Прејди на содржината

Серија А 2013-2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серија А 2013-2014
ПрвациЈувентус Јувентус
30. титула
Испаднале
Лига на шампиони
Лига Европа
Одиграни натпрвари380
Најдобар стелецИталија Чиро Имобиле
(22 гола)
Најголема победа дома5-0
Рома - Болоња
(29 септември 2013)
Сампдорија - Верона
(23 март 2014)
Најголема победа во гости0-7
Сасуоло - Интер
(22 септември 2013)
Натпревар со најмногу голови3-5; 5-3
Верона - Фјорентина
(13 април 2014)
Удинезе - Ливорно
(4 мај 2014)
Најголема серија на победи12 натпревари
Јувентус Јувентус
Најголема серија без пораз22 натпревари
Јувентус Јувентус
Најголема серија без победа9 натпревари
Кјево Кјево
Ливорно Ливорно
Најголема серија на порази7 натпревари
Сасуоло Сасуоло
Просечна посетеност23,481[1]

Серија А 2013-2014 била 112-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 82-ра сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2013 со два натпревари во првиот ден и завршила на 18 мај 2014. Како што било случај во претходната сезона, првите две кола (25 август и 1 септември) биле играни само во вечерните часови односно од 18:00 и 20:45 часот. Од 3-тото до 37-то коло, освен во средината на седмицата и саботата пред Велигден, седум натпревари се играле во недела од 15:00 часот, а последниот вечерта во 20:45, додека по два натпревари биле закажани за сабота (во 18:00 и 20:45 часот).

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Сасуоло, Верона и Ливорно биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б 2012-2013.

На 4 мај 2014, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после поразот на Рома, нивниот најголем конкурент во оваа сезона, на гостувањето кај Катанија со 4-1. Ова било 30-тото скудето за Јувентус во нивната клупска историја, 3 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Тие, исто така, во оваа сезона поставиле рекорд по бројот на освоени бодови во едно Серија А првенство, завршувајќи ја сезоната со 102 освоени бода. Рома на крајот морала да се задоволи со второто место со дури 17 бодови помалку од шампионот, но и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015 за следната сезона. Третопласирниот Наполи изборил пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Четвртопласираната Фјорентина, петтопласираниот Интер, како и седмопласираниот Торино избориле учество во Лигата на Европа 2014-2015.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Катанија, Болоња и Ливорно.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Торино со 22 постигнати гола.

Вкупно 20 тимови се натпреваруваа во лигата: 17 од сезоната 2012-13 и три промовирани од Серија Б 2012-2013. Палермо, Пескара и Сиена испаднаа од Серија А претходната сезона. Тие биле заменети со шампионот на Серија Б Сасуоло, вицешампионот Хелас Верона, и победникот на плеј-офот Ливорно. Хелас Верона се вратиле во Серија А по 11-годишно отсуство, Ливорно по 4 сезони, а оваа сезона е деби во Серија А за Сасуоло.

За првпат во историјата на натпреварувањето, имало пет градски дербија - меѓу екипи кој доаѓаат од ист град: Милано (Интер и Милан), Торино (Јувентус и Торино), Рим (Лацио и Рома), Џенова (Сампдорија и Џенова) и Верона (Кјево и Верона).

Калчомеркато

[уреди | уреди извор]

Летна сесија

[уреди | уреди извор]
Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез, пристигна во Јувентус летото и носејќи го дресот со број 10. имаше важна улога во клубот; со 19 гола, придонесува за шампионската титула на бјанконерите, нивно 30º скудето и 3º по ред откако тренер е Конте.

Бранителот на титулата Јувентус се засилил со доведување на напаѓачите Карлос Тевес од Манчестер Сити и Љоренте од Атлетик Билбао, а исто така на клубот му се приклучил и одбранбениот играч Анџело Огбона од градскиот соперник Торино; од друга страна клубот го напуштил Емануеле Џакерини кој заминал во Сандерленд. Наполи го напуштиле Морган Де Санктис кој отишол во Рома и најдобриот стрелец во претходното првенство Единсон Кавани во Париз Сен Жермен, а клубот ги купил голманот Реина (од Ливерпул), централниот одбранбен играч Албиол од Реал Мадрид, крилата Мертенс (од ПСВ Ајндховен) и Каљехон, како и напаѓачот Гонсало Игуаин (последните двајца, исто така, доаѓаат од Реал Мадрид). Фјорентина заминувањето на Стеван Јоветиќ (во Манчестер Сити), го покрила со купување на напаѓачот Марио Гомес (од Бајерн Минхен), а потоа довеле двајца играчи од средниот ред со истечен договор: Хоакин (од Малага) и Масимо Амброзини (од Милан).

Милан се засилил со Матијас Силвестре (од Интер) и Жерсон Вергара (од Университарио Попајан), во средниот ред нови пополнувања биле младите Андреја Поли (од Сампдорија) и Сапонара (од Емполи); откако успешно ја одработиле квалификациската рунда во Лигата на шампионите и се пласирале во групната фаза, клубот исто така, го продал Боатенг (на Шалке) и довел други двајца поранешни росонери, Алесандро Матри (од Јувентус) и Кака (од Реал Мадрид). На другата страна на Милано, Интер ги ангажирал Уго Кампањаро (како слободен играч од Наполи) и Валас (позајмен од Челзи), играчот од средниот ред Сафир Таидер (од Болоња) и напаѓачите Ишак Белфодил (од Парма) и Мауро Икарди (од Сампдорија).

Во главниот град, екипата на Рома била водечки клуб на пазарот бидејќи успеале да соберат доволно капитал со продажбата на Маркињос (Париз Сен Жермен), Освалдо (Саутхемптон) и Ламела (Тотенхем), а ги купиле гореспоменатиот Де Санктис од Наполи за голманската позиција, Меди Бенатија (од Удинезе) и Мајкон (слободен играч од Манчестер Сити) за одбраната, Кевин Стротман (од ПСВ) во средниот ред, и Жервињо (од Арсенал) и Љајиќ (од Фјорентина) за нападот. Лацио го виделе доаѓањето во клубот на одбранбениот играч Диего Новарети (од Толука), играчите од средниот ред Фелипе Андерсон (од Сантос) и Биља (од Андерлехт), како и напаѓачот Брајан Переа (од Депортиво Кали).

Парма како дел од договорот на Белфодил, го довела напаѓачот Антонио Касано. Новопромовираната Верона ги обезбедила потписите, меѓу другите, на Хуан Итурбе (од Порто), Ромуло и Лука Тони (двајцата од Фјорентина). Болоња го купила поранешниот капитен на Торино, Роландо Бјанки; спротивно на тоа, граната (како дел од договорот на Огбона) добиле половина од договорот на Чиро Имобиле (кој претходната сезона играл на заем во Џенова). На Џенова добро им дошло враќањето во клубот на Алберто Џилардино (по сезона на позајмица во Болоња), заедно со засилувањата во одбраната; Алесандро Гамберини (на заем од Наполи) и играчот од средниот ред Франческо Лоди (од Катанија). Сампдорија во нападот го ангажирала Габијадини од Јувентус.

Зимска сесија

[уреди | уреди извор]
Чиро Имобиле, најдобар стрелец во првенството со 22 гола за екипата на Торино.

Титулата ја одбрани екипата на Јувентус, освојувајќи го своето 30-то скудето во историјата на клубот и трето по ред од кога клубот го предводи Антонио Конте.[2] Освен самата титула, бјанконерите срушиле и други рекорди како најмногу остварени победи во едно првенство (33), потоа 19 победи на домашен терен во исто толку натпревари и ја завршиле сезоната со освоени 102 бода, кршејќи го претходниот рекорд за најмногу освоени бодови на Интер (97) во сезоната 2006-07.[3] Како втора заврши екипата на Рома, која одлично го почна првенството со 10 победи во првите 10 натпревари, што исто така претставува рекорд. Така, Јувентус и Рома ќе ја претставуваат Италија во наредната сезона во Лигата на шампионите, додека третопласираниот Наполи ќе може да им се приклучи доколку ја помине плеј-оф рундата. Во Европа уште ќе играат екипите на Фјорентина, Интер и Торино. Екипата на Милан, иако го смени тренерот Алегри со играчката легенда Кларенс Сидорф, заврши на осмото место и нема да игра во ниту еден од европските турнири во следната сезона по цели 16 години. Од лигата испаднале екипите на Катанија, Болоња и Ливорно и тие ќе се натпреваруваат во Серија Б следната сезона.

Најдобар стрелец во првенството бил Чиро Имобиле од екипата на Торино. Со тоа тој ги обединил капоканониере насловите во двете најквалитетни лиги во Италија, откако во сезоната 2011-12 со екипата на Пескара бил најдобар стрелец во Серија Б. За одбележување се уште четирите гола на младиот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди против Милан во победата со 4-3, со што станал втор најмлад играч кој постигнал 4 гола на еден натпревар во Серија А, по легендарниот Силвио Пиола.

Екипи по региони

[уреди | уреди извор]
РегионБрој на тимовиТимови
 Емилија-Ромања3Болоња Болоња, Парма Парма и Сасуоло Сасуоло
 Ломбардија3Аталанта Аталанта, Интер Интер и Милан Милан
 Венето2Верона Верона и Кјево Кјево
 Лацио2Лацио Лацио и Рома Рома
 Лигурија2Сампдорија Сампдорија и Џенова Џенова
 Пиемонт2Јувентус Јувентус и Торино Торино
 Тоскана2Ливорно Ливорно и Фјорентина Фјорентина
 Кампанија1Наполи Наполи
 Сардинија1Каљари Каљари
 Сицилија1Катанија Катанија
 Фурланија-Јулиска Краина1Удинезе Удинезе

Локации и стадиони

[уреди | уреди извор]

Екипа Град Стадион Капацитет сезона 2012–2013
Аталанта Бергамо Атлети Аѕури д'Италија &1000000000000002654200026,542 15-ти во Серија А
Болоња Болоња Ренато Дал'Ара &1000000000000003827900038,279 13-ти во Серија А
Каљари Каљари Сант Елија &100000000000000050000005,00 11-ти во Серија А
Катанија Катанија Анџело Масимино &1000000000000002342000023,420 8-ми во Серија А
Кјево Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038,402 12-ти во Серија А
Фјорентина Фиренца Артемио Франки &1000000000000004728199947,282 4-ти во Серија А
Џенова Џенова Лујџи Ферараис &1000000000000003668500036,685 17-ти во Серија А
Интер Милано Стадион Џузепе Меаца &1000000000000008007399980,074 9-ти во Серија А
Јувентус Торино Стадион Јувентус &1000000000000004125399941,254 Серија А шампион
Лацио Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 7-ми во Серија А
Ливорно Ливорно Армандо Пики &1000000000000001923799919,238 Серија Б плеј-оф победник
Милан Милан Сан Сиро &1000000000000008007399980,074 3-ти во Серија А
Наполи Неапол Сан Паоло &1000000000000006024000060,240 вицешампиони во Серија А
Парма Парма Енио Тардини &1000000000000002790599927,906 10-ти во Серија А
Рома Рим Олимпико &1000000000000007269799972,698 6-ти во Серија А
Сампдорија Џенова Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036,685 14-ти во Серија А
Сасуоло Сасуоло Стадион Мапеи &1000000000000002008399920,084 Серија Б шампион
Торино Торино Олимпико ди Торино &1000000000000002799399927,994 16-ти во Серија А
Удинезе Удине Фриули &1000000000000003064199930,642 5-ти во Серија А
Верона Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038,402 Серија Б вицешампион

Личности и спонзори

[уреди | уреди извор]
Тим Претседател Тренер Капитен Опрема Спонзор
Аталанта Италија Антонио Перкаси Италија Стефано Колантуоно Италија Џанпаоло Белини Ереа AXA, Коника Минолта
Болоња Италија Албано Гваралди Италија Давиде Балардини Италија Диего Перес Макрон NGM Mobile, Serenissima Ceramica
Каљари Италија Масимо Селино Италија Иво Пулга Италија Даниеле Конти Капа Сардења, Тиренија
Катанија Италија Антонио Пулвиренти Италија Маурицио Пелегрино Италија Мариано Иско Гивова Arancia Rossa di Sicilia, TTT Lines
Кјево Италија Лука Кампедели Италија Еугенио Корини Италија Серџо Пелисие Гивова Banca Popolare di Verona, Палуани
Фјорентина Италија Марио Коњињи Италија Винченцо Монтела Италија Мануел Пасквал Хома Мазда
Џенова Италија Енрико Прециози Италија Џан Пјеро Гасперини Италија Даниеле Портанова Лото iZiPlay
Интер Индонезија Ерик Тохир Италија Валтер Маѕари Аргентина Хавиер Занети Најк Пирели
Јувентус Италија Андреја Ањели Италија Антонио Конте Италија Џанлујџи Буфон Најк Jeep
Лацио Италија Клаудио Лотито Италија Едоардо Реја Италија Стефано Маури Макрон
Ливорно Италија Алдо Спинели Италија Давиде Никола Италија Андреја Лучи Легеа Банка Кариџе
Милан Италија Силвио Берлускони Холандија Кларенс Сидорф Италија Рикардо Монтоливо Адидас Emirates
Наполи Италија Аурлио Де Лаурентис Шпанија Рафаел Бенитез Словачка Марек Хамшик Макрон Лете, MSC Cruises
Парма Италија Томазо Џирарди Италија Роберто Донадони Италија Алесандро Лукарели Ереа Фолето, Навигаре
Рома САД Џејмс Палота Франција Руди Гарсија Италија Франческо Тоти Стор Бренд Roma Cares
Сампдорија Италија Едоардо Гароне Србија Синиша Михајловиќ Италија Даниеле Гасталдело Капа Гаменет
Сасуоло Италија Карло Роси Италија Еузебио Ди Франческо Италија Франческо Мањанели Спортика Мапеи
Торино Италија Урбано Каиро Италија Џампјеро Вентура Полска Камил Глик Капа Aruba.it, Салуми Берета
Удинезе Италија Франко Солдати Италија Франческо Гвидолин Италија Антонио Ди Натале ХС Фудбал Дачија
Верона Италија Маурицио Сети Италија Андреја Мандорлини Италија Доменико Мајета Најк leaderform

Завршна табела

[уреди | уреди извор]
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.Јувентус Јувентус 1023833328023+57
2.Рома Рома 853826757225+47
3.Наполи Наполи 783823967739+38
4.Фјорентина Фјорентина 6538198116544+21
5.Интер Интер 6038151586239+23
[4] 6.Парма Парма 58381513105846+12
[4]7.Торино Торино 57381512115848+10
8.Милан Милан 5738169135749+8
9.Лацио Лацио 563815111254540
10.Верона Верона 5438166166268−6
11.Аталанта Аталанта 5038155184351−8
12.Сампдорија Сампдорија 4538129174862−14
13.Удинезе Удинезе 4438128184657−11
14.Џенова Џенова 44381111164150−9
15.Каљари Каљари 3938912173453−19
16.Кјево Кјево 3638106223454−20
17.Сасуоло Сасуоло 343897224372−29
18.Катанија Катанија 323888223466−32
19.Болоња Болоња 2938514192858−30
20.Ливорно Ливорно 253867253977−38

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2014-2015.
      Се квалификува за квалификациите за УЕФА Лига Европа 2014-2015.
      Испаѓа во Серија Б 2014-2015

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Шампионскиот тим

[уреди | уреди извор]
Први 11
1Италија Џанлујџи Буфон (33 настапи)
15Италија Андреја Барцаљи (26)
19Италија Леонардо Бонучи (29)
3Италија Џорџо Кјелини (31)
26Швајцарија Стефан Лихтштајнер (27)
23Чиле Артуро Видал (32)
21Италија Андреја Пирло (30)
6Франција Пол Погба (36)
22Гана Квадво Асамоа (34)
14Шпанија Фернандо Љоренте (34)
10Аргентина Карлос Тевез (34)

Резерви: Клаудио Маркизио (29), Симоне Падоин (21), Маурисио Исла (18), Мартин Касерес (17), Себастијан Џовинко (17), Фабио Кваљарела (17), Анџело Огбона (16), Мирко Вучиниќ (12), Пабло Освалдо (11), Федерико Пелузо (9), Марко Сторари (6), Симоне Пепе (2), Рубињо (1).

Статистика

[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата

[уреди | уреди извор]
Juventus Football ClubAssociazione Sportiva Roma

Создавање на пласманот

[уреди | уреди извор]
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª
 
Аталанта 033336912121313161617171818182124242727272831343740434646464647475050
Болоња 012233336910101112121215151617181821212122232326262627282828292929
Каљари 334567710101010131415181920212121212424242528292929323232333639393939
Катанија 0001145566699991010131313141516191919202020202020202323262932
Кјево 111444444456912151515161717181818182121242424272727303030303336
Фјорентина 3671010111215181821242427273033363740414144444545454851515255585861616465
Џенова 0034445881114171819192020232326272730313235353536393939393940414144
Интер 3671013141415181922252627282831313232333336394041444747484950535657576060
Јувентус 36710131619192225283134374043464952555659606366697275788181848790939699102
Лацио 33669101111141515161717172020232427283132323538384142424548484952535356
Ливорно 036788888912121212131313131313161717202021212424242525252525252525
Милан 034458811111212131417181919222225282929323535353536394245485151545457
Наполи 3691213161919222528282831323536394243444447505152555858616464676869727578
Парма 11125699121212131617181920232629323233363740434647474750515151545558
Рома 3691215182124273031323334373841414447505354576061616467707376798285858585
Сампдорија 0112223699991011141718182121222528282831343437404141414144444445
Сасуоло 00001225669101314141414141717171717171717182121212124252828313434
Торино 334788910101112121516192225252629323333363636363639394245484952555657
Удинезе 0344771010101313131616171720202020202326272828313134353838383939424344
Верона 33667101316161922222222252629323232323536363940404040404346464952535454

Нота:

  • Натпреварот Рома-Парма, наместо во 22-рото коло за кога беше закажан всушност се одиграл меѓу 31-вото и 32-рото коло, па на табелата може да се одрази само дел од вистинската ефикасност на тимовите во тој период.
  • Најмногу победи: Јувентус (33)
  • Најмногу победи дома: Јувентус (19)
  • Најмногу пообеди во гости: Јувентус (14)
  • Најмалку победи: Болоња (5)
  • Најмалку победи дома: Болоња (3)
  • Најмалку победи во гости: Каљари и Катанија (1)
  • Најголем број на нерешени: Интер (15)
  • Најголем број на нерешени дома: Интер (9)
  • Најголем број на нерешени во гости: Каљари (8)
  • Најмалку нерешени: Јувентус (3)
  • Најмалку нерешени дома: Јувентус (0)
  • Најмалку нерешени во гости: Аталанта, Катанија и Ливорно (2)
  • Најголем број на порази: Ливорно (25)
  • Најголем број на порази дома: Сасуоло (12)
  • Најголем број на порази во гости: Катанија (16)
  • Најмалку порази: Јувентус (2)
  • Најмалку порази дома: Јувентус (0)
  • Најмалку порази во гости: Јувентус (2)
  • Најдобар напад: Јувентус (80 постигнати голови)
  • Најлош напад: Болоња (28 постигнати голови)
  • Најдобра одбрана: Јувентус (23 голови)
  • Најлоша одбрана: Ливорно (77 голови)
  • Најдобра гол разлика: Јувентус (+57)
  • Најлоша гол разлика: Ливорно (-38)
  • Најдобра серија: Јувентус (22-натпревари без пораз; период од 9-то до 30-то коло)
  • Најдобра серија дома: Јувентус (19-натпревари без пораз)
  • Најдобар серија во гости: Јувентус (10-натпревари без пораз)
  • Најголем број на последователни победи: Јувентус (12, од 9-тото до 20-тото коло)
  • Најголем број на последователни победи дома: Јувентус (19)
  • Најголем број на последователни победи во гости: Јувентус, Парма и Рома (5)
  • Најголем број на последователни нерешени: Каљари, Парма и Рома (4, од 3-то до 6-то коло, од 14-то до 17-то коло и 11-то до 14-то коло)
  • Најголем број на последователни нерешени дома: Интер и Парма (3)
  • Најголем број на последователни нерешени во гости: Каљари, Интер, Лацио и Рома (3)
  • Најголем број на последователни порази: Ливорно и Сасуоло (7, од 32-то до 38-мо коло и од 20-то до 26-то коло)
  • Најголем број на последователни порази дома: Сасуоло (4)
  • Најголем број на последователни порази во гости: Катанија (10)
  • Најголем број на изведени корнери: Интер (224)
  • Најголем број на офсајди: Торино (117)
  • Најголем број на жолти картони: Ливорно (100)
  • Најголем број на црвени картони: Сампдорија (10)
  • Најмал број на изведени корнери: Болоња (158)
  • Најмал број на офсајди: Фјорентина и Сасуоло (53)
  • Најмал број на жолти картони: Верона (64)
  • Најмал број на црвени картони: Торино (1)

Поединечни

[уреди | уреди извор]

Список на стрелци

Гол Пенали Играч Клуб
22 0 Италија Чиро Имобиле Торино Торино
20 3 Италија Лука Тони Верона Верона
19 1 Аргентина Карлос Тевес Јувентус Јувентус
17 4 Италија Антонио Ди Натале Удинезе Удинезе
17 5 Аргентина Гонсало Игуаин Наполи Наполи
17 0 Аргентина Родриго Паласио Интер Интер
16 6 Италија Доменико Берарди Сасуоло Сасуоло
16 0 Шпанија Фернандо Љоренте Јувентус Јувентус
16 6 Италија Џузепе Роси Фјорентина Фјорентина
15 0 Шпанија Хосе Марија Калјехон Наполи Наполи
15 4 Италија Алберто Џилардино Џенова Џенова
15 3 Бразил Паулињо Ливорно Ливорно
14 3 Италија Марио Балотели Милан Милан
13 5 Италија Алесио Черчи Торино Торино
13 2 Аргентина Герман Денис Аталанта Аталанта
13 0 Италија Матија Дестро Рома Рома
13 4 Италија Алберто Палоски Кјево Кјево
12 5 Италија Антонио Кандрева Лацио Лацио
12 1 Италија Антонио Касано Парма Парма
12 3 Бразил Едер Сампдорија Сампдорија
11 0 Колумбија Хуан Квадрадо Фјорентина Фјорентина
11 2 Белгија Дрис Мертенс Наполи Наполи
11 2 Чиле Артуро Видал Јувентус Јувентус
10 1 Аргентина Гонсало Берхесио Катанија Катанија

Хет-трик

ИграчТимПротивРезултатДата
Италија Џузепе РосиФјорентина ФјорентинаЈувентус Јувентус4–220 октомври 2013
Италија Доменико БерардиСасуоло СасуолоСампдорија Сампдорија4–33 ноември 2013
Аргентина Карлос ТевесЈувентус ЈувентусСасуоло Сасуоло4–015 декември 2013
Италија Доменико Берарди4Сасуоло СасуолоМилан Милан4–312 јануари 2014
Италија Алберто АквиланиФјорентина ФјорентинаЏенова Џенова3–326 јануари 2014
Италија Чиро ИмобилеТорино ТориноЛиворно Ливорно3–122 март 2014
Италија Матија ДестроРома РомаКаљари Каљари3–16 април 2014
Италија Алберто ПалоскиКјево КјевоЛиворно Ливорно4–213 април 2014
Аргентина Гонсало ИгуаинНаполи НаполиЛацио Лацио4–213 април 2014
Италија Доменико БерардиСасуоло СасуолоФјорентина Фјорентина4–36 мај 2014
Италија Антонио Ди НаталеУдинезе УдинезеСампдорија Сампдорија3–317 мај 2014

Поединечни рекорди

[уреди | уреди извор]

Поврзанотака

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Italian Serie A Stats: Team Attendance - 2013-14“. ESPN. Посетено на 31 March 2014.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 2014-06-08.
  3. „Football: Juve wrap up record 102-point scudetto as Roma crumble“. Архивирано од изворникот на 2014-06-21. Посетено на 2014-06-08.
  4. 1 2 ФИГК го одбила барањето на Парма за лиценца на УЕФА, бидејќи имале задоцнет даночен долг; нивното место ќе го заземе седмопласираниот Торино. cfr. „Parma, da sogno a incubo: per l'Europa manca la licenza. Ultimo appello il 28 maggio“. 19 мај 2014.