Анџело Огбона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анџело Огбона
Лични податоци
Роден на 23 мај 1988(1988-05-23)(35 г.)
Роден во Касино, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број 21
Младинска кариера
Торино Торино
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2013 Торино Торино 150 (1)
2007-2008Кротоне Кротоне (позајмен) 22 (0)
2013-2015 Јувентус Јувентус 41 (0)
2015- Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 107 (2)
Репрезентација
2009-2010 Италија Италија 21 10 (0)
2011- Италија Италија 13 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Анџело Обинзе Огбона (роден на 23 мај 1988 година) — италијански фудбалер со нигериско потекло, играч од одбраната на Вест Хем Јунајтед. Од 2011 година Огбона настапувал и за сениорската репрезентација на Италија со која бил вицешампион на Европското првенство 2012 година.

Пред Јувентус Огбона настапувал седум години за градскиот соперник Торино, клуб во кој ја започнал својата кариера како јуниор во 2002 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Торино[уреди | уреди извор]

Роден е во Касино, но Огбона има нигериско потекло. Тој бил забележан од страна на Торино чии скаути подоцна успеале да го убедат да потпише со младинската школа на Торо. Тој го направил своето деби во Серија А и воопшто првиот старт во почетниот тим на Торино во кариерата на 11 февруари 2007 година, во поразот на домашен терен од Реџина со 1-2, во кој ги одиграл сите 90 минути. Тој направил уште три настапи во Серија А таа сезона. Тој потоа бил пратен на заем во Кротоне во сезоната 2007-08, каде што одиграл 22 првенствени натпревари таа сезона.

Огбона се вратил во Торино пред почетокот на сезоната 2008-09, играјќи главно како резервна опција за стартерите Чезаре Натали и Марко Ди Лорето, иако тој сепак успеал да направи 19 првенствени настапи за Торо. Торино, сепак, биле потиснати во Серија Б на крајот на сезоната. Почнувајќи од 2009 година, по испаѓање на клубот во Серија Б, Огбона го заслужил своето место како стартер, и направил 31 лигашки настап и постигнал еден гол за клубот со седиште во Пиемонт за време на сезоната 2009-10. Во три Серија Б сезони со Торино, Огбона направил 105 настапи, помагајќи му на клубот да се врати во Серија А откако заврши втор зад Пескара во сезоната 2011-12. На 2 февруари 2012 година, тој го обновил својот договор со Торино до 30 јуни 2016[1]

Првaтa целосна сезона на Огбона во Серија А била попречена од страна на две долги повреди кои ги ограничиле настапите на играчот на само 22 натпревари во лигата. Исто така, враќањето на Торино во врвната италијанска лига завршило успешно, откако клубот обезбедил опстанок завршувајќи ја сезоната на 16. место во лигата.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 11 јули 2013 година, Огбона официјално заминал на медицински тестови кај градскиот соперник на Торино, лига првакот од претходната сезона Јувентус.[2] По положувањето на медицински тестови, Огбона официјално потпишал за Јувентус на 11 јули 2013 година за трансфер сума од 13.000.000 €.[3] Огбона потпишал пет-годишен договор, кој го врзува за Старата дама до 30 јуни 2018 година.

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 10 јули 2015 преминал во редовите на Вест Хем Јунајтед за 11 милиони евра.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Огбона во 2012 година со италијанската репрезентација

На 12 август 2009 година, тој го направил своето деби во италијанската репрезентација под 21 година во пријателски натпревар против Русија.

На 4 јуни 2011 година, Огбона го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Чезаре Прандели, и покрај тоа што тогаш играл во Серија Б. Тој е првиот играч на Торино кој бил повикан во дресот на Аѕурите од 2007 година. По неколку повреди во составот на Аѕурите, Огбона бил повикан повторно на 5 октомври 2011 година. Тој го направи своето сениорско деби на 11 ноември 2011 година во пријателски натпревар во кој Италија ја победила Полска со 2-0, каде што тој влегол како замена за Доменико Кришито во 77. минута.

Огбона бил вклучен и во италијанскиот состав од 23 играчи за Европското првенство 2012, но не одиграл ниту еден натпревар на турнирот.

Откако не бил повикан за Светското првенство 2014 во Бразил, Огбона се вратил во репрезентацијата по доаѓањето на селекторската позиција на неговиот поранешен тренер од Јувентус, Антонио Конте. На 31 мај, тој се нашол на листата повикани играчи од Конте за Европското првенство 2016 во Франција.

Хронологија на настапи и постигнати голови за репрезентацијата[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-11-2011 Вроцлав Полска Полска 0 – 2 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 77'
29-2-2012 Џенова Италија Италија 0 – 1 САД САД Пријателска -
1-6-2012 Цирих Италија Италија 0 – 3 Русија Русија Пријателска - влегол во игра 54'
15-8-2012 Берн Италија Италија 1 – 2 Англија Англија Пријателска -
7-9-2012 Софија Бугарија Бугарија 2 – 2 Италија Италија Квал. за СП 2014 - добил жолт картон во 64-тата минута 64', заменет 69'
31-5-2013 Болоња Италија Италија 4 – 0 Сан Марино Сан Марино Пријателска -
10-9-2013 Торино Италија Италија 2 – 1 Чешка Чешка Квал. за СП 2014 - влегол во игра 76'
15-11-2013 Милано Италија Италија 1 – 1 Германија Германија Пријателска - влегол во игра 71'
19-11-2013 Лондон Италија Италија 2 – 2 Нигерија Нигерија Пријателска -
Вкупно Настапи 9 Голови 0

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „OGBONNA RINNOVA FINO AL 2016“. Torino FC (италијански). 2 February 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 9 February 2012.
  2. [1]
  3. [2]