Прејди на содржината

Јирген Клоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јирген Клоп
Клоп со Ливерпул во 2019
Лични податоци
Полно име Јирген Норберт Клоп[1]
Роден на 16 јуни 1967(1967-06-16)(57 г.)[1]
Роден во Штутгарт, Западна Германија
Висина 1.94 m[2]
Позиција
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул (менаџер)
Младинска кариера
1972–1983 СВ Глатен
1983–1987 ТУС Ергензинген
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987 ФК Форсхаим 4 (0)
1987–1988 Ајнтрахт Фракфурт II
1988–1989 Викторија Синдринген
1989–1990 Рот-Ваис Фракфурт
1990–2001 Мајнц 05 325 (52)
Тренер на екипи
2001–2008 Мајнц 05
2008–2015 Борусија Дортмунд
2015–2024 Ливерпул

Јирген Норберт Клоп (германски изговор: [ˈjʏɐ̯ɡn̩ ˈklɔp] ( слушнете)германски изговор: [ˈjʏɐ̯ɡn̩ ˈklɔp] ( слушнете); роден на 16 јуни 1967 година) — германски фудбалски менаџер и поранешен професионален играч кој е актуелен менаџер во Премиер Лигата на тимот на Ливерпул.

Клоп го поминал поголемиот дел од својата 15-годишна играчка кариера во Мајнц 05, пред да стане нивен менаџер со најдолг стаж во период од 2001 до 2008 година, во кој тимот ја доживеал својата промоција во германската Прва Бундес Лига. Во 2008 година, Клоп бил именуван за тренер на Борусија Дортмунд, со кој успеал да ја освои лигата во сезоната 2011 и 2012 година, како и германскиот Куп во 2012, германскиот Супер Куп во 2013 и 2014 година,  како и да го одведе тимот во финалето УЕФА Лигата на Шампионите во 2013 година. Клоп ја освоил наградата за германски фудбалски менаџер на годината во сезоните 2011 и 2012 година, пред да замине од Дортмунд во 2015 со што станал, тренер со најдолг стаж во историјата на клубот. Во октомври 2015 година, Клоп го презел тимот на Ливерпул, и истата сезона го одвел до финалето на Лига Купот на Англија и УЕФА Европа Лига.

  1. 1,0 1,1 „Klopp: Jürgen Norbert Klopp“. BDFutbol. Посетено на 25 January 2016.
  2. „Jürgen Klopp“. Borussia Dortmund. Архивирано од изворникот на 5 April 2015. Посетено на 3 April 2023.