Клеман Лангле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клеман Лангле
Spartak-Sevilla (7) (cropped).jpg
Лангле со Севиља во 2017 година
Лични податоци
Полно име Клеман Лангле
Роден на 17 јуни 1995 (1995-06-17) (25 г.)
Роден во Бове, Франција
Држава Франција Франција
Висина 1,87m
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 15
Младинска кариера
2001–2007 Моншевреј
2007–2010 Шантији
2010–2013 Нанси Нанси
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2014 Нанси Б Нанси Б 33 (6)
2013–2016 Нанси Нанси 77 (2)
2017–2018 Севиља Севиља 52 (3)
2018– Барселона Барселона 15 (0)
Репрезентација
2010–2011 Франција Франција 16 6 (0)
2011–2012 Франција Франција 17 14 (0)
2012 Франција Франција 18 3 (0)
2013 Франција Франција 19 6 (0)
2014 Франција Франција 20 2 (0)
2015–2016 Франција Франција 21 10 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јуни 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18 ноември 2016

Клеман Лангле (француски: Clément Lenglet), (Бове, 17 јуни 1995) – француски фудбалер, играч од одбраната на Барселона.

Животопис[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Нанси (2013-2017)[уреди | уреди извор]

Својот прв професионален договор Клеман Лангле го потпишал во сезоната 2013-14 и веќе од следната сезона станал неопходен играч на одбраната на Нанси-Лорен.

Во сезоната 2015-2016, Лангле одиграл 34 натпревари за Нанси кој ја освоил титулата во втората лига. Својот прв гол го постигнал на 29 јануари 2016 година[1]

Во првата половина на сезоната 2016-17, 18 пати бил во стартната постава на Нанси во Лига 1.[2]

Севиља[уреди | уреди извор]

На 4 јануари 2017 година, Лангле се преселил, потпишал договор до 2021 година со Севиља. Трансферот изнесувал 5 милиони евра [2]. Бил донесен да го замени сонародникот Тимоте Колоџејчак, кој преминал во Борусија Менхенгладбах.[3]

За Андалузијците дебитирал на осум дена подоцна, на мечот од осминафиналето на кралскиот куп на Шпанија со Реал Мадрид кој завршил нерешено 3-3 (елиминирани со вкупен резултат 6-3) [4].

Барселона[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2018 година, Лангле се преселил во Барселона, откако Блауграна ја активирала откупната клаузула на играчот во вредност од 35 милиони евра. [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Nancy - Clermont : 3-1" (француски). Clermont Foot. 29 January 2016.
  2. 2,0 2,1 Garcia, Adriana (4 February 2017). "Nancy's Clement Lenglet completes move to Sevilla for €5 million fee". ESPN FC.
  3. "Sevilla bring in Lenglet as Kolodziejczak completes Gladbach switch". FourFourTwo. 4 January 2017.
  4. "Lenglet, "orgulloso" de su debut, dice que están "bien" para el domingo" [Lenglet, "proud" of his debut, says that they are doing "well" for Sunday]. La Vanguardia (шпански). 13 January 2017. Посетено на 9 December 2017.
  5. Bertran, Joaquim M. (11 July 2018). "Lenglet deal done: Barça pay Sevilla man's release clause". Sport. Посетено на 12 July 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]