Осман Букари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Осман Букари
Лични податоци
Полно име Осман Букари[1]
Роден на 13 декември 1998(1998-12-13)(25 г.)
Роден во Акра, Гана
Држава Гана Гана
Висина &100000000000001700000001,70 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда
Број 11
Младинска кариера
Акра Лајонс
Андерлехт Андерлехт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2019 Тренчин Тренчин 51 (12)
2020-2022 Гент Гент 25 (4)
2021-2022Нант Нант 24 (2)
2022- Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 16 (4)
Репрезентација
2019 Гана Гана 23 3 (3)
2021- Гана Гана 9 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Осман Букари (роден на 13 декември 1998 година, во Акра) — гански фудбалер, напаѓач на Црвена Ѕвезда и на репрезентацијата на Гана.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својте почетоци Букари ги направил во својата родна земја, а професионалната кариера ја започнал во Словачка, во екипата на Тренчин, во која стигнал во јулу 2018 година од Акра Лајонс. Во двете години поминати во Словачка, Букари бил еден од најдобрите фудбалери во лигата на таа земја; во сезоната 2019-2020, бил прогласен за најдобар играч на Тренчина, избран во идеалниот тим на сезоната на словачкото првенство[2] и бил во краткиот список од три играчи во изборот за најдобар фудбалер на сезоната.

На 4 септември 2020, потпишал тригодишен договор со белгискиот Гент.[3] Веднаш по потпишувањето успеал да стане редовен член на стартната постава. На 22 ноември 2020, го постигнал својот прв гол за Гент, победничкиот во успехот со 1-0 на гостувањето кај Шарлероа. Во сезоната 2020-2021, Букари одиграл вкупно 35 натпревари за Гент во сите натпреварувања и постигнал 4 гола.

На 12 август 2021, Букари преминал во Француската Лига 1 каде му се приклучил на Нант на позајмица до крајот на сезоната.[4][5] Тој бил дел од екипата што го освоила Купот на Франција, четврти за Нант во клупската историја. Успехот му обезбедил на клубот Северозападна Франција, квалификација во европските натпреварувања за првпат по 21-годишно чекање.

На 21 јуни 2022, Букари потпишал за Црвена Ѕвезда, откако српскиот шампион му платил на Гент 3 милиони евра.[6][7] Своето деби го имал против Раднички Ниш,[8] и во истиот тој натпревар го постигнал првиот свој гол за црвено-белите.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за репрезентацијата на Гана, Букари го имал на 25 март 2021, во натпревар против Јужна Африка што завршил нерешено 1-1.[9] Благодарение на добрите настапи на клупско ниво со Нант и Црвена Ѕвеада, тој добива почести повици и станал постојан стартер во репрезентацијата од март 2022 година.

На 1 јуни 2022, го постигнал својот прв гол за Гана против Мадагаскар во победата со 3-0 во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2023.[10] Во ноември 2022, Букари бил повикан од селекторот Ото Адо да ја претставува репрезентацијата на црните ѕвезди на Светското првенство 2022 во Катар. На 23 ноември, во воведниот натпревар на Гана на турнирот против Португалија (пораз 3-2), тој постигнал гол, со кој го поставил конечниот резултат на натпреварот.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-3-2021 Јоханесбург Јужна Африка Јужна Африка 1 – 1 Гана Гана Квал. за АФКОН 2021 1 влегол во игра 46'
28-3-2021 Кејп Коуст Гана Гана 3 – 1 Сао Томе и Принсипе Сао Томе и Принсипе Квал. за АФКОН 2021 - заменет 46'
25-3-2022 Кумаси Гана Гана 0 – 0 Нигерија Нигерија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 79'
29-3-2022 Абуџа Нигерија Нигерија 1 – 1 Гана Гана Квал. за СП 2022 - влегол во игра 73'
1-6-2022 Кејп Коуст Гана Гана 3 – 0 Мадагаскар Мадагаскар Квал. за АФКОН 2023 1 влегол во игра 76'
5-6-2022 Луанда Централноафриканска Реп. Централноафриканска Реп. 1 – 1 Гана Гана Квал. за АФКОН 2023 - заменет 63'
27-9-2022 Лорка Никарагва Никарагва 0 – 1 Гана Гана Пријателска - заменет 90+3'
24-11-2022 Доха Португалија Португалија 3 – 2 Гана Гана СП 2022 - Прва фаза 1 влегол во игра 77'
2-12-2022 Ал Вакра Гана Гана 0 – 2 Уругвај Уругвај СП 2022 - Прва фаза - влегол во игра 46'
Вкупно Настапи 9 Голови 2

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Нант[уреди | уреди извор]

2021-2022[11]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

  • Тим на годината на Суперлигата на Словачка: 2019-2020.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Qatar 2022 – Squad list: Ghana (GHA)“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 14. Посетено на 15 November 2022.
  2. „Best XI of Slovak league“. Fortunaliga. Посетено на 12 July 2020.
  3. „Welkom Osman!“ (холандски). Архивирано од изворникот на 2021-08-12. Посетено на 2021-08-13.
  4. „Osman Bukari uitgeleend aan FC Nantes“ (холандски). Архивирано од изворникот на 2021-08-12. Посетено на 2021-08-13.
  5. „Osman Bukari prêté au FC Nantes !“ (француски). Посетено на 2021-08-13.
  6. „Bukari joins Red Star“. Red Star Belgrade. Посетено на 21 June 2022.
  7. „Bukari joins Red Star“. GOAL. Посетено на 21 June 2022.
  8. „Bukari makes his Red Star debut“. Serbian SuperLiga. Посетено на 10 July 2022.
  9. „Bukari makes his Ghana debut“. CAF. Посетено на 25 March 2021.
  10. „First goal for Ghana“. CAF. Посетено на 1 June 2022.
  11. „COUPE DE FRANCE 2021 - 2022 - FINALE“. fff.fr. Посетено на 9 May 2022.
  12. „V Jedenástke sezóny až sedem futbalistov majstra. Najlepším hráčom Greif“. fortunaliga.sk (Slovak). 12 July 2020. Посетено на 12 July 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]