Маскоти на светските првенства во фудбал

Од Википедија — слободната енциклопедија

Секое Светско првенство во фудбал обично има своја маскота. World Cup Willie, маскотата за Светското Првенство во Фудбал 1966 беше првата маскота на Светските Првенства, и една од првите маскоти поврзани за некој голем спортски настан. Дизајнот на маскотата прикажува некоја специфична одлика (изглед, флора, фауна и сл.) на земјата домаќин.

Светско Првенство Маскота/ти Опис
Англија
1966

World Cup Willie

Лав, типичен симбол на Велика Британија, како носи дрес со знамето на Обединетото Кралство и зборовите „WORLD CUP“.
Мексико
1970

Juanito

Дете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик.
Западна Германија
1974

Tip и Tap

Две деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74.
Аргентина
1978

Gauchito

Дете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите.
Шпанија
1982

Naranjito

Портокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito".
Мексико
1986

Pique

Халапињо пиперка, одлика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови.
Италија
1990

Ciao

Цртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав.
САД
1994

Striker

Куче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“.
Франција
1998

Footix

Петел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е скратеница од зборот фудбал („Foot“) и завршетокот „-ix“ од популарниот стрип Астерикс.
Кореја/Јапонија
2002

Ato, Kaz и Nik (The Spheriks)

Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите поединечни имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини.
Германија
2006

Goleo VI
Помошник: Pille

Лав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува.
Јужна Африка
2010

Zakumi

Леопард со зелена коса кој носи дрес на кој пишува Јужна Африка 2010. Зелените и златните бои кај Закуми ги симболизираат фудбалските бои на Јужна Африка. Неговото име доаѓа од „ZA“, ISO 3166-1 кодот за Јужна Африка, и „куми“ што значи „десет“ на многу африкански јазици.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Светско првенство во фудбал

Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Бразил 2014 | Русија 2018 | Катар 2022 |

Награди | Историја | Домаќини | Маскоти | Квалификации | Рекорди | Трофеи