Давиде Калабрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Давиде Калабрија
Calabria.png
Лични податоци
Полно име Давиде Калабрија
Роден на 6 декември 1996 (1996-12-06) (22 г.)
Роден во Бреша
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 2
Младинска кариера
2001–2006 Виртус Адренсе
2006–2015 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015– Милан Милан 66 (2)
Репрезентација
2013 Италија U17 9 (0)
2013 Италија U18 1 (0)
2014–2015 Италија U19 12 (1)
2015 Италија U20 2 (0)
2015– Италија U21 19 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 април 2019.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 25 март 2019

Давиде Калабрија (роден на 6 декември 1996 во Бреша, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција одбрана, најчесто на десната страна[1].

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Калабрија својата фудбалска кариера ја започнал во младинските школи на Милан од 2006 година. Тој го примил својот прв повик за да се приклучи на првиот тим пред натпреварот против ФК Лацио на 25 јануари 2015 година, но останал на клупата за резерви. Калабрија својот прв натпревар за првиот тим на ФК Милан го имал на 30 мај 2015 година против ФК Аталанта, кога влегол во игра на местото на Матија Де Шиљо на 84 минута во победата од 1-3[2]. На 15 јули 2015 Калабрија официјално бил промовиран во првиот тим[3][4]. За прв пат како стартер започнал во победата од 3-2 над Палермо на 22 септември, играјќи 49 минути и беше многу пофален за неговата игра. Тој го постигнал својот прв професионален гол за Милан против ФК Рома во во сезоната 2017/18[5].

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Калабрија го имал своето деби за Италија U21 на 13 октомври 2015 година, во квалификацискиот натпревар против Република Ирска.

Во јуни 2017 година, тој бил вклучен во составот на Италија под 21 година за УЕФА Европскиот шампионат под 21 година од страна на менаџерот Лујџи Ди Бјаџо. Италија била поразена од Шпанија во полуфиналето на 27 јуни, по поразот од 3:1[6].

Статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 24 април 2019.[7]
Клуб Сезона Лига Куп Европа Останато Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Милан 2014–15 Серија А 1 0 0 0 1 0
2015–16 6 0 2 0 8 0
2016–17 12 0 1 0 13 0
2017–18 21 1 4 0 5 0 30 1
2018–19 26 1 2 0 4 0 1 0 33 1
Вкупно 66 2 9 0 9 0 1 0 85 2

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]