Прејди на содржината

Силвио Берлускони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Силвио Берлускони

Силвио Берлускони (италијански: Silvio Berlusconi; 29 септември 1936 - 12 јуни 2023) — италијански стопанственик и политичар. Тој е водач на политичкото движење Форца Италија (Forza Italia). Партија е основана во јануари 1994, и првпат се кандидирала за општи избори во март истата година.

Берлускони бил премиер седум месеци во 1994 година. Во 2001 повторно е поставен на истата функција; втората влада на Берлускони е најдолготрајната во историјата на италијанската република. На 20 април 2005, Берлускони понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. На 23 април 2005 формираше нова влада без поголеми промени во составот

На парламентарните избори во април 2006, коалицијата на Берлускони изгуби од левата коалиција на Романо Проди. Победата беше многу тесна (помалку од 1%), па Берлускони долго време ги оспоруваше резултатите, за конечно, на почетокот на мај, да поднесе оставка.

Тој е сопственик и основач на повеќе медиумски компании кои се познати и како „италијанско медиско царство“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12,000,000,000 долари во 2005, а истовремено и 25-ти најбогат човек на светот [1].

Беше претседател и на фудбалскиот клуб Милан во периодот од 1986 до 2004; по неговата оставка - која беше изнудена со закон - на 26 декември 2004 тимот е одбра нов претседател [2], па денес тој е само сопственик на тимот.

Берлускони како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „берлускони и гадафи договараат нафта за амазонка со ун идиото“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.