Прејди на содржината

Мохамед Кудус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мохамед Кудус
Лични податоци
Роден на 2 август 2000(2000-08-02)(25 г.)
Роден во Акра, Гана
Држава Гана Гана
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 20
Младинска кариера
2010–2018 Рајт ту Дрим
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2020 Норшелан Норшелан 51 (14)
2020-2022 Јонг Ајакс Јонг Ајакс 5 (5)
2020-2023 Ајакс Ајакс 65 (17)
2023-2025 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 65 (13)
2025- Тотенхем Тотенхем 2 (0)
Репрезентација
2017 Гана Гана 17 4 (1)
2018-2019 Гана Гана 20 3 (0)
2019- Гана Гана 42 (12)

Мохамед Кудус (роден на 2 август 2000 година, во Акра) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на репрезентацијата на Гана.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Кудус е етнички Хауса и е муслиман по религија.[1]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Тој е централен играч за врска многу брз, агилен и физички силен. Како флексибилен играч, тој може да се прилагоди за да покрива различни улоги. Има моќно лево стапало што му овозможува да биде опасен дури и од далечина. Дриблингот е еден од неговите најголеми квалитети.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Норшелан

[уреди | уреди извор]

Кудус ја започнал својата кариера во Рајт ту Дрим академијата од Гана, на која и се приклучил уште на 10-годишна возраст. Во јануари 2018 година, заедно со двајца соиграчи од академијата, Ибрахим Садик и Гидеон Менса, Кудус пристигнал во данскиот клуб Норшелан.[2]

Своето деби Норшелан го направил само три дена по неговиот 18-ти роденден, во поразот со 2-0 од Брондби. Тој го започнал натпреварот од првата минута играјќи како напаѓач, но на полувремето бил заменет. Со своето деби, тој станал деветтиот најмлад играч кој дебитирал во историјата на клубот.[3] Својот прв гол за клубот го постигнал на 4 март 2019, во ремито 3-3 на гостувањето кај Мидтјиланд.

Следната сезона станувајќи редовен стартер, Кудус постигнал 11 голови на 25 натпревари во данското првенство. Во текот на сезоната, тој бил користен на многу различни позиции, како играч од средниот ред, офазнивен играч за врска, крило и како напаѓач и речиси на секоја се снашол одлично, со што го привлекол вниманието на неколку позвучни европски клубови.

На 16 јули 2020 година, Кудус потпишал петгодишен договор со Ајакс за 9 милиони евра. Своето официјално деби за клубот го направил на 20 септември во натпревар против РКЦ Валвајк во Ередивиси. Бргу по доаѓањето, тренерот Ерик тен Хег го нарекол Кудус играч со „неверојатен потенцијал“.[4][5] Шест дена подоцна, во својот втор настап за Ајакс, Кудус му асистирал на Антони за победничкиот гол во успехот со 2-1 над Витесе. На 18 октомври 2020, Кудус го постигнал својот прв гол за Ајакс и асистирал за уште други два во победата со 5-1 над Херенфен. Три дена подоцна, го направил своето деби во Лигата на шампионите во домашниот натпревар против Ливерпул, но сепак, тоа за него завршило несреќно: тој бил заменет по само шест минути, бидејќи се здобил со повреда во менискусот на коленото која го извадила од терените за неколку месеци.[6] На 18 април 2021, иако го поминал целиот натпревар на клупата на крајот можел да се радува со својте соиграчи на освојувањето на првиот свој трофеј во кариерата, откако Ајакс го победил Витесе со 2-1 во финалето на Купот на Холандија. На 9 мај 2021, влегувајќи од клупатан за резерви Кудус го постигнал третиот гол за Ајакс во победата со 3-0 во дербито со Фејенорд. Сезоната ја завршил со 17 настапи и 4 гола во првенството, придонесувајќи за 35-тата освоена титула на Ајакс.

На 7 септември 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 4–0 над Ренџерс.[7]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Дебитирал за сениорската репрезентација на Гана на 14 ноември 2019, постигнувајќи го притоа својот прв гол за црните ѕвезди во победата со 2-0 во Кејп Коуст над Јужна Африка во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021.

Во ноември 2022, Кудус бил повикан во составот на Гана од страна на селекторот Ото Адо за Светското првенство 2022. Во вториот натпревар од групната фаза, Кудус постигнал два гола во победата на Гана со 3-2 над Јужна Кореја.[8]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-11-2019Кејп КоустГана Гана2 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за АФКОН 20211влегол во игра 61'
18-11-2019Саун ТомеСаун Томе и Принсип Саун Томе и Принсип0 – 1Гана ГанаКвал. за АФКОН 2021-влегол во игра 65'
25-3-2021ЈоханесбургЈужна Африка Јужна Африка1 – 1Гана ГанаКвал. за АФКОН 20211
28-3-2021Кејп КоустГана Гана3 – 1Саун Томе и Принсип Саун Томе и ПринсипКвал. за АФКОН 2021-заменет 79'
8-6-2021РабатМароко Мароко1 – 0Гана ГанаПријателска-влегол во игра 68'
12-6-2021Кејп КоустГана Гана0 – 0Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска-
9-10-2021Кејп КоустГана Гана3 – 1Зимбабве ЗимбабвеКвал. за СП 20221добил жолт картон во 31-вата минута 31' заменет 90+2'
12-10-2021ХарареЗимбабве Зимбабве0 – 1Гана ГанаКвал. за СП 2022-заменет 86'
11-11-2021ЈоханесбургЕтиопија Етиопија1 – 1Гана ГанаКвал. за СП 2022-
14-11-2021Кејп КоустГана Гана1 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаКвал. за СП 2022-заменет 12'
25-3-2022КумасиГана Гана0 – 0Нигерија НигеријаКвал. за СП 2022-
29-3-2022АбуџаНигерија Нигерија1 – 1Гана ГанаКвал. за СП 2022-заменет 73'
1-6-2022Кејп КоустГана Гана3 – 0Мадагаскар МадагаскарКвал. за АФКОН 20231заменет 87'
5-6-2022ЛуандаЦентралноафриканска Реп. Централноафриканска Реп.1 – 1Гана ГанаКвал. за АФКОН 20231
10-6-2022КобеЈапонија Јапонија4 – 1Гана ГанаКирин Куп-заменет 68'
14-6-2022СуитаЧиле Чиле0 – 0
(1 – 3 пен.)
Гана ГанаКирин Куп-
23-9-2022Ле АврБразил Бразил3 – 0Гана ГанаПријателска-заменет 83'
27-9-2022ЛоркаНикарагва Никарагва0 – 1Гана ГанаПријателска-заменет 90+3'
24-11-2022ДохаПортугалија Португалија3 – 2Гана ГанаСП 2022 - Прва фаза-добил жолт картон во 45+1-тата минута 45+1' заменет 77'
28-11-2022Ал РајанЈужна Кореја Јужна Кореја2 – 3Гана ГанаСП 2022 - Прва фаза2заменет 83'
2-12-2022Ал ВакраГана Гана0 – 2Уругвај УругвајСП 2022 - Прва фаза-заменет 90+8'
Вкупно Настапи 21 Голови 7

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019 Данска Норшелан СЛ263 КД10 ЛЕ20 --242
2019-2020 СЛ2511 КД10 ----2611
Вкупно Норшелан51142020--5514
2020-2021 Холандија Ајакс ЕД174 КХ10 ЛШ+ЛЕ1+30 --224
2021-2022 ЕД161 КХ20 ЛШ20 --201
2022-2023ЕД63КХ00ЛШ22СХ1085
Вкупно Ајакс3983082105110
Вкупно во кариерата9022601021010724
2020-2021, 2021-2022
2020-2021
  1. „The moving life story of Ajax sensation Mohammed Kudus: 'My mother risked her life for me'. GhanaSoccernet (англиски). 21 October 2020.
  2. U17-landsholdsspillere på vej, sn.dk, 10 December 2017
  3. „FC Nordsjælland, yngste-ældste-spillere“. bold.dk. 2 October 2018.
  4. „Ten Hag vol vertrouwen over Ajax-aanwinst: 'Je ziet zijn ongelofelijke potentie'. voetbalprimeur.nl (холандски). 29 August 2020. Посетено на 28 October 2020.
  5. „Mohammed Kudus: Ajax Amsterdam announce deal for Ghana prodigy“. Goal. Посетено на 16 July 2020.
  6. Inan, Johan (22 October 2020). „Grote aderlating voor Ajax: smaakmaker Kudus maanden uit roulatie“. Algemeen Dagblad (холандски). Посетено на 28 October 2020.
  7. „Ajax 4–0 Rangers“. BBC Sport. 7 September 2022.
  8. „South Korea vs. Ghana final score, result: Mohammed Kudus double gives Black Stars victory in World Cup thriller“. www.sportingnews.com (англиски). Посетено на 2022-11-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]