Федерико Бернардески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Федерико Бернардески
Federico Bernardeschi 2 (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 29 јули 1994 (1994-07-29) (24 г.)
Роден во Карара, Италија
Националност Италија Италија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред, крило, напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 33
Агент Италија Бепе Боцо
Младинска кариера
Фјорентина Фјорентина
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2014Кротоне Кротоне 38 (12)
2014–2017 Фјорентина Фјорентина 72 (14)
2017– Јувентус Јувентус 29 (6)
Репрезентација
2011-2012 Италија Италија 18 7 (0)
2012 Италија Италија 19 1 (0)
2013-2015 Италија Италија 20 2 (0)
2014-2017 Италија Италија 21 16 (5)
2016- Италија Италија 15 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Федерико Бернардески (роден на 16 февруари, 1994, во Карара) е италијански фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Јувентус и на италијанската репрезентацијата.

Тој ја започнал кариерата во Атлетико Карара и Полиспортива Понзано. Во 2003 година, тој преминал во младинските категории на Фјорентина, каде што поминал десет години, пред да биде проследен на позајмица во Кротоне во сезоната 2013–2014 година. Тој се вратил во Фјорентина следната сезона и станал еден од клучните играчи на клубот во следните три сезони. Во јули 2017 година, тој бил продаден на Јувентус.

На репрезентативно ниво, тој ја има претставувано Италија во младинските категории, а своето деби за сениорскиот тим го направил во 2016 година, и бил дел од репрезентацијата на Италија, на Европското првенство 2016.

Неговиот прекар Брунелески, го добил по познатиот архитект, заради неговата техника и елеганција на теренот.[1]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Брз, силен, креативен, технички надарен и вреден играч, со добро чувство за позиционирање и око за гол, Бернардески се смета за еден од највозбудливите и најталентираните играчи на Италија во неговата генерација. Најчесто игра со левата нога, и е познат по неговата брзина, агилност и способност да упати моќен и прецизен удар надвор од шеснаесеттникот. Неговата омилена позиција е десно крило или надворешен напаѓач во 4-3-3 формацијата, позиција која му овозможува да игра еден на еден со противниците, или да навлезе низ средината од каде може да шутира или да се поврзе со својте соиграчи од средниот ред и да креира шанси за соиграчите од нападот со својата посилна лева нога; тој исто така е способен да игра и на левата страна од теренот. Поради неговата тактичка разноврсност, издржливост, визија и работа во дефанзивната фаза, како и неговите технички, атлетски и физички атрибути, тој е способен да игра на уште неколку други позиции и бил распореден како втор напаѓач, како офанзивен играч од средниот ред, како класична десетка (позната во Италија како треквартиста), во врвот на нападот, или дури и како страничен бек или бек-крило по десната страна на теренот.[2][3][4][5][6][7][8][9][10][11][12][13] Исто така е одличен изведувач на прекини: корнери, слободни удари[14][15][16] и пенали.[17][18]

Тој ги цитирал сонародниците Франческо Тоти, Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро како негови фудбалски идоли и модели од детството; неговата улога на теренот и стилот на игра, исто така, доведува до тоа да Бернардески да биде споредуван со споменатите играчи, како и со Мишел Платини.[19][4][20][21]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци со Фјорентина и заемот во Кротоне[уреди | уреди извор]

Роден во Карара, Федерико почнал да игра фудбал на возраст од шест години во локалниот клуб Атлетико Карара. По една година се префрлил во Понзано, фудбалската школа на Емполи, за во 2004 година да се приклучи на младинскиот сектор на Фјорентина, по препорака на Иларио Сатурни, тогашен скаут на клубот од Фиренца.

Откако минал низ сите младински категории на Фјорентина, на 2 септември 2013 година клубот го испратил Бернардески на позајмица во Кротоне, во Серија Б.[22] Своето професионално деби го имал на 8 септември 2013 година, во натпреварот против Пескара во Серија Б што завршил 2-2, појавувајќи се во игра во 75-тата минута од клупата за резерви на местото на Суфијан Бидауи.[23] Својот прв гол го постигнал на гостувањето кај Бреша, во победата со 2-1 на 21-ви истиот месец.[24] На 9 ноември 2013, за прв пат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 2-1 на гостувањето кај Карпи.[25] Истото го повторил и на 8 февруари 2014, кога ги постигнал првите два гола за Кротоне во победата со 3-0 над Пескара на Ецио Шида.[26] Својата прва професионална сезона ја завршил со 12 голови во 39 настапи во Серија Б. По завршувањето на сезоната Кротоне ја искористил опцијата да откупи половина од договорот на Бернардески.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

На 20 јуни 2014 година, Фјорентина ја откупила втората половина од договорот на Бернардески која од скоро ја поседувал Кротоне, и повторно ги добила назад целосно правата над играчот.[27] По одличната сезона во Кротоне, по враќањето во Фјорентина тој веднаш бил префрлен во првиот тим кој бил под водство на тренерот Винченцо Монтела и го добил дресот со број 29 за неговата прва професионална сезона во клубот, истиот оној број кој го носел претходната сезона во Кротоне. Своето деби во Серија А го имал на 14 септември 2014 година, на 20-годишна возраст, влегувајќи од клупата на местото на Марио Гомес во 57-мата минута од натпреварот на домашен терен против Џенова што завршил без голови 0-0.[28] Четири дена подоцна тој дебитирал во европските натпреварувања, во натпреварот од Лигата на Европа против францускиот Генгамп одигран на Артемио Франки (3-0 за Фјорентина), во кој го постигнал својот прв погодок во виолетовиот дрес.[29] По солидниот старт на сезоната, на почетокот на ноември, тој се здобил со фрактура на малеолусот на тренинг, повреда поради која морал да оди на операција; се вратил на теренот дури по шест месеци пауза, на 10 мај 2015 година, во лигашки натпревар против Емполи. На 31-ви истиот месец, во последното коло од првенството, Бернардески го постигнал својот прв погодок во Серија А во победата со 3-0 над Кјево.[30]

Пред почетокот на сезоната 2015-2016 го сменил бројот на дресот, од 29 на 10, приклучувајќи се на листата на десетки на Фјорентина на неколку легенди на клубот како Џанкарло Антоњони, Роберто Баџо и Руи Кошта.[19][31] Бернардески добил доста простор за игра кај новиот тренер португалецот Пауло Соуса кој најчесто го користел како десен страничен играч во средниот ред. На 26 ноември 2015 година, за прв пат постигнал два гола во ист натпревар како играч на Фјорентина, во соочувањето со Базел во Лигата на Европа што завршило 2-2.[2][32] Во последното коло од сезоната во Серија А, Бернардески постигнал еден гол и асистирал за уште други два во победата со 4-2 на гостувањето кај Лацио во Рим.[33] Сезоната ја завршил со 41 одигран натпревар во сите натпреварувања и 6 гола.

На 23 октомври 2016, прв пат во кариерата Бернардески постигнал два гола на еден натпревар во Серија А, во победата со 5-3 на гостувањето кај Каљари.[34] Истото го повторил на 20 ноември, во победата со 4-0 на гостувањето кај Емполи во тосканското дерби. На 18 декември 2016 година, во поразот со 3-1 на гости кај Лацио, по излегувањето од игра на Јосип Иличиќ Бернардески ја носел капитенската лената на својата екипа за прв пат. Во натпреварот против Џенова на 29 јануари 2017, Бернардески влегол од клупата за резерви и асистирал за голот на Никола Калиниќ за водство на својата екипа од 3-2, но во самиот финиш од натпреварот поради играње со рака на гол-линијата направил пенал и го заработил првиот цревен картон во кариерата. На 16 февруари 2017 година, на денот на неговиот 23-ти роденден, тој го одлучил првиот натпревар од шеснаесттинафиналето на Лигата на Европа против германскиот Борусија Мохенхенгладбах со прекрасен погодок од слободен удар од околу 25 метри;[35] гол со кој Фјорентина победила со 1-0, што исто така била првата историска победа на клубот на гостување во Германија.[36] Третата сезона со Фјорентина ја завршил со 14 гола во 42 натпревари во сите натпреварувања, од кој 11 ги постигнал во првенството.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 24 јули 2017 година, Бернардески потпишал за Јувентус во трансфер вреден 40 милиони евра (плус 10% за Фјорентина од следната можна продажба, максимално до 5 милиони евра).[3][37] Договорот бил потпишан на 5 години во трајност до 30 јуни 2022 со годишна плата од 3 милиони евра плус.[38][39] Тој станал втората најскапа продажба на Фјорентина по португалецот Руи Коста во 2001.[40] Иако низ медиумите било најавено дека тој е главниот кандидат да го носи слободниот дрес со број 10, на својата презентација Бернардески го одбрал дресот со број 33 велејќи: "Дресот со бројот 10 е број што ми се допаѓа, но тој треба да се заработи. Мислам дека бројот 33 е правилен избор во овој момент".[41] Своето деби за Јувентус го направил на 13 август 2017, влегувајќи во игра во второто полувреме од клупата за резерви на местото на Марио Манџукиќ во поразот со 2-3 од Лацио во Суперкупот на Италија игран на Олимпико во Рим.[42] Првиот настап за Јувентус во првенството го имал во третото коло, во победата со 3-0 над Кјево на Алијанц Стедиум. На 12 септември 2017, го направил своето деби во Лигата на шампионите, играјќи како замена во второто полувреме во поразот со 3-0 од Барселона на Камп Ноу.[43] На 1 октомври, во својот прв старт за Јувентус, тој го постигнал својот прв гол за клубот, и асистирал за голот на Гонсало Игуаин, во ремито 2-2 на гостувањето во Бергамо кај Аталанта.[44] На 25 истиот месец го постигнал својот втор гол во дресот на Јувентус со прекрасен удар од работ на шеснаесеттникот во победата со 4-1 на домашен терен над СПАЛ.[45] На 5 декември 2017, Бернардески го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на гостувањето кај Олимпијакос, во последниот натпревар од групната фаза.[46] На 6 јануари 2018, го постигнал единствениот гол на натпреварот против Каљари, со кој му донел минимална победа на својот тим со 1-0.[47] Својот последен погодок за сезоната го постигнал на 9 февруари 2018, по прекрасно изведен слободен удар во победата со 2-0 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Фјорентина.[48] На 18 февруари 2018, Бернардески се здобил со повреда на левото колено во дербито против Торино (завршило 1-0 за Јувентус) поради која морал да пропушти два месеци од сезоната.[49] Своето враќање на теренот го направил на 18 април 2018, точно два месеци откако последен пат играл, влегувајќи од клупата за резерви во финишот од натпреварот против Кротоне што завршил 1-1.[50]

На 9 мај 2018 година го освоил својот прв трофеј во кариерата, Купот на Италија, по победата со 4-0 над Милан во финалето играно во Рим; четири дена подоцна, во истиот град, ремито 0-0 против Рома му овозможува да се пофали со своето прво скудето во кариерата.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Бернардески со репрезентацијата под 21 година во 2014

Младински репрезентации[уреди | уреди извор]

На 28 февруари 2014, тој бил повикан од селекторот на репрезентацијата под 21 година, Лујџи Ди Бјаџо, за квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Северна Ирска на 5 март истата година,[51] во кој дебитирал за Аѕрурините играјќи како стартер.[52] Својот прв гол со репрезентацијата под 21 година го постигнал на 9 септември 2014 година, во квалификацискиот натпревар за Европското под 21 година 2015 Италија-Кипар 7-1.[53] Подоцна, учествувал на Европското првенство под 21 година во Чешка, каде забележал само еден настап влегувајќи како замена во второто полувреме од натпреварот против Португалија (0-0) во групната фаза.[54]

По пауза од речиси година и половина по неговото последно учество во ноември 2015 година, тој повторно бил повикан во репрезентацијата под 21 година за да го одигра Европски првенство под 21 година 2017 во Полска, на кое постигнал 2 гола против Германија и Шпанија, во 4 натпревари за Аѕурините. Италија била елиминирана во полуфиналето од Шпанија. По завршувањето на првенството Бернардески бил избран во Идеалниот тим на турнирот.

Сениорска репрезентација[уреди | уреди извор]

Од 10-ти до 12-ти март 2014 година тој бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација Чезаре Прандели на органзирано стажирање со цел развивање на младите играчи во пресрет на Светското првенство 2014.[55]

На 19 март 2016 година, тој го добил својот прв повик во италијанската репрезентација од тогашниот селектор Антонио Конте, за пријателските натпревари против Шпанија и Германија.[56] Дебитирал на 24 март 2016 година, на возраст од 22 години, влегувајќи во игра во второто полувреме на местото на Антонио Кандрева во натпреварот Италија-Шпанија (1-1) одигран во Удине.[57] Неколку месеци подоцна тој бил вклучен во листата од 23 играчи повикани за Европското првенство 2016,[58][59] каде што бил користен само во третиот натпревар од групата во поразот со 1-0 од Ирска.

Својот прв гол во репрезентацијата го постигнал на 11 јуни 2017 година, под раководството на селекторот Џиан Пјеро Вентура, во натпреварот од Квалификациите за Светското првенство 2018 против Лихтенштајн (5-0) во Удине.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Италија Кротоне Б 38+1[60] 12+0 КИ 0 0 - - - - - - 39 12
2014-2015 Италија Фјорентина А 7 1 КИ 0 0 ЛЕ 3 2 - - - 10 3
2015-2016 А 33 2 КИ 1 0 ЛЕ 7 4 - - - 41 6
2016-2017 А 32 11 КИ 2 1 ЛЕ 8 2 - - - 42 14
Вкупно Фјорентина 72 14 3 1 18 8 - - 93 23
2017-2018 Италија Јувентус А 22 4 КИ 3 0 ЛШ 5 1 СИ 1 0 31 5
2018-2019 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Јувентус 22 4 3 0 5 1 1 0 31 5
Вкупно во кариерата 132+1 30 6 1 23 9 1 0 163 40

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tenerani, Mario. „Bernardeschi, la mano dell'artista: per tutti a Firenze è Brunelleschi“, 16 октомври 2014. (на Italian)
  2. 2,0 2,1 „Europa League Fiorentina, Sousa: "Bernardeschi va preso come esempio"“ (на italian). Il Corriere dello Sport. 26 ноември 2015. http://www.corrieredellosport.it/news/calcio/europa-league/2015/11/26-6229164/europa_league_fiorentina_sousa_bernardeschi_va_preso_come_esempio_/?cookieAccept. посет. 26 ноември 2015 г. 
  3. 3,0 3,1 „Federico Bernardeschi è bianconero!“. 24 luglio 2017. http://www.juventus.com/it/news/news/2017/bernardeschi-e--bianconero-.php. 
  4. 4,0 4,1 „Sacchi: ‘Bernardeschi isn’t Del Piero’“. Football Italia. 22 јули 2017. http://www.football-italia.net/106148/sacchi-%E2%80%98bernardeschi-isn%E2%80%99t-del-piero%E2%80%99. посет. 22 јули 2017 г. 
  5. „In rampa di lancio: attaccanti“ (на italian). UEFA.com. 4 јануари 2017. http://it.uefa.com/memberassociations/news/newsid=2434351.html?rss=2434351+In+rampa+di+lancio:+attaccanti. посет. 16 февруари 2017 г. 
  6. „Radio Bruno: Bernardeschi sulla trequarti con Ilicic?“ (на italian). Viola News. 26 ноември 2015. http://www.violanews.com/news-viola/radio-bruno-bernardeschi-sulla-trequarti-con-ilicic/. посет. 26 ноември 2015 г. 
  7. „Bernardeschi, il '10' che fa il terzino. Applicazione e sacrificio, in attesa della qualità“ (на italian). Fiorentina.it. 6 ноември 2015. http://www.fiorentina.it/it/news/articolo.37.38155/bernardeschi-il-10-che-fa-il-terzino-applicazione-e-sacrificio-in-attesa-della-qualita.html. посет. 26 ноември 2015 г. 
  8. „Bernardeschi, strappa applausi in Europa. E vince il confronto con Berardi“ (на italian). Calciomercato. 26 ноември 2015. http://www.calciomercato.com/news/bernardeschi-il-dieci-che-illumina-l-europa-e-oscura-berardi-187286. посет. 26 ноември 2015 г. 
  9. „Buffon-Bernardeschi, Azzurri exchange“. Football Italia. 20 март 2016. http://www.football-italia.net/81613/buffon-bernardeschi-azzurri-exchange. посет. 21 март 2016 г. 
  10. „Underestimating Bonaventura“. Football Italia. 2 јуни 2016. http://www.football-italia.net/85295/underestimating-bonaventura. посет. 3 јуни 2016 г. 
  11. „Federico Bernardeschi: the versatile Fiorentina number 10 being courted by Barcelona“. FourFourTwo. 14 декември 2015. http://www.fourfourtwo.com/features/federico-bernardeschi-versatile-fiorentina-number-10-being-courted-barcelona. посет. 13 јануари 2017 г. 
  12. „PSG close to signing Cavani understudy Bernardeschi“. As.com. 28 декември 2016. http://en.as.com/en/2016/12/28/football/1482954193_720773.html. посет. 13 јануари 2017 г. 
  13. „Gol, assist, magie: Firenze pazza di Bernardeschi“ (на italian). Mediaset. 23 декември 2016. http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/fiorentina/gol-assist-magie-firenze-pazza-di-bernardeschi_1132391-201602a.shtml. посет. 22 јули 2017 г. 
  14. „Borussia Moenchengladbach-Fiorentina 0-1: decide una magia di Bernardeschi“ (на italian). La Repubblica. 16 февруари 2017. http://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/fiorentina/2017/02/16/news/borussia_moenchengladbach-fiorentina_0-1_bernardeschi_fa_la_storia-158497907/. посет. 22 јули 2017 г. 
  15. „Capolavoro di Bernardeschi su punizione, la Fiorentina vince in Germania“ (на italian). La Stampa. 16 февруари 2017. http://www.lastampa.it/2017/02/16/sport/calcio/capolavoro-di-bernardeschi-su-punizione-la-fiorentina-vince-in-germania-2KNurcI2Nm1y33FkbfQTKN/pagina.html. посет. 22 јули 2017 г. 
  16. „La Fiorentina dimentica Roma: Bernardeschi show, 3-0 all'Udinese“ (на italian). Eurosport. 11 февруари 2017. http://it.eurosport.com/calcio/serie-a/2016-2017/la-fiorentina-dimentica-roma-bernardeschi-show-3-0-all-udinese_sto6056295/story.shtml. посет. 22 јули 2017 г. 
  17. „Fiorentina di rigore: Bernardeschi batte il Chievo al 90'“ (на italian). Il Corriere dello Sport. 11 јануари 2017. http://www.corrieredellosport.it/news/calcio/coppa-italia/2017/01/11-19844291/coppa_italia_fiorentina_di_rigore_bernardeschi_batte_il_chievo_al_90/. посет. 22 јули 2017 г. 
  18. „Il rigore di Bernardeschi“ (на italian). La Repubblica. 11 февруари 2017. http://firenze.repubblica.it/sport/2017/02/11/foto/il_rigore_di_bernardeschi-158104859/1/#1. посет. 22 јули 2017 г. 
  19. 19,0 19,1 „Bernardeschi: 'I am Fiore's N.10'“. Football Italia. 25 ноември 2015. http://www.football-italia.net/76232/bernardeschi-i-am-fiores-n10. посет. 26 ноември 2015 г. 
  20. „Bernardeschi: "I miei idoli? Baggio, Totti e Del Piero"“ (на italian). Il Corriere dello Sport. 23 јуни 2017. http://www.corrieredellosport.it/news/calcio/calcio-mercato/2017/06/23-27070524/bernardeschi_i_miei_idoli_baggio_totti_e_del_piero/. посет. 22 јули 2017 г. 
  21. „Bernardeschi: "Al 2017 chiedo una coppa: ma non mi sento il nuovo Baggio"“ (на italian). Eurosport. 28 декември 2016. http://it.eurosport.com/calcio/serie-a/2016-2017/bernardeschi-al-2017-chiedo-una-coppa-ma-non-mi-sento-il-nuovo-baggio_sto5994131/story.shtml. посет. 22 јули 2017 г. 
  22. BERNARDESCHI IN PRESTITO AL CROTONE violachannel.tv
  23. Bernardeschi, esordio in B con il Crotone: finisce 2-2 iltirreno.it
  24. Brescia, brutto ko al Rigamonti col Crotone giornaledibrescia.it
  25. Carpi, Cabassi ancora amaro Doppio Bernardeschi, passa il Crotone ilrestodelcarlino.it
  26. VIDEO: doppio Bernardeschi fa volare il Crotone
  27. BABACAR E BERNARDESCHI TORNANO ALLA FIORENTINA violachannel.tv
  28. Stagione 2014-15 - 2ª Giornata Match report: Fiorentina - Genoa 0-0 us.soccerway.com
  29. Fiorentina, tris d'autore uefa.com
  30. „Fiorentina-Chievo 3-0 | I viola vincono il Napoli no: è 4º posto““. 31 maggio 2015. http://www.firenzetoday.it/sport/fiorentina-chievo-3-0-tabellino-commenti-pagelle-31-maggio-2015.html. посет. 30 dicembre 2015 г. 
  31. Giovanni Sardelli. „Fiorentina, Bernardeschi ha rinnovato: "La 10 di Baggio? Non è presunzione"“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Fiorentina/30-07-2015/fiorentina-bernardeschi-ha-rinnovato-la-10-baggio-non-presunzione-120758300441.shtml. 
  32. Luca Feole (26 ноември 2015). „Europa League, Basilea-Fiorentina 2-2: doppio Bernardeschi, ma Roncaglia rovina tutto“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Europa-League/Fiorentina/26-11-2015/europa-league-basilea-fiorentina-2-2-che-bernardeschi-ma-roncaglia-rovina-tutto-1301084886316.shtml. посет. 30 декември 2015 г. 
  33. Nicola Berardino. „Lazio-Fiorentina 2-4: segnano Lulic, Vecino (doppietta), Bernardeschi, Tello e Klose“, La Gazzeta dello Sport, 15 мај 2016 (посет. 14 август 2018 г).
  34. Carlo Angioni. „Cagliari-Fiorentina 3-5: Kalinic (tripletta) e Bernardeschi (doppietta) show“, La Gazzetta dello Sport, 23 октомври 2016 (посет. 14 август 2018 г).
  35. „Bernardeschi, compleanno magico con la Fiorentina: "E' il mio goal più bello"“. 16 febbraio 2017. http://www.goal.com/it/news/171/europa-league/2017/02/16/32758202/bernardeschi-compleanno-magico-con-la-fiorentina-e-il-mio. посет. 17 febbraio 2017 г. 
  36. Jacopo Ottenga (16 февруари 2017). „PAGELLE MÖNCHENGLADBACH FIORENTINA – Prima vittoria storica in Germania, Bernardeschi ipoteca gli ottavi“. http://www.dotsport.it/143565/pagelle-monchengladbach-fiorentina/. посет. 17 февруари 2017 г. 
  37. „BREAKING NEWS: Bernardeschi joins Juventus for €40m“. FourFourTwo. 24 јули 2017. https://www.fourfourtwo.com/my/news/breaking-news-bernardeschi-joins-juventus-eu40m. посет. 24 јули 2017 г. 
  38. „Federico Bernardeschi seals €40m move to Juventus from Fiorentina“. espn. 24 јули 2017. http://www.espn.com/soccer/soccer-transfers/story/3164156/federico-bernardeschi-seals-40-million-euro-move-to-juventus-from-fiorentina. посет. 15 август 2018 г. 
  39. Federico Bernardeschi - Bio, salary, net worth, married, affair, dating ...
  40. Official: Juve make statement with €40m Bernardeschi deal
  41. Bernardeschi desetku moram zasluziti“, ju1987.net, 28 јули 2017 (посет. 15 август 2018 г).
  42. „Lazio beats Juventus 3-2 to win Super Cup after wild finale“. The Washington Post. 13 август 2017. https://www.washingtonpost.com/sports/dcunited/lazio-beats-juventus-3-2-to-win-super-cup-after-wild-finale/2017/08/13/749545d2-806a-11e7-9e7a-20fa8d7a0db6_story.html. посет. 13 август 2017 г. 
  43. „Barcellona-Juventus 3-0: Messi spaziale, i bianconeri durano 45'“ (на italian). La Gazzetta dello Sport. 12 септември 2017. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/12-09-2017/barcellona-juventus-3-0-messi-spaziale-bianconeri-durano-45-220537458449.shtml. посет. 5 декември 2017 г. 
  44. „Atalanta-Juventus, goal e assist per Bernardeschi alla prima da titolare“. 1º ottobre 2017. http://www.goal.com/it/notizie/atalanta-juventus-goal-e-assist-per-bernardeschi-alla-prima/haipgt7kohpg18ieyczqsjgbj. посет. 1º ottobre 2017 г. 
  45. Juve-Spal 4-1, gol e highlights: magie di Bernardeschi e Dybala, poi Higuain e Cuadrado“, sky.it, 25 октомври 2017 (посет. 15 август 2018 г).
  46. Fabiana Della Valle (5 dicembre 2017). „Olympiacos-Juve 0-2, Cuadrado e Bernardeschi gol per gli ottavi“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/05-12-2017/olympiacos-juve-0-2-cuadrado-bernardeschi-mandano-allegri-ottavi-24017499259.shtml. посет. 5 dicembre 2017 г. 
  47. Alla Juve basta Bernardeschi, le imagini della vittoria di Cagliari
  48. Enrico Turcato. „L'ex Bernardeschi e Higuain: la Juventus vince 2-0 a Firenze“, it.eurosport, 9 февруари 2018 (посет. 15 август 2018 г).
  49. Infortunio Bernardeschi, preoccupa il ginocchio. Higuain, nulla di serio alla caviglia: gli aggiornamenti“, sky.it, 18 февруари 2018 (посет. 15 август 2018 г).
  50. La Juve ritrova Bernardeschi dopo due mesi
  51. Under 21: i convocati di Di Biagio Ansa.it
  52. "Vittoria importante" per Di Biagio uefa.com
  53. VIDEO Bernardeschi show in Under 21: gol, assist e… poi s'infortuna Архивирано 2014-09-14 во Wayback Machine. violanews.com
  54. „Under 21, oggi tocca all’Italia contro la Svezia. Panchina per Bernardeschi“. 18 giugno 2015. http://www.fiorentina.it/it/news/articolo.37.31149/under-21-oggi-tocca-allitalia-contro-la-svezia-panchina-per-bernardeschi.html. посет. 30 dicembre 2015 г. 
  55. Stage a Roma dal 10 al 12 marzo: sono 31 i convocati di Prandelli Figc.it
  56. Italia: prima convocazione per Bernardeschi, c'è anche Astori fiorentina.it
  57. Xavier Jacobelli (24 marzo 2016). „Bell’Italia, grande Insigne. Ma l’arbitro di Collina ha negato la vittoria“. http://www.corrieredellosport.it/news/calcio/italia/2016/03/24-9809742/primo_tempo_buona_italia_ma_eder_non_ingrana_e_anche_morata_non_c/?cookieAccept. посет. 24 marzo 2016 г. 
  58. „Ufficiale: Bernardeschi all'Europeo. Tutti i convocati e il programma azzurro“. 31 мај 2016. http://www.fiorentina.it/it/news/articolo.37.47823/ufficiale-bernardeschi-alleuropeo-tutti-i-convocati-e-il-programma-azzurro.html. посет. 31 мај 2016 г. 
  59. „Inizia il ‘Sogno Azzurro’: su Rai 1 ufficializzata la lista dei convocati per l’Europeo“. 31 мај 2016. http://www.figc.it/it/204/2532719/2016/05/News.shtml. посет. 31 мај 2015 г. 
  60. Плејоф.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Федерико Бернардески е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.