Миши Батшуаји
Миши Батшуаји | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Миши Батшуаји-Атунга[1] | ||
Роден на | 2 октомври 1993 | ||
Роден во | Брисел, Белгија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | 1.85 m | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
2003–2005 | ФК Евере | ||
2005–2006 | РУСА Шхарбек | ||
2006–2007 | Брисел | ||
2007–2008 |
![]() | ||
2008–2009 | Брисел | ||
2008–2011 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2011–2014 |
![]() | 97 | (39) |
2014-2016 |
![]() | 62 | (26) |
2016- |
![]() | 48 | (8) |
2018 |
→![]() | 10 | (7) |
2018-2019 |
→![]() | 15 | (1) |
2019 |
→![]() | 11 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2012–2014 |
![]() | 13 | (7) |
2015– |
![]() | 11 | (5) |
† Учества (Голови). |
Миши Батшуаји - Атунга (роден на 2 октомври 1993 година) — белгиски фудбалер, напаѓач на Челси, и на белгиската репрезентација.
Својата професионална кариера ја започнал во Стандард Лиjеж во 2011 година, постигнувајќи 44 гола во 120 натпревари во сите натпреварувања. Со 21 гол во сезоната 2013-2014 во белгиската Про лига бил втор најдобар стрелец во првенството, и ја добил наградата за најдобар фудбалер од африканско потекло, што секоја година се доделува во Белгија. Во 2014 година ја продолжил својата кариера во странство потпишувајќи за францускиот Олимпик Марсеј во трансфер вреден 4,5 милиони евра, помагајќи им да стигнат до финалето на Купот на Франција во 2016 година. Во јули 2016 година, бил купен од страна на Челси за 33 милиони евра, и постигнал гол со кој неговиот клуб математички ја осигурал титулата во Премиер лигата во својата деби сезона.
Батшуаји постигнал гол во неговото деби за репрезентацијата на Белгија против Кипар во март 2015 година. Тој бил дел од тимот кој стигнал до четврт-финалето на Европското првенство во фудбал во 2016 година.
Титули[уреди | уреди извор]
Челси[уреди | уреди извор]
Премиер лига (1) : 2016-2017
Наводи[уреди | уреди извор]
|
- ↑ „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 9 September 2017.