВидФото & Видео
ЛиценцаFreeware
Мреж. местоinstagram.com

Инстаграм[1] (англиски: Instagram; скратено: Инста) — онлајн сервис за споделување на фотографии и друштвено вмрежување кој им овозможува на своите корисници да фотографираат, да додаваат дигитални филтри на фотографиите и да ги споделуваат на повеќе друштвени мрежи вклучувајќи ја и нивната.[2] Специфично е тоа што Инстаграм на почетокот ги ограничуваше фотографиите да имаат облик на квадрат, слично како и Инстаматик на Кодак и Полароид фотографиите, за разлика од aspect ratio 4:3 кој вообичаено се користи од камерите на мобилните апарати. Сега постои можност да се поставуваат фотографии во однос меѓу 1.91:1 и 4:5, додека приказните и видеата на IGTV може да се во однос 16:9.

Создадена е од Кевин Систром и Мајк Кригер и е пуштена во употреба во октомври 2010 година. Со преку 100 милиони активни корисници, сервисот брзо ја зголемува својата популарност во септември 2012 година.[3] Инстаграм е достапен преку App Store и преку Google Play.[4] Првично, Инстаграм беше достапен само заiPhone, iPad, и iPod Touch но, во април 2012 година сервисот стана достапен и за Android телефоните со камера кои работат на 2.2 Froyo.

Facebook, во својата најголема понуда за стекнување досега, понуди да го купи Инстаграм (заедно со 13-те вработени) за околу 1 милијарда долари во готовина и акции, во април 2012 година [5] со план за негово независно управување.[6] На 14 август 2012 година, Британската Канцеларија за фер тргување ја одобри зделката,[7] а на 22 август Федералната комисија за трговија во САД ја затвори својата истрага со што дозволи зделката да продолжи.[8][9] На 6 септември 2012 година зделката официјално заврши.[10]

На 17 декември 2012 година, Инстаграм ги промени своите Услови за користење, со што тие можат, по 16 јануари 2013 година, да ги продадат фотографиите на корисниците на трети лица без никакво известување.[11][12][13][14][15][16] Критиките од поборниците за приватност, корисниците, National Geographic[17] дури и Ким Кардашијан[18] која ја затвори својата корисничка сметка на Инстаграм, ги натера Инстаграм да објават изјава со која ги повлекуваат контроверзните услови. Овие услови предизвикаа многу од корисниците да се префрлат на други сервиси слични на Инстаграм како што е Flickr.[19][20][21][22][23][24] Инстаграм сега работи на развивање нов јазик за да ги заменат проблематичните услови за користење.[25]

Историја

[уреди | уреди извор]

Развивањето на Инстаграм започна во Сан Франциско кога Кевин Систром и бразилецот Michel "Mike" Krieger ќе решат да ја фокусираат нивната повеќе наменска HTML5 апликација за пријавување Burbn во мобилна фотографија.[26][27]

На 5 март 2010 година, додека работи на Burbn, Систром ја затвора рундата почетно финансирање од $500 000 од Baseline Ventures и од Andreessen Horowitz.[28] Џош Ридел се придружува на компанијата како менаџер за управување со маркетиншки канали[29] Шејн Свини се приклучува во ноември 2010 година како инженер и Џесика Золман, во август 2011 година, како Community Evangelist.[30][31]

Во јануари 2011 година, Инстаграм додаде хаштагови за да им помогне на корисниците полесно да откриваат фотографии и други корисници.[32] Инстаграм ги охрабрува корисниците да одбираат тагови кои се специфични и соодветни наместо зборови како „photo“ со цел фотографите да се истакнат и да привлечат инстаграмери со слични интереси.[33] Во септември, во App Store (iOS)излезе верзијата 2.0 која вклучуваше нови филтри кои можат да се менуваат и пред да се фотографира, tilt shift, фотографии со висока резолуција, додатни рамки,ротирање со еден клик и подобрена икона.[34]

На 2 февруари 2011 година беше објавено дека Инстаграм собрал $7 милиони од Series A финансирањето од повеќе инвеститори вклучувајќи ги и Benchmark Capital, Jack Dorsey, Chris Sacca, и Adam D'Angelo.[35] Со зделката Инстаграм беше проценет дека вреди околу $25 милиони.[36]

На 3 април 2012 година излезе Инстаграм за Android.[37] и, за помалку од еден ден апликацијата беше симната повеќе од еден милион пати.[38] Истата недела Инстаграм собра $50 милиони од вложувачите во иновативни проекти за дел од акциите на компанијата. . Овој процес го направи Инстаграм вреден $500 милиони.[36] Во наредните три месеци Инстаграм го оцениле повеќе од еден милион корисници на Google Play[39] и со тоа стана петатта апликација која достигнала еден милион оцени на Google Play.

Засега нема планови апликацијата да стане достапна и за оперативниот систем на BlackBerry.[40] (Current alternatives for BlackBerry 7 devices include InstaPhoto,Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>. LensBoost,Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>. and Photo Studio,Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>. two of which are available with various pricing.)

На 12 април 2012 година, Facebook го презеде Инстаграм за околу $1 милјарда во готовина и акции.[41][42] Договорот беше постигнат кратко пред Facebook да излезе на берза и го чинише четвртина од парите кои ги имаа на крајот од 2011 година. Договорот беше за компанија за која се вели дека нема никаков бизнис модел и дека цената која Facebook ја плати за Инстаграм се споредува со цената која Yahoo!ја плати за Flickr во 2005 година, мрежно место кое оттогаш се искачи меѓу 50 најпопуларни во светот.[6] a website which has since become among the 50 most popular in the world.[43] Марк Зукерберг вели дека Facebook се залага Инстаграм да се развива самостојно. спротивно од нивната вообичаена практика да, како што велат CNNMoney.com„купат интересни нови бизниси, да ги прекинат нивните проекти и да ги прераспределат нивните вработени на други проекти.“ [6] Според повеќе извештаи, зделката го направи извршниот директор на Инстаграм, Кевин Систром вреден $400 милиони врз основа на неговиот сопственички удел во бизнисот.[44]

Точната цена на купување е $300 милиони во готовина и 23 милиони во акции.[45]

Популарност

[уреди | уреди извор]

Корисници

[уреди | уреди извор]
Basic image and elaboration through Instagram

Во декември 2010 година, Инстаграм имаше 1 милион регистрирани корисници.[46] Во јуни 2011 година Инстаграм објави дека има 5 милиони корисници [47] а во септември истата година бројката се искачи на 10 милиони.[48] Во април 2012 година, беше објавено дека на Инстаграм се регистрирани на 30 милиони кориснички сметки.[49]

Инстаграм објави дека до јули 2011 година на нивниот сервис се прикачени 100 милиони фотографии а до август истата година -150 милиони..[50][51]

Инстаграм неодамна се појави на насловните страници со своите напори да го одржи позитивен простор на „инста-универумот“ и забрани употреба на хаштагови кои промовираат самоповредување.[52]

Постојат основни Услови за Користење tкои корисниците на Инстаграм треба да ги почитуваат. Овде спаѓаат: минимална годишна возраст од 13 години, забрани за објавување голотија, делумна голотија или сексуално сугестивни фотографии, одговорност за својата корисничка сметка и активноста поврзана со неа.[53]

Исто така постојат сопственички права за содржината на Инстаграм. Инстаграм не е сопственик на текстовите, податотеките, сликите, фотографиите, видеата, звуците, музичките дела, авторските дела, апликации или други материјали кои корисниците ги објавуваат на или преку Инстаграм сервисот.[53]

Заклучно со мај 2012 година,[54] на секоја секунда се прикачуваа по 58 фотографии и се регистрираше по еден нов член. Вкупнот број на прикачени фоторафии надмина една милјарда.

На 9 август 2012 година, англиската музичарка Ели Гулдинг излезе со ново музичко видео за нејзината песна "Anything Could Happen". Видеото содржи фотографии прикачени од нејзините обожаватели со различни филтри кои претставуваат збор или ред од текстот на песната. Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.

Трендови

[уреди | уреди извор]

Богати деца на Инстаrрам Богатите деца на Инстаграм е блог на Tumblr на кој има фотографии на кои се прикажани различни форми на претерано трошење.[55] Примери за фотографии поставени на овој блог се фискални сметки од над $100 000 долари, деца на приватни авиони или јахти, скапи обувки, часовници, накит и др.[55]

Викенд хаштаг проект Овој проект е серија се состои од одредени теми и хаштагови кои се одбрани од тимот на Инстаграм.[56] Корисниците го дознаваат проектот секој петок и секој проект ги охрабрува учесниците да објавуваат креативни фотографии во согласност со определената тема секој викенд.[56]

Критики и тужби

[уреди | уреди извор]

Услови за користење

[уреди | уреди извор]

На 17 декември 2012 година, Инстаграм објави измена во условите за користење која предизвика широка осуда од своите корисници. Контроверзните промени во политиката се направени за да им се овозможи на бизнисите или други субјекти да му плаќаат на Инстаграм да прикажува фотографии и други детали на корисниците кои се побрзани со спонзорираната содржина или промоциите, без никаква компензација или известување на корисникот кој ја прикачил таа фотографија. Нема никаква можност за избегнување на изменетите услови за користење.[57]

Ова предизвика сериозни критики од поборниците за приватност како и од потрошувачите. После еден ден, Инстаграм се извини изјавувајќи дека ќе ги отстрани контроверзните делови од условите за користење. .[58] Кевин Систром,соосновачот на Инстаграм ја разјасни политиката на компанијата изјавувајќи го следното:

„Нашата намера со ажурирање на условите беше да дадеме до знаење дека би сакале да експериментираме со иновативен маркетинг кој би бил соодветен за на Инстаграм. Наместо тоа, многумина сфатија дека ќе ги продаваме вашите слики на трети лица без никаква компензација. Ова не е вистина и наша грешка е што овие делови се збунувачки. Да биде јасно, нашата намера не е да ги продаваме вашите слики. Работиме на измените на овие делови за да се осигуриме дека ова е разјаснето.“ .[25]

Фото филтри

[уреди | уреди извор]
  • Normal - без промени
  • X-Pro II - топол, заситен ефект. Нагласени жолти тонови
  • Earlybird - избледен, заматен, со жолти и беж тонови
  • Lo-fi - малку заматен, со жолти и зелени нијанси
  • Sutro - Сепиа ефект. Нагласени жолти и виолетови тонови . целата фотографија се затемнува
  • Toaster - зголемена експозиција, малку заматено
  • Brannan - доминација на темни тонови со неколку светли тонови. Нагласени сиви и зелени нијанси
  • Willow - Црно-бело со низок контраст
  • Valencia - голем контраст со нијанси на сиво и кафеаво
  • Inkwell - црно-бел филтер со голем контраст
  • Walden - избледена боја со светлосини тонови
  • Hefe - класична боја со златни и жолти тонови
  • Nashville - Авиолетово-сина нагласеност со рамка. Еден од најпопуларните филтри на Инстаграм
  • 1977 - розовкасти тонови
  • Kelvin - презаситена, ретро слика со изгребена рамка. Претходно именуван како "Lord Kelvin"
  • Amaro - послаб контраст со бледи тонови

Сите ефекти се од 2 мај 1 верзијата на iOS.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.

Фирма за графички дизајн од Италија неодамна разви прототип за дигитален фотоапарат наречен Socialmatic со надворешност дизајнирана да изгледа како иконата на Инстаграм. Фотоапаратот е дизајниран со 16GB простор за складирање, безжичен интернет и Bluetooth, можност за поврзување со Инстаграм апликацијата и можност за изработување фотографии. Проектот (очигледно ниту е поврзан, ниту е одобрен од Инстаграм) бара помош и финансирање од луѓето преку Indiegogo, со цел да стане достапен како производ.[59][60] Инстаграм се покажува како успешен пазар за услуги.[61]

Додатоци

[уреди | уреди извор]
  • Instamap е апликација достапна за iPad која им овозможува на корисниците да наоѓаат фотографии според нивната локација или хаштаг. Резултатите можат да се прикажат како галерија или да се прикажат на мапа.[62]
  • 100 Cameras in 1 е апликација достапна за iPhone корисници која овозможува дополнителни ефекти за фотографии прикачени на Инстаграм.[62]
  • Carousel за Mac, овозможува прикажување на Инстаграм фотографии во живо на Mac компјутерите.[62]
  • Statigr.am е бесплатна апликација која дава лична статистика поврзана со Инстаграм, вклучувајќи и број на следбеници, допаѓања и коментари заедно со статистика за користење.[62]
  • Instagram & Printing - Instaprint нуди уред кој може да се изнајми за општествени собирање и им овозможува на корисниците да печатат фотографии од Инстаграм[62] Printsgramим овозможува на корисниците колекцијата од фотографии од Инстаграм да им се испечати како постоер или налепници.[62]
  • Printic го нуди еден од најлесните начини за печатење и споделување Инстаграм фотографии од iPhone. Фотографиите доаѓаат во старомоден 3x4” формат со портокалов плик и порака за примателот.[62]

Во јануари 2011 година, Инстаграм беше учесник во трката за „Најдобра мобилна апликација“ во изборот Crunchies од 2010 година на TechCrunch[63]

  • Во мај 2011 година Fast CompanyCompany го наведе извршниот директор Кевин Систром како 66 во листатата на „100те најкреативни луѓе во бизнис во 2011 година“.[64]
  • Во јуни 2011 година, Inc. ги вклучи соосновачите Систром и Кригер во нивната листа „30 под 30“ за 2011 година.[65]
  • Во септември 2011 година, Инстаграм ја доби наградата “Најдобра локално направена апликација“ на SF Weekly Интернет наградите.[66]
  • Весникот 7x7Magazine во своето септемвриско издание ги стави Систром и Кригер на насловната страница на нивното издание „Најзгодните 20 за 2011 година“[67]
  • Во декември 2011 година Apple Inc. ја прогласи Инстаграм за „Апликација на годината“ за 2011 година.[68]
  1. „Инстаграм“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Frommer, Dan (November 1, 2010). „Here's How To Use Instagram“. Business Insider. Посетено на May 20, 2011.
  3. „The Instagram Community Hits 100 Million Users“. TechNews Daily. September 14, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-06. Посетено на September 14, 2012.
  4. Murph, Darren (April 3, 2012). „Instagram comes to Android, available to download now“. Engadget. AOL. Посетено на August 13, 2012.
  5. Stern, Joanna (April 9, 2012). „Facebook Buys Instagram for $1 Billion“. ABC News. ABC. Посетено на April 27, 2012.
  6. 6,0 6,1 6,2 Segall, Laurie (April 9, 2012). „Facebook acquires Instagram for $1 billion“. CNNMoney.com. CNN. Посетено на April 9, 2012.
  7. „Facebook's Instagram bid gets go-ahead from the OFT“. BBC News. 16 August 2012. Посетено на 2012-08-16.
  8. „How Instagram Could Have Cut A Better Deal“. The New York Times. 20 August 2012. Посетено на 2012-08-20.
  9. „FTC Closes Its Investigation Into Facebook's Proposed Acquisition of Instagram Photo Sharing Program“. Federal Trade Commission. 22 August 2012. Посетено на 2012-08-22.
  10. „Welcoming Instagram to Facebook“. Facebook. 6 September 2012. Посетено на 2012-09-20.
  11. „Instagram wants right to sell users' photos to advertisers“. BBC. 18 December 2012.
  12. WORTHAM, JENNA; NICK BILTON (December 17, 2012). „What Instagram's New Terms of Service Mean for You“. The New York Times.
  13. „Privacy and Terms of Service Changes on Instagram“. Instagram. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 2013-01-07.
  14. McCullagh, Declan (December 17, 2012). „Instagram says it now has the right to sell your photos“. CNET.
  15. BYERS, ALEX (12/18/12). „Instagram to share some user data with Facebook“. Politico. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  16. Brown, Eileen (December 18, 2012). „So Instagram can now sell your photos: Get over it“. ZDNet.
  17. http://www.theverge.com/2012/12/18/3782526/national-geographic-suspends-instagram-account
  18. „Kim Kardashian threatens to shut down?“. The New Age. Посетено на 2012-12-25.
  19. „How we fled Instagram for Flickr, other photo options“. San Jose Mercury News. Посетено на 2012-12-25.
  20. „Instagram's Fumble Is Flickr's Gain“. Media Post Blog. Посетено на 2012-12-25.
  21. „Instagram's Loss Is a Gain for Its Rivals“. The New York Times. Посетено на 2012-12-25.
  22. „TechBits: Frustrated with Instagram? Try out Flickr's new app“. The Washington Post. Посетено на 2012-12-25.
  23. „The New Flickr App: It's Like Instagram But Better“. The Huffington Post. Посетено на 2012-12-25.
  24. „Flickr for iOS Update Brings Visual, Social Improvements“. PC Mag. Посетено на 2012-12-25.
  25. 25,0 25,1 Systrom, Kevin (December 18, 2012). „Thank you, and we're listening“. Instagram. Instagram. Архивирано од изворникот на 2017-05-02. Посетено на December 19, 2012.
  26. Systrom, Kevin (October 7, 2010). „What is the history of Instagram“. Quora. Посетено на September 2, 2011.
  27. Sengupta, Somini; Perlroth, Nicole; Wortham, Jenna (April 13, 2012). „Behind Instagram's Success, Networking the Old Way“. The New York Times. The New York Times Company. Посетено на April 15, 2012.
  28. Siegler, MG (Marxh 5, 2010). „Burbn's Funding Goes Down Smooth. Baseline, Andreessen Back Stealthy Location Startup“. TechCrunch. AOL. Посетено на October 4, 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  29. Shontell, Alyson (April 9, 2012). „Meet The 13 Lucky Employees And 9 Investors Behind $1 Billion Instagram“. Business Insider. Посетено на August 13, 2012.
  30. Siegler, MG (November 17, 2010). „Instakarma: Instagram Expands Team And Moves Into Twitter's Original Office“. TechCrunch. AOL. Посетено на September 2, 2011.
  31. Beltrone, Gabriel (July 29, 2011). „Instagram Surprises With Fifth Employee Small-staffed photo startup hires an early adopter to evangelize“. Adweek. Prometheus Global Media. Посетено на September 2, 2011.
  32. „Introducing Hashtags on Instagram“. Instagram Blog. Facebook. January 27, 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на October 4, 2011.
  33. „Instagram Tips: Using Hashtags“. Instagram Blog. Facebook. February 16, 2012. Архивирано од изворникот на 2017-05-02. Посетено на July 11, 2012.
  34. „Introducing Instagram v2.0“. Instagram Blog. Facebook. September 20, 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на October 4, 2011.
  35. Siegler, MG (February 2, 2011). „Instagram Filters Through Suitors To Capture $7 Million In Funding Led By Benchmark“. TechCrunch. AOL. Посетено на October 4, 2011.
  36. 36,0 36,1 Primack, Dan (April 9, 2012). „Did Facebook panic?“. CNNMoney.com. CNN. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на April 9, 2012.
  37. Honan, Mat; Rose, Brent (April 3, 2012). „Instagram for android arrives“. Gizmodo. Gawker Media. Архивирано од изворникот на 2012-05-18. Посетено на April 10, 2012.
  38. Blagdon, Jeff (April 4, 2012). „Instagram for Android breaks 1 million downloads in less than a day“. The Verge. Vox Media. Посетено на August 13, 2012.
  39. „Instagram“. AndroidRank.org. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на August 12, 2012.
  40. http://crackberry.com/dont-believe-everything-you-read-instagram-coming-blackberry-10
  41. Primack, Dan (April 9, 2012). „Breaking: Facebook buying Instagram for $1 billion“. CNNMoney.com. CNN. Посетено на April 9, 2012.
  42. „Facebook to Acquire Instagram“. Facebook Newsroom. Facebook. April 9, 2012. Посетено на April 9, 2012.
  43. „Flickr.com Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2015-07-26. Посетено на April 9, 2012.
  44. Isaac, Marc (April 9, 2012). „Facebook Buys Instagram“. Wired. Condé Nast Digital. Посетено на August 13, 2012.
  45. Protalinski, Emil (April 23, 2012). „Facebook buying Instagram for $300 million, 23 million shares“. ZDNet. CBS Interactive. Посетено на May 27, 2012.
  46. „The Instagram Community – One Million and Counting“. Instagram Blog. Facebook. December 21, 2010. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на October 4, 2011.
  47. Siegler, MG (June 13, 2011). „At 5 Million Users, It's Hard Not To View Instagram Through A Rose-Colored Filter“. TechCrunch. AOL. Посетено на October 4, 2011.
  48. „The Instagram Community – Ten Million and Counting“. Instagram Blog. Facebook. September 26, 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на October 4, 2011.
  49. „Instagram for Android – Available Now“. Instagram Blog. Facebook. April 3, 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-10. Посетено на April 9, 2012.
  50. „Testing, Testing…“. Instagram Blog. Facebook. July 16, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на October 4, 2011.
  51. „150,000,000 Photos“. Instagram Blog. Facebook. August 3, 2011. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на October 4, 2011.
  52. Nelson, Robert (April 22, 2012). „Instagram puts their foot down, bans self-harm promoting hashtags“. TechnologyTell.com. GadgeTell. Архивирано од изворникот на 2012-11-16. Посетено на April 24, 2012.
  53. 53,0 53,1 „Terms of Use“. Instagram.com. Facebook. Посетено на August 13, 2012.
  54. „Infographic: Instagram Statistics 2012 | Digital Buzz Blog“. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 2013-01-07.
  55. 55,0 55,1 Frank, Robert. 'Rich Kids of Instagram': Overserved and Oversharing“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2013-01-21. Посетено на August 17, 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  56. 56,0 56,1 „Instagram Blog“. Посетено на August 15, 2012.
  57. Pepitone, Julianne (December 18, 2012). „Instagram can now sell your photos for ads“. CNNMoney. CNN. Посетено на December 18, 2012.
  58. McCullagh, Declan; Donna Tam (18 December 2012). „Instagram apologizes to users: We won't sell your photos“. Cnet. Посетено на 19 December 2012.
  59. Armenio, Rita (May 10, 2012). „Welcome Instagram Socialmatic Camera!“. ADR-Studio.it. Архивирано од изворникот на 2012-12-30. Посетено на May 21, 2012.
  60. „The Instagram Socialmatic Camera Concept Would Bring The Photo Sharing App To Real Life“. TechCrunch. AOL. May 10, 2012. Посетено на May 21, 2012.
  61. „On Instagram, a Thriving Bazaar Taps a Big Market“. Dec 14, 2012. Посетено на Dec 15, 2012.
  62. 62,0 62,1 62,2 62,3 62,4 62,5 62,6 Kelly, Heather (3 June 2011). „10 cool things to do with Instagram“. MacWorld. Посетено на 2012-08-20.
  63. „Congratulations Crunchies Winners!“. TechCrunch. AOL. January 25, 2011. Посетено на October 4, 2011.
  64. „The 100 Most Creative People in Business in 2011“. Fast Company. Mansueto Ventures. May 2011. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на October 4, 2011.
  65. Lagorio, Christine (June 27, 2011). „Kevin Systrom and Mike Krieger, Founders of Instagram“. Inc. Mansueto Ventures. Посетено на October 4, 2011.
  66. Swearingen, Jake (September 2, 2011). „SF Weekly Web Awards 2011: We Have Some Winners!“. SF Weekly. Village Voice Media. Архивирано од изворникот на 2011-11-08. Посетено на October 4, 2011.
  67. „The Hot 20 2011“. 7x7. September 23, 2011. Посетено на October 4, 2011.
  68. Tsukayama, Hayley (December 9, 2011). „Apple names Instagram top app of the year“. The Washington Post. The Washington Post Company. Посетено на December 9, 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]