Google Play

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гулг плеј
URL play.google.com
Комерцијално? Да
Тип Продавница за апликации
Регистрација Потребно
Сопственик Google
Тековен статус Онлајн

Гулг плеј (поранешен Гугл Маркет; ребрендиран во март, 2012) е мултимедијален сервис од „Google Inc.“, кој претставува интернет-продавница за музика, филмови, книги и апликации за Андроид. На сервисот може да се пристапи преку веб прелистувач, мобилна апликација и Гугл ТВ [1]. Содржината може да биде бесплатна или наплатена на сите платформи.

Продукти[уреди]

Апликации[уреди]

Бесплатните апликации се достапни низ целиот свет освен во Иран[2], додека наплатените апликации се достапни во 129 држави[3]. Тие се инсталираат преку уред или далечински преку веб сајтот на Гугл Плеј. Според „Google“ има 450.000 апликации [4]. Секоја апликација може да се обнови автоматски или рачно. Исто така, Гугл Плеј ги филтрира апликациите според уредот, така што може да ги видите само апликациите кои работат на уредот кој го поседувате. Апликациите кои бараат пари (купување или микротрансакциски добра) можат да се платат преку електронска картичка или директно преку операторот.

Музика и книги[уреди]

На 16 ноември 2011, „Google“ го започнал сервисон Гугл Мјузик, а потоа бил вклопен во музичката секција на Андроид Маркет. Според информациите на „Google“ има стотици бесплатни песни и милион достапни за плаќање. Откако Гугл Маркет се ребрендирал во Гугл Плеј, се отвориле места за музика, плејлисти и книги. Книгите може да се читаат на веб сајтот на Гугл Плеј, офлајн или преку апликацијата Андроид што го поддржува форматот. Според „Google“ има над три милиони е-книги, приближно 3 милиони се бесплатни, а само стотина илјади се достапни за плаќање. Сервисот за книги е достапен во Соединети Американски Држави,Обединетото Кралство, Канада, Германија, Италија, Австралија и Шпанија.

Наводи[уреди]