Прејди на содржината

Стадион Лусаил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион Лусаил
Целосно име Стадион Лусаил Ајконик
Место Лусаил, Катар
Координати 25°25′15.1″N 51°29′25.4″E / 25.420861° СГШ; 51.490389° ИГД / 25.420861; 51.490389
Започнат 11 април 2017
Изграден април 2021
Отворен 22 ноември 2021
Сопственик Фудбалска асоцијација на Катар
Подлога Трева
Архитект Foster + Partners заедно со Populous
Главни изведувачи HBK Contracting

China Railway Construction Corporation

Игра Фудбалска репрезентација на Катар
Гледачи 80.000

Стадион Лусаил Ајконик или стадион Лусаил (арап. ملعب لوسيل الدولي) — фудбалски стадион во Лусаил, Катар. Финалиот натпревар од Светското првенство во фудбал во 2022 година[1] ќе се одигра на стадионот Лусаил.

Стадионот Лусаил е најголемиот стадион во Катар, и е во сопственост на Фудбалската асоцијација на Катар.[2] Исто така, Лусаил е еден од осумте стадиони во Катар кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал 2022.[3]

Стадионот се наоѓа на околу 23 километри северно од главниот град на Катар, Доха.[2]

Изградба

[уреди | уреди извор]

Процесот за пренамена на стадионот започна во 2014 година.[4]

Дизајнот на стадионот е дело на британската фирма Foster + Partners и Populous,[5] поддржани од MANICA Architecture.[2] Стадионот има капацитет од 80.000 седишта.[6][7] За климатизација на сите стадиони во Катар на кои ќе се играат натпреварите од светското првенство ќе се користи сончева енергија, со што ќе има нула јаглероден отпечаток.[8]

Изградбата на стадионот започнала на 11 април 2017 година.[9] Првичната проценка била дека стадионот ќе биде завршен во 2020 година. Притоа, било планирано да биде домаќин на неколку пријателски натпревари пред да биде користен за Светското првенство. Но, стадионот бил завршен во 2021, и ќе биде домаќин на 10 натпревари вклучувајќи го и финалето.[10]

По Светското првенство, се очекува стадионот да се редизајнира во стадион со 40.000 седишта.[11] Останатите седишта ќе бидат отстранети, и заедно со другите делови ќе се пренаменат во простор достапен на заедницата со продавници, кафулиња, спортски и образовни објекти и здравствена клиника.[12]

Светско првенство на ФИФА 2022 година

[уреди | уреди извор]

Стадионот Лусаил ќе биде домаќин на десет натпревари од Светското првенство во фудбал во 2022 година[13], вклучувајќи го и финалето.

Датум Време Тим бр. 1 Резултат Тим бр. 2 Рунда Присуство
22 ноември 2022 13:00  Аргентина 1–2  Саудиска Арабија Група Ц
24 ноември 2022 22:00  Бразил 2–0  Србија Група Г
26 ноември 2022 22:00  Аргентина  Мексико Група Ц
28 ноември 2022 22:00  Португалија  Уругвај Група Х
30 ноември 2022 22:00  Саудиска Арабија  Мексико Група Ц
2 декември 2022 22:00  Камерун  Бразил Група Г
6 декември 2022 22:00 Победникот од група Х Второпласираниот од група Г Осминафинале
9 декември 2022 22:00 Победникот од натпревар 49 Победникот од натпревар 50 Четврт-финале
13 декември 2022 22:00 Победникот од натпревар57 Победникот од натпревар 58 Полуфинале
18 декември 2022 18:00 Победникот од натпревар 61 Победникот од натпревар 62 Финале

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Lusail Stadium“. stadiumguide.com. Посетено на 12 April 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Lusail Iconic Stadium World Cup 2022: Qatar World Cup Stadium“. fifaworldcupnews.com. 23 September 2021. Посетено на 17 February 2022.
  3. „Chinese company and HBK JV to build Lusail stadium“. constructionweekonline.com. 29 November 2016. Посетено на 19 July 2021.
  4. „Flagship Lusail stadium next on Qatar's list“. constructionweekonline.com. 27 February 2015. Посетено на 22 July 2021.
  5. „Lusail Stadium by Foster + Partners and Populous“. archdaily.com. Посетено на 12 April 2022.
  6. „Qatar: Lusail Stadium will be ready by 2020“. thehindu.com. 15 December 2018. Посетено на 8 January 2021.
  7. „Lusail Stadium“. qatar2022.qa. Архивирано од изворникот на 2022-05-04. Посетено на 19 July 2021.
  8. „Qatar's Lusail Iconic Stadium for Solar World Cup Stadium“. architecture-view.com. 27 October 2010. Архивирано од изворникот на 16 June 2016. Посетено на 24 February 2022.
  9. „Work starts on Qatar World Cup final stadium at Lusail“. thepeninsulaqatar.com. 12 April 2017. Посетено на 24 February 2022.
  10. „Foster + Partners designs golden stadium for Qatar World Cup final“. dezeen.com. 19 December 2018. Посетено на 27 July 2021.
  11. „2022 FIFA World Cup: Qatar unveils design for Lusail stadium“. goal.com. 15 December 2018. Посетено на 27 July 2021.
  12. „Foster + Partners unveils Lusail Iconic stadium for 2022 FIFA World Cup“. Archpaper.com (англиски). 2018-12-27. Посетено на 2019-01-30.
  13. „Светско Првенство – Катар 2022“. Kladenje.mk. Посетено на 2022-05-11.