Светско првенство во фудбал 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светско првенство во фудбал 2022
2022 كأس العالم لكرة القدم
Kaʾs al-ʿālam li-kurat al-qadam 2022
Qatar 2022
2022 قطر)
Податоци за првенството
ЗемјаКатар Катар
Датум на одржување20 ноември – 18 декември
Екипи32 (од 5 конфедерации)
Стадиони(во 5 градови домаќини)
Финални резултати
Прво место  Аргентина (3. титула )
Второ место  Франција
Трето место  Хрватска
Четврто место Мароко
Статистики на првенството
Број на натпревари64
Постигнати голови172 (2.69 по натпревар)
Гледачи3.404.252 (53.191 по натпревар)
ГолгетерФранција Килијан Мбапе (8 голови)
Најдобар играчАргентина Лионел Меси
Најдобар млад играчАргентина Енцо Фернандес
Најдобар голманАргентина Емилијано Мартинес
Фер плеј награда Англија
2018
2026


Светско првенство во фудбал 2022 — 22. светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година.[1] Ова било првото светско првенство кое се одржало во Арапскиот свет,[2] и второто Светско првенство одржано целосно во Азија по турнир во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.

Поради интензивните летни горештини и влажност во Катар,[3] ова Светско првенство ќе се одржи во зима, и ќе биде првиот турнир што не се одржува во мај, јуни или јули и ќе се одржи во доцна есен на северната хемисфера. Ќе се игра во намален временски рок од 29 дена.[4] Воведниот натпревар ќе биде помеѓу Катар и Еквадор на Стадион Ал Бајт, во Ал Хор. Финалето ќе се одржи на 18 декември 2022 година, Националниот ден на Катар. Актуелен шампион е Франција, која ја совладала Хрватска со 4–2 во финалето на Светското првенство 2018.

Аргентина го освоила првенството, победувајќи го бранителот на титулата Франција во финалето со 4–2 на пенали, по ремито 3–3 по продолженијата. Францускиот играч Килијан Мбапе станал првиот играч кој постигнал хет-трик во финале на Светско првенство по Џеф Херст во финалето во 1966 година и ја освоил Златната копачка откако постигнал најмногу голови (осум) за време на турнирот.

Во мај 2011, постоеле обвинувања за корупција во ФИФА кои ги покренале прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. Според потпретседателот Џек Варнер, бил испратен имејл околу можноста дека Катар го "купил" Светскиот куп 2022 преку мамење од страна на Мохамед бин Хамам кој бил претседател на Азиската фудбалска конфедерација тогаш. Организаторите во Катар, негирале дека направиле нешто лошо.[5] Подоцна се испостави дека обвинувањата биле лажни.[6][7]

Изборот на домаќин[уреди | уреди извор]

Процедурата за тоа кој ќе биде домаќин на светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 започна во јануари 2009, и националните асоцијации имаа до 2 февруари 2009 да го регистрираат нивниот интерес.[8] Претходно, имаше единаесет кандидати за Светскиот куп 2018, но Мексико подоцна се откажа од кандидатурата,[9] и индонезиската кандидатура беше одбиена од ФИФА во февруари 2010 кога индонезиската влада не успеа да испрати писмо за да ја поддржи кандидатурата.[10] Индонезиските власти не исклучија можност за кандидирање за Светскиот куп 2026, по победата на Катар за Светскиот куп во 2022. Во текот на избирањето на земјата домаќин, сите не УЕФА нации пополека се откажаа од кандидатурите за 2018, правејќи ги УЕФА земјите неприкладни за кандидирање за купот во 2022.

Држава Прв круг Втор круг Трет круг Четврт круг
Катар 11 10 11 14
 САД 3 5 6 8
 Јужна Кореја 4 5 5
Јапонија 3 2
Австралија Австралија 1

Квалификации[уреди | уреди извор]

Квалификациониот процес за Светскиот куп 2022 не е сè уште објавен. Сите земји членки на ФИФА, кои вкупно се 209,[11] може да учествуваат во купот. Фудбалската репрезентација на Катар, како домаќини, се квалификуваа автоматски на првенството.

Квалификувани репрезентации и начин на квалификување[уреди | уреди извор]

Репрезентација Се квалификвале како: Дата на квалификување Број на настапи Последно учество

на СП

Најголем успех

на СП

 Катар Домаќин 2 декември 2010 1
 Германија Победник на групата Ј во УЕФА квалификациите 11 октомври 2021 20 2018 Победник (1954, 1974, 1990 и 2014)
 Данска Победник на групата Ф во УЕФА квалификациите 12 октомври 2021 6 2018 Четвртфинале (1998)
 Бразил Победник на КОНМЕБОЛ квалификациите 11 ноември 2021 22 2018 Победник (1958, 1962, 1970, 1994 и 2002)
 Франција Победник на групата Д во УЕФА квалификациите 13 ноември 2021 16 2018 Победник (1998 и 2018)
 Белгија Победник на групата Е во УЕФА квалификациите 13 ноември 2021 14 2018 Трето место (2018)
 Хрватска Победник на групата Х во УЕФА квалификациите 14 ноември 2021 6 2018 Второ место (2018)
 Шпанија Победник на групата Б во УЕФА квалификациите 14 ноември 2021 16 2018 Победник (2010)
 Србија Победник на групата А во УЕФА квалификациите 14 ноември 2021 134 2018 Четврто место (1930, 1962)5
 Англија Победник на групата И во УЕФА квалификациите 15 ноември 2021 16 2018 Победник (1966)
 Швајцарија Победник на групата Ц во УЕФА квалификациите 15 ноември 2021 12 2018 Четвртфинале (1934, 1938, 1954)
 Холандија Победник на групата Г во УЕФА квалификациите 16 ноември 2021 11 2014 Второ место (1974, 1978 и 2010)
 Аргентина Второпласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 16 ноември 2021 18 2018 Победник (1978 и 1986)
 Иран Победник на групата А во АФК квалификациите 27 јануари 2022 6 2018 Групна фаза (1978, 1998, 2006, 2014 и 2018)
 Јужна Кореја Второпласирани во групата А на АФК квалификациите 1 февруари 2022 11 2018 Четврто место (2002)
 Јапонија Победник на групата Б во АФК квалификациите 24 март 2022 7 2018 Осминафинале (2002, 2010 и 2018)
 Саудиска Арабија Второпласирани во групата Б во АФК квалификациите 24 март 2022 6 2018 Осминафинале (1994)
 Уругвај Третопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 24 март 2022 14 2018 Победник (1930 и 1950)
 Еквадор Четвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 24 март 2022 4 2014 Осминафинале (2006)
 Канада Првопласирани во КОНКАКАФ квалификациите 27 март 2022 2 1986 Групна фаза (1986)
 Гана Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 4 2014 Четвртфинале (2010)
 Сенегал Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 3 2018 Четвртфинале (2002)
 Португалија Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 29 март 2022 8 2018 Трето место (1966)
 Полска Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 29 март 2022 9 2018 Трето место (1974, 1982)
 Тунис Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 6 2018 Групна фаза (1978, 1998, 2002, 2006 и 2018)
 Мароко Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 6 2018 Осминафинале (1986)
 Камерун Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 8 2014 Четвртфинале (1990)
 САД Третопласирани во 3. круг на КОНКАКАФ квалификациите 30 март 2022 11 2014 Трето место (1930)
 Мексико Второпласирани во 3. круг на КОНКАКАФ квалификациите 30 март 2022 17 2018 Четвртфинале (1970, 1986)
 Велс Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 5 јуни 2022 2 1958 Четвртфинале (1958)
 Австралија Победник во плејофот АФК - КОНМЕБОЛ 13 јуни 2022 6 2018 Осминафинале (2006)
 Костарика Победник во плејофот КОНКАКАФ - ОФК 14 јуни 2022 6 2018 Четвртфинале (2014)

Квалификувани репрезентации по конфедерации[уреди | уреди извор]

АФК (6)

КАФ (5)

КОНКАКАФ (4)

КОНМЕБОЛ (4)

ОФК (0)

  • Нема квалификувани

УЕФА (13)

  Репрезентации кои се квалификувале на првенството
  Репрезентации кои не се квалификувале на првенството
  Репрезентации дисквалификувани од страна на ФИФА
  Земји кои не се членки на ФИФА

Стадиони[уреди | уреди извор]

Првите пет предложени стадиони за првенството биле објавени во март 2010 година. Стадионите ќе имаат кулинг технологија која ќе ги намалува температурите на стадионите до 20 степени целзиусови.[12] Сите пет стадионски проекти се дизајнирани од страна на германскиот архитект Albert Speer & Partners. Катар се залага стадионите да ги имаат културните и историските аспекти на земјата-домаќин. По добивањето на организаторството, домаќините на ова првенство се посветиле на изградба на стадиони со највисоки стандарди за одржливост и животната средина, така да стадионите бидат опремени со системи за ладење кои ќе бидат прилагодливи во услови на лоши временски прилики во Катар.[13]

Во април 2017 година, ФИФА доправа требала да го финализира бројот на стадиони што Катар морал да ги подготви за период од пет години. Катарскиот комитет за испорака и наследство рекол дека се очекува бројот на стадиони да биде осум и тоа во и близу главниот град Доха, со исклучок на Ал Хор.[14][15]

Во јануари 2019 година, Инфантино изјавил дека ФИФА ја истражувала можноста и соседните земји да бидат домаќини на овој турнир, поради намалување на политичките тензии.[16]

Најкористен стадион на првенството ќе биде Лусаил Ајконик, кој ќе биде домаќин на 10 натпревари, вклучувајќи го и финалето. За првпат досега, сите стадиони пријавени за овој турнир ќе се користат и за натпревари од нокаут рундата.

Лусаил Ал Хор Доха
Лусаил Ајконик Ал Бајт Стадион 974 Ал Тумама
Капацитет: 80,000[17][18] Капацитет: 60,000[19][20] Капацитет: 40,000[21][22] Капацитет: 40,000[23][24]
Градови домаќини Стадиони во Доха
Ал Рајан Ал Вакра
Халифа Едукејшн Сити Ахмад бин Али[б 1]
(Стадион Ал Рајан)
Ал Јануб
Капацитет: 40,000[25][26] Капацитет: 40,000[27][28] Капацитет: 40,000[29][30]
Капацитет: 40,000[31][32]

Групна фаза[уреди | уреди извор]

Првите два тима од секоја група се пласираат во осминафиналето.

Сите наведени времиња се според локалното време во Катар, UTC+3.

  Екипи кои ја поминале групната фаза
  Испаднати

Група А[уреди | уреди извор]

Табела на групата А Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Холандија 3 2 1 0 5 1 +4 7
2.  Сенегал 3 2 0 1 5 4 +1 6
3.  Еквадор 3 1 1 1 4 3 +1 4
4.  Катар 3 0 0 3 1 7 −6 0






Група Б[уреди | уреди извор]

Табела на групата Б Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Англија 3 2 1 0 9 2 +7 7
3.  САД 3 1 2 0 2 1 +1 5
3.  Иран 3 1 0 2 4 7 −3 3
4.  Велс 3 0 1 2 1 6 −5 1






Група Ц[уреди | уреди извор]

Табела на групата Ц Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Аргентина 3 2 0 1 5 2 +3 6
2.  Полска 3 1 1 1 2 2 0 4
3.  Мексико 3 1 1 1 2 3 −1 4
4.  Саудиска Арабија 3 1 0 2 3 5 −2 3






Група Д[уреди | уреди извор]

Табела на групата Д Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Франција 3 2 0 1 6 3 +3 6
2.  Австралија 3 2 0 1 3 4 −1 6
3.  Тунис 3 1 1 1 1 1 0 4
4.  Данска 3 0 1 2 1 3 −2 1






Група Е[уреди | уреди извор]

Табела на групата Е Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Јапонија 3 2 0 1 4 3 +1 6
2.  Шпанија 3 1 1 1 9 3 +6 4
3.  Германија 3 1 1 1 6 5 +1 4
4.  Костарика 3 1 0 2 3 11 −8 3






Група Ф[уреди | уреди извор]

Табела на групата Ф Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Мароко 3 2 1 0 4 1 +3 7
2.  Хрватска 3 1 2 0 4 1 +3 5
3.  Белгија 3 1 1 1 1 2 -1 4
4.  Канада 3 0 0 3 2 7 −5 0






Група Г[уреди | уреди извор]

Табела на групата Г Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Бразил 3 2 0 1 3 1 +2 6
2.  Швајцарија 3 2 0 1 4 3 +1 6
3.  Камерун 3 1 1 1 4 4 0 4
4.  Србија 3 0 1 2 5 8 −3 1






Група Х[уреди | уреди извор]

Табела на групата Х Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Португалија 3 2 0 1 6 4 +2 6
2.  Јужна Кореја 3 1 1 1 4 4 0 4
3.  Уругвај 3 1 1 1 2 2 0 4
4.  Гана 3 1 1 1 5 7 −2 3






Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Во нокаут фазата, ако натпреварот во предвиденото време заврши нерешено, ќе се игра дополнително време (двапати од по 15 минути), а доколку и понатаму е нерешено ќе следува и изведување пенали за да се одреди победникот.[33]

Резултати[уреди | уреди извор]

Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                           
3 декември – Ал Рајан (Халифа)            
  Холандија  3
9 декември – Лусаил
  САД  1  
  Холандија  2 (3)
3 декември – Ал Рајан (Ахмад бин Али)
    Аргентина  2 (4)  
  Аргентина  2
13 декември – Лусаил
  Австралија  1  
  Аргентина  3
5 декември – Ал Вакра
    Хрватска  0  
  Јапонија  1 (1)
9 декември – Ал Рајан (Едукејшн)
  Хрватска  1 (3)  
  Хрватска  1 (4)
5 декември – Доха (974)
    Бразил  1 (2)  
  Бразил  4
18 декември – Лусаил
  Јужна Кореја  1  
  Аргентина  3 (4)
4 декември – Ал Хор
    Франција  3 (2)
  Англија  3
10 декември – Ал Хор
  Сенегал  0  
  Англија  1
4 декември – Доха (Ал Тумама)
    Франција  2  
  Франција  3
14 декември – Ал Хор
  Полска  1  
  Франција  2
6 декември – Ал Рајан (Едукејшн)
    Мароко  0   Натпревар за 3. место
  Мароко  0 (3)
10 декември – Доха (Ал Тумама) 17 декември – Ал Рајан (Халифа)
  Шпанија  0 (0)  
  Мароко  1   Хрватска  2
6 декември – Лусаил
    Португалија  0     Мароко  1
  Португалија  6
  Швајцарија  1  

Осминафинале[уреди | уреди извор]









Четвртфинале[уреди | уреди извор]





Полуфинале[уреди | уреди извор]



Натпревар за 3. место[уреди | уреди извор]

Финале[уреди | уреди извор]

Победник[уреди | уреди извор]

Победник на Светското првенство во фудбал 2022

Аргентина
Аргентина
3. титула

Статистика[