Шимон Марцињак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шимон Марцињак
2017 RUS v BEL exhibition - Szymon Marciniak, Paweł Sokolnicki and Tomasz Listkiewicz.jpg
Целосно име Шимон Марчињак
Роден 7 јануари 1981 (1981-01-07) (38 г.)
Плоцк,  Полска
Домашна
Години Лига Улога
2009-денес Екстракласа судија
Меѓународна
Години Лига Улога
2011–денес ФИФА судија

Шимон Марчињак (полски: Szymon Marciniak; р. 7 јануари 1981) — полски меѓународен фудбалски судија. Суди во полската лига Екстракласа, како и на натпревари во Лигата на шампиони и во Лига Европа на европско ниво.

Кариера[уреди | уреди извор]

Марчињак е роден во Плоцк, Полска. Станал судија во ФИФА во 2011 година.[1] Судел на квалификациите на Светското првенство во фудбал 2014,[2] започнувајќи со натпреварот во групата Ф помеѓу Португалија и Азербејџан.[3]

На 30 јуни 2015 година бил главен судија на финалето на Европско првенството во фудбал за играчи под 21 година 2015.

Судел три натпревари на Европското првенство во фудбал 2016: Шпанија-Чешка и Исланд-Австрија во групната фаза на првенството, како и Германија-Словачка во следната фаза.

На 29 март 2018 година, ФИФА објавиле дека ќе суди некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 заедно со Павел Соколницки и Томаш Листкјевич како помошници.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIFA. "Poland: Referees". 28 април 2013.
  2. Profile
  3. FIFA. "Match Report – Portugal – Azerbaijan 3:0 (0:0)". 11 септември 2012. 28 април 2013.
  4. „List of Match Officials at 2018 FIFA World Cup“ (PDF). fifa.com. 29 март 2018. конс. 31 март 2018.