Ким Кардашијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кимберли Ноел –Ким Кардашиан(родена на 21 октомври 1980 година) е жена од џетсетот ,телевизиска личност, модел, актерка и деловна жена.Таа е позната по нејзината учевство во ,,Дружењето со семејството Кардашиан,, Keeping Up with the Kardashians, E! Entertainment Television реалистичка серија која што таа споделува настани кои се случуваат во семејството,и емисиите како Kourtney and Kim Take New York . Пред развојот на нејзината кариера во тв реалните серии, Кардашијан сездоби со лоша слава поради секс видеото поради што подоцна судот ја награди со 5 милиони долари. Таа е вклучена во производството на неколку линии на облека и парфеми . Во 2010та година , Таа беше звезда со највисока заработка , со приближна заработка од 6 милиони долари. Во август во 2011 година , Кардашиан се омажи за кошаркарот Крис Хамфрис со јавно претставена веселба.Во октомври истата година , Кардашијан поднесе барање за развод , 72 дена по венчавката.

Младоста[уреди | уреди извор]

Кардашијан е родена во Лос Анџелес, Калифорнија, керка на правобранителот Роберт Кардашијан и Крис Кардашијан.Татко и е трета генерација ерменец-американец , а нејзината мајка е од холандско и шкотско потекло. Кардашијан има две сестри , Кортни и Клое , и еден брат ,Роберт. Таа има полубраќа : Бартон Џенер, Брендон Џенер и звездата од тв сериите Броди Џенер, полусестри Кејси Џенер , Кендал Џенер и Кајли Џенер.Таа одела во Меримонт средното училиште. Во 2000 година , Кардашијан се омажи за музичкиот продуцент Дејмон Томас ,нивната врска заврши со развод во 2004та година. Подоцна излегуваше со R&B пејачот Реј Џ, со рагбистот Реџи Буш и Мајлс Оустин. Исто така се гледаше и со моделот Габриел Обри.



2003-07> контраверзија и реална телевизија[уреди | уреди извор]

Во фебруари 2007, домашното секс видео што го направи со пејачот Реј Џеј во 2003 година беше пуштено во јавност . Vivid Entertainment ги откупи правата за 1 милион долари и го пушти во јавност под наслов : Ким ЛКардашан суперѕвезда на 21ви Февруари. Кардашијан ги судела ВИВИД поради поседување на лентата.Во април 2007 Кардашијан ја повлече тужбата и се договорија со ВИВИД ентертејмент за 5.000.000. долари

Кардашијан и била пријателка на Парис Хилтон ,која ја претстави во јавноста. Нејзина прва улога била серијата Beyond the Break. ВО октомври 2007 заедно со своите две сестри , мајка , брат, полусестри и очув почнала да глуми во Е! Сериите ,,Дружењето со семејството Кардашиан,, Keeping Up with the Kardashians . Од октовмри 2011 серијата се емитувала во 69 епизоди во преку 6 сезони.

2007-2010 –Моделарство и мала трговија[уреди | уреди извор]

Кардашијан е косопственичка на бутикот за облека наречен D-A-S-H како и нејзините две сестри Кортни и Клое. Во декември 2007 година , Кардашијан позирала гола за Плејбој. Во февруари 2008година ,Бонго Џинс објави дека таа ке биде нивниот заштитен модел. Исто така беше модел и за Фабриката за лижавчиња и други благи производи на Карлс Јр

Кардашијан глумела во филмот ,,Катастрофален филм,, во 2008 година како Лиза , а исто така се појавува и во ,,Како ја запознав вашата мајка ,, (How I Met Your Mother ) во епизодата ,,Корист,, (Benefits). Таа исто така се појавува и во премиерата на 3та сезона на сериите 90210 заедно со нејзините сестри Клое и Кортни .Кардашијан била гостинка на WrestleMania XXIV и се појавила и како судика додека траел 13 циклус на America's Next Top Model. На 16ти декември 2009 година , Кардашијан се појави како гостинка во Истрага на местото на злосторството (CSI:NY) заедно со Ванеса Минило. Во 2009 имаше кратко појавување како борец во порно филмот ,,Длабоко во долината,,. Кардашијан била една од 13те учесници на седмата сезона на ,,Танцување со ѕвездите,, . Нејзин партнер беше Марк Балас и беше третиот натпреварувач изгласан да го напушти шоуто на 30ти септември 2008година а се заврши со 11то место .

Санфорд Сигал , создавачот на ,,Режим на исхрана со колачиња,, , ја тужел Кардашијан ,тврдејки дека го клеветела на Твитер. Според Сигал ,Кардашијан во Октомври 2009 објавила на Твитер дека тој лажно го промовирал нејзиното појавување на колачето . Сигал се пожалил на судот во Флорида велејки дека се е неточно и клевета. Тој исто така наведува дека Кардашијан била на платениот список на КвикТрим кога тоа го објавила на Твитер.Нејзината објава се чини дека потекнува од една статија на CookieDiet.com, која што ја наброи и Кардашијан како една од многуте познати личности кои виделе позитивни резултати од тој режим на исхрана.Кардашијан му нареди на Сигал да ја острани таа изјава.

Кардашијан го пуштила во продажба нејзниот парфем во 2010. Во Март во 2009 таа започна со рекламирање на ShoeDazzle на кое таа е ко-сопственичка и главна модна стилистка. Во наредниот месец на 9 Април 2009 година , Кардашијан пушти во продажба цедеа со вежби , ,,Да ве собере во вашите фармерки до пееток,, со тренерите Џенифер Галарди и Патрик Годо. Во септември 2009та Убавина која топи ( Fusion Beauty) и Seven Bar Foundation го лансираа проектот ,, Бакнеж против Сиромаштија ,, заедно со Кардашијан како заштитно лице на кампањата. За секој продаден сјај за усни , 1 долар оди за Фондацијата за финансирање на жени претприемачи во САД.

Познатите КапКејкс Колачиња , пекара во Лос Анџелес создадоа ванила мешавина за Кардашијан. Вкусот на колачето се вика ВА-ВА-ВА-Нила . Кардашијан исто така создала и накит заедно со своите сестри Клое и Кортни . тие создадоа колекција за Девици , Светци и Ангели во 2010. Повторно со своите сестри таа објави повеке линии на облека . едната која се вика К-Даш била продадена на QVC во 2010 . На први Јули , 2010 , на страната на Њујорк во Мадам Тисо се појавила нова восочна фигура од Кардашијан,

2010: Бракот од 72 дена и други настани[уреди | уреди извор]

Кардашијан е продуцент на ,,The spin Crowd,, реално телевизиско шоу за Команда ПРфирма за односи со јавноста во Њујорк која е предводена од Џонатан Чебан и Симон Хак.шоуто ги упатува каок тие да се сместат во нивните нови канцеларии во Лос Анџелес. Кардашијан е пријателка со двајцата особено со Чебан , и повеке пати се појавува во нејзините реални шоуа. Таа исто така сепојавува на ЕмТиВи VMA доделувањето на награди на 12 септември 2010 гоидна. се појавува и како предмет и судија на една задача во деветтата епизода од сезона 10 од The Apprentice во 2010 година.:двата тима мораа да создадат промотивна реклама за нејзината линија на парфеми, за да се продава во Перфуманиа. Ким ,Кортни и Клое напишаа автобиографија насловена Kardashian Konfidential, , која што беше пуштена во продажба во продавниците на 23 ти ноември во 2010 година.

Во април 2010 година, Kardashian предизвикаконтроверзии околу начинот на кој таа држо мачка на една фотографија.Истата година , организацијата ПЕТА за правата на животните ја критикувала Кардашијан за постојано носење бунди, и ја назначиле ,како една од петте најлоши луѓе или организации на 2010 година кога станува збор за доброто на животните. Во јуни 2010 година The Guardian коментирале за нејзината способност да привлече спонзори кои исплаќале дури и до 10 000 долари за секоја објава на твитер.

Во декември 2010 Кардашијан сними музички спот за песната Јam(turn it up). Видео е во режија на Hype Вилијамс; Кајни Вест прави премиера на спотот. Кардашијан ја промовираше песната за време на една Новогодишна забава во ТАО –лас Вегас на 31.12.2010. Песната е произведена од страна на The Dream и Трики Стјуарт. Кога ја прашаа дали е некој албум на повидок , Кардашијан одговори : Нема никаков албум, само една песна е која што ја направивме на за Кортни и Ким низ Њујорк, а спотот е под режија на Хајп Вилиамс , Пола од заработката оди за фондацијата против ракот , атоа што The dream’s и еден од моите родители починаа поради рак. Се е поради забава и за добра цел . Daily News пишува дека Џим Фербер ја нареол песната ,, безмозочно парче од вид на денс музика, без никаква цел, и вели дека таа песна ја направи Кардашијан ,,најлошата пејачка на светот прикажана на ТВ.

Заработката на Кардашијан во 2010 година била највисока помеѓу холивудските звезди на реалните шоуа со проценка од 6 милиони долари. Kardashian го поддржа признавањето на ерменскиот геноцид во бројни прилики и ги охрабри Барак Обама и владата на САД да сметаат за неговото признание од нејзина страна .

На 21 април 2011 година , неколку дена пред 96та годишнина од Ерменскиот геноцид таа пишувала на својот блог за проблемот во обид да го стави во центарот на вниманието а исто така и им пратила абер на своите обожаватели барајки негово признавање. во октомври 2010 година.,Кардашијан започнала да се гледа со кошаркарот на Њу Џерси Нетс Крис Хамфрис . Тие се верија во мај 2011 година , се венчаа на 20ти август 2011 година во Монетекито ,Калифорнија. По 72 дена од бракот , Кардашијан поднесе барање за да се разведе од Хамфрис на 31 декември 2011 година . По поднесувањето на разводот Кардашијан побара од судот да му нареди на Хамфрис да си ги плака своите правни трошкови. На 1.12. 2011 Хамфрис одговори на петицијата на Кардашијан барајќи поништување врз основа на измама , и ако судот не му гарантира поништување , ке поднесе налог за правна разделба отколку да се рзведе со Кардашијан .

Неколку новински агенции се посомневаа дека бракот на Кардашијан и Хамфрид бил само трик заз публицитет за да го промовираат брендот на семејството и нивните следни телевизиски вложувања.Нејзиниот поранешен рекламен агент исто така изјави дека краткиот брак беше наместен и беше трик за да создадат пари.Кардашијан оттогаш поднесе тужба против него, велејќи дека неговите тврдења се невистинити. По нивната разделба се кружеше петиција за остранување на сите програми кои што се поврзани со неа. Во март 2012, кардашијан и нејзините сестри Кортни и Клое беа именувани во 5 милионската тужба против QickTrim програмата за слабеење која што ја следеле.