Прејди на содржината

Мохамед Салису

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мохамед Салису
Лични податоци
Роден на 17 април 1999(1999-04-17)(25 г.)
Роден во Кумаси, Гана
Држава Гана Гана
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 22
Младинска кариера
2017–2018 Реал Ваљадолид Реал Ваљадолид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2019 Реал Ваљадолид Б Реал Ваљадолид Б 39 (1)
2019-2020 Реал Ваљадолид Реал Ваљадолид 31 (1)
2020- Саутхемптон Саутхемптон 60 (0)
Репрезентација
2014- Гана Гана 5 (2)
* Ажурирано на: 20 јуни 2014
** Ажурирано на: 1 септември 2014

Мохамед Салису (роден на 17 април 1999 година, во Кумаси) — гански фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на репрезентацијата на Гана.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Централен дефанзивец, со одлични физички предиспозиции. Тој е висок, силен и се одликува со солидна брзина за својата висина.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Роден во Кумаси, Салису ја започнал својата кариера во неговиот локален младински клуб Кумаси Барселона Бејбис, пред да се приклучи на Фудбалската академија на Западна Африка во 2013 година.[1][2] Во 2015 година ја напуштил академијата од лични причини,[3] а потоа останал повеќе од една година без клуб пред да импресионира на пробите во новоформираната Нсавам филијала на Африканската фудбалска академија за таленти во март 2017 година.[4] Во октомври 2017 година, тој се приклучил на младинскиот состав на Реал Ваљадолид.[5]

Реал Ваљадолид

[уреди | уреди извор]

Салису го направил своето деби во професионалниот фудбал играјќи за вториот тим на Реал Ваљадолид на 28 јануари 2018 година, почнувајќи во поразот на домашен терен со 4–2 против Корухо во Сегунда Дивисион Б. На 1 март, тој го продолжил договорот до 2021 година.[6] Тој го постигнал својот прв сениорски гол на 29 април, израмнувачкиот во 82-рата минута од ремито 2–2 на гостувањето кај Расинг Ферол.[7]

На 16 јули 2018 година, Салису бил промовиран во сениорскиот тим на Ваљадолид.[8] Тој го направил своето професионално деби на 9 јануари 2019 година, започнувајќи во поразот со 1–0 на гостувањето против Хетафе во Купот на Шпанија.[9] На 22 мај 2019 година, Салису го продолжил договорот со клубот до 2022 година.[10]

Тој го направил своето деби во Примера Дивисион на 18 август, започнувајќи во победата со 2–1 на гостувањето кај Реал Бетис.[11] По заминувањето на Фернандо Калеро во Еспањол, Салису станал стартер во одбраната на Ваљадолид, како партнер на Кико Оливас.[12][13] На 26 октомври 2019, тој го постигнал за првиот тим на Ваљадолид во победата на домашен терен со 2–0 против Еибар.[14]

Саутхемптон

[уреди | уреди извор]

На 12 август 2020 година, Салису потпишал за Саутхемптон за надомест во вредност од 10,9 милиони фунти. Англискиот клуб активирал откупна клаузула во договорот на одбранбениот играч, додека Салису ставил потпис на четиригодишен договор.[15] Менаџерот Ралф Хазенхутл го поздрави неговото ново засилување, велејќи дека тој е талент со голема идинина пред себе кој ги има сите квалитети да дојде во Премиер лигата на Англија и да му помогне на Саутхемптон.[15]

Сепак периодот по доаѓањето во Саутхемптон за Салису не бил лесен: тој заработил повреда која не му дозволила да дебитира за Светците во официјален натпревар во првиот дел од сезоната. Откако не запишал ниту еден настап во првите три месеци од сезоната, менаџерот Хазенхутл дал објаснување за неговата состојба во ноември 2020 година, велејќи:

''Мислам дека има уште пат да изоди за да биде фит, но многу сум среќен што тој е тука. Тој е долгорочен проект и сигурен сум дека ќе одигра многу натпревари за нас.''[16]

Салису го направил своето деби за Саутхемптон на 11 февруари 2021 година, шест месеци подоцна откако потпишал за клубот, играјќи цели 90 минути и одржувајќи сува мрежа во победата со 2-0 на гости над Вулверхемптон Вондерерс во осминафиналето на ФА Купот.[17][18][19] Своето деби во Премиер лигата го имал три дена подоцна против истиот противник, кога влегол во игра во 72-рата минута на местото на повредениот Кајл Вокер-Петерс, во поразот со 1-2 на домашен терен.[20][21]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во ноември 2019 година, Салису го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Гана, откако бил избран од селекторот Квеси Апија да игра во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021 против Јужна Африка и Саун Томе и Принсип.[22] Сепак, тој се повлекол од тимот поради проблеми со повреди.[23] Во 2020 година, откако Чарлс Аконор бил назначен за менаџер на државната репрезентација, според медиумските шпекулации, тој се обидел да го привлече Салису во репрезентацијата, но неговите напори се покажале залудни бидејќи се чинело дека Салису не бил заинтересиран да игра за државната репрезентација.[24][25] Сепак, неговото семејство подоцна излегло со соопштение кое ги побило сите дотогашни тврдења кои укажуваат на негово одбивање да игра за репрезентацијата. Во соопштението се вели ''сакаме недвосмислено да кажеме дека нашиот син е горд Ганец и многу подготвен да ја претставува Гана на секое ниво и во секое време''.[24][25]

Салису го направил своето деби за Гана на 23 септември 2022 година, како замена во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Бразил, кој завршил 3–0 за јужноамериканците.[26] На 17 ноември 2022 година, Салису го постигнал својот прв гол за својата земја во пријателски натпревар против Швајцарија, кој Гана го добила со 2–0.

Во ноември 2022, Салису бил избран да ја претставува Гана на Светското првенство 2022 во Катар. Своето деби на првенството го имал на 24 ноември, во првиот натпревар од групната фаза против Португалија, во кој тој направил пенал над Кристијано Роналдо во поразот на својата репрезентација со 3-2. Во вториот натпревар во групата против Јужна Кореја, Салису го постигнал првиот гол за Гана во победата со 3-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-9-2022 Ле Авр Бразил Бразил 3 – 0 Гана Гана Пријателска - влегол во игра 46'
27-9-2022 Мурсија Никарагва Никарагва 0 – 1 Гана Гана Пријателска -
17-11-2022 Абу Даби Гана Гана 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Пријателска 1 заменет 77'
24-11-2022 Доха Португалија Португалија 3 – 2 Гана Гана СП 2022 - Прва фаза -
28-11-2022 Ал Рајан Јужна Кореја Јужна Кореја 2 – 3 Гана Гана СП 2022 - Прва фаза 1
Вкупно Настапи 5 Голови 2

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019 Шпанија Реал Ваљадолид ПД 0 0 КШ 2 0 - - - - 2 0
2019-2020 ПД 31 1 КШ 1 0 - - - - 32 1
Вкупно Реал Ваљадолид 31 1 3 0 0 0 0 0 34 1
2020-2021 Англија Саутхемптон ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 15 0
2021-2022 ПЛ 34 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 37 1
2022-2023 ПЛ 14 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 15 0
Вкупно Саутхемптон 60 0 6 1 0 0 0 0 66 1
Вкупно во кариерата 91 1 10 1 - - - - 101 2
  1. Afadzinu, Nene (11 August 2020). „Mohammed Salisu: Ghana's next defensive stalwart?“. 3news. Архивирано од изворникот на 2021-05-20. Посетено на 20 May 2021.
  2. „Mohammed Salisu: Ghana's next defensive stalwart?“. GhanaWeb. 12 August 2020. Посетено на 20 May 2021.
  3. Ampofo, Owuraku (12 August 2020). „5 things you didn't know about Southampton's new signing Mohammed Salisu“. Joy Sports. Посетено на 25 August 2020.
  4. Anka, Carl (11 August 2020). „Bootless in Kumasi, a star in Spain: Mohammed Salisu's rise to Southampton“. The Athletic. Посетено на 25 August 2020.
  5. Adams, Nuhu (29 November 2017). „Feature: Nsawam-based African Talent Football Academy launches operations“. Ghana Soccernet. Посетено на 16 July 2018.
  6. „Salisú amplía su contrato hasta 2021“ [Salisú extends his contract until 2021] (шпански). Real Valladolid CF. 1 March 2018. Архивирано од изворникот на 24 September 2019. Посетено на 16 July 2018.
  7. „Racing Ferrol 2–2 Real Valladolid II“. Goal. Leeds: DAZN Group. 29 April 2018. Посетено на 26 August 2020.
  8. „Salisú da el salto“ [Salisú makes the jump] (шпански). Real Valladolid CF. 16 July 2018. Посетено на 16 July 2018.
  9. Pérez, José (9 January 2019). „Ángel sale al rescate“ [Ángel comes to the rescue]. Marca (шпански). Посетено на 14 January 2019.
  10. „Salisu amplía contrato hasta 2022“ [Salisu extends contract until 2022] (шпански). Real Valladolid CF. 22 May 2019. Архивирано од изворникот на 4 July 2019. Посетено на 4 July 2019.
  11. Darkwah, Frank (19 August 2019). „Spanish La Liga side Real Valladolid commends Mohammed Salisu for making senior debut“. Ghana Sports Online. Архивирано од изворникот на 2022-11-26. Посетено на 4 November 2019.
  12. Martínez, Carlos Raúl (26 August 2019). „Salisu pisa fuerte en su debut en la máxima categoría“ [Salisu comes out strong in his debut in the top tier]. Diario AS (шпански). Посетено на 4 November 2019.
  13. Leone, Alessandro (18 October 2019). „Salisu, el muro del Valladolid“ [Salisu, the wall of Valladolid]. El País (шпански). Посетено на 4 November 2019.
  14. Fayiga, Kunle (26 October 2019). „Salisu nets first ever Valladolid goal in 2–0 win over Eibar“. Goal. Leeds: DAZN Group. Посетено на 4 November 2019.
  15. 15,0 15,1 „Mohammed Salisu: Southampton sign defender from Real Valladolid“. Sky Sports. 12 August 2020. Посетено на 13 August 2020.
  16. Rose, Dan (20 November 2020). „Salisu still has 'a way to go' before match fitness, says Hasenhuttl“. Southern Daily Echo. Southampton: Newsquest. Посетено на 21 November 2020.
  17. Narkortu Teye, Prince (11 February 2021). „Mohammed Salisu: Ghanaian centre-back makes Southampton debut after six months“. Goal. Leeds: DAZN Group. Посетено на 11 February 2021.
  18. Morgan, Richard (11 February 2021). „Wolverhampton Wanderers 0–2 Southampton“. Sky Sports. Посетено на 11 February 2021.
  19. Amoasi Appiah, Samuel Ekow (11 February 2021). „Mohammed Salisu makes Southampton debut in FA Cup win over Wolverhampton“. Modern Ghana. Посетено на 11 February 2021.
  20. Chowdhury, Saj (14 February 2021). „Southampton 1–2 Wolverhampton Wanderers“. BBC Sport. Посетено на 14 February 2021.
  21. Crocker, Tom (14 February 2021). „Saints dealt fresh Kyle Walker-Peters injury blow“. Southern Daily Echo. Southampton: Newsquest. Посетено на 14 February 2021.
  22. Teye, Prince Narkortu (17 November 2019). „Afcon 2021 qualifying: Ghana call up Real Valladolid prodigy Salisu in 23-man squad“. Goal.com. Посетено на 20 May 2021.
  23. Tahiru, Fentuo (26 April 2021). "I will play for Ghana but I'm not ready yet" – Mohammed Salisu“. Citi Sports Online. Посетено на 20 May 2021.
  24. 24,0 24,1 „C.K Akonnor justifies the omission of Mohammed Salisu in 23-man squad for Mali friendly“. Citi Sports Online. 25 September 2020. Посетено на 20 May 2021.
  25. 25,0 25,1 „The inside story of why Mohammed Salisu is allegedly unwilling to play for Ghana“. GhanaWeb. 30 July 2020. Посетено на 20 May 2021.
  26. „Brazil vs.Ghana“. Soccerway.com. 23 September 2022. Посетено на 24 September 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]