Жоао Кансело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жоао Кансело
João Cancelo (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 27 мај 1994 (1994-05-27) (25 г.)
Роден во Бареиро, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 20
Младинска кариера
600px vertical stripes Red HEX-FF0000 White.svg Бареиренсе
Бенфика Бенфика
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2014 Бенфика Б Бенфика Б 51 (3)
2014-2015 Бенфика Бенфика 1 (0)
2014-2017 Валенсија Валенсија 74 (2)
2017-2018Интер Интер 26 (1)
2018- Јувентус Јувентус 21 (1)
Репрезентација
2010 Португалија Португалија 16 6 (0)
2010-2011 Португалија Португалија 17 17 (1)
2011-2012 Португалија Португалија 18 7 (0)
2012 Португалија Португалија 19 25 (1)
2013-2014 Португалија Португалија 20 9 (0)
2014-2017 Португалија Португалија 21 11 (1)
2016- Португалија Португалија 9 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Жоао Педро Кавако Кансело (роден на 27 мај, 1994) е португалски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на португалската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Десен бек, кој исто така може да игра како странично во средниот ред или, по потреба, како десно крило; опремен е со извонредна брзина и техника, и добри центаршутеви во офанзивната зона.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бенфика[уреди | уреди извор]

Роден во Бареиро, округот Сетубал, Кансело започнал да игра фудбал во локалниот клуб Бареиренсе. Во 2007 година, на возраст од 14 години, тој се приклучил на младинскиот систем на Бенфика каде што играл и како десен и како лев бек.

Откако ги минал сите младински категории на Бенфика (вклучувајќи го и вториот тим Бенфика Б за кој одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола), на 25 јануари 2014 го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како доцна замена во победата со 1-0 над Жил Висенте во Лига купот на Португалија.[2] Својот прв настап во лигата го имал на 10 мај 2014, играјќи како стартер во поразот со 2-1 од Порто во натпревар во кој Бенфика веќе ја имала осигурано титулата во првенството.[3]

Валенсија и Интер[уреди | уреди извор]

Кансело во дресот на Валенсија

На 20 август 2014 година, Кансело и се приклучил на шпанската Валенсија со договор за едногодишна позајмица.[4] Неговото деби во Ла Лига се случило на 25 септември, играјќи го целиот натпревар против Кордоба на домашен терен во победата со 3-0; својата прва сезона во Валенсија ја завршил со 13 одиграни натпревари, во сите натпреварувања.

На 25 мај 2015 година, Валенсија трајно го откупила Кансело за 15 милиони евра,[5][6][7] потпишувајќи договор со него до 30 јуни 2021 година.[8]

Својот прв гол за "Лос Че" го постигнал на 16 септември во натпреварот од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите во кој Валенсија загубила на домашен терен од Зенит со 2-3.[9] Пред крајот на сезоната, на 20 април, тој го постигнал и својот прв првенствен гол во победата со 4-0 над Еибар, исто така, на Месталја.[10]

На 22 август 2017 година, Кансело му се приклучил на Интер со едногодишен договор за заем до 30 јуни 2018 година, со можност договорот на играчот да биде трајно откупен.[11] Договорот бил склучен како размена на играчи на заем, така што Жофри Кондогбија заминал во спротивната насока.[12] Своето деби за Интер го направил во Серија А четири дена подоцна, заменувајќи го Антонио Кандрева во 83-тата минута во победата со 3-1 на гостувањето кај Рома.[13][14] Кон крајот на август 2017 се здобил со повреда на лигаментите на коленото, додека бил на репрезентативна должност, која го оддалечила од терените околу месец и пол.[15] Тој се вратил во акција за време на победата со 3-2 над Милан во Дерби дела Мадонина, во кое ги одриграл последните 20 минути.[16]

На 17 април 2018, го постигнал својот прв погодок за Интер, од страничен слободен удар по кој никој не ја допрел топката по неговиот центаршут и таа завршила во мрежата, во победата со 4-0 на домашен терен над Калјари.[17] Сезоната во Интер ја завршил со вкупно 23 настапи и еден постигнат гол во сите натпреварувања, но исто така им помогнал на нероаѕурите да изборат пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона за прв пат по шест години.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 27 јуни 2018, Кансело се преселил во Јувентус за 40,4 милиони евра;[18] потпишувајќи петгодишен договор со важност до 30 јуни 2023. Тој станал шестиот португалец кој играл за Јувентус по Руи Барос, Пауло Соуса, Димас Теишеира, Тијаго Мендес и Жорге Андраде. Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 18 август 2018, во победата со 3-2 над Кјево во Верона;[19] иако одиграл генерално добар натпревар, сепак во 55-тата минута тој бил виновник за досудениот пенал за домаќините заради направен фаул над Емануеле Џакерини во шеснаесетникот на Јувентус. Својот прв гол за Јувентус, Кансело го постигнал на 27 јануари 2019 против Лацио на Олимпико во Рим во пресврт победата со 2-1, влегувајќи од клупата за резерви само неколку минути претходно; тој исто така имал важна улога и при победничкиот гол бидејќи над него бил направен пеналот кој успешно го реализирал неговиот сонародник Кристијано Роналдо.[20][21]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кансело играл во сите младински репрезентативни категории на Португалија од онаа под 16 до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година учествувал на Европското првенство во 2015 и 2017 година.

Во август 2016 година тој за прв пат бил повикан во сениорската репрезентација од страна на селекторот Сантос; дебитирал на 1 септември, во пријателски натпревар против Гибралтар и притоа постигнал гол на своето деби.[22] Следниот месец тој постигнал уште два гола во квалификациските победи над Андора дома со 6-0[23] и на гостувањето кај Фарски Острови (исто така 6-0).[24]

Во пријателскиот натпревар со Холандија во март 2018, добил црвен картон во 61-вата минута што ја чинело Португалија катастрофален пораз од 3-0. Во мај 2018, Кансело се нашол на поширокиот список од 35 играчи на селекторот Сантос за Светското првенство 2018,[25] но сепак подоцна испаднал од конкуренција и не се нашол во конечниот состав.[26]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Португалија Бенфика Б СЛ 20 2 - - - - - - - - - 20 2
2013-2014 СЛ 31 1 - - - - - - - - - 31 1
Вкупно Бенфика Б 51 3 - - - - - - 51 3
јан.-јун. 2014 Португалија Бенфика ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+1 0 ЛШ+ЛЕ 0+0 0 - - - 2 0
2014-2015 Шпанија Валенсија ПД 10 0 КШ 3 0 - - - - - - 13 0
2015-2016 ПД 28 1 КШ 4 1 ЛШ+ЛЕ 6+1 1+0 - - - 39 3
2016-2017 ПД 35 1 КШ 3 0 - - - - - - 38 1
јул.-авг. 2017 ПД 1 0 КШ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Валенсија 74 2 10 1 7 1 - - 91 4
авг. 2017-2018 Италија Интер А 26 1 КИ 2 0 - - - - - - 28 1
2018-2019 Италија Јувентус А 13 1 КИ 0 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 17 1
Вкупно во кариерата 165 7 13 1 10 1 1 0 189 9

Титули[уреди | уреди извор]

Португалија Бенфика[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Inter, occhio! Cancelo non è un cancello: terzino più d'attacco che di difesa“. 17 август 2017.  Unknown parameter |authore= ignored (помош);
  2. „Sulejmani manteve o Benfica vitorioso“ [Sulejmani kept Benfica victorious]. O Jogo. 25 January 2014. конс. 22 August 2017. 
  3. „FC Porto bate Benfica sob avaliação de Lopetegui“ [FC Porto beat Benfica as Lopetegui looks on]. Diário de Notícias (Portuguese). 10 May 2014. конс. 19 February 2016. 
  4. Comunicado oficial: Joao Cancelo“, Valencia CF, 20 август 2014 (посет. 20 август 2014 г). (на Spanish)
  5. „João Cancelo transferido para o Valência CF“ [João Cancelo transferred to Valencia CF] (Portuguese). S.L. Benfica. 25 May 2015. конс. 25 May 2015. 
  6. „Prospeto de "Benfica SAD 2016–2019"“ [Prospect of "Benfica SAD 2016–2019"] (PDF) (Portuguese). Lisbon: S.L. Benfica. 15 April 2016. стр. 66. конс. 22 August 2017. 
  7. „João Cancelo vendido ao Valência por 15 milhões de euros“ [João Cancelo sold to Valencia for 15 million euros]. A Bola (Portuguese). 25 May 2015. конс. 11 July 2015. 
  8. „Joao Cancelo joins Valencia CF on a permanent deal through to 2021“. Valencia CF. 25 May 2015. конс. 25 May 2015. 
  9. Witsel breaks Valencia hearts in five-goal thriller“, UEFA, 16 септември 2016 (посет. 25 ноември 2016 г).
  10. 1, 2, 3, Alcácer otra vez“, 20 април 2016 (посет. 25 ноември 2016 г). (на Spanish)
  11. „Cancelo is an Inter player!“. Inter Milan. 22 August 2017. конс. 23 August 2017. 
  12. „Official: Inter sign Cancelo“. Football Italia. 22 August 2017. конс. 23 August 2017. 
  13. „Roma-Inter 1–3, Icardi spegne i sogni giallorossi“ [Roma-Inter 1–3, Icardi puts an end to yellow-and-red dreams] (Italian). Quotidiano.net. 26 August 2017. конс. 27 August 2017. 
  14. „MORE AND MAUR Roma 1 Inter Milan 3: Mauro Icardi scored twice in the second half and Matias Vecino hits late third as Nerazzurri earn vital three points despite being second best in battle of title contenders“. The Sun. 26 August 2017. конс. 26 August 2017. 
  15. „Inter confirm knee ligament injury for new boy Cancelo“. Goal. 31 August 2017. конс. 31 August 2017. 
  16. „Mauro Icardi gets 10/10 as hat trick earns Inter win against Milan“. ESPN FC. 17 October 2017. конс. 17 October 2017. 
  17. „Cancelo: "Contento per il primo gol in nerazzurro. Ora abbiamo un solo obiettivo!". 17 aprile 2018. 
  18. WelcomeToJU João Cancelo! - Juventus.com“, Juventus.com (посет. 27 јуни 2018 г).
  19. Gianluca Oddenino. „La Juve soffre ma batte il Chievo, al Bentegodi decide Bernardeschi in rimonta“, 18 август 2018 (посет. 18 август 2018 г). (на it)
  20. „Lazio 1–2 Juventus“. Football Italia. 27 January 2019. конс. 28 January 2019. 
  21. Bianchin, Luca. „Juventus, Allegri cambia il match coi cambi. Serataccia per Emre Can“, 27 јануари 2019 (посет. 28 јануари 2019 г). (на it)
  22. Portugal 5–0 Gibraltar: European champions hammer minnows as Nani scores brace“, 1 септември 2016 (посет. 5 септември 2016 г).
  23. „Portugal 6–0 Andorra: Cristiano Ronaldo nets FOUR in rout as minnows have two men sent off for kicking Real Madrid star during World Cup qualifier“. Daily Mail. 7 October 2016. конс. 10 October 2016. 
  24. „Andre Silva nets hat trick as Portugal roll over Faroe Islands“. ESPN. 10 October 2016. конс. 21 May 2018. 
  25. „Revealed: Every World Cup 2018 squad – 23-man & preliminary lists & when will they be announced?“. Goal. 17 May 2018. конс. 17 May 2018. 
  26. „Nearly half Portugal's Euro squad to miss World Cup“. Special Broadcasting Service. 17 May 2018. конс. 17 May 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]