Немања Видиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Немања Видиќ
Nemanja Vidić
Лични податоци
Роден на 21 октомври 1981
Роден во Титово Ужице, Србија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција центар бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Интер
Број 15
Младинска кариера
Црвена Ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2004 Црвена Ѕвезда 67 (12)
2000-2001Спартак Суботица 27 (6)
2004-2006 Спартак Москва 39 (4)
2006-2014 Манчестер Јунајтед 211 (15)
2014- Интер 23 (1)
Репрезентација
2002- Србија 56 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Немања Видиќ (роден на 21 октомври 1981 година) — пензиониран српски фудбалер, и поранешен капитен на англискиот премиерлигашки клуб Манчестер Јунајтед. Откако се зацврстил во белградска Црвена Ѕвезда на почетокот на 2000 година, тој се преселил во Спартак Москва во летото 2004 година.Тој се здобил со позначајна репутација кога станал дел од "Славната четворка" на одбранбената линија на српската репрезентација кој примил само еден гол во квалификациите за светското првенство 2006 година што го организира ФИФА. Тој подоцна потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од околу 7 милиони фунти во 2006-тата година каде во следната сезона формирал забележително одбранбено партнерство со Рио Фердинанд и репутација на ефикасен дефанзивец. Играјќи за Манчестер Јунајтед се здобил со голем број на почести вклучувајќи 4 титули во Премиер лигата, од кој три едноподруго, Лигата на шампионите на УЕФА, светскиот клупски куп на ФИФА , три медали во Лига купот, а исто така и три последователни награди од страна на Професионалната асоцијација на фудбалери од 2007-2009 година. Во сезоната 2008-09 тој му помогнал на Манчестер Јунајтед во рушењето на рекордот од 14 натпревари без примен гол и со бил избран за фудбалер на годината во Премиер лигата. Тој ги собрал наградите за најдобар играч од навивачите и од колегите исто така. На почетокот на сезоната 2010-11 Видиќ бил селектиран за нов капитен на тимот на Манчестер Јунајтед. Во февруари 2011 година Видиќ станал редовен капитен на Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Гери Невил.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Раните години[уреди | уреди извор]

Немања Видиќ е син на Драгољуб, сега пензиониран работник во фабрика за бакар ,и Зора банкарски деловодител.Видиќ почнал да игра фудбал на шест годишна возраст заедно со неговиот брат Душан во локалниот тим Јединство Путеви.Тој брзо напредувал и на 12 годишна возраст заминал за Слобода Ужице.

Црвена Звезда и Спартак Москва[уреди | уреди извор]

По две и пол години, пред неговиот 15-ти роденден, младинскиот тим на Црвена Звезда потпишала договор со Видиќ.Тој ја започнал својата сениорска кариера со позајмица која траела речиси цела сезона во Спартак Суботица во 2000 година. Видиќ се вратил назад во Црвена Звезда по завршувањето на позајмицата, играјќи редовно во првата екипа под водство на Зоран Филиповиќ.Тој со Црвена Звезда го освоил југословенскиот куп во 2001-02. Видиќ брзо се здобил со капитенската лента, и за време на неговото три годишно капитенство тој постигнал 12 гола на 67 натпревари каде што ја завршил својата кариера во Звезда во висок стил донесувајќи му на тимот две титули во домашното првенство.Во 2004 година ја освоил српско - црногорската лига и купот со Црвена Звезда, па така добрите игри во јули 2004 година му доенеле трансфер во рускиот премиерлигаш Спартак Москва. Деталите за трансферот не се откриле иако имало изјави дека Видиќ станал најскапиот дефанзивец во историјата на руската Премиер Лига.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

По одигрување две сезони во Спартак Москва, на 5 јануари 2006 година Видиќ потпишал за Манчестер Јунајтед наводно за сума од околу 7 милиони фунти, две и пол години подоцна откако Манчестер објавил интерес за него. Со тоа Манчестер ја победил густата конкуренција за потписот на Видиќ откако неговиот трансфер со Фиорентина веќе бил договорен од страна на спортскиот директор Панталео Корвино. Бидејќи Фиорентина морала да чека за комплетирање на трансферот поради немање слободни места за играчи надвор од Европската Унија, Манчестер пристапил и во меѓувреме го довел Видиќ во својте редови.Тој го добил дресот со број 15 и на 25 јануари 2006 година дебитирал за Манчестер како замена за Руд Ван Нистелрој во исцрпувачките минути во победата од 2-1 во полуфиналето во втората рунда од Карлинг купот против Блекбурн Роверс.На 16 февруари 2006 година, Видиќ го освоил првиот трофеј со Јунајтед влегувајќи во игра во 83 минута на местото на Вес Браун во финалето од Карлинг купот против Виган Атлетик во 2006 година. Во премиерлигашката сезона 2006-07 Видиќ заедно со Фердинанд ја формирале една од најистакнатите дефанзивни линии во Европа и со тоа станал незаменлив првотимец. Во неговата прва целосна сезона во Манчестер Јунајтед тој одиграл 25 натпревари во Премиер лигата и ја завршил сезоната со прв лигашки медал. Својот прв гол за Манчестер Јунајтед Видиќ го постигна на 14 октомври 2006 година против Виган Атлетик каде Јунајтед победил со 3-1. Вториот гол го постигнал против Портсмут во победа од 3-0 на 4 ноември, што му бил прв гол на стадионот Олд Трафорд. Првиот гол во Лигата на шампионите го постигна против Бенфика на 6 декември во групната фаза каде Манчестер победил со 3-1. На 8 ноември 2007 година,Видиќ потпиша двегодишно продолжување на договорот што го задржа во Манчестер до 2012 година.Кон крајот на сезоната 2007-08 година, тој го освоил вториот последователен Премиер лигашки медал.Тој исто така учествувал во составот кој ја осовил Лигата на шампиони против Челзи во 2008 година, што бил негов прв европски медал. Во сезоната 2007-08, тој настапи на 32 натпревари и постигна еден гол. Во сезоната 2008-09,во отсуство на повеќе дефанзивци во различни делови од сезоната, Видиќ бил најажниот дел од одбраната на Јунајтед.Тој стартувал на сите натпревари од Премиер лигата кои биле дел од рушењето на рекордот на британскиот фудбал со одигрување на 14 последователни натпревари без примен гол. Кон крајот на сезоната 2008-09, Видиќ бил ставен на потесниот список за наградата Играч на годината заедно со четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед; тој бил фаворит за добивање на признанието кое подоцна му го доделиле на неговиот соиграч Рајан Гигс. Видиќ подоцна бил избран за играч на годината од страна на навивачите и на играчите преземајќи ја таа чест од Кристијано Роналдо, кој ги освоил токму тие две награди во 2007-08 година. Пофален за неговиот агресивно ефикасен дефанзивен стил од неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед,тој се сметал за многу храбар играч. Поради тоа тој ужива статус на култ помеѓу најверните навивачи на Јунајтед и често го споредуваат со поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Стив Брус за поседување на слични особини. На 25 октомври 2009 година, Видиќ повторно бил исклучен од игра во поразот од Ливерпул од 2-0, со тоа обележувајќи го третиот натпревар едноподруго против нивниот најжесток соперник каде што добил црвен картон.Сепак,на 21 март 2010 година тој играл цели 90 минути во победата од 2-1 против Ливерпул на Олд Трафорд и повторно на 19 септември 2010 година со победа од 3-2 за Манчестер. На 23 јули 2010 година се зборувало дека Видиќ го продолжил својот договор со Манчестер Јунајтед прифаќајќи нов долготраен договор, со што ги затвори долгите шпекулации дека ќе замине во Реал Мадрид.Новиот 4 годишен договор бил потпишан на 20 август. Видиќ го постигнал својот прв сезонски гол на 11 септември на гости против Евертон за водство на неговиот тим од 2-1, а на крајот мечот завршил со драматични 3-3. По предводењето на тимот како капитен на првите пет меча од сезоната 2010-11,Сер Алекс Фергусон подоцна потврди дека Видиќ трајно ја презема капитенската лента од Гери Невил. На 30 октомври Видиќ го постигнал својот прв гол на домашен терен во победата од 2-0 во Премиер лигата против Тотенхем Хотспар,што бил 1000 гол постигнат на Олд Трафорд во Премиер лигата. На 13 ноември 2010 година, Видиќ го постигнал третиот сезонски гол во ремито против Астон Вила во 85 минута во случај каде Манчестер губел со 2-0 и на тој начин зграпчил еден бод. На први февруари Видиќ поентирал против Астон Вила на Олд Трафорд со моќен влез во казнениот простор и со тоа Јунајтед победил со 3-1. На први март 2011 година,Видиќ заработил исклучување од игра поради фаул над Рамирес во напнат натпревар против Челзи, кој победи со 2-1. Видиќ се одмаздил на 8 мај 2011 година, кога погодил против Челзи во победа од 2-1 со што ги уништи аспирациите на Челзи за титулата и го однесе Манчестер кон 19 рекордна титула во Премиер лигата, во следениот натпревар против Блекбурн Роверс.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Југословенски младински интернационалец, тој дебитирал на сениорско ниво на 12 октомври 2002 година против Италија во квалификациите за ЕУРО 2004 година што го организирала УЕФА. Видиќ бил дел од славната одбранбена четворка на Србија и Црна Гора заедно со Младен Крстајиќ, Ивица Драгутиновиќ и Горан Гавранчиќ која примила само еден гол за десетте натревари во квалификациите за светското првенство 2006 година, поставувајќи нов рекорд за најмалку примени голови. Видиќ имал голем удел во последниот квалификациски натпревар против Босна и Херцеговина каде Србија и Црна Гора победила со 1-0 и осигурала пласман, а Видиќ добил црвен картон на пет минути пред крајот. Видиќ го пропуштил почетниот меч од групната фаза против Холандија поради суспензија од претходно добиениот црвен картон, а на 12 јуни 2006 година ги повредил лигаментите на левото колено за време на тренинг и поради тоа не одигра ниту еден натпревар во Светскиот куп 2006 година.По светското првенство 2006 година, Видиќ го претставувал својот веќе независен репрезентација на Србија.Тој бил стандарден за време на квалификациите за Светското првенство 2010 година каде Србија завршила на врвот пред Франција и Романија со најдобар рекорд во дефанзивата. Србија немала многу среќа на Светското првенство во Јужна Африка 2010 година и завршила последна во групата Д. Составот моментно се натреварува во УЕФА квалификациите за европското првенство 2012 година.

Поединечни почести[уреди | уреди извор]

Видич ја освои наградата на Србија "Прекуморски играч на годината" за 2005 година играјќи за Спартак Москва,избор на капитените на 16те клуба во српската Суперлига што го годишно го одржува весникот Вечерне Новости.Тој повторно ја доби истата награда во 2007,2008 и 2010 година играјќи за Манчестер Јунајтед.Извршниот комитет на Српската Фудбалска Асоцијација го назначи за играч на годината за 2005 и 2008 година.Во сезоните 2006-07,2007-08,2008-09 и 2010-11 фудбалската асоцијација на премиер лигата го наименува во тимот на сезоната.Покрај тоа,тој беше внесен во потесната листа од УЕФА за европски дефанзивец на годината за сезоните 2006-07,2007-08 и 2008-09.и исто така внесен во листата за 2006-07 и 2007-08 за светскиот најдобри единаесетмина од страна на ФИФпро,а исто така и номиниран за 2008 и 2009 за европски фудбалер на годината.Тој беше одбран за играч на месецот во Премиер лигата во јануари 2009 година.Во 2008-09 и 2010-11 Барклеј го избра за играч на сезоната,и според мрежната страница еспнстар.ком како Барклеј премиер лигашки фудбалер на сезоната и дефанзивец број еден за сезоната 2010-11.

Личен живот[уреди | уреди извор]

На 17ти јули 2006 година Видич се ожени со Ана Иванович,студентка по економија на Белградскиот Универзитет(не е поврзана со српската славна тенисерка со истото име).Тие имаат два сина,Лука и Стефан.

Титули[уреди | уреди извор]

Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Прва лига на Србија и Црна Гора : 2003-04

Куп на Србија и Црна Гора  : 2009

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Премиер лига  : 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11

Лига куп  : 2005-06, 2008-09, 2009-10

ФА Комјунити Шилд : 2007 ,2008, 2010, 2011

Лига на Шампиони  : 2007-08

ФИФА Светско Клупско првенство : 2008

Надворешни врски[уреди | уреди извор]