Доменико Берарди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Доменико Берарди
Лични податоци
Роден на 1 август 1994 (1994-08-01) (24 г.)
Роден во Каријати, Италија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 25
Младинска кариера
Козенца Козенца
Сасуоло Сасуоло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Сасуоло Сасуоло 37 (11)
2013 Јувентус Јувентус 0 (0)
2013–Сасуоло Сасуоло 53 (25)
Репрезентација
2012-2013 Италија Италија 19 3 (1)
2014- Италија Италија 21 9 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Доменико Берарди (роден во Каријати на 1 август 1994) е италијански фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач за Сасуоло во Серија А, како позајмен од Јувентус.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Берарди е играч со добри физички предиспозиции, солиден шут и способност да ја сочува топката во свој посед. Тој е класичен крилен напаѓач по левата страна на теренот, иако понекогаш е преместен во повеќе централна позиција, како централен напаѓач. Левучар со природно добар стандард, и многу технички квалитети во конечниот заклучок.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Доведен од Козенца на возраст од 16 години [2] Тој го направил своето деби како професионалец, во дресот на Сасуоло на 27 август 2012, започнувајќи како стартер во победата над Чезена со 3-0, во натпревар од Серија Б. Тој бил заменет во 70-тата минута од страна на Микеле Тројано, кој ги поставил конечните 3-0.[3] На 1 септември 2012 година, Берарди го постигнал својот прв гол како професионалец, носејќи го Сасуоло во водство од 1-0 против Кротоне, во натпревар во кој неговиот клуб победил на крајот со 2-1.[4] На крајот на сезоната ја освоил Серија Б со Сасуоло, а со тоа клубот ја изборил првата историска промоција во Серија А, негвиот придонес во сето тоа бил огромен бидејќи во вкупно 37 натпревари, постигнал 11 гола.

На 2 септември 2013 година, Јувентус го откупил правото на половина од договорот на Берарди, но истотака и му продал половина од договорот на Лука Мароне, на Сасуоло. Сепак, Јувентус одлучил да го остави Берарди во Сасуоло до крајот на сезоната, кој исто така, добива договор трансферот во износ од 4,5 милиони € да го плаќа во текот на пет години..[5] На 25 септември 2013 година тој го направил своето деби во Серија А за време на натпреварот со Наполи кој завршил нерешено 1-1. Тој го започнал натпреварот, а потоа бил заменет во 84-тата минута од Симоне Мисироли[6] На својот прв гол во Серија А, Берарди чекал до 6 октомври 2013 кога тој ја погодил мрежата на Парма од пенал за да израмни на 1-1, но неговиот тим иако имал играч повеќе речиси во целото второ полувреме на крајот загубил со 3-1. Исто така, тој постигнал гол од пенал и во првата историска победа на Сасуоло во Серија А против Болоња со 2-1 ; носејќи му водство на својот тим од 1-0.[7][8] На 3 ноември 2013 година, за време на натпреварот со Сампдорија, Берарди го постигнал својот прв хет-трик (со два гола од пенал) во Серија А, со што го одвел Сасуоло до првата гостинска победа во италијанската фудбалска елита во клупската историја.[9] На 10 ноември 2013 тој повторно бил стрелец и тоа овојпат против лидерот на табелата во тој момент, екипата на Рома, постигнувајќи шокантен гол на Олимпико за израмнување на 1-1 во 94-тата минута од натпреварот, што било и конечен резултат. На 12 јануари 2014 година во натпреварот против Милан на домашен терен, Берарди експлодирал постигнувајќи четири гола со кој му донел победа на својот тим од 4-3, а со овој подвиг тој станал вториот најмлад играч (по Силвио Пиола) кој постигнал четири гола во еден Серија А натпревар.[10] Сезоната ја завршил со 16 гола, после уште еден хет-трик во победата со 4-3 на гостувањето против Фјорентина на 6 мај 2014.[11]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Берарди е поранешен член на Италијанската репрезентација под 19 години за која има одиграно 3 натпревари. Единствениот гол за оваа категорија го постигнал на 21 ноември 2012 во пријателски натпревар против Чешка со соло продор за да ги постави конечните 4-0.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Сасуоло[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кој е Доменико Берарди, новиот играч на Јувентус“. maidirecalcio.com. 3 септември 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  2. -berardi/58801 / „Најдоброто од младите - Доменико Берарди“.  Unknown parameter |пристап= ignored (помош); Unknown parameter |издавач= ignored (помош); Unknown parameter |датум= ignored (помош)
  3. „Чезена 0-3 Сасуоло“. soccerway.com. 27 август 2012.  Unknown parameter |пристап= ignored (помош);
  4. „Сасуоло 2-1 Кротоне“. soccerway.com. 1 септември 2012.  Unknown parameter |пристап= ignored (помош);
  5. „Работите во Сасуоло со Мароне и Берарди“ (PDF). juventus.com. 2 септември 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  6. „Наполи - Сасуоло 1-1“. soccerway.com. 25 септември 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  7. „Сасуоло-Болоња 2-1, прв успех за нервоверде“. gazzetta.it. 20 октомври 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  8. „Sassuolo, storico derby: col Bologna arriva la prima vittoria in serie A“. ilrestodelcarlino.it. 20 октомври 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  9. „Серија А Сасуоло, Берарди: «Среќен заради трите гола и заради победата»“. Corrieredellosport.it. 3 ноември 2013.  Unknown parameter |accesso= ignored (помош);
  10. „Берарди го уништи Милан“. Supersport.com.mk. 12 јануари 2014. конс. 18 јануари 2014. 
  11. gazzetta.it, уред. (6 мај 2014). „Fiorentina-Sassuolo 3-4: tripletta di Berardi, gol di Gonzalo, Sansone, Rossi e Cuadrado“. конс. 21 јуни 2014.