Адем Љајиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Србија Адем Љајиќ
CSKA-Roma (1).jpg
Лични податоци
Роден на 29 септември 1991 (1991-09-29) (28 г.)
Роден во Нови Пазар, СФРЈ
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 10
Младинска кариера
Партизан Партизан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Партизан Партизан 38 (9)
2010-2013 Фјорентина Фјорентина 78 (15)
2013-2015 Рома Рома 61 (14)
2015-2016Интер Интер 25 (3)
2016- Торино Торино 61 (16)
2018-Бешикташ Бешикташ 13 (2)
Репрезентација
2007-2008 Србија Србија 17 9 (1)
2008-2010 Србија Србија 19 13 (6)
2008-2010 Србија Србија 21 11 (1)
2008-2010 Србија Србија 35 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Адем Љајиќ (роден на 29 ноември 1991 година во Нови Пазар) е српски фудбалер, играч од средниот ред на Торино и на српската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Нови Пазар, денешна Србија (тогашна Југославија), од босански родители, доминантна етничка група во областа од која потекнува. Љајиќ е припадник на исламската религија.[1]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Може да игра, како втор напаѓач,[2] треквартиста или крило.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Партизан[уреди | уреди извор]

Љајиќ му се приклучил на Партизан во 2005 година, на возраст од 14 години, потпишувајќи од српскиот нисколигашки клуб, ФК Јошаница..[3] Љајиќ бил првиот играч што го носел дресот со број 22 за Партизан, откако Саша Илиќ заминал во Галатасарај во 2005 година.[4] Своето деби како професионалец го направил на 29 јули 2008 година, во вториот круг од квалификациите за Лигата на шампионите против Интер Баку. Тој влегол како замена во 51-вата минута на местото на Вељко Пауновиќ.[5] На 23 ноември 2008 го постигнал својот прв гол во професионалната кариера во победата со 5-1 над ОФК Белград во српското првенство. Својата прва сезона ја завршил со 28 настапи и 4 гола.

Во јануари 2009, екипата на Манчестер Јунајтед објавила дека потпишале со двајца фудбалери на Партизан Љајиќ и неговиот соиграч, Зоран Тошиќ. Според договорот Тошиќ требало веднаш да му се приклучи на клубот, додека Љајиќ да остане во Партизан до крајот на 2009 година, приклучувајќи му се на Јунајтед во јануари 2010 година.[6] Сепак, Јунајтед одлучил да не ја искористи својата можност да го доведе Љајиќ поради проблеми околу барањето на клубот за работната дозвола на играчот.[7][8] Откако трансферот пропаднал, тренерот на Партизан Горан Стевановиќ изјавил дека целата работа предизвикала кај Љајиќ "психолошки шок", но дека играчот "добро се справил со ситуацијата".[9]

Фјорентина[уреди | уреди извор]

Љајиќ играјќи за Фјорентина.

На 15 јануари 2010 година, Љајиќ преминал во редовите на италијанската Фјорентина за сума од 6.5 милиони евра.[10] Откако потпишал петгодишен договор со клубот избрал да го носи дресот со број 22, во чест на неговиот идол Кака. Дебитирал во Серија А на 31 јануари 2010 на возраст од 18 години, влегувајќи во игра од клупата на местото на Мануел Пасквал во натпреварот Калјари-Фјорентина 2-2.[11] Во својата прва сезона во Италија забележал вкупно 9 настапи во лигата под водство на тренерот Чезаре Прандели. За време на сезоната 2010-2011, по доаѓањето на неговиот сонародник Синиша Михајловиќ на клупата на виола, тој добива многу поголема минутажа и забележил 26 настапи и 3 гола во лигата, од кои првиот дошол на 18 септември 2010 година од пенал против Лацио, а другите два ги постигнал против Парма (повторно од пенал) и Бреша.

Во сезоната 2011-2012 Љајиќ повторно се соочува со проблем да најде поголема минутажа во првиот тим, забележувајќи само 15 настапи во првенството и еден гол на 1 април 2012 година во поразот на домашен терен од Кјево. На 2 мај 2012, во домашниот натпревар против Новара што завршил со резултат 2-2, тренерот Делио Роси го заменил Љајиќ со Рубен Оливера само по 32 минути игра; по излегувањето играчот саркастично му аплаудирал на тренерот и дошло до меѓусебна вербална препирка која довела до физичка агресија кон играчот.[12] Како резултат на ова Фјорентина објавила по натпреварот дека Роси е отпуштен од функцијата тренер на првиот тим,[13] а Љајиќ бил исклучен од тимот до крајот на сезоната.[14] Соиграчот на Љајиќ, Валон Бехрами, кој бил на клупата за време на инцидентот, изјавил дека никој, вклучувајќи го и него, не слушнал Љајиќ да го навреди Роси, со што ги побил тврдењата на тренерот дека Љајиќ го навредил неговото семејство. Бехрами додал дека Роси треба да се срами за своите постапки, како и за лагите кои ги изнел во медиумите.

Со серијата последователни добри перформанси во припремниот период Љајиќ го убедува новиот тренер Винченцо Монтела да му даде повеќе простор за игра во новата сезона.[15] На 18 август 2012 го постигнал својот прв гол за сезоната во натпреварот против Новара во Купот на Италија. На 17 февруари 2013, во победата на Фјорентина над Интер со 4-1, за прв пат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар.[16] На 19 мај, во својот последен првенствен натпревар за Фјорентина против Пескара, тој го реализирал првиот хет-трик во својата кариера, со што дошол до бројката од вкупно 12 гола за сезоната.

Рома[уреди | уреди извор]

На 28 август 2013, официјално бил комплетиран трансферот на Љајиќ во Рома за 11 милиони евра плус 4 милиони бонуси, потпишувајќи договор до 30 јуни 2017. Тој избрал да го носи дресот со број 8, останат празен по заминувањето на Ерик Ламела, кој исто така го користел во српската репрезентација.[17] На 1 септември 2013 дебитирал за џалоросите во натпреварот против Хелас Верона, заменувајќи го Алесандро Флоренци и одбележувајќи гол со кој го поставил конечниот резултат 3-0 за Рома.[18] По позитивниот почеток на сезоната, каде што на 22 септември постигнал гол во дербито против Лацио, што завршило 2-0,[19] и во следниот натпревар против Болоња (што се одиграл на неговиот 22-ри роденден), победата со 5-0,[20] играчот бележи пад во формата, поради што го загубил местото во стартната постава и најчесто влегува во игра од клупата.[21] Се вратил на постигнувањето голови на 18 јануари 2014, во победата на домашен терен со 3-0 над Ливорно. Cвојата прва сезона во Рим ја завршил со 6 гола во 32 настапи.

Следната сезона ја започнал со победа во првото коло на Серија А 2014-2015 над неговиот поранешен клуб Фјорентина со 2-0 на 30 август 2014.[22] На 24 септември го одбележил неговиот прв сезонски гол против Парма, во победата со 2-1.[23] На 22 ноември, тој бил протагонист во победата со 2-1 над Аталанта, постигнувајќи го израмнувачкиот погодок за својот тим и бил асистент за победничкиот гол кој го постигнал Раџа Наинголан.[24] На 6 декември, тој постигнал два гола со кој ја спасил Рома од пораз на домашен терен од Сасуоло, во натпревар што завршил 2-2..[25] На 25 јануари одново и носи бод на Рома, овојпат на гостувањето кај Фјорентина во ремито 1-1.[26] На 8 февруари тој го постигнал првиот од двата гола на Рома во победата со 1-2 на гостувањето кај Калјари.[27] На 26 февруари тој го постигнал својот прв сезонски погодок во европските натпреварувања против Фејенорд, и тој се покажал клучен за успехот на џалоросите со 2-1.[28] Љајиќ ја завршил сезоната со 41 настап и 9 гола, и бил втор клупски стрелец за сезоната зад Франческо Тоти.

Интер[уреди | уреди извор]

Го започнал првенството 2015-2016 во дресот на Рома, забележувајќи еден настап (последниот за Рома) против Јувентус во второто коло: влегувајќи во игра на една минута до крајот на натпреварот.[29] Во последните часови од трансферниот прозорец, Љајиќ му се приклучил на Интер: договорот за заем од 1,75 милиони евра со право на откуп за поставена сума од 11 милиони евра.[30] Својот прв гол за нераѕурите го постигнал на 30 ноември 2015 во поразот од Наполи со 2-1[31] а истото против истиот противник го повторил во Купот на Италија. Сезоната ја завршил со 28 настапи и 4 гола во сите натпреварувања, но неговите перформанси не ја задоволиле управата на Интер кој одлучиле да не го искористат правото на откуп.

Торино[уреди | уреди извор]

Во јули 2016 година Љајиќ потпишал за Торино откако клубот и исплатил на Рома вкупно 9 милиони евра (8,5 веднаш и 0,5 бонуси) за неговиот трансфер: ова го направило Љајиќ најскапото засилување на Торино откако претседател на клубот е Урбан Каиро.[32] Во клубот тој повторно се соединува со тренерот Синиша Михајловиќ кој му бил тренер во Фјорентина и во српската репрезентација.[33] Играјќи како треквартиста во напаѓачката тројка, заедно со Јаго Фалке и Андреа Белоти, на 17 октомври постигнал два гола во победата со 4-1 над Палермо.[34][35]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 5 ноември 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009 Србија Партизан СС 24 5 КС 5 1 ЛШ+КУ 2[36]+2 0 - - - 33 6
2009-јан. 2010 СС 14 4 КС 2 0 ЛШ+ЛЕ 1[36]+7[37] 0+2 - - - 24 6
Вкупно Партизан 38 9 7 1 12 2 - - 57 12
јан.-јун. 2010 Италија Фјорентина А 9 0 КИ 1 0 ЛШ - - - - - 10 0
2010-2011 А 26 3 КИ 2 0 - - - - - - 28 3
2011-2012 А 15 1 КИ 3 0 - - - - - - 18 1
2012-2013 А 28 11 КИ 3 1 - - - - - - 31 12
авг. 2013 А 0 0 КИ 0 0 ЛЕ 1[36] 0 - - - 1 0
Вкупно Фјорентина 78 15 9 1 1 0 - - 88 16
2013-2014 Италија Рома А 28 6 КИ 4 0 - - - - - - 32 6
2014-2015 А 32 8 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 4+3 0+1 - - - 41 9
авг. 2015 А 1 0 КИ - - ЛШ - - - - - 1 0
Вкупно Рома 61 14 6 0 7 1 - - 74 15
2015-2016 Италија Интер А 25 3 КИ 3 1 - - - - - - 28 4
2016-2017 Италија Торино А 33 10 КИ 3 2 - - - - - - 36 12
2017-2018 А 12 3 КИ 1 0 - - - - - - 13 3
Вкупно во кариерата 247 54 29 5 20 3 - - 296 62

Титули[уреди | уреди извор]

Србија Партизан[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Padre di Ljajic si scusa per l'inno non cantato“, 29 maggio 2012 (посет. 17 ottobre 2014 г).
  2. Fiorentina, Ljajic: Miha deluso, va in prestito? calciomercato.com
  3. Od prodaje Ljajića, Jošanica dobila 31.945 eura“, „Sandzak Live“, SandžakLive.rs, 24 јуни 2010 (посет. 27 јуни 2010 г). (на Serbian)
  4. „Trojica prekobrojnih, Ljajiću 22!“ (Serbian). B92. 27 July 2008. конс. 22 December 2011. 
  5. Second qualifying round, First leg - 29/07/2008 - Inter Baku - Partizan 1-1
  6. Serbians to join United“, „ManUtd.com“, Manchester United, 2 јануари 2009 (посет. 17 март 2011 г).
  7. Hibbs, Ben. „Reds won't pursue Ljajic“, „ManUtd.com“, Manchester United, 3 декември 2009 (посет. 17 март 2011 г).
  8. Nichols, Matt. „Ljajic decision explained“, „ManUtd.com“, Manchester United, 4 декември 2009 (посет. 17 март 2011 г).
  9. Manchester United accused of causing 'psychological shock' to Adem Ljajic“, „guardian.co.uk“, Guardian News and Media, 4 декември 2009 (посет. 6 декември 2009 г).
  10. Definito l'accordo per Ljajic“, „ViolaChannel“, ACF Fiorentina, 13 јануари 2010 (посет. 13 јануари 2010 г). (на Italian)
  11. tuttosport.com, уред. (31 gennaio 2010). „Spettacolo al Sant'Elia: Cagliari-Fiorentina 2-2“. конс. 23 novembre 2014. 
  12. Fiorentina: Delio Rossi aggredisce Ljaic Ansa.it
  13. Andrea Della Valle: "Esonerato Delio Rossi" it.violachannel.tv
  14. Per Adem Ljajic in arrivo una pesante multa e l'esclusione dalla rosa fiorentina.it
  15. A Moena è stato fra i migliori: Ljajic si gioca la seconda opportunità fiorentina.it
  16. 4-1, Jovetic e Ljajic affondano i nerazzurri Repubblica.it
  17. Roma, Ljajic: "Ho preso l'8 perché lo avevo avuto anche al Partizan" - TuttoMercatoWeb.com
  18. gazzetta.it, уред. (1º settembre 2013). „Roma-Verona 3-0, i giallorossi vincono e convincono: Maicon, Pjanic e Ljajic“. 
  19. gazzetta.it, уред. (22 settembre 2013). „Derby, trionfa la Roma: 2-0 sulla Lazio e primato solitario“. 
  20. repubblica.it, уред. (29 settembre 2013). „Roma-Bologna 5-0, show giallorosso a suon di gol“. конс. 19 novembre 2014. 
  21. ilmessaggero.it, уред. (6 dicembre 2013). „Roma-Fiorentina, Ljajic si confessa:«Non esulto, ma voglio un gol»“. конс. 19 novembre 2014. 
  22. Gazzetta dello Sport, уред. (30 agosto 2014). „Roma-Fiorentina 2-0, Nainggolan e Gervinho, festa all'Olimpico per la prima“. конс. 31 agosto 2014. 
  23. gazzetta.it, уред. (24 settembre 2014). „Parma-Roma 1-2: Ljajic e Pjanic, dopo il pareggio di De Ceglie, giallorossi primi“. конс. 25 settembre 2014. 
  24. repubblica.it, уред. (22 novembre 2014). „Atalanta-Roma 1-2: i giallorossi soffrono e vincono in rimonta. Scontri tra tifosi“. конс. 22 novembre 2014. 
  25. gazzetta.it (уред.). „Roma-Sassuolo 2-2, doppiette di Zaza e Ljajic. Garcia a -3 dalla Juve“. конс. 7 dicembre 2014.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  26. Fiorentina-Roma 1-1: i giallorossi pareggiano ancora, la Juve è in fuga“, 25 gennaio 2015 (посет. 8 febbraio 2015 г).
  27. Roma, ecco Verde: a Cagliari è nata una stella. Garcia: "Sa faticare, farà strada"“, 8 febbraio 2015 (посет. 8 febbraio 2015 г).
  28. Feyenoord-Roma 1-2, Gervinho firma la qualificazione“, 27 febbraio 2015 (посет. 26 febbraio 2015 г).
  29. „Roma-Juve, il tabellino“. 30 agosto 2015. 
  30. „Inter pirotecnica nel finale: Ljajic, Felipe Melo, Telles. Il triplo colpo è servito“. 31 agosto 2015. 
  31. Andrea Sorrentino. „Paradiso Higuain il Napoli sorpassa ma l'Inter dei leoni ora sa quanto vale“, 1º dicembre 2015, стр. 58.
  32. „Torino, ecco Ljajic e Iago Falque: "Mihajlovic una garanzia". 19 luglio 2016. 
  33. Ljajić i Mihajlović ponovo zajedno: Mnogo je važan za moju karijeru
  34. Luigi Polce. „Torino, Ljajic e la doppietta alla Meroni. Così l'Europa non è solo un sogno...“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  35. Fabrizio Turco. „Il Toro vede l'Europa Batte il Palermo e sale al quarto posto“, la Repubblica, 18 ottobre 2016, стр. 20.
  36. 36,0 36,1 36,2 во преелиминарните кола.
  37. 2 во преелиминарните кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]