Панама стигнала многу близу до четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 година. Во нивниот последен натпревар, кој бил против фудбалската репрезентација на САД, тие воделе со 2-1 и по 90 минути игра. и биле подготвени да стигнат до плејоф квалификациите за Светското првенство во 2014 година, но примиле два гола во дополнителното време и биле елиминирани, со тоа што Мексико го зезело местото во плејофот наместо Панама.[1]
Панама завршила како второпласирана во 2005 година на КОНКАКАФ Голден Купот и во 2013 година на истото натпреварување. Панама, исто така, се натпреварувала во субрегионалното Првенството на Средна Америка што го освоила во 2009 година.