Леандро Паредес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леандро Паредес
Лични податоци
Роден на 29 јуни 1994(1994-06-29)(29 г.)
Роден во Сан Хусто, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 32
Младинска кариера
Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2015 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 28 (5)
2014Кјево Кјево 1 (0)
2014-2017 Рома Рома 37 (4)
2015-2016Емполи Емполи 33 (2)
2017-2019 Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 43 (7)
2019- Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 72 (2)
2022-Јувентус Јувентус 1 (0)
Репрезентација
2011 Аргентина Аргентина 17 1 (0)
2017- Аргентина Аргентина 44 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2012

Леандро Даниел Паредес (роден на 29 јуни 1994, во Сан Хусто) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус, на заем од Париз Сен Жермен, и на аргентинската репрезентација.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Природен деснак, вешт во игра на мал простор, знае како да се справи со финти и двојни додавања (инспириран е од Хуан Роман Рикелме и Зинедин Зидан);[1] тој е добар и во одземање на топки,[2] понатаму поседува одлична контрола над топката и е умешен во давањето асистенции за своите соиграчи или во завршувањето на акциите.[3] Паредес израснал играјќи како офанзивен играч за врска, улога на која што го имал своето деби во Бока Хуниорс, а потоа, по пристигнувањето во Европа, се повлекол поназад од својата дотогашна позиција, играјќи најпрво како играч од средниот ред во линија од три играчи, а подоцна, со доаѓањето во Емполи, под водството на тренерот Марко Џампаоло тој започнува да игра постојано како плејмејкер.[4][5] Добар е во додавањата во длабочина и никогаш да не ја губи топката, но се издвојува по квалитетите во фазата на одбрана и по способноста да игра на тесни простори.[5][6]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бока Хуниорс[уреди | уреди извор]

Тој се приклучил на младинскиот сектор на Бока Хуниорс на само 8 години,[6] а своето деби за првиот тим го направил на 7 ноември 2011 година, во првенствениот натпревар на домашен терен против Аргентинос Хуниорс. Во сезоната 2012-2013, младиот играч за врска се наметнал во составот на Бока: на крајот од сезоната собрал 20 настапи и 4 гола.

Кјево, Рома и Емполи[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2014 година, тој бил позајмен на италијанскиот клуб Кјево Верона;[7] трансферот се одвивал со поддршка на Рома, која откако немала слободни места достапни за играчите кои немаат државјанство на некоја од земјите членките на ЕУ, им дозволила на веронезите да го земат играчот на заем.[8] На 4 мај 2014, дебитирал за „летечките магариња“ во домашниот натпревар против Торино, загубен со 1-0: овој натпревар претставувал негово деби во Серија А, но бил и негов единствен во сезоната со Кјево.[6]

Паредес со Рома во 2014

На 19 јули 2014 година, тој отишол на позајмица во Рома, со опција римскиот клуб да го откупи играчот на крајот од сезоната.[9] На 27 септември, тој го направи своето деби за Рома против Хелас Верона, во натпревар добиен со 2-0 од „џалоросите“, појавувајќи се како резерва во второто полувреме на местото на Раџа Наинголан.[10] На 8 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Каљари-Рома 1-2.[11] На 26 февруари, тој го направил своето деби во Лига Европа во Ротердам против Фејенорд, заменувајќи го Франческо Тоти во 83-тата минута од натпреварот што завршил 2-1 за Рома.[12] Првата сезона ја завршил со 13 настапи и 1 гол.[6]

Откупен за 4,5 милиони евра, на 31 август 2015 година, Паредес бил пратен на позајмица во Емполи, со цел да добие повеќе простор за игра во италијанската Серија А.[13] Своето деби во дресот на „аѕурите“ го имал на 13 септември на домашен терен против Наполи, кој завршил 2-2.[14] На 19 септември, еден од неговите голови придонел за победа на гостувањето кај Удинезе, во натпревар кој завршил со победа на тосканците со 2-1.[15] Тој повторно бил стрелец кон крајот на јануари 2016 година, во поразот од 5-1 против Наполи.[16] Позајмицата во Емполи ја завршил со 33 одиграни натпревари и 2 постигнати гола, во кои, почнувајќи од осмото коло, тој бил постојан стартер на позицијата плејмејкер обезбедувајќи добри перформанси.[4][6]

Во следната сезона (2016-2017) тој се вратил во Рома и го имал своето деби во Лигата на шампионите 2016-2017 против Порто во првиот натпревар од плејоф квалификациската рунда на 17 август 2016. На 23 октомври 2016 година, тој постигнал гол од слободен удар против Палермо, со помошта на противничкиот голман Јосип Посавец, во домашната победа со 4-1.[17] Вториот гол во првенството го реализирал на 19 февруари 2017 година, во победата со 4-1 над Торино на Олимпико.[18] Третиот и последен гол во кариерата во Рома го постигнал во победата со 3-1 против Сасуоло на 19 март 2017 година.[19] Вкупно во дресот на Рома одиграл 54 натпревари и постигнал 4 гола.

Зенит и Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]

Паредес играјќи натпревар во дресот на Зенит во 2017

На 1 јули 2017 година, Паредес потпишал четиригодишен договор со Зенит Санкт Петербург, откако рускиот клуб и исплатил на Рома 23 милиони евра плус уште 4 милиони во бонуси.[20] Дебитирал за Зенит на 16 јули 2017, во победата со 2-0 на гостувањето кај СКА Хабровск. Првиот гол за Зенит го постигнал на 13 август 2017, во победата со 4-0 над Ахмат Грозни на Крестовски. На 7 декември 2017, го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 3-1 во Шпанија над Реал Сосиедад. Икуството во Русија го завршил со вкупно 61 настап и 10 голови.

На 29 јануари 2019 година, заминал во Париз Сен Жермен за сума од 40 милиони евра плус 5 милиони во бонуси,[21] потпишувајќи четири ипол годишен договор;[22] Тој играл како стартер во втората половина од сезоната 2018-2019, помагајќи му на клубот да го освои француското првенство, но потоа паднал во резерва во текот на следната сезона, за сепак да ја врати стартната позиција во периодот после "локдаунот" заради пандемијата на КОВИД-19; на крајот од истата парижаните стигнале до финалето на Лигата на шампионите, во кое биле поразени од Бајерн Минхен со минимален резултат 1-0, а Паредес го започнал натпреварот и играл до 65-тата минута кога бил заменет од Марко Верати. Претходно, со клубот ги освоил француското првенство,[23] купот (за кој придонел и со еден гол, негов прв за ПСЖ во победата со 2-0 на гостувањето кај третолигашот По) и лига купот во истата сезона.

Во сезоната 2020-2021, Паредес одново го губи местото во стартната постава како резултат на доаѓањето на новото засилување Данило Переира.[5] Од тој момент неговите настапи за клубот постојано се намалуваат, меѓу другото и како резултат на разни повреди со кои се соочувал. Сепак, на 10 април 2021 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 за ПСЖ, од слободен удар, во победата со 4-1 над Стразбур.[24] Во сезоната 2021-2022, тој настапил вкупно на само 22 натпревари поради проблеми со бутниот мускул и потоа со адукторот. На 7 декември го одиграл својот 100-ти натпревар за Париз Сен Жермен во победата со 4-1 над Клуб Бриж во Лигата на шампионите.[25]

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 31 август 2022 година, тој оди на позајмица со право на откуп во Јувентус,[26][27] враќајќи се во Италија по пет сезони. Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 3 септември во ремито 1-1 против Фјорентина, во кое направил пенал, но за негова среќа противниците го промашиле.[28][29]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Паредес учествувал со аргентинската репрезентација под 17 години на Јужноамериканското првенство за играчи на таа возраст, каде собрал 6 настапи и 2 гола.

Во 2017 година, тој го добил својот прв повик за сениорската репрезентација од страна на селекторот Хорхе Сампаоли во пресрет на пријателскиот натпревар против Сингапур на 13 јуни, добиен од Албисилесте со 6-0 во кој Паредес го постигна својот прв гол за државната репрезентација.[30]

Не бил повикан за Светското првенство 2018,[31] но по завршувањето на тој турнир, станал стартер во средниот ред на репрезентацијата. Бил повикан на Копа Америка 2019,[32] на која аргентинците завршиле како трети, и на Копа Америка 2021 две години подоцна, кога Аргентина ја освоила својата 15-та титула првак на континентот Јужна Америка.[33]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
13-6-2017 Сингапур Сингапур Сингапур 0 – 6 Аргентина Аргентина Пријателска 1 влегол во игра 60'
10-10-2017 Кито Еквадор Еквадор 1 – 3 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2018 - влегол во игра 84'
23-3-2018 Манчестер Аргентина Аргентина 2 – 0 Италија Италија Пријателска - заменет 64'
7-9-2018 Лос Анџелес Аргентина Аргентина 3 – 0 Гватемала Гватемала Пријателска - заменет 46'
12-9-2018 Ист Ратерфорд Колумбија Колумбија 0 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - влегол во игра 68' - добил жолт картон во 82-рата минута 82'
11-10-2018 Ријад Ирак Ирак 0 – 4 Аргентина Аргентина Пријателска - заменет 60'
16-10-2018 Џеда Бразил Бразил 1 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - добил жолт картон во 18-тата минута 18'
16-11-2018 Кордоба Аргентина Аргентина 2 – 0 Мексико Мексико Пријателска - заменет 88'
21-11-2018 Мендоса Аргентина Аргентина 2 – 0 Мексико Мексико Пријателска - влегол во игра 55'
22-3-2019 Мадрид Аргентина Аргентина 1 – 3 Венецуела Венецуела Пријателска -
26-3-2019 Тангер Мароко Мароко 0 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска - заменет 76'
8-6-2019 Сан Хуан Аргентина Аргентина 5 – 1 Никарагва Никарагва Пријателска -
15-6-2019 Салвадор Аргентина Аргентина 0 – 2 Колумбија Колумбија Копа Америка 2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 55-тата минута 55'
19-6-2019 Бело Хоризонте Аргентина Аргентина 1 – 1 Парагвај Парагвај Копа Америка 2019 - Прва фаза -
23-6-2019 Порто Алегре Катар Катар 0 – 2 Аргентина Аргентина Копа Америка 2019 - Прва фаза -
28-6-2019 Рио де Жанеиро Венецуела Венецуела 0 – 2 Аргентина Аргентина Копа Америка 2019 - Четвртфинале -
2-7-2019 Бело Хоризонте Бразил Бразил 2 – 0 Аргентина Аргентина Копа Америка 2019 - Полуфинале -
6-7-2019 Саун Пауло Аргентина Аргентина 2 – 1 Чиле Чиле Копа Америка 2019 - за 3. место - добил жолт картон во 63-тата минута 63'
5-9-2019 Лос Анџелес Чиле Чиле 0 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - добил жолт картон во 6-тата минута 6' - заменет 85'
10-9-2019 Сан Антонио Аргентина Аргентина 4 – 0 Мексико Мексико Пријателска 1 добил жолт картон во 78-мата минута 78'
9-10-2019 Дортмунд Германија Германија 2 – 2 Аргентина Аргентина Пријателска -
13-10-2019 Елче Аргентина Аргентина 6 – 1 Еквадор Еквадор Пријателска 1 добил жолт картон во 12-тата минута 12' - заменет 46'
15-11-2019 Ријад Бразил Бразил 0 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска - добил жолт картон во 73-тата минута 73' - заменет 83'
18-11-2019 Тел Авив Аргентина Аргентина 2 – 2 Уругвај Уругвај Пријателска - добил жолт картон во 40-тата минута 40' - заменет 79'
8-10-2020 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 1 – 0 Еквадор Еквадор Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 25-тата минута 25'
13-10-2020 Ла Пас Боливија Боливија 1 – 2 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 - заменет 69'
12-11-2020 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 1 – 1 Парагвај Парагвај Квал. за СП 2022 -
17-11-2020 Лима Перу Перу 0 – 2 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 -
3-6-2021 Сантјаго дел Естеро Аргентина Аргентина 1 – 1 Чиле Чиле Квал. за СП 2022 -
8-6-2021 Баранквиља Колумбија Колумбија 2 – 2 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 1 добил жолт картон во 62-рата минута 62'
14-6-2021 Рио де Жанеиро Аргентина Аргентина 1 – 1 Чиле Чиле Копа Америка 2021 - Прва фаза - заменет 68'
21-6-2021 Бразилија Аргентина Аргентина 1 – 0 Парагвај Парагвај Копа Америка 2021 - Прва фаза - добил жолт картон во 34-тата минута 34' - заменет 80'
28-6-2021 Кујаба Боливија Боливија 1 – 4 Аргентина Аргентина Копа Америка 2021 - Прва фаза - влегол во игра 71'
3-7-2021 Гојанија Аргентина Аргентина 3 – 0 Еквадор Еквадор Копа Америка 2021 - Четвртфинале - заменет 71'
6-7-2021 Бразилија Аргентина Аргентина 1 – 1 прод.
(3 – 2 пен.)
Колумбија Колумбија Копа Америка 2021 - Полуфинале - влегол во игра 56'
10-7-2021 Рио де Жанеиро Аргентина Аргентина 1 – 0 Бразил Бразил Копа Америка 2021 - Финале - добил жолт картон во 33-тата минута 33' заменет 54'
9-9-2021 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 3 – 0 Боливија Боливија Квал. за СП 2022 -
7-10-2021 Асунсион Парагвај Парагвај 0 – 0 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 -
10-10-2021 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 3 – 0 Уругвај Уругвај Квал. за СП 2022 - заменет 75'
14-10-2021 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 1 – 0 Перу Перу Квал. за СП 2022 - заменет 73'
16-11-2021 Сан Хуан Аргентина Аргентина 0 – 0 Бразил Бразил Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 45+1-тата минута 45+1' заменет 46'
27-1-2022 Калама Чиле Чиле 1 – 2 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 73-тата минута 73'
24-3-2022 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 3 – 0 Венецуела Венецуела Квал. за СП 2022 - заменет 88'
29-3-2022 Гвајакил Еквадор Еквадор 1 – 1 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2022 - заменет 78'
Вкупно Настапи 44 Голови 4

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Аргентина Бока Хуниорс ПД 4 0 КА 0 0 КЛ 0 0 - - - 4 0
2012-2013 ПД 20 4 КА 1 0 КЛ 1 0 СА 1 0 23 4
2013-јан. 2014 ПД 4 1 CA 0 0 - - - - - - 4 1
Вкупно Бока Хуниорс 28 5 1 0 1 0 1 0 31 5
јан.-јун. 2014 Италија Кјево А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0
2014-2015 Италија Рома А 10 1 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 0+1 0 - - - 13 1
2015-2016 Италија Емполи А 33 2 КИ 0 0 - - - - - - 33 2
2016-2017 Италија Рома A 27 3 КИ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2[34]+8 0 - - - 41 3
Вкупно Рома 37 4 6 0 11 0 - - 54 4
2017-2018 Русија Зенит ПЛ 28 4 КР 1 1 ЛЕ 10[35] 1 - - - 39 6
2018-јан. 2019 ПЛ 15 3 КР 0 0 ЛЕ 7[36] 1 - - - 22 4
Вкупно Зенит 43 7 1 1 17 2 - - 61 10
јан.-јун. 2019 Франција Париз Сен Жермен Л1 16 0 КФ+ЛК 4+0 0 ЛШ 2 0 - - - 22 0
2019-2020 Л1 17 0 КФ+ЛК 5+4 1+0 ЛШ 6 0 СФ 1 0 33 1
2020-2021 Л1 21 1 КФ 6 0 ЛШ 8 0 СФ 1 0 36 1
2021-2022 Л1 15 1 КФ 2 0 ЛШ 5 0 СФ 0 0 22 1
авг. 2022 Л1 3 0 КФ - - ЛШ - - СФ 1 0 4 0
Вкупно Париз Сен Жермен 72 2 21 1 21 0 3 0 117 3
авг. 2022-2023 Италија Јувентус А 1 0 КИ - - ЛШ 1 0 - - - 2 0
Вкупно во кариерата 215 20 29 2 51 2 4 0 299 24

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]

2018-2019, 2019-2020, 2021-2022
2019-2020, 2020-2021
2019-2020
2019, 2020, 2022

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Аргентина Аргентина
2021
2022

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profilo - Leandro Paredes, un 'Mago' per la Roma: garantisce Sabatini...“. 7 јануари 2014.
  2. „Paredes, el regreso del 5“. El País. 2 јули 2019. Посетено на 12 декември 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  3. „La Roma ha un nuovo fuoriclasse: Leandro Paredes“. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2014. Посетено на 21 јануари 2014.
  4. 4,0 4,1 „All'altezza dell'eredità, intervista a Leandro Paredes“. 10 ноември 2017. Посетено на 12 декември 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Inter: chi è Paredes, il centrocampista che manca a Conte“. Посетено на 2020-12-26.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Innamorati di Leandro Paredes“. 17 февруари 2016. Посетено на 2020-12-26.
  7. Leandro Paredes al ChievoVerona Архивирано на 23 септември 2015.
  8. „Il Boca conferma, primo colpo della Roma: "Paredes in prestito per 18 mesi". 5 јануари 2014. Посетено на 24 август 2016.
  9. „Leandro Paredes“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  10. gazzetta.it, уред. (27 септември 2014). „Roma-Verona 2-0, Florenzi e Destro da centrocampo nel Totti-day“. Посетено на 27 септември 2014.
  11. gazzetta.it, уред. (8 февруари 2015). „Roma, ecco Verde: a Cagliari è nata una stella. Garcia: "Sa faticare, farà strada". Посетено на 8 февруари 2015.
  12. „Feyenoord-Roma 1-2, Gervinho firma la qualificazione“. repubblica.it. 27 февруари 2015. Посетено на 26 февруари 2015.
  13. „Preso Paredes“. empolicalcio.net.it. 31 август 2015. Архивирано од изворникот на 22 декември 2015. Посетено на 21 декември 2015.
  14. „Empoli-Napoli 2-2: partenopei ancora senza vittorie, Allan li salva dal ko“. repubblica.it. 13 септември. Посетено на 21 декември 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  15. „Serie A, Udinese-Empoli 1-2: decide Maccarone al 92“. gazzetta.it. 19 септември 2015. Посетено на 21 декември 2015.
  16. „Napoli-Empoli 5-1: risposta azzurra alla Juve, manita ai toscani“. 31 јануари 2016. Посетено на 12 декември 2019.
  17. „Roma-Palermo 4-1: i giallorossi non sbagliano e restano secondi“. 23 октомври 2016. Посетено на 12 декември 2019.
  18. „Serie A Roma, Paredes: «Io come Pjanic? Grazie mister...»“. Il Corriere dello Sport. Посетено на 24 октомври 2016.
  19. „Le pagelle di Roma-Sassuolo 3-1“. 19 март 2017. Посетено на 12 декември 2019.
  20. „Paredes ceduto a titolo definitivo al Football Club Zenit“. 1 јули 2017.
  21. Niente Allan, il PSG si consola: è fatta per Paredes, tutte le cifre
  22. „Leandro Paredes au Paris Saint-Germain“ (француски). 29 јануари 2019. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  23. Париз Сен Жермен го освоил француското првенство во сезоната 2019-2020, по одлуката на владата првенството прекинато по 28 кола заради Пандемијата на КОВИД-19, да не биде доиграно до крај и за крајни позиции да се земат местата на кои се наоѓале клубовите во моментот на прекинот на првенството. Со оглед на тоа што Париз Сен Жермен бил лидер во моментот на прекинот, титулата им припаднала ним.
  24. „Strasbourg 1-4 Paris Saint-Germanin; Kylian Mbappe was on target as Paris St-Germain kept the pressure on Ligue 1 leaders Lille with victory at Strasbourg“. BBC. 10 април 2021. Посетено на 8 септември 2022.
  25. „100e pour Paredes avec Paris“. Paris Saint-Germain. 7 декември 2021. Посетено на 8 септември 2022.
  26. „Ufficiale | Leandro Paredes è un giocatore della Juventus“. 31 август 2022. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help)
  27. „Leandro Paredes rejoint la Juventus“ (француски). 31 август 2022. Посетено на 31 август 2022}. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  28. „Kouame risponde a Milik, poi Perin salva la Juve: 1-1 a Firenze (Vlahovic 90' in panchina)“. 3 септември 2022. Посетено на 7 септември 2022.
  29. „Moviola Fiorentina-Juve: Paredes, braccio da rigore. Ma il Var è lento e Igor...“. 3 септември 2022. Посетено на 7 септември 2022.
  30. „Alejandro Gomez, Leandro Paredes Score on Argentina Debuts in Singapore Victory“. Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |sito= (се препорачува |website=) (help); Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  31. „Leandro Paredes se quedó afuera del Mundial y se le rompió el alma“ (шпански). Посетено на 12 декември 2019.
  32. „Convocatoria de Argentina: La lista de Scaloni para la Copa América“ (шпански). 14 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-12. Посетено на 12 декември 2019.
  33. Creditor, Avi (21 May 2019). „Messi Leads Argentina's Copa America Squad; Icardi Omitted“. Sports Illustrated. Посетено на 21 May 2019.
  34. Во квалификациските кола
  35. 3 настапи во квалификациските кола.
  36. 2 настапи во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]