Клубот е основан во 1910 година, под името Социета Спортива Кротоне. Инаку, моменталната сезоната 2016-2017 е прва историска за Кротоне во Серија А. Претходно клубот се натпреварувал во Серија Б 12 сезони, како и во пониските лиги во Италија во кои ги има поминато највеќето години од своето постоење.
Боите на клубот се темно сина и црвена. Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида.
Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида, именуван по истоимениот фудбалер на Кротоне кој починал прерано за време на едно гостување на клубот.[1] Овој фудбалски стадион е дом на клубот од неговата инаугурација во 1946 година и моментално е со капацитет од 16,640 седечки места.[2] Досега стадионот два пати бил реновиран прв пат во 2000 година, а потоа и во 2016 година непосредно по промоцијата на клубот во Серија А.
Стефан Ристовски исто така е првиот фудбалер кој заиграл за некоја сениорска репрезентација како играч на Кротоне, кога на 10 август 2011 тој го направил своето деби за македонската репрезентација во пријателскиот натпревар против Азербејџан.