Стадион Фејенорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион „Фејенорд“
Де Којп
Overzicht vanaf de straat - Rotterdam - 20349851 - RCE.jpg
Целосно име Стадион „Фејенорд“
Место Ротердам, Холандија
Координати Координати: 51°53′38.02″N 4°31′23.71″E / 51.8938944° СГШ; 4.5232528° ИГД / 51.8938944; 4.5232528
Изграден 1935–1937
Отворен јули 23, 1937; пред 82 години (1937-07-23)
Реновиран 1994
Сопственик
Подлога трева
Игра Фејенорд Фејенорд
Гледачи 51,117

Стадион Фејенорд (холандски: Feijenoord Stadion), попознат по прекарот Де Којп[1] — фудбалски стадион во Ротердам, Холандија. Тој бил изграден во 1937 година, и бил именуван по градската област „Фејенорд“ во Ротердам, додека фудбалскиот клуб Фејенорд, дури во 1973 година го сменил своето име.

Стадионот во 1949 година имал капацитет од 64.000 до 69.000 седишта. Денес, капацитетот на стадионот е предвиден за 51.177 гледачи.

Стадионот го користи фудбалскиот клуб Фејенорд, еден од најсилните клубови во Холандија. Исто така, тој долго време бил место каде своите домашни натпревари ги играла Фудбалската репрезентација на Холандија, како и домаќин на повеќе од 150 меѓународни натпревари, првиот од нив бил одигран против Белгија, на 2 мај 1937 година. Покрај тоа, рекордни девет УЕФА финални натпревари биле одиграни на овој стадион. Последниот од нив бил одигран во 2002 година во финалето на Купот на УЕФА, каде Фејенорд (патем како домаќин) ја поразил Борусија од Дортмунд со резултат од 3:2.

Во 2000 година, на стадионот се одиграло финалето на Европското првенство во фудбал одржано во Белгија и Холандија, каде што Франција ја поразила Италија во продолжение.

Во моментов се дизајнира нов стадион за Фејенорд. Веќе го добил прекарот „De Nieuwe Kuip“ кој треба да се наоѓа на само неколку стотини метри од сегашниот стадион и ќе има капацитет од околу 80.000 до 100.000 седишта.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]