Давинсон Санчес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Давинсон Санчес
FWC 2018 - Round of 16 - COL v ENG - D Sánchez.jpg
Лични податоци
Полно име Давинсон Санчес Мина[1]
Роден на 12 јуни 1996 (1996-06-12) (22 г.)[2]
Роден во Калото, Колумбија
Држава  Колумбија
Висина &100000000000001870000001,87 м[3]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 6
Младинска кариера
Америка де Кали Америка Кали
Атлетико Насионал Атлетико Насионал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2016 Атлетико Насионал Атлетико Насионал 26 (0)
2016-2017 Ајакс Ајакс 32 (6)
2017- Тотенхем Тотенхем 40 (0)
Репрезентација
2013 Колумбија Колумбија 17 2 (0)
2014-2015 Колумбија Колумбија 20 14 (0)
2016 Колумбија Колумбија 23 2 (0)
2016- Колумбија Колумбија 17 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Давинсон Санчес Мина (роден на 12 јуни 1996, во Калото) е колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Тотенхем Хотспар и на колумбиската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Физички многу силен централен дефанзивец кој е одличен во играта во воздухот.[4] Најчесто настапува десен центарален одбранбен играч во формација со четири играчи.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Атлетико Насионал[уреди | уреди извор]

Како младинец, Санчес играл во младинската академија на Америка де Кали, но откако неговите родители се преселиле, тој преминал во Атлетико Насионал, каде што се школувал во фудбалска смисла под крилата на Хуан Карлос Осирио.[6] Тој го имал своето деби за сениорскиот тим на 27 октомври 2013 година, во поразот со 0-1 од Бојака Чико. Осорио го ставил Санчес во стартната постава и тој го одиграл целиот натпревар.[7]

На 2 март 2016 година, Санчес го постигнал својот прв гол за Насионал во победата со 3-0 над перуанскиот Спортинг Кристал во Копа Либертадорес.[8] Како резултат на неговите добри перформанси за Насионал, многу странски екипи меѓу кој Барселона, Фламенго, и Ајакс појавиле сериозен интерес да го доведат играчот во својте редови.[9][10] Барселона прва испратила формална понуда за потпишување на играчот, но Санчес ја одбил понудата, бидејќи не сакал да започне во втората екипа Барселона Б.[11]

Својте одлични настапи ги комплетирал со освојувањето на Копа Либертадорес 2016 против еквадорската екипа Индепендиенте дел Вале.

Ајакс[уреди | уреди извор]

Во јуни 2016 година, Санчес потпишал петгодишен договор со холандскиот Ајакс, до 2021 година;[12] трансферот изнесувал 5 милиони евра.[13] Тој станал само вториот колумбиец во клубот, по Матео Касиера кој потпишал за Ајакс само неколку дена претходно. Санчес му се приклучил на својот нов тим по завршувањето на обврските со Насионал во Копа Либертадорес.[14]

Санчес дебитирал за Ајакс на 13 август во ремито 2–2 против Рода, натпревар во кој стартувал и ги одиграл сите 90 минути. Три дена подоцна го имал својот прв натпревар во Лигата на шампионите во ремито 1-1 против Ростов, во плејоф рундата од квалификациите во која Ајакс бил елиминиран бидејќи во првиот натпревар во Русија загубиле со 1-4. На 15 септември 2016, дебитирал во Лигата на Европа во натпреварот Панатинаикос - Ајакс 1-2, во групната фаза. Својте први голови (постигнал два) за амстердамскиот клуб ги постигнал на 24 септември против Зволе во победата на домашен терен со 5-1. На 5 април 2017, постигнал спектакуларен гол со ножички во победа со 4-1 над Аз Алкмар.[15]

На 8 мај 2017, тој бил избран за најдобар играч на Ајакс за сезоната.[16] На 24 мај, Санчес стартувал и ги одиграл комплетните 90 минути за Ајакс во финалето на Лига Европа 2016-2017, во кое неговиот тим бил поразен од Манчестер Јунајтед со 0-2 во Солна. Својата прва сезона во Европа во дресот на Ајакс ја завршил со 45 настапи во сите натпреварувања и 6 постигнати гола.

Тотенхем Хотспар[уреди | уреди извор]

На 18 август 2017, Тотенхем Хотспар го купил Санчес од Ајакс за 42 милиони фунти, потпишувајќи шестгодишен договор со младиот колумбиски стопер.[17] Своето деби тој го направил на 27 август, влегувајќи како замена на местото на Муса Дембеле во 92-рата минута во ремито 1–1 против Барнли.[18] На 13 септември, дебитирал во групната фаза од Лигата на шампионите во победата со 3-1 на домашен терен над Борусија Дортмунд.

На 15 мај 2018, Санчес потпишал нов договор со Тотенхем, во трајност до 2024 година.[19]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во февруари 2016, селекторот на Колумбија Хосе Пекерман го повикал Санчес на тренинг со сениорската репрезентација.[20]

Во мај 2018, тој се нашол на поширокиот списокот од 35 играчи на колумбиската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија.[21] Во јуни 2018, тој се нашол и во конечниот список на Колумбија од 23 играчи за мундијалот.[22] Тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација во групата Х, како и осминафиналниот натпревар во кој Колумбија била елиминирана од Англија по изведување на пенали.[23]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 7 јануари 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013 Колумбија Атлетико Насионал КПА 3 0 КК 0 0 - - - - - - 3 0
2014 КПА 2 0 КК 2 0 - - - - - - 4 0
2015 КПА 7 0 КК 1 0 - - - - - - 8 0
2016 КПА 14 0 КК 2 0 КЛ 14 1 - - - 30 1
Вкупно Атлетико Насионал 26 0 5 0 14 1 - - 45 1
2016-2017 Холандија Ајакс Е 32 6 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 1+12 0 - - - 45 6
јул.-авг. 2017 Е - - КХ - - ЛШ 2 1 - - - 2 1
Вкупно Ајакс 32 6 0 0 15 1 - - 47 7
авг. 2017-2018 Англија Тотенхем ПЛ 31 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 8 0 - - - 41 0
2018-2019 ПЛ 11 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛШ 4 0 - - - 18 0
Вкупно Тотенхем 42 0 5 0 12 0 - - 59 0
Вкупно во кариерата 100 6 10 0 41 2 - - 151 8

Титули[уреди | уреди извор]

Колумбија Атлетико Насионал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Squads for 2017/18 Premier League confirmed". Premier League. 1 September 2017. конс. 9 September 2017. 
  2. "2018 FIFA World Cup Russia: List of players: Colombia" (PDF). FIFA. 10 June 2018. стр. 5. конс. 11 June 2018. 
  3. "Davinson Sánchez – English". Ajax. конс. 27 July 2017. 
  4. [1]
  5. "I migliori talenti del calcio mondiale: Davinson Sánchez". 31 marzo 2017.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  6. No hay título que se le resista a Davinson Sánchez“, 16 март 2016. (на Spanish)
  7. "Atlético Nacional vs. Boyacá Chicó". Soccerway. 27 October 2013. 
  8. "Atlético Nacional vs. Sporting Cristal". Soccerway. 2 March 2016. 
  9. "Mercado da bola 2016: Flamengo espera anunciar dois zagueiros e um atacante nesta semana" (Portuguese). Torcedores. 24 May 2016. 
  10. "Colombiaanse centrale verdediger tekent bij Ajax in plaats van FC Barcelona" (Dutch). SoccerNews.nl. 1 June 2016. 
  11. "Barcelona loopt blauwtje: ‘Hij heeft daar geen enkele zekerheid" (Dutch). Voetbalzone. 27 May 2016. 
  12. "Ajax contracteert Davinson Sánchez Mina" (Dutch). Ajax. 21 June 2016. 
  13. "Ajax heeft tweede Colombiaanse aanwinst binnen". De Telegraaf (Dutch). 19 June 2016. 
  14. "Oficial: Atlético Nacional cede a Davinson Sánchez al Ajax, pero jugará Copa Libertadores" (Spanish). HSB Noticias. 21 June 2016. 
  15. "Super Sanchez's bicycle kick". 6 април 2017. конс. 28 август 2018.  Unknown parameter |pubblisher= ignored (помош);
  16. "Colombia's Davinson Sanchez ‘player of the year’ after 1st year at Dutch giants Ajax". 
  17. "Davinson Sanchez: Tottenham complete signing of Ajax defender on six-year deal". BBC Sport. 23 August 2017. конс. 29 August 2017. 
  18. Tottenham Hotspur 1 – 1 Burnley“, BBC Sport, 27 август 2017 (посет. 30 август 2017 г).
  19. "Davinson signs new contract". Tottenham Hotspur F.C. 15 May 2018. конс. 15 May 2018. 
  20. "Pekerman calls-up local players with a view to WC qualifying". oximity.com. 12 February 2016. конс. 11 July 2016. 
  21. Revealed: Every World Cup 2018 squad – Final 23-man lists | Goal.com“.
  22. Colombia name World Cup squad“, ESPN.
  23. "Colombia Results – 2018–19 | ESPN". ESPN. конс. 28 June 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]