Сомбреро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мексикански музичар маријачи со сомбреро, кој претставува нивен заштитен знак.
Карикатура на Емилијано Запата, водачот на Мексикански револуции 1910 година

Сомбреро (шпански: sombrero што значи шешир) на македонски јазик подразбира препознатлив шешир со потекло и од Мексико и од Филипини. Зборот е изведен од зборот sombra, што значи сенка. Иако ги подразбирал сите видови на шешир, се смета дека каубојците значењето на зборот го пренеле само на овој посебен вид на шешири.[1]

Денас сомбреро е заштитен знак на мексиканските музичари попознати како Маријачи, а вообичаено, освен во Мексико, се носи и по целата Јужна Америка и Шпанија[2]. Во Мексико шеширите за посиромашните слоеви прават од мах од слама или палмини влакна, додека сомбрерата за побогатите слоеви и господата се прави од најфиниот филц, со додаток на украси, како што се траките на обод. Дизајнот на сомбреро е многу разноличен, па овие шешири се наоѓаат во мноштво бои, шари и со различити украсими.

Настанок[уреди | уреди извор]

Не се знае точно кога настанал овој препознатлив шешир со многу широк обод, понекогаш широк и до 60 cm со округлест облик во делот кој се става на глава. Во некои извори се спомува дека ваквата врста на шешири ги носеле монголските коњаници уште во 13 век. Меѓутоа, не е исклучено дека овој шешир настанал многу порано, со оглед на големите вруќини кои осекогаш владееле во краевите каде тој со векови се носи.[3]

Влијанија на различити култури[уреди | уреди извор]

Сомбреро со илустрации на гитара, харфа и гуампа.

Каубоји од Тексас го прифатиле сомбреро од Шпанија кој имал рамен обод и широк оруб. Таквите шешири ги нарекувале и Поблано (Poblano) шешири.

Мексиканската варијанта на сомбреро од шпанското сомбреро се разликувало по тоа што имало уште поширок обод и бил додаден конични дел на средината на шеширот, како би се шеширот подобро вчврстил на главата. Ваквите шешири ги носеле мексиканските музичари Маријачии и коњаниците Чарии. Иако најчесто имале повез испод брадата, шеширите биле големи, тешки и незграпни за носење при работа на ранч.[1]

На американскиот Див Запад, сомбреро имал висок коничен или цилиндричен врв со украси изработени од плиш.[4]

Заради мексиканското влијание на становниците на Филипини преку шпанските товарни бродови кои преку Тихиот Океан сообраќувале помеѓу Мексико и Филипини, сомбреро стигнал и до Филипљаните. Терминот се асимилувал во облик сумбреро, под кој денеска се подразбираат сите врсти на капи, од мексиканскиот сомбреро до качкетите за бејзбол.[5]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Сомбреро галаксија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Slatta 1996, стр. 192
  2. sombrero | Proleksis enciklopedija
  3. Писали сте | Politikin Zabavnik[мртва врска][мртва врска]
  4. Carlson 2006, стр. 102.
  5. „Hat is Sumbrero in Tagalog“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 22 мај 2009.
  6. Press Online, Life style
  7. Crveni sombrero - Mak Kord - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
  8. Crni sombrero - Veliki Blek - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
  9. Zlatni sombrero - Pančo Gonzales - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
  10. Blic Online | Papa Benedikt XVI nosio sombrero tokom posete Meksiku

Литература[уреди | уреди извор]