Дрис Мертенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Белгија Дрис Мертенс
DriesMertens.jpg
Лични податоци
Полно име Дрис Мертенс[1]
Роден на 6 мај 1987 (1987-05-06) (31 г.)
Роден во Левен, Белгија
Висина &100000000000001690000001,69 м[2]
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Наполи Наполи
Број 14
Младинска кариера
Андерлехт Андерлехт
Гент Гент
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2006 Гент Гент 0 (0)
2005-2006Алст Алст 14 (4)
2006-2009 АГОВ АГОВ 108 (30)
2009-2011 Утрехт Утрехт 65 (16)
2011-2013 ПСВ ПСВ 62 (37)
2013- Наполи Наполи 173 (69)
Репрезентација
2004 Белгија Белгија 17 4 (0)
2011- Белгија Белгија 76 (15)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Дрис Мертенс (роден на 6 мај 1987 во Левен) е белгиски фудбалер, напаѓач на Наполи и на белгиската репрезентација.

Мертенс го направил своето деби за репрезентацијата на Белгија во 2011 година и оттогаш има преку 50 настапи за националниот тим. Тој исто така бил дел од составот на нацијата на Светското првенство 2014 и Европското првенство 2016. Во 2016 година, тој бил прогласен за Белгиски фудбалер на годината.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дрис е син на Херман, петкратен белгиски шампион во гимнастика, додека мајката, Маријке ван Кампен, е универзитетски професор по педагогија; неговиот брат Јероен работи на телевизија во Белгија како автор и водител.[3]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Разноврсен играч[4] со вешт дриблинг,[5] кој најчесто настапува на позицијата лево крило, но исто така често бил користен и како полушпиц од страна на Дик Адвокат;[6] Мертенс е добар стрелец но и асистент за својте соиграчи.[7] Во сезоната 2016-2017, на барање на тренерот Маурицио Сари, поради повредата на Аркадиуш Милик, Мертенс играл како главен напаѓач, постигнувајќи одлични резултати.[8]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Роден во Левен, Белгија, Мертенс ја започнал својата кариера во сега веќе распаднатиот локален клуб Стад Левен. Додека тој бил тука скаути на еден од најпознатите белгиски клубови Андерлехт го забележале Мертенс, и во крајна линија тоа резултирало понудена шанса за него да се приклучи на младинската школа на клубот во 1998 година. Тој поминал пет години во младинската школа на Андерлехт пред да биде отпуштен во 2003 година, кога тренерите во академијата укажале на тоа дека тој бил премногу низок и физички неспособен да се натпреварува на професионално ниво.[9] По ослободувањето од Андерлехт, Мертенс потпишал за друг прводивизионен клуб од Белгија Гент. По две сезони во младинската академија на Гент, Мертенс бил позајмен во Алст за сезоната 2005-2006. Тој брилирал во третата дивизија и бил прогласен за играч на годината.[9] Сепак, тренерскиот штаб во Гент, многу слично на оние од Андерлехт пред неколку години, останале неубедени од квалитетите на Мертенс најмногу заради неговиот мал раст. Сепак, тој останал под договор со Гент и бил позајмен повторно следната сезона, овој пат во АГОВ Апелдорн во Холандија.[9]

АГОВ[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2006 година, Мертенс официјално потпишал за АГОВ Апелдорн, клуб кој подоцна се распаѓа во 2013 година, на заем за една сезона, со опција за откуп доколку клубот биде задоволен од неговите игри.[9][10] Тој успеа да се врати со 2 гола во 35 настапи за време на сезона, во која тој станал омилен меѓу фановите и поддржувачите на De Blauwen. Формата со која настапувал Мертенс го поттикнала раководството на АГОВ, предводено од страна на новиот тренер Џон ван ден Бром, да ја искористат опцијата за потпишување на траен договор со белгискиот играч следната сезона. Тоа бил потег кој итеакако му се исплатил на холандскиот клуб кога Мертенс ја завршил сезоната со 15 гола во 38 натпревари за тимот.[9]

Како растело неговото влијание врз клубот така и клубот имал се повеќе доверба во Мертенс назначувајќи го за нов капитен на клубот за сезоната 2008-2009.[11] Мертенс брилирал во својата нова улога и придонесол со уште 13 гола за сезоната по што му била доделена наградата за Златен Бул за најталентиран играчи во Ерсте дивисије.[12] Тоа ќе биде неговата последна сезона во клубот, бидејќи на крајот на сезоната тој се согласи да му се приклучи на една лига повисоко рангираниот клуб Утрехт во Ередивисије. Мертенс направил 110 настапи во сите натпреварувања за АГОВ во текот на три сезони во клубот и постигнал 31 гол.

Утрехт[уреди | уреди извор]

Мертенс во дресот на Утрехт во 2009 година

Откако добиле согласност од АГОВ во март 2009, Утрехт и официјално го завршиле потпишувањето на Мертенс на почетокот на сезоната 2009-2010 за трансфер-сума од 600.000 .[13] Во својата дебитантска сезона со клубот, Мертенс постигнал шест голови и бил финалист зад напаѓачот на Ајакс Луис Суарез во изборот за наградата Холандски фудбалер на годината. Тој исто така бил награден со Трофеј Ди Томазо наградата за играч на сезоната на Утрехт.[9] Тој ги подобрил неговите резултати во следната сезона, постигнувајќи 10 гола во 31 натпревар во лигата за Утрехт, вклучувајќи го и хет-трикот во последното коло против АЗ Алкмар, и трите гола во неговото деби во Лига Европа.[14] Севкупно, Мертенс постигнал 14 гола во сите натпреварувања и имал неверојатни 24 асистенции.[15] Тоа се покажала неговата последна сезона во клубот, бидејќи неговата фантастична форма на Стадион Галгенвард го привлекла вниманието на некои од најголемите клубови во лигата.[9] За две сезони поминати во Утрехт Мертенс постигнал вкупно 21 гол во 86 натпревари во сите натпреварувања.

ПСВ Ајндховен[уреди | уреди извор]

Мертенс во ПСВ Ајндховен во 2012 година

Во јуни 2011 година, било објавено дека Мертенс потпишал за ПСВ како замена за заминатиот Балаш Џуџак во пакет со соиграчот од Утрехт Кевин Стротман за вкупен надомест од 13 милиони евра.[16] Тој постигна гол во своето официјално деби за клубот на 7 август 2011 година, постигнувајќи го почесниот погодок за ПСВ во поразот со 3-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар.[17] Подоцна тој месец, на 28 август, Мертенс го постигнал својот прв хет-трик за ПСВ во победата со 6-1 над Екселсиор.[18] Силниот старт на сезоната на Мертенс кулминирал "во победата со 7-1 над Рода на 24 септември 2011 година постигнувајќи четири гола", со што дошол до бројката од 11 постигнати гола во својте први 7 натпревари за ПСВ.[19] Во завршниот дел од кампањата, Мертенс загубил поголем број од забите кога се судрил со голманот на Хераклес Ремко Пасвер, иако тој успеал да постигне гол за време на инцидентот. На социјалната мрежа Твитер било откриено подоцна дека Пасвер нашол еден заб на Мертенс закопан во неговата глава, три недели подоцна откако играчите се судрија.[20] Мертенс ја завршил сезоната со 21 постигнат гол во 33 натпревари, заземајќи го четвртото место на листата на стрелците во Ередивисије за таа сезона. Тој, исто така, постигнал три гола во четири натпревари во Купот на Холандија, вклучувајќи го и голот со глава во финалето на Де Којп, во Ротердам, во кое ПСВ со 3-0 го победил Хераклес.[21]

Следната сезона Мертенс ја започнал со додавање на уште еден трофеј, откако во првиот натпревар од новата сезона му помогнал на ПСВ да го победи Ајакс со 4-2 во Јохан Кројф Шилд (Суперкуп на Холандија), асистирајќи притоа за првиот гол кој го постигнал Ола Тоивонен по само 3 минути игра.[22] На 30 септември 2012 година, Мертенс и Јирген Локадија, кој го имал своето деби во Ередивисије, постигнале хет-трик во победата на ПСВ над ВВВ Венло со 6-0.[23] Мертенс ја завршил сезоната со 14 постигнати голови во лигата, 16 во сите натпреварувања, но ПСВ ја завршиле сезоната како второпласирани зад Ајакс во Ередивисије. Тој, исто така, додал и 17 асистенции.[24] Тоа била неговата последна сезона во Ередивисије, откако по завршувањето на истата ПСВ ја прифатил понудата на клубот од Серија А Наполи за неговиот потпис.[25] Мертенс го напуштил Ајндховен забележувајќи 88 натпревари за клубот и постигнал 45 голови во текот на две сезони.

Наполи[уреди | уреди извор]

На 16 јуни 2013, агентот на Мертенс Серен Лерби потврдил дека играчот се согласил на потпишување договор со италијанскиот Наполи. Трансферот го чинел Наполи € 9.480.000,[26] а Мертенс потпишал петгодишен договор со кој ќе заработувал 1,2 милиони евра по сезона.[27] Така тој станал првото засилување на новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитес. Своето деби во Серија А го направил на 25 август 2013, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Марек Хамшик во победата со 3-0 над Болоња.[28] Неговиот прв гол за наполитнаците дошол на 30 октомври, кога тој го постигнал победничкиот погодок со кој била совладана Фјорентина на гости со 1-2.[29] Во првиот натпревар на Наполи по Серија А после зимската пауза на 6 јануари 2014 година, Мертенс ги постигнал своите први два гола во еден исти натпревар за клубот во победата со 2-0 над Сампдорија.[30] Потоа тој го постигнал и вториот гол за Наполи во победата со 2-0 над Јувентус на 30 март, со што партенопеите му го нанеле само вториот лигашки пораз на подоцнежниот шампион.[31] На 3 мај 2014 година Мертенс го освојува својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија; во финалето против Фјорентина тој се појавил во игра на местото на Марек Хамшик во 64-тата минута и го постигнал последниот гол за водство на Наполи од 3-1 (што било и конечен резултат) во судиското продолжение, заверувајќи ја победата на небесно сините.[32] Својата прва сезона во Италија ја завршил со 11 голови во првенството (во 33 настапи) и уште два во Купот на Италија.

На 18 септември 2014, во натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, Мертенс постигнал два гола против Спарта Прага (3-1), негови први за Наполи во некое од клупските натпреварувања на УЕФА.[33] На 22 декември 2014 тој заработил уште еден шампионски медал, по победата на Наполи над Јувентус на пенали во Суперкупот на Италија иако тој бил еден од тројцата играчи на неговиот клуб којшто промашиле.[34] И покрај тоа што претежно бил користен како замена, тој продолжил да игра во добра форма за Наполи во текот на следната сезона и пол, постигнувајќи 10 гола и придонесувајќи 11 асистенции во текот на сезоната 2014-2015 и уште 11 гола во текот на сезоната 2015-2016.[35][36] Во текот на неговата трета сезона во Неапол, Мертенс постигнал два гола во победата со 5-0 над клубот од неговата родна земја Клуб Брухе допринесувајќи притоа за највисоката победа во историјата на Наполи во натпреварите од Лигата на Европа.[37] Мертенс, исто така, постигнал и хет-трик во второто полувреме во убедливата победа во првенството со 6-0 над Болоња на 19 април 2016 година.[38] Тој бил еден од само четворицата играчи кој успеале да постигнат хет-трик во текот на сезоната 2015-2016 во Серија А, покрај Никола Калиниќ, Сусо и неговиот соиграч Гонсало Игуаин.

По продажбата на Гонсало Игуаин - Капоканониере од претходната сезона - во ривалот за скудетото Јувентус и сериозната повреда на неговиот заменик Аркадиуш Милик, Мертенс бил поставен во уште пофанзивна улога во нападот на Наполи за сезоната 2016-2017 играјќи како главен шпиц во 4-3-3 формацијата на тренерот Маурицио Сари.[39][36] Мертенс добро ја започнал сезоната постигнувајќи два гола во првото коло од новата сезона во Серија А на гостувањето кај Пескара (2-2) со кои го спасил Наполи од срамен пораз кај новакот во лигата.[40] На 11 декември 2016 година, тој постигнал хет-трик во првенствената победа со 5-0 над Калјари, а веќе во следното коло тој отишол и чекор понатаму постигнувајќи четири гола во победата со 5-3 над Торино.[41][42] Четирите гола на Мертенс, меѓу кои е вклучен и четвртиот најбрз хет-трик во историјата на Серија А, значеле дека тој е првиот играч на Наполи кој го постигнал ова уште од Бепе Саволди во 1977. Тој, исто така станал првиот играч кој постигнал два последователни хет-трика во лигата уште од напаѓачот на Јувентус Пјетро Анастази во 1974 година, и првиот играч кој забележал седум гола на два натпревари, по Антонио Анџелило во 1958 година. [43][36] Неговата фантастична форма за клубот и репрезентацијата била наградена кога, на 30 декември, тој бил прогласен за Белгиски фудбалер на годината за 2016 година, победувајќи ги Еден Азар од Челси и Раџа Наинголан од Рома во борбата за наградата.[44][45] На 4 февруари 2017 година, Мертенс и Хамшик двајцата постигнале хет-трик во победата над Болоња со 7-1 на гости, со што Наполи за прв пат во својата клупска историја регистрирал седум постигнати голови на гостински терен во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.[46] Својот 20-ти гол во Серија А за сезоната Мертенс го постигнал на 19 март 2017, во победата со 2-3 на гостувањето кај Емполи, иако во истиот натпревар претходно промашил пенал.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Деби и првиот гол[уреди | уреди извор]

Откако претходно ја претставувал Белгија на младинско ниво, Мертенс го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Белгија од селекторот Жорж Лекенс на 1 октомври 2010 година за натпреварите на репрезентацијата против Казахстан и Австрија во квалификациите за Европското првенство 2012.[47] Иако тој не бил вклучен во игра во ниту еден од тие два натпревари, Мертенс ќе го направи своето деби за репрезентацијата на 9 февруари следната година во пријателскиот натпревар против Финска во Гент, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Насер Шадли.[11] Својот прв гол за Белгија Мертенс го постигнал на 15 август 2012 година во Дербито на ниските земји против Холандија и притоа во истиот натпревар асистирал за уште други два гола, со што и помогнал на својата репрезентација да го надополни дефицитот од 2-1 и да победи на крајот со 4-2.[48]

Светско првенство 2014[уреди | уреди извор]

На 13 мај 2014 година, Мертенс бил избран во 23-члениот состав на селекторот Марк Вилмотс за Светското првенство 2014 во Бразил.[49] Во подготовките на репрезентацијата за турнирот, на 7 јуни Мертенс постигнал победнички гол во финишот од натпреварот против Тунис за да и донесе победа на Белгија од 1-0.[50] Своето прво појавување за Белгија на турнирот го имал во првиот натпревар на Светското првенство, влегувајќи на местото на Шадли на полувремето и постигнал доцен победнички гол во победата со 2-1 над Алжир во Бело Хоризонте.[51] Пред почетокот на Светското првенство, Мертенс се обложил со неговиот татко дека тој ќе постигне гол на турнирот. По натпреварот, тој објавил фотографија на Instagram како ги бричи мустаќите на неговиот татко како награда за победата во облогот.[52] Тој направил вкупно пет настапи на Светското првенство каде што Белгија била елиминирана во четврт-финалето од подоцнежниот вицешампион, Аргентина.[53]

Европско првенство 2016[уреди | уреди извор]

По Светското првенство, Белгија лесно ја поминала својата квалификациска кампања за Евро 2016. Мертенс постигнал два гола за три минути за Белгија во нивното отворање на квалификацискиот циклус, во победата со 6-0 над Андора.[54] Следната година, тој постигна еден и асистирал за друг гол во победата со 3-1 над Израел со која било загарантирано првото место на Белгија во квалификациската група.[55] Тој бил избран во тимот на Белгија за завршницата на турнирот и бил вклучени во сите пет натпревари на нацијата, меѓутоа Белгија била елиминрана во четврт-финалето уште еднаш, овој пат биле поразени од Велс со 3-1.[56][57]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 15 март 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2005-2006 Белгија Алст 3ДБ 14 4 - - - - - - - - - 14 4
2006-2007 Холандија АГОВ Апелдорн ЕЕ 35 2 КХ 1 0 - - - - - - 36 2
2007-2008 ЕЕ 38 15 - - - - - - - - - 38 15
2008-2009 EE 35 13 КХ 2 1 - - - - - - 37 14
Вкупно АГОВ Апелдорн 108 30 3 1 111 31
2009-2010 Холандија Утрехт ЕД 34+4[58] 6+1[58] КХ 1 0 - - - - - - 39 7
2010-2011 ЕД 31 10 КХ 4 1 ЛЕ 12[59] 3[60] - - - 47 14
Вкупно Утрехт 65+4 16+1 5 1 12 3 - - 86 21
2011-2012 Холандија ПСВ ЕД 33 21 КХ 5 3 ЛЕ 11[61] 3 - - - 49 27
2012-2013 ЕД 29 16 КХ 3 1 ЛЕ 6[62] 1 СХ 1 0 39 18
Вкупно ПСВ 62 37 8 4 17 4 1 0 88 45
2013-2014 Италија Наполи А 33 11 КИ 4 2 ЛШ+ЛЕ 6+4 0+0 - - - 47 13
2014-2015 А 31 6 КИ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2[63]+13 0+4 СИ 1 0 51 10
2015-2016 А 33 5 КИ 2 1 ЛЕ 5 5 - - - 40 11
2016-2017 А 26 20 КИ 2 0 ЛШ 8 5 - - - 36 25
Вкупно Наполи 123 42 12 3 38 14 1 0 174 59
Вкупно во кариерата 376 130 28 9 67 21 2 0 473 160

Титули[уреди | уреди извор]

Холандија ПСВ[уреди | уреди извор]

Италија Наполи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF). 11 јуни 2014. стр. 4. http://www.fifadata.com/document/fwc/2014/pdf/fwc_2014_squadlists.pdf. посет. 10 јули 2014 г. 
  2. „Prima Squadra - Dries Mertens“. http://www.sscnapoli.it/Squadra/Dries-Mertens. посет. 31 декември 2016 г. 
  3. Mertens: "Voglio restare a Napoli il più a lungo possibile" solonapoli.com
  4. „Napoli riscopre il suo folletto belga, Mertens punta in alto: "Ce la giochiamo ovunque, cerco il goal"“. 28 ottobre 2013. http://www.goal.com/it/news/2/serie-a/2013/10/28/4365187/napoli-riscopre-il-suo-folletto-belga-mertens-punta-in-alto. 
  5. Roberto Ventre (13 novembre 2014). „Il Napoli punta su Mertens. Il «folletto» alla prova da big“. http://ilmattino.it/pay/edicola/mertens-694556.html. 
  6. „Napoli, qui Mertens: deve stregare Napoli e Benitez per avere il Brasile“. 13 ottobre. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Napoli/12-10-2013/napoli-qui-mertens-deve-stregare-napoli-benitez-avere-brasile-201347985638.shtml. посет. 6 dicembre 2013 г. 
  7. Gianluca Monti (22 giugno). „Mertens al Napoli: visite mediche ok, a breve l'annuncio“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Napoli/22-06-2013/mertens-napoli-visite-mediche-ok-breve-annuncio-belga-psv-eindohoven-20634169706.shtml. посет. 6 dicembre 2013 г. 
  8. Pasquale Tina (19 gennaio 2017). „Napoli, il nuovo Mertens: da falso nueve a vero attaccante“. http://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/napoli/2017/01/19/news/napoli_il_nuovo_mertens_da_falso_nueve_a_vero_attaccante-156396509/. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 De Kock, Bjorn (30 април 2014). „Why Napoli's winger Dries Mertens should start for Belgium at the World Cup“. http://www.benefoot.net/why-napolis-winger-dries-mertens-should-start-for-belgium-at-the-world-cup/. посет. 31 декември 2016 г. 
  10. Miljoenendeals Chadli en Mertens komen te laat voor AGOVV“, 22 јули 2013 (посет. 2 јануари 2017 г). (на nl)
  11. 11,0 11,1 Fadugba, Jonathan (16 јуни 2014). „Everything you need to know about ... Dries Mertens“. http://www.fourfourtwo.com/features/everything-you-need-know-about-dries-mertens. посет. 5 јануари 2017 г. 
  12. Kersten, Steurbaut. „Eén Gouden Stier voor Mertens“, 15 мај 2009 (посет. 2 јануари 2017 г). (на nl)
  13. Coerts, Stefan (25 март 2009). „Official: Utrecht Sign AGOVV Forward Dries Mertens“. http://www.goal.com/en/news/462/netherlands/2009/03/25/1174607/official-utrecht-sign-agovv-forward-dries-mertens. посет. 2 јануари 2017 г. 
  14. „Utrecht v AZ: 5-1“. 15 мај 2011. http://int.soccerway.com/matches/2011/05/15/netherlands/eredivisie/stichting-fc-utrecht/stichting-az/941710/. посет. 2 јануари 2017 г. 
  15. Rainbow, Jamie; Bidwell, Nick (5 октомври 2011). „Talent Scout: Dries Mertens“. http://www.worldsoccer.com/features/talent-scout/talent-scout-dries-mertens-331877. посет. 2 јануари 2017 г. 
  16. Mira, Luis (29 јуни 2011). „PSV agree deals for Utrecht duo Dries Mertens & Kevin Strootman“. http://www.goal.com/en-gb/news/2885/europe/2011/06/29/2552344/psv-agree-deals-for-utrecht-duo-dries-mertens-kevin. посет. 2 јануари 2016 г. 
  17. „AZ v PSV“. 7 август 2011. http://int.soccerway.com/matches/2011/08/07/netherlands/eredivisie/stichting-az/psv-nv/1120319/. посет. 2 јануари 2017 г. 
  18. „Live: PSV v Excelsior“. 28 август 2011. http://www.eurosport.com/football/eredivisie/2011-2012/psv-excelsior_mtc464632/live.shtml. посет. 2 јануари 2017 г. 
  19. „PSV Eindhoven 7–1 Roda JC“. 24 септември 2011. http://www.goal.com/en-gb/match/61816/psv-eindhoven-vs-roda-jc/team-news/1. посет. 4 мај 2014 г. 
  20. Bragg, James (3 мај 2012). „Goalkeeper finds PSV player's tooth embedded in head three weeks after clash“. http://talksport.com/magazine/virals/120503/goalkeeper-finds-psv-players-tooth-embedded-head-three-weeks-after-clash-171213. посет. 2 јануари 2017 г. 
  21. Scholten, Berend (22 мај 2012). „Season review: Netherlands“. http://www.uefa.com/memberassociations/association=ned/news/newsid=1800379.html. посет. 4 мај 2014 г. 
  22. „PSV 4 – 2 Ajax: First blow by Advocaat“. 5 август 2012. http://11tegen11.net/2012/08/05/psv-4-2-ajax-the-first-blow-is-for-advocaat/. посет. 2 јануари 2017 г. 
  23. „VVV-Venlo - PSV (30-9-2012)“ (на dutch). 30 септември 2012. http://www.psv.nl/Wedstrijden/Wedstrijddetails.htm?dbid=240757&typeofpage=225188. посет. 4 мај 2014 г. 
  24. Moretto, Alex (25 јуни 2013). „Official: Napoli signs Dries Mertens from PSV“. https://www.yahoo.com/news/official-napoli-signs-dries-mertens-000900385--sow.html. посет. 2 јануари 2017 г. 
  25. „Napoli snap up Mertens“. 25 јуни 2013. http://espnfc.com/news/story/_/id/1484329/napoli-snap-mertens?cc=5901. посет. 25 јуни 2013 г. 
  26. Sscnapoli.it, уред (24 giugno 2013). „Napoli, ufficializzato Mertens“. http://www.sscnapoli.it/static/news/Napoli,-ufficializzato-Mertens-514.aspx. 
  27. Inter-Mertens, parte l'assalto
  28. gazzetta.it, уред (25 agosto 2013). „Napoli-Bologna 3-0: apre Callejon, poi la doppietta di super Hamsik“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Napoli/25-08-2013/napoli-bologna-diretta-campionato-calcio-seriea-prima-giornata-201031849154.shtml#0. 
  29. gazzetta.it, уред (30 ottobre 2013). „Fiorentina-Napoli 1-2: reti di Callejon, Rossi (rigore) e Mertens. Espulso Maggio nel finale“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Fiorentina/30-10-2013/fiorentina-napoli-1-2-reti-callejon-rossi-rigore-mertens-espulso-maggio-finale-201472466054.shtml. посет. 13 gennaio 2014 г. 
  30. gazzetta.it, уред (6 gennaio 2014). „Napoli-Sampdoria 2-0. Mertens pesca due cioccolatini nella calza“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Napoli/06-01-2014/napoli-sampdoria-2-0-mertens-pesca-due-cioccolatini-calza-201994143230.shtml. 
  31. „Leaders Juventus lost for only the second time in Serie A this season as they fell to defeat at Napoli.“. 30 март 2014. http://www.bbc.com/sport/0/football/26714045. посет. 3 мај 2014 г. 
  32. gazzetta.it, уред (3 maggio 2014). „Finale Coppa Italia, Fiorentina-Napoli 1-3. Doppio Insigne, gol di Vargas e Mertens“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Coppa-Italia/03-05-2014/finale-coppa-italia-fiorentina-napoli-1-3-doppio-insigne-gol-vargas-mertens-80570343983.shtml. посет. 18 maggio 2014 г. 
  33. Mertens double eases Napoli past Sparta“ (посет. 19 settembre 2014 г). (на en)
  34. „Juventus 2-2 Napoli (5-6 on pens)“. 22 декември 2014. http://www.bbc.com/sport/football/30582475. посет. 5 јануари 2017 г. 
  35. Wright, David (19 јуни 2015). „Agent opens door for Napoli star Dries Mertens joining Liverpool“. http://www.express.co.uk/sport/football/585648/Agent-Napoli-Dries-Mertens-Liverpool-Transfer-News-Gossip. посет. 5 јануари 2017 г. 
  36. 36,0 36,1 36,2 Horncastle, James (9 февруари 2017). „Unlikely hero Dries Mertens helping Napoli quickly forget about Higuain“. http://www.espnfc.com/italian-serie-a/12/blog/post/3056403/unlikely-hero-dries-mertens-helping-napoli-quickly-forget-about-higuain. посет. 6 март 2017 г. 
  37. „Sparkly Napoli flatten Club Brugge“. 17 септември 2015. http://www.uefa.com/uefaeuropaleague/season=2016/matches/round=2000658/match=2016930/postmatch/report/. посет. 5 јануари 2017 г. 
  38. „Dries Mertens records hat trick to help Napoli rout Bologna“. http://www.espnfc.com/italian-serie-a/match/431930/napoli-bologna/report. 
  39. Gladwell, Ben (26 јули 2016). „Juventus complete Gonzalo Higuain signing from Napoli in €90 million deal“. http://www.espnfc.com/story/2917385/juventus-complete-gonzalo-higuain-signing-from-napoli-in-90-million-euro-deal. посет. 5 јануари 2017 г. 
  40. Mertens salva Napoli. Solo 2-2 a Pescara in gol con Benali-Caprari
  41. Cagliari 0-5 Napoli“, 11 декември 2016 (посет. 30 декември 2016 г).
  42. „Napoli 5-3 Torino“. 18 декември 2016. http://www.bbc.com/sport/football/38339001. посет. 30 декември 2016 г. 
  43. Scarsi, Selene. „Dries Mertens' four-goal haul for Napoli against Torino didn't sink in“, 19 декември 2016 (посет. 30 декември 2016 г).
  44. „Devil of the Year 2016“. 30 декември 2016. https://twitter.com/BelRedDevils/status/814787870363893760. посет. 30 декември 2016 г. 
  45. Olver, Tom. „Chelsea star Eden Hazard finishes behind Dries Mertens in Belgium's Player of the Year vote“, 31 декември 2016 (посет. 2 јануари 2017 г).
  46. „Seventh heaven for record-breaking Napoli as Hamsik and Mertens net hat-tricks“. 4 февруари 2017. http://www.fourfourtwo.com/news/seventh-heaven-record-breaking-napoli-hamsik-and-mertens-net-hat-tricks. посет. 5 февруари 2017 г. 
  47. „Four debutants in Belgium selection“. 1 октомври 2010. http://www.uefa.com/uefaeuro2012/news/newsid=1542562.html?rss=1542562+Four+debutants+in+Belgium+selection. посет. 1 октомври 2010 г. 
  48. Scholten, Berend (15 август 2012). „Mertens aglow after Belgium floor Dutch“. http://www.uefa.com/worldcup/news/newsid=1847207.html#mertens+aglow+after+belgium+floor+dutch. посет. 5 јануари 2017 г. 
  49. Adnan Januzaj included in Belgium's World Cup squad“, 3 јуни 2014 (посет. 5 јануари 2017 г).
  50. „Lukaku injured in late Belgium win“. 7 јуни 2014. http://www.espnfc.com/international-friendly/match/392357/belgium-tunisia/report. посет. 7 јуни 2014 г. 
  51. Belgium 2-1 Algeria“, 17 јуни 2014 (посет. 17 јуни 2014 г).
  52. „Belgium Matchwinner Wins A Bet Against His Father“. 18 јуни 2014. http://forzaitalianfootball.com/2014/06/belgium-matchwinner-wins-a-bet-against-his-father/. посет. 5 јануари 2017 г. 
  53. „Dries Mertens FIFA World Cup“. http://www.uefa.com/worldcup/season=2014/teams/player=250019924/. посет. 5 јануари 2017 г. 
  54. „European Qualifiers: Belgium thrash Andorra 6-0 in Group B clash in Brussels“. 11 октомври 2014. http://www.skysports.com/football/belgium-vs-andorra/308942. посет. 5 јануари 2017 г. 
  55. Blenkinsop, Philip (13 октомври 2015). „Mertens makes amends as Belgium beat Israel 3-1 to stay top“. http://uk.reuters.com/article/uk-soccer-euro-belgium-idUKKCN0S72SR20151013. посет. 5 јануари 2017 г. 
  56. „Belgium Squad“. http://www.uefa.com/uefaeuro-finals/season=2016/teams/team=13/squad/index.html. посет. 5 јануари 2017 г. 
  57. Smith, Alan (4 јули 2016). „Euro 2016 power rankings: France up the ante as Wales bash brutal Belgium“. https://www.theguardian.com/football/2016/jul/04/euro-2016-power-rankings-france-up-the-ante-as-wales-bash-brutal-belgium. посет. 5 јануари 2017 г. 
  58. 58,0 58,1 Плејоф.
  59. 6 настапи во квалификациските кола.
  60. 2 гола во квалификациските кола.
  61. 2 настапи во плејофот.
  62. Еден настап во плејофот.
  63. Во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]