ФК Тотенхем Хотспар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тотенхем)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тотенхем Хотспар
Tottenham Hotspur.png
Целосно имеФудбалски клуб Тотенхем Хотспар
ПрекарСпарс и Петли
Основан1882 како Хотспар ФК
СтадионСтадион Вембли
Капацитет90.000
СопственикЕник Груп
ПретседателАнглија Даниел Леви
МенаџерИталија Антонио Конте
ЛигаПремиер лига
2018–19Премиер Лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.

Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.

Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Франција ГМ Иго Лорис Captain sports.svg
2 Ирска ОД Мат Дохерти
3 Шпанија ОД Серхио Регилон
4 Аргентина ОД Кристијан Ромеро
5 Данска СР Пјер-Емил Хојбјерг
6 Колумбија ОД Давинсон Санчес
7 Јужна Кореја НП Сон Хеунг-мин
8 Англија СР Хари Винкс
10 Англија НП Хари Кејн
12 Бразил ОД Емерсон Ројал
14 Велс ОД Џо Родон
15 Англија СР Ерик Дајер
Бр. Позиција Играч
19 Англија СР Рајан Сесењон
21 Шведска СР Дејан Кулушевски
22 Италија ГМ Пјерлујџи Голини
23 Холандија СР Стивен Бергвајн
25 Англија ОД Џафет Танганга
27 Бразил СР Лукас Моура
29 Англија СР Оливер Скип
30 Уругвај СР Родриго Бентанкур
33 Велс ОД Бен Дејвис
40 Англија ГМ Брендон Остин
41 Англија ГМ Алфи Вајтман

Менаџери[уреди | уреди извор]

Менаџери и вршители на должноста[уреди | уреди извор]

  • (ВД) – Вршител на должноста
  • (ТПТ) – Тренери на првиот тим
Антонио Конте, моментален менаџер на клубот.

Раководство на Тимот[уреди | уреди извор]

Улога Име
Тренер Италија Антонио Конте
Помошен Тренер Шпанија Хесус Перез
Тренер на Првиот Тим Англија Мигел Д'Агостино
Фитнес Тренер на Првиот Тим Англија Нејтан Гардинер
Тренер на Голмани Шпанија Тони Хименез
Тренер на Напаѓачи Англија Лес Фердинанд
Главен Физиотерапефт Нов Зеланд Џов Скот
Главен Скаут Португалија Даниел Суса

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

Европски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tottenham legend Nicholson dies“. BBC Sport. 23 October 2004. Посетено на 17 August 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]