Александар Митровиќ (фудбалер)
Александар Митровиќ | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Александар Митровиќ | ||
Роден на | 16 септември 1994[1] | ||
Роден во | Смедерево, Србија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м[1] | 1,89||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
2005–2011 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2011–2012 |
![]() | 25 | (7) |
2012–2013 |
![]() | 28 | (13) |
2013–2015 |
![]() | 69 | (36) |
2015–2018 |
![]() | 60 | (14) |
2018 |
→![]() | 14 | (10) |
2018– |
![]() | 6 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2011–2013 |
![]() | 13 | (5) |
2013–2017 |
![]() | 5 | (4) |
2013– |
![]() | 30 | (10) |
† Учества (Голови). |
Александар Митровиќ (српски: Александар Митровић; роден на 16 септември 1994 година) е српски професионален фудбалер кој моментално настапува за англискиот Њукасл и фудбалската репрезентација на Србија на позицијата напаѓач. На 18-годишна возраст, Митровиќ бил именуван во топ 10 талентите за категорија на фудбалери во Европа до 19 години, селектирани од страна на УЕФА.[2]
Тој е младински производ на Партизан, но на почетокот на кариерата бил позејмен на Телеоптик, но сепак останал како дел од првиот тим, со кој ја освоил Суперлигата на Србија во својата прва сезона. По две сезони во Партизан тој му се приклучил на белгискиот Андерлехт за клупски рекорд од 5 милиони евра, постигнувајќи 44 гола во 90 натпревари во сите натпреварувања во период од две сезони. Тој ја освоил Белгиската про-лига во својата прва сезона со клубот, и бил најдобар стрелец во лигата во својата втора сезона. Во 2015 година тој се преселил во Премиер лигата во тимот на Њукасл за 13 милиони фунти.
Митровиќ и помогнал на српската репрезентација под 19 години да го освои Европското првенство под-19 години во 2013 година, каде бил именуван за најдобар играч на турнирот. Од таа година, тој исто така е стандарден сениорски репрезентативец со над 20 настапи.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Premier League Player Profile Aleksandar Mitrovic“. Barclays Premier League. 2016. конс. 2 February 2016.
- ↑ „Ten Under-19 talents to watch“, uefa.com, 2 август 2013 (посет. 5 август 2013 г).