Алесио Ромањоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алесио Ромањоли
Romagnoli-Alessio.png
Алесио Ромањоли во 2012 година
Лични податоци
Полно име Алесио Ромањоли
Роден на 12 јануари 1995 (1995-01-12) (24 г.)
Роден во Анцио, Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан Милан
Број 13
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2015 Рома Рома 13 (1)
2014–2015Сампдорија Сампдорија (п) 30 (2)
2015– Милан Милан 89 (3)
Репрезентација
2011 Италија U16[1] 3 (0)
2011–2012 Италија U17[1] 6 (0)
2011–2014 Италија U19[1] 12 (0)
2014– Италија U21[1] 15 (1)
2016– Италија 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 мај 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 28 мај 2017

Алесио Ромањоли (роден на 12 јануари 1995 во Анцио, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан во италијанската Серија А како и за Националниот тим на Италија. Алесио Ромањоли игра на позиција одбрана.

Својата фудбалска кариера ја започнал во младинската школа на ФК Рома, додека како професионален играч своето деби го имал на 11 декември 2012 година против екипата на ФК Аталанта[2]. Првиот гол за клубот го одбележил на 3 март 2013 година при победата со 3-1 над Џенова.

За сезоната 2014/2015 година Алесио Ромањоли бил позајмен во ФК Сампдорија. Поранешниот тренер на Ромањоли во Сампдорија - Синиша Михајловиќ бил назначен за тренер на Милан. Задоволен од настапите на Ромањоли од претходната сезона, Михајловиќ инсистирал пред раководството на Милан да се привлече играчот и Алесио Ромањоли бил купен од Рома за сума од 25 милиони евра во почетокот на август 2015 година. Своето дебитирање за клубот од Милано го имал на 18 август истата година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Convocazioni e presenze in campo - ROMAGNOLI ALESSIO“, FIGC (посет. 7 јануари 2013 г).
  2. Romagnoli, buonissima la prima“, Il Romanista, 13 декември 2012 (посет. 7 јануари 2013 г). (на Italian)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]