Прејди на содржината

Филип Костиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Костиќ
Лични податоци
Полно име Филип Костиќ
Роден на 1 ноември 1992(1992-11-01)(32 г.)
Роден во Крагуевац, Србија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 18
Младинска кариера
Раднички 1923 Раднички 1923
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2012 Раднички 1923 Раднички 1923 61 (5)
2012-2014 Гронинген Гронинген 43 (11)
2014-2016 Штутгарт Штутгарт 59 (8)
2016-2018 Хамбургер Хамбургер 61 (9)
2018-2022 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 129 (18)
2022- Јувентус Јувентус 66 (3)
2024-2025Фенербахче Фенербахче 27 (1)
Репрезентација
2010-2011 Србија Србија 19 4 (1)
2013-2014 Србија Србија 21 8 (2)
2015- Србија Србија 64 (3)

Филип Костиќ (роден на 1 ноември 1992 во Крагуевац) — српски фудбалер, крило на Јувентус и на српската репрезентација.

Технички карактeристики

[уреди | уреди извор]

Како левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во Ајнтрахт Франкфурт.[1][2] Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции.[1][2] Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Роден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија.

Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола.

Гронинген

[уреди | уреди извор]
Костиќ за време на тренинг со Гронинген во 2013

Во летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,[3] па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.[4] Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.[5]

Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК,[6] а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс.[7] Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен.[8] Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови.

Штутгарт и Хамбургер

[уреди | уреди извор]
Костиќ со Штутгарт во 2015 година

На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт.[9] Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот.[10] Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувајќи го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови.

Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.[11] Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1.[12] Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига.

Ајнтрахт Франкфурт

[уреди | уреди извор]

Откако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига,[13] на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.[14][15] По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра.

Костиќ со Ајнтрахт Франкфурт во 2019

Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од Бајерн Минхен.[16]

На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа.[17] На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.[18]

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус.[19]

Фенербахче

[уреди | уреди извор]

На 9 септември 2024 година, Костиќ му се приклучи на турскиот клуб Фенербахче на заем до крајот на сезоната.[20]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Костиќ со Србија на Мундијалот 2018.

Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.[21] Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка.[22] Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација

На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1.[23] Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016.[24] На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против Ирска.

Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018,[25] каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.[26][27][28]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-2015Сант ПелтенСрбија Србија4 – 1Азербејџан АзербејџанПријателска-заменет 56'
13-6-2015КопенхагенДанска Данска2 – 0Србија СрбијаКвал. за Евро 2016-влегол во игра 65'
4-9-2015Нови СадСрбија Србија2 – 0Ерменија ЕрменијаКвал. за Евро 2016-заменет 84'
7-9-2015БордоФранција Франција2 – 1Србија СрбијаПријателска-влегол во игра 56'
13-11-2015ОстраваЧешка Чешка4 – 1Србија СрбијаПријателска-влегол во игра 59'
23-3-2016ПознањПолска Полска1 – 0Србија СрбијаПријателска-влегол во игра 78'
29-3-2016ТалинЕстонија Естонија0 – 1Србија СрбијаПријателска-заменет 75'
25-5-2016УжицеСрбија Србија2 – 1Кипар КипарПријателска-заменет 46'
5-6-2016МонакоСрбија Србија1 – 1Русија РусијаПријателска-заменет 79'
5-9-2016БелградСрбија Србија2 – 2Ирска ИрскаКвал. за СП 20181заменет 81'
6-10-2016КишињевМолдавија Молдавија0 – 3Србија СрбијаКвал. за СП 20181заменет 69'
9-10-2016БелградСрбија Србија3 – 2Австрија АвстријаКвал. за СП 2018-заменет 65'
12-11-2016КардифВелс Велс1 – 1Србија СрбијаКвал. за СП 2018-заменет 70'
24-3-2017ТбилисиГрузија Грузија1 – 3Србија СрбијаКвал. за СП 2018-заменет 81'
11-6-2017БелградСрбија Србија1 – 1Велс ВелсКвал. за СП 2018-заменет 67'
2-9-2017БелградСрбија Србија3 – 0Молдавија МолдавијаКвал. за СП 2018-
5-9-2017ДаблинИрска Ирска0 – 1Србија СрбијаКвал. за СП 2018-заменет 72'
9-10-2017БелградСрбија Србија1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 89'
10-11-2017ГуангжуКина Кина0 – 2Србија СрбијаПријателска-заменет 60'
23-3-2018ТориноСрбија Србија1 – 2Мароко МарокоПријателска-
27-3-2018ЛондонНигерија Нигерија0 – 2Србија СрбијаПријателска-заменет 88'
4-6-2018ГрацСрбија Србија0 – 1Чиле ЧилеПријателска-влегол во игра 64'
9-6-2018ГрацСрбија Србија5 – 1Боливија БоливијаПријателска-
16-6-2018СамараКостарика Костарика0 – 1Србија СрбијаСП 2018 - Прва фаза-влегол во игра 70'
22-6-2018КалининградСрбија Србија1 – 2Швајцарија ШвајцаријаСП 2018 - Прва фаза-заменет 64'
27-6-2018МоскваСрбија Србија0 – 2Бразил БразилСП 2018 - Прва фаза-заменет 82'
7-9-2018ВилниусЛитванија Литванија0 – 1Србија СрбијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 90'
10-9-2018БелградСрбија Србија2 – 2Романија РоманијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-влегол во игра 63'
7-6-2019ЛавовУкраина Украина5 – 0Србија СрбијаКвал. за Евро 2020-
10-6-2019БелградСрбија Србија4 – 1Литванија ЛитванијаКвал. за Евро 2020-заменет 71'
7-9-2019БелградСрбија Србија2 – 4Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2020-заменет 83'
14-10-2019ВилниусЛитванија Литванија1 – 2Србија СрбијаКвал. за Евро 2020-заменет 46'
3-9-2020МоскваРусија Русија3 – 1Србија СрбијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
6-9-2020БелградСрбија Србија0 – 0Турција ТурцијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-добил жолт картон во 62-рата минута 62'
12-11-2020БелградСрбија Србија1 – 1 прод.
(4 – 5 пен.)
Шкотска ШкотскаКвал. за Евро 2020-заменет 59'
24-3-2021БелградСрбија Србија3 – 2Ирска ИрскаКвал. за СП 2022-влегол во игра 46'
27-3-2021БелградСрбија Србија2 – 2Португалија ПортугалијаКвал. за СП 20221заменет 72'
30-3-2021БакуАзербејџан Азербејџан1 – 2Србија СрбијаКвал. за СП 2022-заменет 64'
4-9-2021БелградСрбија Србија4 – 1Луксембург ЛуксембургКвал. за СП 2022-
7-9-2021ДаблинИрска Ирска1 – 1Србија СрбијаКвал. за СП 2022-заменет 87'
9-10-2021ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 1Србија СрбијаКвал. за СП 2022-заменет 70'
12-10-2021БелградСрбија Србија3 – 1Азербејџан АзербејџанКвал. за СП 2022-заменет 75'
14-11-2021ЛисабонПортугалија Португалија1 – 2Србија СрбијаКвал. за СП 2022-заменет 89'
24-3-2022БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 1Србија СрбијаПријателска-заменет 46'
29-3-2022КопенхагенДанска Данска3 – 0Србија СрбијаПријателска-
2-6-2022БелградСрбија Србија0 – 1Норвешка НорвешкаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 69'
9-6-2022СолнаШведска Шведска0 – 1Србија СрбијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-влегол во игра 63'
12-6-2022ЉубљанаСловенија Словенија2 – 2Србија СрбијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-влегол во игра 56'
Вкупно Настапи 48 Голови 3

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 11 август 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009-2010Србија Раднички КрагуевацСЛЗ50КС??------50
2010-2011ПЛ302КС00------302
2011-2012СЛ273КС20------293
Вкупно Раднички Крагуевац62520----645
2012-2013Холандија ГронингенЕД5+2[29]0КХ00------70
2013-2014ЕД34+4[29]9+2[29]КХ31------4112
јул.-авг. 2014ЕД00CO00ЛЕ20---20
Вкупно Гронинген39+69+23120--5012
2014-2015Германија Штутгарт293КГ10------303
2015-2016305КГ30------335
Вкупно Штутгарт59840----638
2016-2017Германија Хамбургер314КГ40------354
2017-2018305КГ00------305
Вкупно Хамбургер61940----659
2018-2019Германија Ајнтрахт Франкфурт346КГ00ЛЕ124---4610
2019-2020334КГ33ЛЕ15[30]5[31]---5112
2020-2021304КГ00------304
2021-2022314КГ00ЛЕ123---437
јул.-авг. 202210КГ10ЛШ--СУ--20
Вкупно Ајнтрахт Франкфурт12918433912--17233
авг. 2022-2023Италија ЈувентусА00КИ00ЛШ00-----
Вкупно во кариерата351511744112--40967

Германија Ајнтрахт Франкфурт

[уреди | уреди извор]
2021-2022

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
2023-2024

Поединечни

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Juve su Kostic: tutto sul miglior crossatore della Bundesliga“. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  2. 1 2 „Inter, occhi su Kostic: l'esterno sinistro ideale per il 3-5-2 di Conte“. Посетено на 2021-06-10.
  3. Гронинген демантује Раднички: Костић је плаћен 1,25 милиона
  4. КРАГУЈЕВАЦ: Приведено пет особа, међу њима и двојица градских функционера
  5. B92 Sport (Serbian): Filip Kostić debitovao za Groningen 21 October 2012
  6. Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Živković strelac, Kostić asistent – 4 August 2013 (на српски)
  7. Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić asistirao, Groningen do boda – 25 August 2013 (на српски)
  8. Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić srušio PSV! (на српски) 20 October 2013
  9. „Званично - Филип Костић је нови играч Штутгарта“. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2022-08-11.
  10. „Transfer Kostic naar VfB Stuttgart afgerond“. fcgroningen.nl (холандски). FC Groningen. 9 August 2014. Архивирано од изворникот на 10 August 2014. Посетено на 9 August 2014.
  11. Busy summer fuels expectations for Hamburg. Deutsche Welle, 18 August 2016
  12. „2:1-Sieg gegen Wolfsburg - HSV hält die Klasse!“. hsv.de. 20 мај 2017. Посетено на 12 август 2022.
  13. „VN- Kostic vuole lasciare Amburgo, Firenze piazza molto gradita - Viola News“. 2018-06-01. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 2018-10-04.
  14. „Filip Kostic auf Leihbasis zu Eintracht Frankfurt“ (германски). Посетено на 2021-06-10.
  15. „Eintracht Frankfurt sign Filip Kostić“ (германски). 20 август 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-21. Посетено на 4 октомври 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Thomas Müller crowned 2020/21 Bundesliga's assist king“. Bundesliga.
  17. „Frankfurt's Filip Kostic doubles up to dump Barcelona out of Europa League“. The Guardian. 14 April 2022. Посетено на 15 April 2022.
  18. Filip Kostić igrač sezone!
  19. Juventus.com. „Official | Filip Kostić signs for Juventus! - Juventus“. Juventus.com (англиски). Посетено на 2022-08-12.
  20. „Filip Kostic joins Fenerbahce on loan“. Juventus.com. 9 September 2024. Посетено на 9 September 2024.
  21. Filip Kostić at Srbijafudbal
  22. „Superb Serbia end Spain reign“. uefa.com. UEFA. 14 October 2014. Посетено на 14 October 2014.
  23. „Ubedljiva pobeda: Srbija – Azerbejdžan 4:1 (1:1)“. fss.rs (српски). Football Association of Serbia. 7 June 2015. Посетено на 7 June 2015.
  24. „Poulsen and Poulsen score as Denmark see off Serbia“. uefa.com. UEFA. 13 June 2015. Посетено на 13 June 2015.
  25. „World Cup 2018: All the confirmed squads for this summer's finals in Russia“. BBC Sport. 4 June 2018. Посетено на 25 June 2018.
  26. Timothy Abraham (17 June 2018). „Costa Rica 0–1 Serbia“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
  27. Matthew Henry (23 June 2018). „Serbia 1–2 Switzerland“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
  28. Andrew Das (27 June 2018). „World Cup: Brazil cruises into next round with easy victory“. The New York Times. Посетено на 27 June 2018.
  29. 1 2 3 Во плејофот.
  30. 5 настапи во квалификациските кола
  31. 3 гола во квалификациските кола

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]