Премиер на Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Претседателот на советот на министри на Италијанската Република (итал. Presidente del Consiglio dei ministri della Repubblica Italiana), често ословуван и само со Presidente del Consiglio, на македонски познат како премиер, е шефот на владата на Италијанската Република. Функцијата премиер е востановена со членовите 92 до 96 од Уставот на Италија. Премиерот е назначуван од Претседателот на Републиката после секои парламентарни избори, а за да остане на функција мора да ја има и довербата на Парламентот.