Мохамед Салах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мохамед Салах
Mohamed Salah 2018.jpg
Лични податоци
Полно име Мохамед Салах Гали[1]
Роден на 15 јуни 1992 (1992-06-15) (28 г.)
Роден во Басјун, Египет
Држава Египет Египет
Висина &100000000000001750000001,75 м[2]
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 11
Младинска кариера
Ел Мокавлон Ел Мокавлон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2012 Ел Мокавлон Ел Мокавлон 40 (11)
2012-2014 Базел Базел 47 (9)
2014-2015 Челси Челси 13 (2)
2015Фјорентина Фјорентина 16 (6)
2015-2017 Рома Рома 65 (29)
2017- Ливерпул Ливерпул 68 (49)
Репрезентација
2009-2011 Египет Египет 20 11 (3)
2011-2012 Египет Египет 23 11 (4)
2011- Египет Египет 53 (29)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Мохамед Салах Гали (роден на 15 јуни 1992 во Басијун) — египетски фудбалер, крило или напаѓач на Ливерпул и на египетската репрезентација.

Има прекар Египетскиот Меси.[3][4]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Неговата омилена позиција е лево крило во напад со 3 играчи, но исто така може да игра и по десната страна, како офанзивен играч од средниот ред или како втор напаѓач.[5] Тој е природен левак, а најдобрите карактеристики му се брзината на дриблингот, техниката и брзина кој му овозмужуваат да асистита на својте соиграчи и да постигнува голови.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ел Мокавлон[уреди | уреди извор]

Мохамед Салах ја започнал својата професионална играчка кариера во 2010, кога дебитирал за екипата на Ел Мокавлон, влегувајќи како замена за последните десет минути во ремито 1-1 против Ел Масура на 3 мај 2010.[6] На 25 декември 2010 го постигнал својот прв гол во професионалната кариера во натпреварот против Ал-Ахли. На 26 мај 2011 тој за првпат постигнал два гола на еден натпревар во својата кариера, во победата со 2-0 против екипата на Смоуха. Следната сезона (2011-2012), станал стартер меѓутоа првенството било суспендирано за рок од две години поради немири.

Базел[уреди | уреди извор]

Салах во дресот на Базел.

На 10 април 2012, Салах потпишал четири-годишен договор со швајцарскиот шампион Базел. Своето деби го направил на 8 август во натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против норвешкиот Молде. Четири дена подоцна, на 12 август дебитирал во Швајцарската Супер лига во победата со 3-1 против Тун на домашен терен, играјќи го целиот натпревар. Својот прв погодок за Базел го постигнал во следното првенствено коло, при победата дома над Лозана со 2-0. На 11 април 2013, Салах го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања откако ја затресол мрежата на Тотенхем во четвртфиналето на Лига Европа за сезоната 2012-2013; помагајќи им на швајцарците да се пласираат понатаму на пенали со 4-1, откако двата натпревара завршиле со резултат 2-2 (или вкупни 4-4). На 2 мај во реваншот од полуфиналето против Челси на Стмфорд Бриџ Салах одново бил стрелец, но неговиот тим бил елиминиран со вкупни 2-5. И покрај неуспехот во Европа, Салах ја завршил својата прва сезона во Базел со трофеј откако тие ја освоиле титулата во швајцарското првенство со три бода предност пред Грасхопер. Исто така клубот бил финалист во Купот на Швајцарија каде загубиле на пенали од Грасхопер, меѓутоа Салах не играл во тоа финале поради повреда. Сезоната ја завршил со вкупно 50 настапи во сите натпреварувања и 10 постигнати гола.

Следната сезона ја започнал во фантастична форма, постигнувајќи гол уште во првото коло од новото првенство при победата со 3-1 над Арау. Потоа тој постигнал два гола во првиот натпревар од плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите против бугарскиот Лудогорец, при победата со 4-2 на гости, за потоа со уште една победа во Базел швајцарците да се пласираат во групната на натпреварувањето. Во групната фаза Салах постигнал два гола во шест натпревари и двата против Челси; првиот на отворањето на 18 септември при победата со 2-1 на неговата екипа на Стемфорд Бриџ, а потоа и единствениот на натпреварот (1-0) одигран на Сент Јакоб Парк на 26 ноември. Овие перформанси ги натерале челниците на сините од Лондон да го доведат еѓипќанецот во својте редови веќе во следниот трансферен прозорец во јануари 2014.

Челси[уреди | уреди извор]

Салах во Челси.

На 23 јануари 2014, Челси го купил Салах за 11 милиони фунти (15 милиони евра).[7] На 8 февруари 2014 го направил своето деби за Челси во натпреварот од Премиер лигата против Њукасл Јунајтед кој сините го добиле со 3-0, влегувајќи како замена.[8] На 22 март истата година, Салах го постигнал својот прв гол за Челси во победата со 6-0 во лондонското дерби против Арсенал на Стемфорд Бриџ, воедно и последни на натпреварот само неколку минути подоцна откако влегол во игра на местото на Оскар.[9] На 5 април го постигнал својот втор гол во дресот на Челси во кариерата во победата со 3-0 над Стоук Сити.[10]

Пред почетокот на сезоната 2014-2015 се појавиле шпекулации, дека Салах ќе биде принуден да се врати во својата татковина, за да ја отслужи воената служба, но подоцна е официјално објавено, дека службата му е одземена.[11] Во текот на сезоната не успеал да се наметне кај менаџерот Жозе Мурињо, запишувајќи минути само во 3 натпревари.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

Салах во Фјорентина

На 2 февруари 2015, заминал на заем во Фјорентина како дел од трансферот на Хуан Квадрадо.[12][13] Фјорентина му платила на Челси 1 милион евра за заем на Салах до 30 јуни 2015, со можност за откуп за 15 милиони евра.[14] Салах избрал да го носи дресот со број 74, во чест на жртвите во Порт Саид.[15] Дебитирал во Серија А на 8 февруари во натпреварот Фјорентина-Аталанта 3-2, влегувајќи како замена во 65-тата минута на местото на Хоакин.[16][17] На 14 февруари, го постигнал првиот гол за виола во натпреварот од лигата против Сасуоло.[16] На 26 истиот месец постигнал гол и во Лигата на Европа во победата со 2-0 над Тотенхем на домашен терен во шеснаестина-финалето.[18][19] Салах ја продолжил својата серија на важни голови, постигнувајќи го одлучувачкиот во победата на Фјорентина (со 0-1) на гостувањето кај Интер на 1 март. Пет дена подоцна, во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија,[20] со своите два гола им овозможува на виолетовите победа над Јувентус (2-1), кој бил непоразен на својот стадион уште од 2013.[21][22] Позајмицата во Фјорентина ја завршил со 26 настапи и 9 гола во сите конкуренции.

На крајот на сезоната Фјорентина го платила однапред договорениот износ за откупување на клаузула за откуп на играчот, но преку приватен договорот му е овозможено на Салах да се ослободи еднострано од клубот. Фјорентина, сепак, не го смета за валиден таквиот договор и се заканила со тужба.

Рома[уреди | уреди извор]

По долги преговори, на 6 август 2015 Челси го продал Салах на Рома за 5 милиони евра на заем со опција за откуп[23] за 15,5 милиони евра[24] (искористена една година подоцна).[25] Своето деби за Рома го направил во првото коло од Серија А, на гостувањето кај Верона. Својот прв гол за клубот го одбележал во својот четврти натпревар, во ремито против Сасуоло.[26] На 4 ноември 2015, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во дресот на Рома против германскиот Бајер Леверкузен; овој гол, постигнат по само 1 минута и 40 секунди од почетокот на натпреварот, бил најбрзиот постигнат од клубот од главниот град на Италија во некој натпревар од Лигата на шампионите.[27] Првата сезона во Рома ја завршил 42 настапи и 15 голови (од кои 14 во Серија А).

На 6 ноември 2016 година, во натпреварот помеѓу Рома и Болоња, од десеттото коло на Серија А 2016-2017, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата.[28] За време на сезоната 2016-2017, Салах постигнал 15 гола во Серија А, 2 во Купот на Италија и 2 во УЕФА Лига Европа. Својот последен натпревар во дресот на џалоросите го имал на 28 мај 2017 во победата со 3-2 против Џенова на Олимпико; тој го започнал натпреварот и играл до 54-тата минута кога бил заменет од клупската легенда Франческо Тоти, кој исто така во истиот тој натпревар се простил со навивачите на Рома по 25 години поминати во клубот.[29]

Ливерпул[уреди | уреди извор]

2017–2018: Рекорди и индивидуални успеси[уреди | уреди извор]

На 22 јуни 2017, Салах се преслил во Ливерпул за 42 милиони евра, кој потенцијално би можеле да пораснат на 50 милиони евра.[30] Трансферот на Салах бил забележан како клупски рекорд, откако тој станал најскапото засилување на Ливерпул во историјата на клубот надминувајќи го трансферот на Енди Керол од Њуксал Јунајтед кој изнесувал 39,5 милиони евра во 2011-тата.[31] По потпишувањето на договорот Салах го избрал дресот со број 11, претходно носен од неговиот бразилски партнер во нападот Роберто Фирмино, кој пред почетокот на оваа сезона се одлучил да го земе дресот со број 9. Така, тој станал првиот египетски фудбалер кој некогаш потпишал за Ливерпул.

Салах играјќи за Ливерпул во 2017 година. Неговите настапи за време на сезоната 2017–2018 му донеле бројни признанија, вклучувајќи ПФА Играч на годината и Играч на сезоната во Премиер лигата.

Салах постигнал гол уште на своето деби за црвените против Вотфорд во ремито 3-3 на Викариџ Роуд на 12 август.[32] На 24 август, Салах го постигнал својот втор гол за Ливерпул, во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите при победата со 4-2 над германскиот Хофенхајм, што бил неговиот прв гол пред домашните навивачи на Анфилд.[33] Три дена подоцна, Салах постигнал нов гол и забележал асистенција во победата со 4-0 во дербито против Арсенал.[34] Тој бил награден за својте добри игри во својот прв месец во клубот, откако бил избран од навивачите за Играч на месецот на Ливерпул за август.[35] На 17 октомври, Салах постигнал два гола во убедливата победа во Лигата на шампионите со 7-0 над Марибор, помагајќи му на Ливерпул да ја достигне највисоката досега остварена победа во гости во ова натпреварување и воедно највисоката победа во гости на англиски клуб.[36]

Салах се искачил на врвот на листата на стрелците по бројот на погодоци во Премиер лигата, со двата гола кои ги постигнал влегувајќи како замена во победата со 3-0 на гостувањето кај Стоук Сити на 29 ноември.[37] Следниот месец, Салах постигнал гол во победата со 4-0 над Борнмут; резултат со кој Ливерпул станал првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на четири последователни натпревари на гостински терен со маргина од најмалку три гола.[38] Во тој процес, тој исто така станал втор најбрз играч кој постигнал 20 гола за Ливерпул - за што му требале само 26 настапи за клубот, останувајќи само зад Џорџ Алан кој ја достигнал оваа бројка на само 19 настапи во 1895.[39]

На 17 март 2018 година, Салах постигнал четири гола во победата од 5-0 над Вотфорд, што бил негов прв хет-трик за Ливерпул. Во овој натпревар, тој исто така соборил уште еден рекорд станувајќи првиот играч кој постигнал 36 гола за Ливерпул во својата дебитантска сезона, а исто така станал и водечки стрелец во најдобрите пет европски лиги - престигнувајќи ги ѕвездата на Барселона Лионел Меси и напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн. Откако Салах го постигнал рекордниот гол за Ливерпул, поранешниот капитен на црвените Стивен Џерард изјавил „сведоци сме на почетокот на величието“.[40]

На почетокот на април 2018 година, тој постигнал гол во двата меча од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.[41] На 22 април 2018 година, на Салах му била доделена наградата ПФА Играч на годината според фудбалерите,[42] откако претходно бил избран во ПФА Тимот на годината за Премиер лигата.[43] Два дена подоцна, тој постигнал два гола во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој Ливерпул на домашен терен го добил со 5-2 против поранешниот клуб на Салах, Рома. Притоа, тој истовремено станал првиот играч од Африка и првиот играч на Ливерпул кој постигнал 10 гола во една кампања од ова натпреварување. Неговите два гола, исто така, го однеле до бројката од 43 гола за оваа сезона во сите натпреварувања, надминувајќи ја бројката од 42 гола на Роџер Хант, што го направило втор најдобар стрелец на Ливерпул во рамките на една сезона, зад Ијан Раш.[44] Тој претходно, исто така, соборил уште еден клупски рекорд во ерата на Премиер лигата, надминувајќи ја бројката од 36 голови на Роби Фаулер постигнати во сезоната 1995–1996 и како 33-те голови на Фернандо Торес, што го направило играч со најмногу постигнати голови за Ливерпул во својата дебитантска сезона во клубот.[45] После двата гола и асистенција на првиот натпревар против Рома, Салах им помогнал на црвените во реваншот да ја сочуваат предноста од првиот натпревар против италијанците и со вкупен резултат од 7–6 да обезбедат пласман во финалето за првпат по единаесет години.[46] До крајот на сезоната тој станал најдобар стрелец на сите времиња во Премиер лигата во сезона со 38 натпревари, регистрирајќи го својот 32. лигашки погодок во победата од 4-0 против Брајтон и Хоув Албион за да биде награден со Златната копачка на Премиер лигата.

Во Финалето на УЕФА Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Салах го повреди левото рамо во 30-тата минута.[47] Откако првично се обидел да продолжи, подоцна тој го напуштил теренот во солзи откако паднал на земја по еден дуел со дефанзивецот на шпанскиот клуб Серхио Рамос;[48] натпреварот заврши со пораз на Ливерпул од 3-1. Неколку дена подоцна египетската фудбалска асоцијација изјавила дека ова нема да има никакво влијание врз неговото играње на Светското првенство 2018 во Русија и дека Салах сепак ќе биде повикан во последниот состав на тимот на 4 јуни.[49] Ден по натпреварот, Рамос напишал порака во која вели дека му посакува се најдобро на Салах.[50]

Репрезентативн кариера[уреди | уреди извор]

На 3 септември 2011 година, Салах дебитирал за египетската репрезентација во поразот со 2-1 на гостувањето кај Сиера Леоне.[51]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Швајцарија Базел[уреди | уреди извор]

2012-2013

Англија Ливерпул[уреди | уреди извор]

2019-2020
2018–2019
2019
2019

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Египет Египет[уреди | уреди извор]

вицешампион 2017

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mohamed Salah“. Soccerway. Посетено на 17 May 2014.
  2. „Player Profile: Mohamed Salah“. chelseafc.com.
  3. Salah, oltre i gol. Le 10 cose da sapere sul prodigio del momento, La Stampa.
  4. Tutti pazzi per Salah, il Messi d'Egitto Panorama.
  5. 5,0 5,1 Treccani (уред.). „Salah Ghaly, Mohamed“. Посетено на 22 септември 2015.
  6. ilpost.it, уред. (6 март 2015). „Da dove salta fuori Salah?“. Посетено на 7 март 2015.
  7. „Mohamed Salah: Chelsea agree deal to sign Basel midfielder“. BBC Sport. 23 January 2014. Посетено на 23 January 2014.
  8. „Chelsea 3-0 Newcastle“. SkySports. 8 February 2014. Посетено на 8 February 2014.
  9. „Chelsea 6-0 Arsenal“. BBC Sports. 22 March 2014. Посетено на 22 March 2014.
  10. „MATCH REPORT: CHELSEA 3 STOKE CITY 0“. Chelsea F.C. 5 April 2014. Посетено на 6 April 2014.
  11. „Играчот од средниот ред на Челси, Мохамед Салах, би можеле да биде принудени на воена служба од страна на египетската влада“. Metro.co.uk. 19 July 2014. Посетено на 1 October 2014.
  12. „Salah to Fiorentina on loan“. The Independent. 2 February 2015. Посетено на 2 February 2015.
  13. „Salah completed Fiorentina loan“. Chelsea FC. 2 February 2015. Посетено на 2 February 2015.
  14. Salah, prestito prolungabile fino al јуни 2016. E diritto di riscatto fissato a 15 mln fiorentina.it
  15. Salah: "Qui per stare a lungo e vincere. Mai dette quelle cose.." fiorentina.it
  16. 16,0 16,1 Stagione 2014-15 - 22ª Giornata legaseriea.it
  17. Stagione 2014-15 - 23ª Giornata legaseriea.it
  18. repubblica.it, уред. (26 февруари 2015). „Fiorentina-Tottenham 2-0: Gomez-Salah, la Viola ride“. Посетено на 7 март 2015.
  19. sportmediaset.mediaset.it, уред. (26 февруари 2015). „Europa League: la Fiorentina batte 2-0 il Tottenham e va agli ottavi“. Посетено на 7 март 2015.
  20. gazzetta.it, уред. (5 март 2015). „Impresa viola allo Stadium. La Juve si inchina a Salah“. Посетено на 6 март 2015.
  21. sportmediaset.mediaset.it, уред. (5 март 2015). „Coppa Italia, Juve-Fiorentina 1-2: Salah incanta allo Stadium“. Посетено на 6 март 2015.
  22. repubblica.it, уред. (5 март 2015). „Juventus-Fiorentina 1-2: Salah incanta e stende i bianconeri“. Посетено на 6 март 2015.
  23. „OPERAZIONI DI MERCATO - Mohamed Salah Ghaly“ (PDF). 6 август 2015. Посетено на 6 август 2015.
  24. Chiara Zucchelli (3 август 2016). „Roma, i riscatti sono cari: già impegnati 50,2 milioni“. Посетено на 11 септември 2016.
  25. „Salah move finalised“ (англиски). 3 август 2016.
  26. „Roma-Sassuolo 2-2: pari con Totti e Salah“. 20 септември 2015. Посетено на 27 јуни 2018.
  27. „Pronti, via e Salah segna: il goal più veloce della Roma in Champions - Goal.com“. Посетено на 5 ноември 2015.
  28. Vieri Capretta (6 ноември 2016). „Roma, la notte di Salah: tre gol per inseguire la Juventus“.
  29. „Тоти се прости од Рома во чиј дрес ја помина 25- годишната кариера“. 29.05.2017. Посетено на 21.12.2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  30. „Roma and Liverpool agree Salah transfer“ (англиски). AS Roma. 22 June 2017. Посетено на 6 September 2017.
  31. Dobson, Mark (22 June 2017). „Liverpool complete record £36.9m signing of Mohamed Salah from Roma“. The Guardian.
  32. Neil Johnston (12 August 2017). „Watford 3–3 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 15 August 2017.
  33. „Liverpool 4–2 Hoffenheim“. The Guardian. 31 March 2018.
  34. Phil McNulty (27 August 2017). „Liverpool 4–0 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 31 August 2017.
  35. „Mohamed Salah claims Player of the Month award for August“. Liverpool F.C. 5 September 2017.
  36. Chris Burton (17 October 2017). „Liverpool record Champions League firsts with seven goal Mauling“. Goal.com. Посетено на 18 October 2017.
  37. Mike Henson (29 November 2017). „Stoke City 0 Liverpool 3“. BBC Sport. Посетено на 30 November 2017.
  38. Stephen Crawford (17 December 2017). „Liverpool Make History with Record Away Goal Tally“. Goal.com. Посетено на 18 December 2017.
  39. Ben Fisher (17 December 2017). „Mohamed Salah shreds Bournemouth to leave Suárez and Rush in his wake“. The Guardian. Посетено на 18 December 2017.
  40. „Mohamed Salah 'on his way' to Lionel Messi comparisons – Liverpool boss Klopp“. BBC Sport. 17 March 2018.
  41. „Manchester City 1–2 Liverpool“. BBC Sport. 10 April 2018.
  42. „Mohamed Salah: Liverpool forward voted PFA Player of the Year 2017–18“. BBC Sport. 23 April 2018. Посетено на 5 May 2018.
  43. „Manchester City players dominate PFA team of the year“. BBC Sport. 18 April 2018. Посетено на 5 May 2018.
  44. „Mohamed Salah: The night the 'phenomenal' Liverpool man downed Roma“. BBC Sport. 24 April 2018. Посетено на 25 April 2018.
  45. Nick Wright (31 March 2018). „Mohamed Salah breaking records with Liverpool scoring exploits“. Sky Sports. Посетено на 5 April 2018.
  46. Jacob Steinberg (2 May 2018). „Roma 4–2 Liverpool (agg: 6–7): Champions League semi-final – as it happened“. The Guardian. Посетено на 6 May 2018.
  47. James Goldman (26 May 2018). „Liverpool star Mohamed Salah in tears after suffering injury in Champions League final“. Metro. Посетено на 29 May 2018.
  48. „Mohamed Salah in tears as Champions League final ends in early injury heartbreak after Sergio Ramos challenge“. The Daily Telegraph. Посетено на 27 May 2018.
  49. Glenn Price (26 May 2018). „Egypt 'optimistic' Mohamed Salah can play in World Cup after shoulder injury“. ESPN.
  50. Callum Davis (27 May 2018). „Sergio Ramos sends good well wishes to Mohamed Salah after injured Liverpool forward's Champions League final ends in tears“. The Daily Telegraph. Посетено на 30 May 2018.
  51. „Sierra Leone 2–1 Egypt: Pharaohs eliminated from Afcon qualification“. Goal.com. Посетено на 25 August 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]