Лука Миливојевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лука Миливојевиќ
Лука Миливојевић
Milivojevic 2018.jpg
Лични податоци
Полно име Лука Миливојевиќ
Роден на 7 април 1991 (1991-04-07) (28 г.)
Роден во Крагуевац, Србија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција средишен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Кристал Палас Кристал Палас
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Раднички Крагујевац 17 (2)
2008–2012 Рад Рад 49 (3)
2012–2013 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 36 (7)
2013–2014 Андерлехт Андерлехт 19 (0)
2014–2017 Олимпијакос Олимпијакос 62 (11)
2017– Кристал Палас Кристал Палас 87 (24)
Репрезентација
2011–2012 Србија Србија 21 11 (1)
2012– Србија Србија 30 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 April 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 април 2017

Лука Миливојевиќ (српски: Лука Миливојевић) роден на 7 април 1991 година е српски професионален фудбалер кој настапува како играч од средината на теренот во англиската Премиер лига за тимот на Кристал Палас и за репрезентацијата на Србија.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Cвојата прва професионална сезона ја одиграл во неговиот роден град во клубот на Раднички Крагуевац за време на сезоната 2007-08 во српската лига Запад. На крајот на таа сезона тој се преселил во првата српска лига во тимот на Рад кој влегол во сениорскиот тим во сезоната 2008-09 српската супер лига. Тој играл на десната страна од средниот ред.

Црвена Ѕвезда[уреди | уреди извор]

Миливојевиќ потпишла за Црвена Ѕвезда на 19 демекври 2011 година.[1]Неговото пристигнување во Црвена Ѕвезда во голема мера се должи на желбата на тогашниот тренер Роберт Просинечки, кој верувал дека Миливојевиќ има голем потенцијал. На 17 ноември 2012 година, Миливојевиќ постигнал импресивен гол против градскиот ривал Партизан.[2]

Андерлехт[уреди | уреди извор]

На 26 јули 2013 година, Миливојевиќ потпишал пет годишен договор со белгискиот гигант Андерлехт.[3] На 1 септември 2014 година, тој најавил дека ќе се приклучи на Олимпијакос како позејмен играч од Андерлехт.[4] После сезоната 2013-14 година, Лука Миливојевиќ ја потврдли неговата желба да остане во клубот. Двата клуба тогаш започнале преговори по завршувањето на сезоната со што се остварила желбата на Миливојевиќ и неговиот премин во Олимпијакос да биде постојан.[5] Преговорите со белгискиот клуб биле завршени и со тоа Олимпијакос биле подготвени да платат 2,7 милиони евра на Андерлехт за 24-годишниот играч од средниот ред на Србија.[6]

Олимпијакос[уреди | уреди извор]

На 4 јуни 2015 година Андерлехт потврдил дека Олимпијакос го откупил договорот на Лука Миливојевиќ.Српскиот интрернационалец потпишал четригодишен договор вреден 2.3 милиони евра.[7][8][9] На 30 јуни 2015 година, Олимпијакос ја одби понудата од пет милиони евра од страна на Фенербахче, кој сакал да го доведе Миливојевиќ во својте редови.

Кристал Палас[уреди | уреди извор]

На 31 Јануари 2016 година, Миливојевиќ потпиша три ипол годишен договор со премиерлигашот Кристал Палас, а трансферот бил вреден 16 милиони евра.[10] Јас сум воодушевен што го донесовме Лука во клубот. Тој има искуство во Лигата на шампионите и во меѓународниот фудбал и ќе додаде нова димензија на нашиот среден ред. Тој е талентиран играч кој игра одлично со двете нозе со интелигентни додавања и способност да помигне во одбраната, изјавил Алардајс за сајтот на клубот по потпишувањето на договорот. По два месеци во клубот, српскиот робустен играч со своите вештини веќе дал резултат во борбата за опстанок. На 10 април 2017 година, тој го постигнал својот прв гол за Палас во победата со 3-0 над Арсенал, погодувајќи од белата точка за заокружување на целокупниот импресивен приказ.[11]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил член на фудбалската репрезентација на Србија под 21 година. За прв пат тој бил повикан во серниорксиот национален тим на 29 септември 2011 година, против Италија и Словенија во квалификациите за Уефа Евро 2012.[12] Тој го направил своето деби за Србија на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Чиле.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Novi Magazin (Serbian): Luka Milivojević potpisao za Zvezdu 19 December 2012
  2. [1] Blic Sport: Milivojević: Ceo život sam sanjao i molio Boga da dam gol Partizanu (српски) 18 November 2012
  3. [2] Sports Mole: Milivojević joins Anderlecht (28 July 2013
  4. Στα «ερυθρόλευκα» ο Μιλιβόγεβιτς (Greek). Olympiacos.org. 1 September 2014. конс. 5 September 2014. 
  5. „Milivojević wants to commit his future to Olympiakos“. www.sdna.gr. 19 April 2015. 
  6. „Olympiakos poised to activate Milivojevic buy-out clause“. www.sdna.gr. 20 April 2015. 
  7. „Anderlecht cède définitivement Luka Milivojevic à Olympiacos“. www.lameuse.be. 4 June 2015. 
  8. „Θρύλος και Μιλιβόγεβιτς συνεχίζουν μαζί!“. www.olympiacos.org. 4 June 2015. 
  9. „Μιλιβόγεβιτς ως το 2019“. www.sport24.gr. 4 June 2015. 
  10. Milivojevic Joins The Eagles“, Crystal Palace Official Site (посет. 31 јануари 2017 г).
  11. Butler, Michael. „Crystal Palace v Arsenal: Premier League – live!“, „The Guardian“, 10 април 2017. (на en-GB)
  12. Milivojević: "Hvala Jankoviću, biću još bolji at Sportske.net
  13. Mondo (Serbian): "Orlovi" opet poleteli... 14 November 2012

Надворешни врски[уреди | уреди извор]