Премиер лига на Англија 2022-2023
Премиер лига на Англија 2022-2023 FA Premier League 2022-2023 | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | ![]() | ||||
Издание | 124-ро | ||||
Период | од: 5 август 2022 до: 28 мај 2023 | ||||
Држава | ![]() | ||||
Резултати | |||||
Шампион | ![]() 9. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Лига Европа | |||||
Лига на конференции | 1. клуб | ||||
Испаднале | ![]() ![]() ![]() | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | ![]() (36 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.084 (2,85 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Премиер лига на Англија 2022-2023 била 31-вата сезона на Премиер лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 5 август 2022, а завршила на 28 мај 2023.
Екипата на Манчестер Сити влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Борнмут и Нотингем Форест биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Чемпионшип лигата 2021-2022. Тие ги замениле Барнли, Вотфорд и Норич Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во Чемпионшип 2022-2023.
На 20 мај 2023, Манчестер Сити ја одбраниле титулата станувајќи шампиони по деветти пат во клупската историја, после поразот на нивниот најголем конкурент во оваа сезона Арсенал од Нотингем Форест.[1] Со тоа тие ја освоиле својата трета титула во низа, станувајќи само вториот клуб во ерата на Премиер лигата кој успеал да го оствари ова по нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед. Како шампиони, Сити се квалификувале за групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона, заедно со Арсенал (кои завршиле втори со 5 бодови помалку од шампионот), третопласираниот Манчестер Јунајтед и четвртопласираниот Њукасл Јунајтед.
Ливерпул и Брајтон, пак се квалификувале за УЕФА Лига Европа 2023-2024, додека Астон Вила изборила учество во УЕФА Лигата на конференции.
Лестер Сити, Лидс Јунајтед и Саутхемптон биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Ерлинг Холанд од шампионот Манчестер Сити со 36 постигнати гола, со што норвежанецот поставил нов рекорд за најмногу постигнати голови од еден играч во рамките на една сезона.[2] Сезоната 2022-2023, била сезоната со 38 натпревари со најмногу постигнати голови во историјата на Премиер лигата, со 1.084 гола (просек од 2,85 гола по натпревар).[3]
Општо[уреди | уреди извор]
Формула[уреди | уреди извор]
Шестта последователна сезона, најдобрите четири екипи на крајот од сезоната влегуваат во групната фаза на Лигата на шампионите 2023-2024. Петто рангираната екипа и победникот на ФА Купот ќе изборат пласман во Лига Европа; победникот на Лига купот стекнува право на учество во УЕФА Лига на конференции 2023-2024. Во случај освојувачите на двата домашни купови веќе да имаат обезбедено пласман во европските купови преку првенството, наместо нив ќе се квалификуваат шестопласираната екипа во првенството во Лига Европа и седмопласираната екипа во Лигата на конференции. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.
Промена на екипи[уреди | уреди извор]
Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2022-2023, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2021-2022, двата прво пласирани клуба од Чемпионшип лигата 2021-2022, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Фулам, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво на Англија по само една година отсуство и нивното испаѓање во сезоната 2020-2021, потоа Борнмут, кои се вратиле по две години отсуство и испаѓањето во сезоната 2019-2020, и Нотингем Форест, кој како победник на плејофот се вратил во Премиер лигата по цели дваесет и три години пауза од нивното испаѓање во сезоната сезоната 1998-1999. Тие ги замениле Барнли, Вотфорд и Норич Сити.
|
|
Плејоф за влез во Премиер лигата
Полуфинале | Финале | |||||||||
3 | ![]() |
1 | 1 | 2 | ||||||
6 | ![]() |
1 | 0 | 1 | ||||||
3 | ![]() |
0 | ||||||||
4 | ![]() |
1 | ||||||||
4 | ![]() |
2 | 1 | 3 (3) | ||||||
5 | ![]() |
1 | 2 | 3 (2) |
Екипи[уреди | уреди извор]
Екипи учеснички[уреди | уреди извор]
Арсенал
Астон Вила
Борнмут
Брајтон
Брентфорд
Вест Хем Јунајтед
Вулверхемптон
Евертон
Кристал Палас
Лестер Сити
Ливерпул
Лидс Јунајтед
Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити
Нотингем Форест
Њукасл Јунајтед
Саутхемптон
Тотенхем
Фулам
Челси
Стадиони и локации[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Man City are 2022/23 champions after Arsenal defeat“. Premier League. 20 May 2023. Посетено на 20 May 2023.
- ↑ „Haaland claims 2022/23 Golden Boot“. Premier League. 28 May 2023.
- ↑ „Record set for goals in a Premier League season“. Premier League. 28 May 2023.