Миралем Пјаниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Миралем Пјаниќ
20150331 2026 AUT BIH 2165.jpg
Лични податоци
Роден на 2 април 1990 (1990-04-02) (29 г.)
Роден во Тузла, Босна и Херцеговина
Држава Луксембург Луксембург
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина (од 2007)
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 5
Младинска кариера
Giallo e Verde (Strisce).png Шифланге 95
Мец Мец
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2008 Мец Мец 32 (4)
2008-2011 Олимпик Лион Олимпик Лион 90 (10)
2011-2016 Рома Рома 159 (27)
2016- Јувентус Јувентус 87 (12)
Репрезентација
2006 Луксембург Луксембург 17 4 (5)
2006-2007 Луксембург Луксембург 19 3 (1)
2008- Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 86 (12)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Миралем Пјаниќ (роден на 2 април 1990, во Тузла) е босанскохерцеговачки фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Играчот е син на Фахрудин исто така некогашен фудбалер во третата југословенска лига и Фатима. Миралем има двојно државјанство:босанско и луксембуршко, земјата каде што се засолнил со своето семејство за кратко време по бегството од Војната во Босна.[2] Има прекар Џото[3], зборува шест јазици: босански, англиски, германски, луксембуршки, француски и италијански јазик.[4]

Во 2014 година го добил своето прво дете, синот Един, со својата долгогодишна девојка Јосефа од Ница, Франција.[5]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Се смета за еден од најголемите таленти на неговата позиција во својата генерација,[6] Пјаниќ е вешт играч од средниот ред поседува квалитетен дриблинг[2][7][8] и одличен шут од далечина.[9] Во поглед на позицијата најчесто се користи како внатрешен играч од средниот ред пред одбраната, но може да игра и како офанзивен играч за врска зад напаѓачите.[10][11] Тој е специјалист за слободни удари,[2][12] во времето кога играл за Лион често тренирал шутирање на слободни удари заедно со Бразилецот Жунињо,[13] од кој бил сметан за наследник во францускиот клуб.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Пјаниќ ја започнал својата кариера во луксембуршкиот клуб ФК Шифланге (Прва лига на Луксембург), откако на возраст од само седум години неговиот татко го открил неговиот талент и интерес за фудбалот. Додека бил во Шифланге Пјаниќ бил следен од скаути на неколку клубови од Белгија, Холандија и Германија, меѓутоа тој се одлучил да му се приклучи на францускиот Мец во 2004 година. Мец го откриле талентот на играчот преку поранешниот луксембуршки репрезентативец Гај Хелерс.

Мец[уреди | уреди извор]

Пјаниќ му се приклучил на Мец на 14-годишна возраст со договор за млади играчи и поминал околу три години во академијата на клубот. Во сезоната 2005-2006, тој играше за тимот под-16 години кој го освоил Националниот шампионат за играчи под 16 години, а по завршувањето на таа сезона, потпишал петгодишен елит договор со клубот.[14] Откако сезоната 2006-2007 ја поминал настапувајќи за тимот под-18 години, Пјаниќ бил унапреден да игра за аматерскиот тим на клубот во Аматерскиот шампионат на Франција за сезоната 2007-2008. Тој се појавил во игра во првите два натпревари од кампањата пред да заработи повик во сениорскиот тим од тренерот Френсис Де Тадео. На 18 август 2007, Пјаниќ го направил своето професионално фудбалско деби, на возраст од само 17 години во лигашки натпревар против Париз Сен Жермен, влегувајќи како замена во натпреварот што завршил без голови 0-0.[15] Веќе следната недела, тој го направил својот прв старт во поразот со 2-0 од Рен.[16]

По низа солидни настапи, на 30 ноември 2007 година, Пјаниќ го потпишал својот прв професионален договор во вредност од три години, кој го обврзал за клубот до 2010 година.[17] Откако станал професионалец, му бил доделен дресот со број 15. Пјаниќ го постигнал својот прв професионален гол за Мец на 15 декември 2007 година, во поразот со 2-1 од Сошо реализирајќи од пенал во 88-мата минута, со што станал еден од најмладите играчи во историјата кој успеале да постигнат гол во Лига 1.[18] Меѓу другите негови позитивни остварувања биле уште еден гол од пенал во поразот со 2-1 од Ница и погодокот во последното коло од сезоната против Ле Ман во возбудливата победа со 4-3.[19][20] Сезоната ја завршил со вкупно 38 настапи во сите натпреварувања и 4 постигнати гола.[21] Тој бил номиниран за наградата Млад играч на сезоната во Лига 1, која отишла во рацете на Хатем Бен Арфа. Со одличната форма и добрите игри во текот на целата сезона, Пјаниќ брзо го привлекол вниманието на поголемите клубови во Европа, но благдарение и на фактот што неговиот Мец испаднал во Лига 2.

Лион[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што Мец добиле бројни понуди за услугите на играчот, на 6 јуни 2008 година, Пјаниќ и Мец постигнале договор со Олимпик Лион за трансфер на играчот во седумкратниот едноподруго шампион на Франција.[22] Сумата на трансферот изнесувала 7,5 милиони €, а Пјаниќ потпишал петгодишен договор.[23] Етикетиран како идна замена за ветеранот Жунињо, на презентацијата во новиот клуб на Пјаниќ му бил доделен дресот со бројот 18. Своето деби за Лион го направил во Суперкупот на Франција против Бордо во поразот по изведувањето на пенали.[24][25] Дебито во лигата го направил во победата со 3-0 на домашен терен над Тулуз на 10 август 2008.[26] Иако не бил постојан стартер, Пјаниќ често добивал шанса во првите три месеци од сезоната се до повредата во натпреварот против Сошо кога ја скршил неговата фибула по ужасниот старт врз него од страна на Стефан Далма.[27] Иако првично било дијагностицирано дека ќе биде надвор од акција еден месец, тој пропуштил два месеци и се вратил на 3 јануари 2009 година, во победата со 6-0 над аматерскиот клуб Конкерне во Купот на Франција играјќи 66 минути. На 24 февруари го направил своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра во 89-тата минута на местото на Абдул Кадер Кеита во првиот натпревар од осминафиналето на домашен терен против Барселона што завршил 1-1.[28] Својата прва сезона во Олимпик ја завршил со вкупно 24 настапи во сите натпреварувања (20 во лигата, 2 во Купот на Франција, еден во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Франција) без постигнат погодок.

За сезоната 2009-2010, Пјаниќ го сменил бројот на дресот земајќи го бројот 8, претходно носен од страна на Жунињо. Тој силно ја започнал сезоната постигнувајќи постигнувајќи го својот прв погодок во дресот на Лион од слободен удар во победата со 5-1 над белгискиот Андерлехт во плејоф рундата од Лигата на шампионите.[29] Неколку дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за Лион во лигата, во победата на неговиот тим со 3-0 над Осер.[30] Пјаниќ продолжил со одличните игри и во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите го постигнал единствениот гол за победа (1-0) на домашен терен над италијанската Фјорентина.[31] Во вториот натпревар на Лион од групата против унгарскиот Дебрецен, тој повторно постигнал гол, и повторно од слободен удар, но исто така имал и две асистенции за други два гола во победата со 4-0 на гости.[32] На 10 март 2010 година, Пјаниќ го постигнал израмнувачкиот гол за Лион во ремито 1-1 против Реал Мадрид со кој му помогнал на својот тим да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите по победата со 1-0 во првиот натпревар во Франција.[33] Фантастичната сезоната во која бил еден од главните играчи во својата екипа ја завршил со вкупно 53 настапи (37 во лигата 2 во Лига купот и 14 во Лигата на шампионите) и 11 постигнати гола (6 во лигата и 5 во Лигата на шампионите).

Следната сезона Пјаниќ ја започнал играјќи како стартер во првите три натпревари на клубот. Сепак, по доаѓањето на Јоан Гуркуф, тој останал на клупата, појавувајќи се како замена во следните седум натпревари на тимот последователно. На 29 септември 2010 година, Пјаниќ го постигна својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над израелскиот клуб Хапоел Тел Авив во Лигата на шампионите.[34] Како резултат на својата добра форма, тренерот Клод Пуел експериментирал со стартната постава започнувајќи и со Гуркуф и со Пјаниќ во средниот ред, но по само два натпревари победата со 2-0 над Бенфика во Лигата на шампионите и ремито 1-1 со Рен во лигата, оваа тактика била напуштена.[35][36] Својата последна целосна сезона во Лион, Пјаниќ ја завршил со вкупно 39 настапи и 4 гола.

Рома[уреди | уреди извор]

Пјаниќ во Рома во 2012

На 31 август 2011 година, Пјаниќ потпишал четиригодишен договор со Рома за надомест од 11 милиони евра.[37][38] На 11 септември 2011 го направил своето деби за Рома во поразот на домашен натпревар од Калјари со 1-2.[39] Својот прв гол во италијанскиот фудбал го постигнал на 20 ноември 2011 против Лече, првиот за Рома во победата со 2-1.[40] Во неговата прва сезона во Италија одиграл забележал севкупно 31 настап и 3 гола, и бил еден од ретките кој ги избегнале критиките во катастрофалната сезона на Рома со тренерот Луис Енрике.

Во првиот дел од следната сезона Пјаниќ започнувал најчесто од клупата, поради лошиот однос што го имал со новиот тренер Зденек Земан завршувајќи ја сезоната со само 29 натпревари и 4 гола;[41] меѓутоа со доаѓањето на клупата на Руди Гарсија од сезоната 2013-2014, Пјаниќ станал незаменлива фигура во средниот ред на Рома. Тој ја имал клучната улога во остварувањето на клупскиот рекорд од десет победи во првите десет кола во Серија А. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 1 септември 2013 во победата со 3-0 над Верона на домашен терен и асистирал за третиот гол што го постигнал Адем Љајиќ. На 18 октомври 2013 во осмото коло од првенството Пјаниќ го решил дербито против Наполи на Олимпико со два гола за победа на џалоросите со 2-0.[42] На 25 април 2014, Пјаниќ постигнал еден од најубавите голови во Серија А за сезоната со фантастичен соло продор против Милан во победата со 2-0. Сезоната ја завршил со вкупно 38 настапи (35 во лигата и 3 во купот) и 6 гола (сите во лигата), помагајќи и на Рома да заврши на второто место зад шампионот Јувентус.

Следната сезона повторно Пјаниќ играл одлично. На 17 септември 2014 го одиграл првиот натпревар во Лигата на шампионите во дресот на Рома во победата со 5-1 над ЦСКА Москва. На 30 ноември 2014 постигнал два гола во победата на домашен терен над Интер со 4-2.[43] На крајот на сезоната Пјаниќ и Рома повторно неуспеале да дојдат до скудетото откако повторно ја загубиле битката со Јувентус, завршувајќи одново на второто место.

Во сезоната 2015-2016 Руди Гарсија добил отказ и на негово место во средината на сезоната дошол Лучано Спалети, но ситуацјата за Пјаниќ останала непроменета бидејќи тој добивал голема минутажа и кај двајцата тренери. Пјаниќ ја започнал сезоната со прекрасен гол од слободен удар на 30 август 2015 во победата со 2-1 над Јувентус. Тој постигнал 10 гола во Серија А што е негов личен рекорд по бројот на постигнати голови во едно првенство (претходниот изнесувал 6 гола во сезоната 2009-2010 со Лион и 2013-2014 со Рома). Исто така тој бил најдобриот асистент во лигата со 12 асистенции колку што имал и Пол Погба од Јувентус.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 13 јуни 2016 година, Јувентус го купил Пјаниќ од Рома за 32 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со играчот во вредност од 4,5 милиони евра по сезона плус бонуси.[44][45] На неговата презентација на 12 јули, Пјаниќ избрал да го носи дресот со број 5.[46] Откако ги пропуштил првите два натпревари во Серија А, Пјаниќ дебитирал во третиот првенствен натпревар на својот клуб започнувајќи како стартер во победата со 3-1 на домашен терен против Сасуоло, притоа во истиот го постигнал својот гол првенец за Јувентус.[47]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Луксембург[уреди | уреди извор]

Миралем Пјаниќ во дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Во 2006 година Пјаниќ играл за репрезентацијата на Луксембург под 17 години на Европското првенство за играчи под 17 години, каде Луксембург како домаќин автоматски се квалификувал. Тој го постигнал единствениот погодок за Луксембург на турнирот, со прекрасен лоб удар од далечина, во поразот со 7-1 од Шпанија. Истата година тој постигнал 4 гола против Белгија во натпревар кој завршил 5-5. Иако играл за младите селекции на Луксембург, во 2007 година Пјаниќ истакнал дека во иднина сака да игра само за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од каде му се по потекло и двајцата родители. Таа негова одлука наишла на големо негодување и неразбирање во Луксембург. Некое време бил изложен под голем притисок на медиумите и Фудбалскиот сојуз на Луксембург па дури и под уцени, но сепак тој останал цврсто при својата одлука. Во тоа го подржал и неговиот татко Фахрудин.

Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Во 2007 година најпрво бил повикан во репрезентацијата на Босна и Херцеговина под 21 година. Меѓутоа поради административни проблеми, односно поради тоа што не поседувал босански пасош не му било дозволено да дебитира. Меѓутоа во почетокот на 2008 година добил пасош и ги исполнил сите услови за да може да заигра за репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Дебитирал на 20 октомври 2008 во Зеница во пријателски натпревар против Бугарија. Својот прв гол за репрезентацијата на БиХ го постигнал на 3 март 2010 во пријателски натпревар против Гана во победата со 2-1.

Во 2014 година Пјаниќ се нашол на списокот од 23 играчи на селекторот Сафет Сушиќ за Светското првенство во Бразил и дебитирал во првиот натпревар на репрезентацијата против Аргентина во поразот со 2-1 на Маракана.[48] На 25 јуни, за време на последниот натпревар од групата против Иран, Пјаниќ постигнал гол во победата со 3-1 што била прва историска победа за Босна и Херцеговина на Светските првенства.[49]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 мај 2016

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008 Франција Мец Л1 32 4 КФ+ЛКФ 4+2 1+0 - - - - - - 38 5
2008-2009 Франција Олимпик Лион Л1 20 0 КФ+ЛКФ 2+0 0 ЛШ 1 0 СФ 1 0 24 0
2009-2010 Л1 37 6 КФ+ЛКФ 0+2 0 ЛШ 14[50] 5[51] - - - 53 11
2010-2011 L1 30 3 КФ+ЛКФ 0+1 0 ЛШ 8 1 - - - 39 4
ago. 2011 L1 3 1 КФ+ЛКФ - - ЛШ 2[52] 0 - - - 5 1
Вкупно Лион 90 10 5 0 25 6 1 0 121 16
2011-2012 Италија Рома А 30 3 КИ 1 0 ЛЕ - - 31 3
2012-2013 А 27 3 КИ 2 1 - - - - - - 29 4
2013-2014 А 35 6 КИ 3 0 - - - - - - 38 6
2014-2015 А 34 5 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 6+4 0 - - - 46 5
2015-2016 А 33 10 КИ 1 0 ЛШ 7 2 - - - 41 12
Вкупно Рома 159 27 9 1 17 2 - - 185 30
2016-2017 Италија Јувентус А 28 5 КИ 4 2 ЛШ 11 1 СИ 1 0 44 8
Вкупно во кариерата 309 46 24 4 53 9 2 0 388 59

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Miralem Pjanić“.  Unknown parameter |sito= ignored (помош)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Christian Châtelet. uefa.com, уред. „L'erede di Juninho si chiama Pjanić“. конс. 9 settembre 2014.  Unknown parameter |day= ignored (помош); Unknown parameter |age= ignored (помош);
  3. ilgiallorosso.com (уред.). „Il Romanista – E domani Pjanic sfida Messi“. конс. 28 giugno 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  4. ilgiornale.it, уред. (3 gennaio 2014). „Altri 4 anni per blindare Pjanic“. конс. 27 novembre 2014. 
  5. http://www.kalesija.info/miralem-pjanic-fotografijom-potvrdio-da-je-postao-otac/
  6. thespoiler.co.uk (уред.). „Don Balon’s list of the 100 best young players in the world“. конс. 19 ottobre 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  7. gazzetta.it (уред.). „Roma-Milan 2-0, Pjanic e Gervinho affondano i rossoneri e avvertono al Juventus“. конс. 19 ottobre 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  8. gazzetta.it, уред. (12 giugno 2014). „Ok, l'Argentina passa Poi Dzeko o Obi Mikel?“. стр. 37. 
  9. gazzetta.it, уред. (27 luglio 2014). „Roma, Pjanic, supergol e sfottò: "Il piede è a posto...". конс. 19 ottobre 2014. 
  10. Vanni Spinella. Sky Sport, уред. „Roma, derby senza Pjanic: ecco perché è un problema per Garcia“. конс. 16 giugno 2016.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  11. Antonino Milone (9 giugno 2016). Tuttosport, уред. „Calciomercato Juventus, due ruoli e tanta "tecnica": ecco perché Allegri vuole Pjanic“. 
  12. „A Pirlo l'abbraccio di Juninho: tu e Pjanic i più grandi“. 11 giugno 2014. конс. 9 settembre 2014. 
  13. gazzetta.it, уред. (12 giugno 2014). „Il maestro Juninho lo incorona“. стр. 9. 
  14. „5 ans pour Pjanic“ (French). FC Metz. 15 June 2006. конс. 20 July 2010. 
  15. „Metz v. PSG Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 18 August 2007. конс. 20 July 2010. 
  16. „Rennes v. Metz Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 25 August 2007. конс. 20 July 2010. 
  17. „Pjanic signe trois ans“ (French). FC Metz. 30 November 2007. Архивирано од изворникот на 11 December 2008. конс. 20 July 2010. 
  18. „Metz v. Sochaux Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 15 December 2007. конс. 20 July 2010. 
  19. „Metz v. Sochaux Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 15 March 2008. конс. 20 July 2010. 
  20. „Metz v. Le Mans Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 17 May 2008. конс. 20 July 2010. 
  21. fcmetz.com (уред.). „Miralem Pjanić“. конс. 19 ottobre 2010.  Unknown parameter |lingua= ignored (помош);
  22. „Miralem Pjanic est Lyonnais“ (French). Lyonnais F.C. 6 June 2008. конс. 20 July 2010. 
  23. http://www.actusnews.com/documents_communiques/ACTUS-0-12794-718-CP_080606.pdf
  24. „Pjanic, le nouveau Juninho?“ (French). Foot01. 10 July 2008. конс. 20 July 2010. 
  25. „Miralem Pjanic – Lyon’s New Juninho“. Just Football. 30 September 2009. конс. 20 July 2010. 
  26. „Lyon v. Toulouse Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 10 August 2008. конс. 20 July 2010. 
  27. „Pjanic fractures fibula“. Sign On San Diego. 31 October 2008. конс. 20 July 2010. 
  28. gazzetta.it, уред. (24 febbraio 2009). „Henry salva il Barça - Porto, un pari pesante“. конс. 27 novembre 2014. 
  29. „On-fire new boys revive Lyon of old“. Union of European Football Associations. 19 August 2009. конс. 20 July 2010. 
  30. „Auxerre v. Lyon Match Report“ (French). Ligue de Football Professionnel. 22 August 2009. конс. 20 July 2010. 
  31. „Pjanić punishes ten man Viola“. Union of European Football Associations. 16 September 2009. конс. 20 July 2010. 
  32. „Debrecen floored by early Lyon blitz“. Union of European Football Associations. 29 September 2009. конс. 20 July 2010. 
  33. „Real Madrid 1–1 Lyon“. ESPN. 11 March 2010. конс. 12 March 2010. 
  34. „Lyon hold off Hapoel thanks to Bastos double“. Union of European Football Associations. 29 September 2010. конс. 22 November 2010. 
  35. „Lyon cruise to victory against ten-man Benfica“. Union of European Football Associations. 20 October 2010. конс. 22 November 2010. 
  36. „Rennes v. Lyon Match Report“. Ligue de Football Professionnel. 6 November 2010. конс. 22 November 2010. 
  37. asroma.it (уред.). „Acquisizione a titolo definitivo dei diritti alle prestazioni sportive del calciatore Miralem Pjanić“ (PDF). конс. 19 ottobre 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  38. Lyon confirm agreement with Roma for transfer of Miralem Pjanic“, Goal.com, 31 август 2011 (посет. 31 август 2011 г).
  39. gazzetta.it, уред. (11 settembre 2011). „Luis Enrique: "Roma, serve tempo"De Rossi: "Manca concretezza". конс. 19 ottobre 2014. 
  40. corrieredellosport.it, уред. (20 novembre 2011). „Pjanic-Gago, la Roma sale“. конс. 21 novembre 2011. 
  41. ilmessaggero.it (уред.). „Roma, Pjanic e il mercato: queste voci mi lusingano“. конс. 12 novembre 2012.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  42. „Serie A: Roma-Napoli 2-0, doppietta di Pjanic - Calcio - Sportmediaset“. конс. 2016-06-21.  Unknown parameter |nome= ignored (помош); Unknown parameter |cognome= ignored (помош); Unknown parameter |sito= ignored (помош)
  43. „Roma-Inter 4-2: doppio Pjanic fa piangere Mancini“. конс. 2016-06-21.  Unknown parameter |site= ignored (помош)
  44. Јувентус (уред.). „Pjanic è bianconero!“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  45. Рома (уред.). „L'AS Roma ufficializza il trasferimento di Miralem Pjanic alla Juventus FC“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  46. Alberto Mauro (12 luglio 2016). gazzetta.it, уред. „Pjanic: "La Juve vince, qui ho capito perché. Avrò il 5 di Zidane". 
  47. Valerio Clari (10 settembre 2016). gazzetta.it, уред. „Juve-Sassuolo 3-1: Higuain doppietta, segna anche Pjanic, Allegri fa festa“. 
  48. Arg 2–1 Bos-Herce“, „BBC“, 16 јуни 2014 (посет. 22 јуни 2014 г).
  49. Bos-Herce 3–1 Iran“, „BBC“, 25 јуни 2014 (посет. 27 јуни 2014 г).
  50. 2 настапи во плејоф рундата.
  51. 1 гол во плејоф рундата.
  52. Во плејоф рундата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]