Стадион Јувентус
| Стадион Јувентус | |
|---|---|
| Алијанц стадион (2017-) | |
| Држава | |
| Место | Corso Gaetano Scirea 50, 10151, Торино |
| Изграден | 2011 |
| Отворен | 8 септември 2011 |
| Сопственик | |
| Гледачи | 41.689 |
| Категорија | УЕФА |
| Подлога | трева |
| Димензии | 105 × 68 м |
| Цена на изградбата | 155 милиони € |
| Игра | |
Стадионот Јувентус (англиски: Juventus Stadium) е фудбалски стадион во Торино кој е изграден во септември 2011 година на местото на стариот Деле Алпи. На него своите домашни натпревари ги игра екипата на Јувентус, која воедно е и сопственик на стадионот. Стадионот има сместивост од 41.000 гледачи, а димензиите на теренот се 105 × 68 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Стадионот бил отворен на 8 септември 2011 кога Јувентус одиграл пријателски натпревар со најстариот клуб на светот, англискиот Нотс Каунти. Првиот официјален натпревар на овој стадион се одиграл на 11 септември во рамките на второто коло од сезоната 2011-2012 во Серија А, кога Јувентус со резултат 4-1 ја совладал екипата на Парма. Првиот погодок на стадионот го постигнал швајцарецот Стефан Лихтштајнер во 17. минута од натпреварот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница Архивирано на 13 септември 2011 г.
- Новиот стадион на Јувентус Архивирано на 15 август 2011 г.
| ||||||