Прејди на содржината

Гудридс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Goodreads)

Goodreads или Гудридс е американска интернет страница за социјална каталогизација на книги и подружница на Амазон[1]. Оваа страница им овозможува на поединците да ја пребаруваат нејзината база на книги, прибелешки, цитати и критики. Корисниците можат да се регистрираат и да прикачуваат книги за да генерираат библиотечни каталози и списоци за читање. Корисниците исто така можат да создаваат свои групи со предлози на книги, анкети, блогови и дискусии. Седиштето на интернет страницата се наоѓа во Сан Франциско.[2]

Гудридс била основана во декември 2006 година и лансирана во јануари 2007 година од Отис Чендлер и Елизабет Кури Чендлер.[3][4] Во декември 2007 година, страницата имала 650.000 членови[5] а дотогаш биле додадени 10.000.000 книги.[6] До јули 2012 година, страницата објавила дека има 10 милиони членови, 20 милиони месечни посети и триесет вработени.[7] На 28 март 2013 година, од Амазон објавиле дека го купуваат Гудридс,[8] и до 23 јули 2013 година, од Гудридс објавиле дека нивната корисничка база пораснала на 20 милиони членови.[9]

До јули 2019 година, страницата имала 90 милиони членови.[10]

Историја

[уреди | уреди извор]
Отис Чендлер

Основачите на Гудридс, Отис Чендлер и Елизабет Кури Чендлер првпат се сретнале додека студирале на Стенфорд (инженерство и англиски соодветно). По универзитетот, Отис првично работел како програмер во онлајн бизниси,[11] вклучувајќи страници за запознавање,[12] а Кури Чендлер како новинарка.[13] Чендлер и Кури пораснале во Калифорнија. Чендлер е потомок на издавачот на Лос Анџелес Тајмс, Отис Чендлер.[14]

Основање и мисија

[уреди | уреди извор]

Гудридс била основана во 2006 година. Идејата ја добил Отис Чендлер додека ја разгледувал полицата за книги на својот пријател. Тој сакал да го интегрира ова искуство и да создаде простор каде што луѓето ќе можат да пишуваат критики за книгите што ги читаат.[15]

Гудридс го решава она што издавачите го нарекуваат „проблем на откривање “ при што им помага на потрошувачите во дигиталната ера да најдат книги што можеби ќе сакаат да ги читаат.[16]

Раните години

[уреди | уреди извор]

Пред да добијат многу корисници, Отис и Елизабет Чендлер ја развивале платформата преку нивните пријатели кога достигнале 800 корисници. На крајот, привлекле внимание преку медиумите како Мешабл (англиски Mashable) и други различни блогови. Во текот на првата година од работењето, компанијата ја воделе без никакво формално финансирање. Во декември 2007 година, страницата добила финансирање проценето на 750.000 американски долари. Ова финансирање траело до 2009 година, кога Гудридс добиле два милиони долари од Тру Венчрс (англиски True Ventures).

Во октомври 2010 година, компанијата го отворила својот интерфејс за програмирање на апликации, што им овозможило на програмерите да пристапат до нејзините оценки и наслови.[17]

Во 2011 година, Гудридс ја купиле Дискаверидс (англиски Discovereads), пребарувач за препораки на книги што користи „алгоритми за машинско учење за да анализира кои книги би можеле да им се допаднат на луѓето, врз основа на книги што им се допаѓале во минатото и книги што им се допаднале на луѓето со слични вкусови“.[4][18] Откако корисникот ќе оцени 20 книги, со пет ѕвезди, на својата скала, страницата започнува да дава препораки. Отис Чендлер сметал дека овој систем на оценување ќе биде подобар во однос на оној од Амазон, бидејќи Амазон ги зема во предвид и книгите што корисникот ги прегледувал или купил како подарок кога ги дава препораките.[4][18]

Истата година, во Гудридс вовеле алгоритам кој им предлагал книги на регистрираните корисници и имале преку пет милиони членови.[19] Мејси Халфорд од Њујоркер забележала дека алгоритмот не е совршен, бидејќи бројот на книги потребни за да се создаде совршен систем за препораки е толку голем што „до моментот кога ќе стигнев на половина пат, моите преференции за читање ќе се сменеа и јас морав да почнам одново“.[20]

Од 2012 година, за користење на страницата е потребно членството иако бесплатно.[21] Во октомври 2012 година, од Гудридс објавиле дека бројот на членови пораснал на 11 милиони со каталогизирани 395 милиони книги и преку 20.000 читателски клубови создадени од неговите корисници.[22] Еден месец подоцна, во ноември 2012 година, членовите на Гудридс надминале 12 милиони, а базата на членови се удвоила после една година.[23]

Аквизиција во 2013 година од Амазон

[уреди | уреди извор]

Во март 2013 година, Амазон склучиле договор за купување на Гудридс за необјавена сума.[24][25][26] Амазон претходно го купил конкурентот Шелфари во 2008 година,[27] а со купувањето на Гудридс ја запрепастиле индустријата за книги. Здружението на автори на САД го нарекол ова „навистина разорен чин на вертикална интеграција“ и дека „контролата на Амазон на онлајн-продажбата на книги се приближува до несовладливото“. Од корисниците на Гудридс имало различни реакции.[28] Основачот на Гудридс, Отис Чендлер, рекол дека „неговиот менаџерски тим ќе остане за да го чува процесот на ревизија“ со аквизицијата. Чендлер продолжил да работи со Гудридс до 2019 година. „Њујорк тајмс“ забележа дека Гудридс, во времето на купувањето, имал пореномиран систем за преглед од оној на Амазон.[29]

Истакнувајќи дека некои автори биле „премногу агресивни во нивната самопромоција“ (како што Гудридс призна во е-пошта) и дека некои читатели одговориле со агресија,[30] во септември 2013 година, од Гудридс објавиле дека ќе ги избришат, без предупредување, оние рецензии кои им се заканувале на одредени автори или го спомнуваат однесување на авторите.[31] Од април 2020 година, упатствата на страницата наведуваат дека „ќе се бришат рецензиите кои се однесуваат на поведението на авторот, а не на книгата“.[32]

2014–2019 година

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2016 година, од Амазон објавиле дека ќе го затворат Шелфари во корист на Гудридс, почнувајќи од 16 март 2016 година. На корисниците им било понудено можност да ги извезуваат податоците и да ги пренесат сметките.[33] Во април 2016 година, ос Гудридс објавиле дека над 50 милиони рецензии на корисници биле објавени на интернет страницата.[34]

Откривање на книги

[уреди | уреди извор]

На интернет страницата на Гудридс, корисниците можат да додаваат книги на нивните лични „полици“, да оценуваат и прегледуваат книги, да видат што читаат нивните пријатели и автори, да учествуваат во дискусии и групи на различни теми и да добиваат предлози за идни избори за читање врз основа на нивните осврти на претходно прочитани книги.[35] Исто така корисниците можат да додадат пријатели на својот профил, да ги видат нивните „полици“ и рецензии а истотака можат да коментираат на страниците на пријателите. Гудридс располага со систем за оценување од една до пет ѕвездички, со можност за придружување на рејтингот со писмен преглед. интернет страницата ги обезбедува следните категории - прочитани книги, книги шти ги читате во моментот, книги кои би сакале да ги прочитате - и можност за креирање персонализирани „полици“ за категоризација на книгите на корисникот.[36]

Пристап до содржината

[уреди | уреди извор]

Корисниците на Гудридс можат да читаат или слушаат преглед на книга на интернет страницата при користење на електронскиот читач Киндл (англиски: Kindle Cloud Reader)[37] Гудридс нуди и квизови, цитати, списоци со книги и подароци. Членовите можат да го добијат редовниот билтен со нови книги, предлози, интервјуа со автори и поезија. Доколку некој од корисниците напишал дело, делото може да се поврзе со на профилот на авторот, која вклучува и блог на авторот.[38] Од Гудридс организираат и офлајн можности, како што се лични размени на книги и друго.[39]

Корисничка интеракција

[уреди | уреди извор]

интернет страницата овозможува интеракција на читателите со авторите преку интервјуа, подароци, блогови на автори и информации за профилот. Исто така има и посебен дел за авторите со предлози, како да ги промовираат нивните дела на Гудридс.[40] До 2011 година, „седумнаесет илјади автори, вклучувајќи ги Џејмс Патерсон и Маргарет Атвуд “ го користеле Гудридс за рекламирање.[4]

Гудридс се присутни на Фејсбук, Пинтрест, Твитер и други социјални мрежи.[41][42][43] Поврзувањето на сметката на GГудридс со сметките на социјалните мрежи ја дава можноста за увоз на контакти од сметката на социјалните мрежи при тоа проширувајќи ја листата на пријатели на Гудридс. Исто така, Гудридс може да објавува директно на сметка на социјалните мрежи при, што ги информира, пријателите на Facebook, што чита или како ја рангира книгата корисникот.[44]

Податоци од каталог

[уреди | уреди извор]

Податоците од каталозите на книги биле вметнати од различни затворени и отворени извори на податоци, вклучително и поединечни издавачи како што се Инграм,[45] Амазон[46][47] WorldCat и Конгресната библиотека.[48]

Библиотекарите на Гудридс ги подобруваат информациите за книгите на интернет страницата, со уредување на информации за книги и автори и додавање слики од кориците. Членовите на Гудридс можат да аплицираат за волонтери библиотекари откако ќе имаат 50 книги на нивниот профил.[49] А потоа се координираат на групата библиотекари на Гудридс.[50]

Промена на изворот на метаподатоци

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2012 година, Гудриддсе префрлиле од користење на јавното АПИ за рекламирање на производи на Амазон за метаподатоци на книги (како што се наслов, автор и број на страници) на Инграм. Од Гудридс сметале дека барањата на Амазон за користење на неговиот АПИ се премногу рестриктивни, а комбинацијата на Инграм, Библиотеката на Конгресот и други извори би била пофлексибилна. Некои корисници биле загрижени дека нивните читачки записи ќе бидат изгубени, но во Гудридс осмислиле повеќе планови за да ја олеснат транзицијата и да обезбедат да нема губење на податоци, дури и за наслови кои би биле во опасност од бришење бидејќи биле достапни само преку Амазон како што се изданијата на Киндл и самообјавените дела на Амазон.[51]

Во мај 2013 година, како резултат на купувањето на Гудридс од Амазон, Гудридс повторно почнале да ги користат податоците на Амазон.[52]

Правичност на конкуренцијата и рецензии

[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, по лошата рецензија за нејзиниот роман „Изборот“, авторката Кира Кас ги охрабрипа своите следбеници на Твитер да ја „отфрлат [рецензијата]“ од насловната страница на Гудридс за книгата. Ова предизвикало гнев во јавноста и започнала дискусија за односот меѓу авторите и рецензентите на Гудридс.[53] Истата година, Гудридс добиле критики од корисниците за достапноста и тонот на рцензиите објавени на страницата,[54] при што некои корисници и веб-страници изјавиле дека одредени рецензенти ги вознемируваат и охрабруваат нападите врз авторите. Од Гудридс јавно ги објавиле своите упатства за рецензија во август 2012 година за да ги реши овие прашања.[55] Откако Амазон ја купиле Гудридс, оваа политика била изменета за да вклучи бришење на која било рецензија што содржи „напад ad hominem или коментар надвор од темата“.[56]

За купувањето, од Њујорк Тајмс рекле дека: „Гудридс беше ривал на Амазон како место за откривање книги“ и дека овој договор „ја консолидира моќта на Амазон да одреди кои автори ќе бидат изложени за нивната работа“.[57]

Гудридс награди

[уреди | уреди извор]

Критичарите го нападнаа недостатокот на развој и одржување на Гудридсs, заедно со неговата доминантна позиција на пазарот за рецензии на книги.[58][59][60] На пример, алгоритмот за препораки на Гудридс се повеќе се сметаше за примитивен.[58][59] StoryGraph е основана во 2019 година како конкурент на Гудридс.[58]

Бомбардирање со рецензии

[уреди | уреди извор]

Системот за рецензија на Гудридс може многу полесно да се „изигра“ од другите онлајн платформи за рецензии на книги, иако Гудридс останува убедливо најпопуларната интернет страница за рецензии на книги.[61] Од Амазон не дозволуват објавување на критики за повеќето книги кои сè уште не се објавени, а рецензиите на книги на Амазон покажуваат дали корисникот што ја напишал рецензијата ја купил книгата.[61] Спротивно на тоа, секој регистриран корисник на Гудридс може да оцени или прегледувада критикува книга дури и без да добие однапред копија.[59] Системот на Гудридс, како и опуштеното модерирање на содржината, биле критикувани.[59][61] Системот за модерација е рачен и се соочува со голем број заостанати означени критики.[59]

Исто така се случувало романи да добијат манипулативни критики („бомбардирање со рецензии“), при што романите се преплавени со негативни критики, понекогаш дури и пред објавувањето.[61] Ваквите „вооружени“ критики [61] се категоризирани како форма на кибермалтретирање и насочено вознемирување на авторите.[59] Дебитантскиот хорор роман на авторката Гретчен Фелкер-Мартин, за транс жена, бил изложен на бомбардирање со рецензии во организирана кампања.[61] Авторите на младински романи, Кира Дрејк и Амели Вен Жао го одложиле објавувањето на нивните фантастични романи откако се соочиле со цунами од критики на Твитер и Гудридс од корисници кои сметале дека нивните измислени универзуми се расно нечувствителни.[61] Елизабет Гилберт, авторката на „Јади, моли се, сакај“, била преплавена со негативни оценки на Гудридс за нејзиниот сè уште необјавен роман „Снежната шума“ од корисници кои се спротивставија на тоа дејството на романот да е сместено во Русија во 1930-тите.[61] Сесилија Рабес, црна авторка, била преплавена со негативни критики на Гудридс за нејзиниот дебитантски роман „Сè е во ред“, кој се фокусира на млада црна жена која се заљубува во фанатичен бел колега вработен во Голдман Сакс; негативните рецензенти не го прочитале делото, но сепак сметале дека премисата е расистичка.[61] Некои измамници и скористеле закани за „бомбардирање со рецензии“ како дел од кампањи за изнуда, заканувајќи се дека ќе го преплават делото со лоши критики, доколку авторот не им плати.[59]

Во 2021 од Гудридс рекле дека е потребноа „брза акција за да се отстранат корисниците кога ќе утврдиме дека тие ги прекршуваат нашите упатства“ и дека развива технологија за „спречување на лошо однесување и неавтентични критики со цел подобро да ја заштитиме нашата заедница“. Сепак, авторите ја критикувале слабата модерираност на интернет страницата; новелистот Рин Чупеко изјавил дека авторите од маргинализираните групи често се таргетирани, велејќи дека Гудридс ги спроведува своите правила само против рецензиите кои конкретно се однесуваат на „авторите со доволно големи тимови за маркетинг за да ги бараат овие отстранување“.

Кон крајот на 2023 година, било откриено дека авторката Кејт Корејн создала лажни сметки кои објавувале негативни критики за авторите со претстојните дебитантски романи, многу од нив жени од малцинствата. Нејзиниот издавач, Дел Реј, го откажа објавувањето нејзиниот претстоен деби роман за научна фантазија, Круна на ѕвездената светлина а нејзиниот агент ја оставил како клиент. Откако првично ги отфрлила документираните обвинувања, вината ја префрлила на пријател, а потоа конечно ја прифатила одговорноста.[62] На X (поранешен Твитер), таа ги припишала своите постапки на депрсијата и злоупотребата на алкохол и недозволени супстанции кои неодамна кулминирале со „целосен психолошки дефект“, велејќи дека ќе оди на рехабилитација и ќе им се извини, не само на оние автори што ги омаловажила, туку и на пријателка која првично ја бранела од обвинувањата. Некои од авторите рекоа дека треба да направи повеќе за да ги поправи работите.[62]

Отстранување од страницата

[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2021 година, од Амазон ги отстраниле сите нови и користени копии на романот за белата надмоќ на Вилијам Лутер Пирс, Дневниците на Тарнер, од продажба на својата платформа и на помошните платформи, наведувајќи ја загриженоста за движењето QAnon како причина.[63] Како резултат на тоа, Гудридс, компанија на Амазон, ги тргна метаподатоците од нивната страница за Дневниците на Тарнер и ја категоризираше со назив „NOT A BOOK“ (категорија која обично се користи за отстранување на предмети кои не се книги и плагијати од платформа).[64]

Џејн Фридман [65] открила 6 објави за книги, најверојатно напишани со помош на модели за генерирање на вештачка интелигенција ( LLM ), при што го користеле нејзиното име, на Амазон и Гудридс. Амазон и Гудридс се спротивставувале на отстранувањето на лажните наслови сè додека поплаките на авторот не станале вирални на социјалните мрежи, во блог пост со наслов „Попрво би ги видела моите книги пиратирани отколку ова (или: зошто Гудридс и Амазон се претвораат во катастрофа).[66][67][68][69]  

  1. Kaufman, Leslie (March 28, 2013). „Amazon to Buy Social Site Dedicated to Sharing Books“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на June 16, 2019.
  2. „Book lovers seething over Amazon acquisition of Goodreads“, Inside Bay area, April 4, 2013.
  3. „Elizabeth Khuri Chandler Tells the Origin Story of Goodreads“. Literary Hub (англиски). December 3, 2018. Посетено на April 18, 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Miller, Claire Cain (March 10, 2011). „Need Advice on What to Read? Ask the Internet“. The New York Times Bits. Посетено на November 29, 2012.
  5. Good reads: book nerds social networking, TechCoastReview, Архивирано од изворникот на December 19, 2007, Посетено на September 17, 2007.
  6. „Goodreads Raises Angel Round To Help You Find That Perfect Book“. Tech Crunch. 17 December 2007. Посетено на October 22, 2012.
  7. Lee, Ellen (July 21, 2012). „Goodreads' Otis Chandler reviews growth“. SF Gate. Посетено на October 22, 2012.
  8. Olanoff, Drew. „Amazon Acquires Social Reading Site Goodreads, Which Gives The Company A Social Advantage Over Apple“. SF Gate. Посетено на October 22, 2012.
  9. Chandler, Otis (July 23, 2013). „Goodreads Grows to 20 Million Readers“. Goodreads.
  10. „Goodreads: number of registered members 2019“. Statista (англиски). Посетено на 2020-12-01.
  11. „Book Buddies“. stanfordmag.org. January 2012.
  12. „How A Quiet Developer Built Goodreads.com Into Book Community Of 2.6+ Million Members - with Otis Chandler“.
  13. Greiving, Tim (March 2016). „Goodreads Co-Founder Builds a Literary Community“. USC News.
  14. „Goodreads: Otis and Elizabeth Chandler“. NPR.org (англиски). Посетено на 2022-12-16.
  15. „About Goodreads“. Goodreads. Посетено на 2020-12-01.
  16. Kaufman, Leslie (February 12, 2013). „Goodreads.com Is Growing as a Popular Book Site“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на October 11, 2016.
  17. „Goodreads Launches Social Reading API“. Read write Web. October 2010. Архивирано од изворникот на November 26, 2010.
  18. 18,0 18,1 Hopkins, Curt (March 10, 2011). „Goodreads Buys Recommendation Service Discovereads“. ReadWrite.
  19. Frassica, Matt (July 2, 2011). „For ebook devotees, reading is a whole new experience“. USA Today. The Courier-Journal (Louisville). Посетено на July 28, 2011.
  20. Празен навод (help)
  21. Zukerman, Erez (March 5, 2012). „Find New Favorite Books With Goodreads“. PCWorld. Посетено на August 26, 2019.
  22. Fidelman, Mark (October 16, 2012). „These are Top 25 Book Reviewers on Goodreads“. Forbes (infographic). Посетено на October 22, 2012.
  23. Greenfield, Jeremy (November 8, 2012), „Goodreads CEO Otis Chandler on the Future of Discoverability and Social Reading“, Digital Book World., Архивирано од изворникот на November 14, 2012, Посетено на November 15, 2012
  24. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи.
  25. „Exciting News About Goodreads: We're Joining the Amazon Family!“, Goodreads.
  26. Kaufman, Leslie (March 28, 2013). „Amazon to Buy Social Site Dedicated to Sharing Books“. The New York Times. Посетено на March 29, 2013.
  27. Kaufman, Leslie (March 29, 2013). „Amazon to Buy Social Site Dedicated to Sharing Books“. The New York Times. Посетено на August 26, 2019.
  28. Flood, Allison (April 2, 2013). „Amazon purchase of Goodreads stuns book industry“. The Guardian. Посетено на August 26, 2019.
  29. Kaufman, Leslie (February 13, 2013). „Amazon to Buy Social Site Dedicated to Sharing Books“. The New York Times. Посетено на August 26, 2019.
  30. Petri, Alexandra (September 23, 2013). „Is Goodreads' new policy really censorship?“. The Washington Post. Посетено на April 19, 2020.
  31. „Goodreads Announces New Content Policy – Now Deletes Reviews Which Mention Author Behavior“. The Digital Reader. 21 September 2013.
  32. „Review Guidelines“. Goodreads. Посетено на April 19, 2020.
  33. „Amazon Kills Shelfari“. The Reader's Room. January 12, 2016.
  34. „Goodreads Reaches New Milestone: Fifty Million Reviews“. The Digital Reader. 7 April 2016.
  35. „Goodreads“. Посетено на November 29, 2012.
  36. „Groups“. Goodreads. Посетено на November 15, 2011.
  37. Klose, Stephanie (May 7, 2015). „Audiobook Samples Added to Goodreads“. Library Journal Reviews. Архивирано од изворникот на October 12, 2016. Посетено на October 11, 2016.
  38. Strickland, Jonathan (July 14, 2009). „How Goodreads Works“. How Stuff Works. Посетено на November 29, 2012.
  39. Kellogg, Carolyn (August 14, 2012). „Goodreads reaches 10 million users“. Los Angeles Times. Посетено на November 29, 2012.
  40. „Author Program“. Goodreads. Посетено на November 29, 2012.
  41. Ha, Anthony (13 August 2012). „Reading Is Alive And Well At Social Reading Site Goodreads, Which Just Hit 10M Members“. Tech Crunch. AOL Tech. Посетено на November 29, 2012.
  42. „Goodreads“. Twitter. Посетено на December 20, 2012.
  43. „Goodreads“. Pinterest. Посетено на December 20, 2012.
  44. „Goodreads“. Goodreads. Посетено на June 15, 2014.
  45. „Goodreads Librarians Group – New Ingram Import“. Goodreads. Посетено на January 9, 2017.
  46. „Goodreads Librarians Group – Adding New Books: Large Book Data Import (showing 1-50 of 472)“. www.goodreads.com. Посетено на September 20, 2018.
  47. „Amazon is going away as a data source“. At Goodreads, we make it a priority to use book information from the most reliable and open data sources
  48. Patrick (January 9, 2012). „Goodreads Librarians Group discussion – Announcement: Goodreads to Import WorldCat & Library of Congress Data Tonight“.
  49. „What is a goodreads librarian?“. www.goodreads.com. Посетено на October 11, 2016.
  50. „Goodreads Librarians Group“. Goodreads. Посетено на October 11, 2016.
  51. Owen, Laura Hazard (January 27, 2012). „As Goodreads Ends Sourcing From Amazon, Users Fear Lost Books“. Paid Content: The Economics of Digital Content. Gigaom. Архивирано од изворникот на April 19, 2012. Посетено на November 29, 2012.
  52. Rivka (May 23, 2013). „The Announcement You've All Been Waiting For“. Goodreads Librarians Group forums. goodreads.com. Посетено на July 17, 2013.
  53. Matthews, Jolie C (July 9, 2016). „Professionals and nonprofessionals on Goodreads: Behavior standards for authors, reviewers, and readers“. New Media & Society. 18 (10): 2305–2322 r. doi:10.1177/1461444815582141.
  54. Miller, Laura (October 23, 2013). „How Amazon and Goodreads could lose their best readers“. Salon. Посетено на August 5, 2017.
  55. Brown, Patrick (August 6, 2012). „Review Guidelines & Updated Author Guidelines“. Goodreads. Посетено на September 9, 2012.
  56. Erikson, Kara (September 20, 2013). „Important Note Regarding Reviews“. Goodreads. Посетено на September 21, 2013.
  57. Kaufman, Leslie (March 28, 2013). „Amazon to Buy Goodreads“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на October 11, 2016.
  58. 58,0 58,1 58,2 Sarah Manavis (10 September 2020). „Why Goodreads is bad for books“. New Statesman.
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 59,4 59,5 59,6 Caroline O'Donovan, Goodreads was the future of book reviews. Then Amazon bought it., Washington Post (July 1, 2023).
  60. Lashbrook, Angela (September 10, 2019). „Almost Everything About Goodreads Is Broken“. Medium.
  61. 61,0 61,1 61,2 61,3 61,4 61,5 61,6 61,7 61,8 Alexandra Alter and Elizabeth A. Harris (June 26, 2023). „How Review-Bombing Can Tank a Book Before It's Published“.
  62. 62,0 62,1 Bella, Timothy (December 12, 2023). „First-time author loses book deal for 'review bombing' authors on Goodreads“. The Washington Post. Посетено на December 17, 2023.
  63. „Amazon pulls white supremacist novel The Turner Diaries alongside QAnon purge“. www.theverge.com. 12 January 2021.
  64. „NOT A BOOK by NOT A BOOK“. www.goodreads.com. Архивирано од изворникот на 6 August 2021.
  65. „Books by Jane Friedman“. Jane Friedman .com. Посетено на 9 August 2023.
  66. Friedman, Jane (7 August 2023). „I Would Rather See My Books Get Pirated Than This (Or: Why Goodreads and Amazon Are Becoming Dumpster Fires)“. Jane Friedman. Посетено на 9 August 2023.
  67. Edwards, Benj (8 August 2023). „Author discovers AI-generated counterfeit books written in her name on Amazon“. Ars Technica (англиски). Посетено на 9 August 2023.
  68. Roscoe, Jules (28 June 2023). „AI-Generated Books of Nonsense Are All Over Amazon's Bestseller Lists“. Vice (англиски). Посетено на 9 August 2023.
  69. O'Donovan, Caroline (2 July 2023). „Goodreads was the future of book reviews. Then Amazon bought it“. Washington Post. Посетено на 9 August 2023.