Брајтон и Хоув

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брајтон и Хоув
Brighton and Hove City of Brighton and Hove
град
Брајтон на картата на Источен Сасекс
Брајтон на картата на Источен Сасекс
Држава Обединето Кралство
Сојузна држава Англија
РегионЈугосточна Англија
ОкругСасекс
Церемонијален округИсточен Сасекс
Адм. центарХоув
Основан1 април 1997
Градски статус31 January 2001
Површина
 • град8,800 км2 (33,80 ми2)
 • Градска89,4 км2 (345 ми2)
Население
 • Градскo474,485
 • Градска5,304/км2 (13,74/ми2)
 • Метро769,000
 • Етнички групи
(2011)
80,5% Британци-белци
8,5% други белци
3,7% мешани
3% Азијци
1,5% Црнци
1,1% Кинези
0,8% Арапи
2,1% други
Часовен појасСредно време по Гринич (UTC)
 • Лете (ЛСВ)Британско летно време (UTC+1)
Поштенска областBN (1, 2, 3, 41)
ONS code00ML (ONS)
E06000043 (GSS)
ISO 3166-2GB-BNH
Мреж. местоbrighton-hove.gov.uk
Поглед кон општинската зграда

Брајтон и Хоув (англиски: Brighton and Hove) — град во Обединетото Кралство. Градот се наоѓа во Источен Сасекс, во Англија. Според пописот од 2011 година, градот имал население од 273,400 што го прави најголем крајбрежен ресорт во државата.

Градот Брајтон и Хоув бил формиран како унитарна единица во 1997 година, а како статус на град бил назначен во 2001 година од страна на кралицата Елизабета II. Често градот се именува само како Брајтон и голем број од мештаните сè уште си ги сметаат Брајтон и Хоув за посебни градови.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економијата на градот се заснова на услуги, со големо осврнување кон креативната, дигиталната и електронската технологија. Турзимот и забавата се важни економски сектори. Градот има многу хотели и забавни атракции.

Според пописот од 2011 бројот на баратели на државна помош за невработеност паднал за разлика од минатиот попис, па така од 10.1% во 2001 паднал на 4.5% во 2011.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Градски совет на Брајтон и Хоув“. Посетено на 20 август 2007.