Исмаел Бенасер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исмаел Бенасер
Ismaël Bennacer (cropped).jpg
Исмаел Бенасер во 2015
Лични податоци
Полно име Исмаел Бенасер[1]
Роден на 1 декември 1997 (1997-12-01) (22 г.)[2]
Роден во Арл, Франција
Висина 1.75 m[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 4
Младинска кариера
2004–2015 ФК Арл Авињон
2015–2017 ФК Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2015 ФК Арл Авињон Б 16 (0)
2015 ФК Арл Авињон 6 (0)
2015–2017 Арсенал Арсенал 0 (0)
2017ФК Тур (п) 16 (1)
2017–2019 Емполи Емполи 76 (2)
2019– Милан Милан 31 (1)
Репрезентација
2015 Франција U17 4 (1)
2015–2016 Франција U19 7 (1)
2016– Алжир 17 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 18
14, 25 август 2019 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 13:46, 23 јули 2019 (UTC)

Исмаел Бенасер (роден на 1 декември 1997 во Арл, Франција) — алжирски професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција среден ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Откако ја започнал својата кариера во францускиот клуб Арл[3], Бенасер потпишал за премиерлигашот Арсенал во јули 2015 година[4]. Тој дебитирал за Арсенал во четвртото коло во Лига купот на гостувањето кај Шефилд Венздеј на 27 октомври 2015 година, заменувајќи го Тео Волкот по 19 минути игра[5].

На 31 јануари 2017 година било објавено дека Бенасер ќе се приклучи на ФК Тур како позајмен играч за остатокот од сезоната 2016-17[6] . Тој го постигнал својот прв гол за Тур на 14 април 2017 година против Сошо од слободен удар[7].

На 21 август 2017 година, Бенасер се приклучил на италијанскиот клуб Емполи[8]. Во сезоната 2017-18 во Серија Б, Бенасер забележал 39 настапи и постигнал 2 гола, а Емполи ја освоил титулата во Серија Б и следната година обезбедил место во Серија А[9][10]. И покрај испаѓањето на Емполи следната сезона, настапите на Бенасер го потврдиле неговиот статус на еден од најперспективните млади играчи од средниот ред во Европа[10].

Милан[уреди | уреди извор]

На 4 август 2019 година, Милан објавил дека потпишал со Бенасер за сума од 16 милиони евра плус бонуси. Тој бил подложен на медицински прегледи на 23 јули и потпишал петгодишен договор, со пријавена плата од 1,5 милиони евра по сезона[11]. Тој дебитирал за клубот на 25 август, влегувајќи како замена во второто полувреме во поразот од 1-0 на гостувањето кај Удинезе во Серија А[12][13], додека на домашен терен дебитирал на 31 август во победата на Милан со резултат од 1–0 над Бреша[13][14]. На 18 јули 2020 година, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата од 5-1 на домашен терен над Болоња во Серија А[15].

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На репрезентативно ниво, настапувал за младата репрезентација на Франција до 18 и 19 години, по подоцна избрал да настапува за Алжир, со кој го освоил Африканскиот куп на нации во 2019 година[16]. Тој дебитирал за Алжир на квалификациите за Купот на Африка во 2017 година, во победата над Лесото со 6-0[17]. Бенасер бил повикан на 11 јануари 2017 година во составот на Алжир за Африканскиот куп на нации во 2017 година[18], за да го замени Сафир Тадер, кој се здобил со повреда на тренинг[19].

На Африканскиот куп на нации 2019, Бенасер му помогнал на Алжир да стигне до својата прва титула во последните 29 години, завршувајќи го натпреварувањето како играч со најмногу асистенции, заедно со Франк Кесие, со три асистенции, вклучително и една за победничкиот погодок на Багдад Бунеџа против Сенегал во финалето на 19 јули[20][21][22]. Подоцна бил избран и за „Најдобар млад играч“ и за „Најдобар играч“ на турнирот[23][24][25].

Стил на игра[уреди | уреди извор]

Динамичен, жилав, енергичен, низок и разноврсен левоножен играч, кој се смета за многу ветувачка перспектива во современиот фудбал, Бенасер е способен да игра во неколку улоги во средниот ред и бил користен како длабок лажен плејмејкер во имајќи улога во средниот ред, како играч за врска, или како централен играч за врска со офанзива, познат како улога на мецала во италијанскиот фудбал. Неговите главни карактеристики се неговата брзина, визија, интелигенција, присебност, вештини за дриблинг, додавање и техника; тој е исто така познат по неговата способност да премине од одбрана во напад[26][27][28].

Личен живот[уреди | уреди извор]

Бенакер е роден во Арл, Франција од татко Мароканец и мајка од Алжирка[29]. Тој се опишал себеси како побожен муслиман кој ја практикува верата, молејќи се 5 пати на ден, вклучително и на тренинзи и паузите на полувреме[30][31].

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска[уреди | уреди извор]

Обновено на 1 август 2020[9]
Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувања
Клуб Сезона Лига Национален куп Лига куп Останато Вкупно
Лига Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол.
Арл Авињон II 2013–14 ШН 2 2 0 2 0
2014–15 14 0 14 0
Вкупно 16 0 16 0
Арл Авињон 2014–15 Лига 2 6 0 1 1 0 0 7 1
Арсенал 2015–16 Премиер Лига 0 0 0 0 1 0 0 0 1 0
Тур (позајмица) 2016–17 Лига 2 16 1 0 0 0 0 16 1
Емполи 2017–18 Серија Б 39 2 0 0 39 2
2018–19 Серија А 37 0 1 0 38 0
Вкупно 76 2 1 0 0 0 0 0 77 2
Милан 2019-20 Серија А 31 1 4 0 35 1
2020-21 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 31 1 4 0 0 0 0 0 35 1
Вкупно 145 4 6 1 1 0 0 0 152 5

Репрезентативна[уреди | уреди извор]

Обновено на 18 ноември 2019[32]
Алжир
Година Натпревари Голови
2016 1 0
2017 3 0
2018 3 0
2019 15 0
Вкупно 22 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Algeria“ (PDF). Confederation of African Football. 15 June 2019. стр. 1. Посетено на 16 July 2019.
  2. 2,0 2,1 „Premier League Player Profile Ismael Bennacer“. Barclays Premier League. 2016. Посетено на 4 February 2016.
  3. „ISMAËL BENNACER IS A NEW AC MILAN PLAYER“. A.C. Milan. 4 August 2019. Посетено на 4 August 2019.
  4. Sanderson, Jamie (29 July 2015). „Arsenal 'complete transfer of AC Arles-Avignon star Ismael Bennacer'. Metro. Посетено на 4 August 2019.
  5. „Sheffield Wednesday 3-0 Arsenal“. BBC Sport. 27 October 2015. Посетено на 27 October 2015.
  6. „Ismael Bennacer joins Tours on loan“. www.arsenal.com (англиски). Arsenal Media Group. Посетено на 2017-02-14.
  7. „Tours en route pour le maintien (3-1 contre Sochaux), Orléans replonge à Nîmes (0-2)“. Magcentre.fr (French).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Arsenal youngster Bennacer joins Empoli“. Yahoo.com. 21 August 2017. Посетено на 4 August 2019.
  9. 9,0 9,1 Исмаел Бенасер на soccerway . Retrieved 10 October 2017.
  10. 10,0 10,1 Milan, A. C. „FOCUS: ISMAËL BENNACER“. AC Milan. Посетено на 2019-08-06.
  11. Football Italia Staff (4 August 2019). „Official: Bennacer Joins Milan“. Football Italia. Посетено на 4 August 2019.
  12. „Udinese vs. AC Milan - Football Match Summary - August 25, 2019 - ESPN“. ESPN.com. 25 August 2019. Посетено на 19 July 2020.
  13. 13,0 13,1 Triolo, Daniele (1 September 2019). „Bennacer impressiona: il Milan ha trovato un faro a centrocampo“ (Italian). Pianeta Milan. Посетено на 19 July 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „AC Milan vs. Brescia - Football Match Summary - August 31, 2019 - ESPN“. ESPN.com. 31 August 2019. Посетено на 19 July 2020.
  15. „Match report AC Milan 5-1 Bologna, Serie A 2019/2020“. AC Milan. 18 July 2020. Посетено на 19 July 2020.
  16. Toufik O. (31 July 2016). „Bennacer (Arsenal) choisit officiellement l'Algérie“ (French). DZfoot. Посетено на 31 July 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. „CAN 2017 : Algérie 6-0 Lesotho“ (French). DZfoot. 4 September 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  18. „Arsenal midfielder Ismael Bennacer handed shock call up to Algeria's Africa Cup of Nations squad“. Metro.co.uk.
  19. M-A-D (11 January 2017). „CAN 2017 : Ismael Bennacer remplace Taider“ (French). DZfoot. Посетено на 11 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  20. „Algeria celebrate second Afcon title after beating Senegal“. BBC Sport. 19 July 2019.
  21. „AC Milan snap up Algeria's Africa Cup star Bennacer“. The Score. 4 August 2019. Посетено на 4 August 2019.
  22. Otieno, Imran (20 July 2019). „Top Assists charts at the 2019 African Cup of Nations“. futaa.com. Посетено на 4 August 2019.
  23. @CAF_Online (19 July 2019). „Pulling the strings from midfield like a boss Ismaël Bennacer is the #TotalAFCON2019 best player“ (Tweet) – преку Twitter.
  24. Ames, Nick (24 July 2019). „Africa Cup of Nations: Bennacer dazzles, Ziyech disappoints on transfer stage“. ESPN FC. Посетено на 4 August 2019.
  25. Otieno, Imran (20 July 2019). „AFCON Player of the Tournament and Best Young Player are announced“. www.futaa.com. Посетено на 4 August 2019.
  26. Wayne Girard (3 April 2019). „Bennacer, football's artist“. Football Italia. Посетено на 5 April 2019.
  27. Benedetto Ferrara (2 March 2018). „Talento Bennacer dribbling e gol lo manda l'Arsenal“ (Italian). La Repubblica. Посетено на 5 April 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  28. Wilson, Sam (18 July 2019). „Milan should be excited by Empoli pair“. Football Italia. Посетено на 4 August 2019.
  29. „Ismaël Bennacer : Je n'ai pas de mot pour décrire ce qu'il m'arrive“ [Ismaël Bennacer: I have no words to describe what happened to me] (French). ArlesAvignon.net. 3 January 2015. Посетено на 29 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  30. https://www.acmilan.com/en/news/video-photogallery/milan-tv/2020-01-22/meet-ismael-bennacer
  31. https://www.youtube.com/watch?v=-uLA-suAXyI 9:09
  32. Предлошка:NFT

Надворешни врски[уреди | уреди извор]