Сент Јакоб Парк
Сент Јакоб Парк | |
---|---|
![]() | |
Место | ![]() ![]() |
Изграден | 2001 |
Отворен | 15 март 2001 |
Сопственик | |
Игра | ![]() |
Гледачи | 38.512 |
Сент Јакоб Парк е фудбалски стадион во Базел, Швајцарија. Тој е најголемиот фудбалски стадион во Швајцарија и е дом на фудбалскиот клуб ФК Базел. Стадионот познат и под името "Јогели", како што е наречен од страна на месните жители, за првпат бил изграден со капацитет од 33.433 седишта. Капацитетот бил зголемен на 42.500 за потребите на Европското првенство во фудбал во 2008 година, кое се одржа во Швајцарија и Австрија.[1] По завршувањето на Евро 2008 година, бројот на седишта бил намален, со што бил создаден поголем простор меѓу нив. Од таа причина капацитетот бил намален на 38.512 за натпреварите од Швајцарската Супер лига или 37.500 седечки места за меѓународните натпревари.[2] Максималниот капацитет за концерт е до 60.000.
Преглед[уреди | уреди извор]
Стадионот е разделен на 4 главни сектора — A, B, C, D, како и блок G, која се состои од горниот дел од балконот додаден подоцна. Сент Јакоб Парк е прилично модерен стадион; изградбата започна на 13 декември 1998 година, на местото на поранешниот Сент Јакоб стадион. Повторното отворање се одржало на 15 март, 2001 година. Архитекти биле Швајцарците Herzog & de Meuron.
Евро 2008[уреди | уреди извор]
УЕФА го оценила стадионот со 4 ѕвезди, што е највисоката категорија, имајќи го предвид капацитетот на стадионот.
За Евро 2008 „Сент Јакоб Парк“ бил домаќин на вкупно 6 натпревари — 3 групни натпревари (вклучувајќи го и отварачкиот натпревар), 2 четвртфиналиња и едно полуфинале. [3]
Дата | Време(CET) | Репрезентација#1 | Резултат | Репрезентација#2 | Круг | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|---|
7 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
39,730 | |||
11 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
39,730 | |||
15 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
39,730 | |||
19 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
39,374 | |||
21 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
38,374 | |||
25 јуни 2008 | ![]() |
![]() |
39,374 |