Јосип Иличиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Словенија Јосип Иличиќ
Лични податоци
Роден на 29 јануари 1988 (1988-01-29) (31 г.)[1]
Роден во Приедор, СФРЈ
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Аталанта Аталанта
Број 72
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Бонифика Изола Бонифика Изола 24 (3)
2008-2010 Интерблок Љубљана Интерблок Љубљана 55 (12)
2010–2012 Марибор Марибор 5 (1)
2010-2013 Палермо Палермо 98 (20)
2013-2017 Фјорентина Фјорентина 105 (29)
2017- Аталанта Аталанта 0 (0)
Репрезентација
2007 Словенија Словенија 21 5 (0)
2007- Словенија Словенија 45 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Јосип Иличиќ (роден во Приедор на 29 јануари 1988) е словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Аталанта и на словенечката репрезентацијата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иличиќ е роден во Босна и Херцеговина, но по смртта на неговиот татако за време на војната, се преселил во Словенија кога имал само една година, заедно со својата мајка Ана и братот Игор. Тој исто така поседува и хрватски пасош.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Иличиќ започнал да игра фудбал во младинските категории на Триглав и Бритоф[1], а потоа се преселил во екипата на Бонифика Изола каде дебитирал како професионалец, во последната сезона од постоењето на клубот пред тој да се распадне во 2008 година.[2]

Интерблок Љубљана[уреди | уреди извор]

Потоа тој се преселил во екипата на Интерблок Љубљана, каде во првата сезона играл под водство на италијанскиот тренер Алберто Бигон.

Тој го направи своето деби за Интерблок на 9 август, 2008 година на четвртото коло од словенечкиот шампионатот против Рудар Велење, влегувајќи како замена во 81-вата минута на местото на Мартин Прегељ, во поразот со 2-0.[3] Првиот негов гол дошол во 23-тото коло, во победата со 3-2 против Драва Птуј, за моментален резултат 3-1 во 87-мата минута, и тоа откако во натпреварот влегол како замена во 65-тата минута на местото на Амер Јукан.[4] Својата прва сезона во Интерблок Љубљана ја затворил со 27 натпревари и 9 постигнати гола во првенството (вклучувајќи го и хет-трикот во 34-тото коло против Нафта, во натпревар што завршил нерешено 3-3)[5] и 4 натпревари и еден гол во Купот на Словенија.

Во сезоната 2009-2010 Иличиќ одиграл 28 натпревари во првенството постигнувајќи 3 гола (плус два натпревари од баражот за опстанок, во кој неговиот тим излегол како поразен од екипата на Триглав) 3 натпревари со еден постигнат гол во словенечкиот куп, (во осминафиналето тој постигнал еден од двата гола против Одранци во победата со 0-2 со кој го одвел својот тим до два четврт-финални натпревари против Нафта Лендава)[6] и два нозе во третото квалификациско коло од Лигата на Европа во кој неговиот клуб загубил со вкупни 5-0 од украинскиот претставник Металург Донецк, со што го направил своето деби во меѓународните натпревари за клубот.

Од 2008 до 2010 година, за Интерблок, постигнал 12 гола во 55 натпревари од лигата (14 гола во 66 натпревари во сите натпреварувања), одржувајќи одлични перформанси.

Поради економската криза на екипата, чиј претседател раководи и со некои казино компании со помош на австралиски претприемач, екипата почнува да игра лошо, а по последователната реорганизација на ангажмани на играчите и намалувањето на просечната возраст; епилогот бил испаѓање во втората лига.

Марибор[уреди | уреди извор]

Неговиот трансфер во Марибор бил дел од следнава стратегија: Златко Заховиќ, спортскиот директор на Марибор и пријател на претседателот на Интерблок, го купува во текот на летото на 2010 година за 80.000 €,[7] потпишувајќи договорот во вредност од 120.000 евра по сезона.

Дебитирал во новиот дрес на 15 јули 2010 година, влегувајќи како замена во второто квалификациско коло од Лигата на Европа на гостувањето во Унгарија кај Видеотон (1-1), влегувајќи како замена во 71-вата минута на местото на Дејан Мезга.[8]

Својте први голови во дресот на Марибор ги постигнал во текот на третото квалификациско коло од Лигата на Европа победата со 3-0 над шкотскиот Хибернијан, каде што Иличиќ постигнал два гола;[9] првиот и единствениот негов гол за клубот во лигата, го постигнал во петтото коло од шампионатот, во натпреварот Марибор-Цеље (2-0), постигнувајќи го првиот гол на натпреварот во 9-тата минута.[10]

Може да се каже дека Иличиќ станал меѓународно познат по првиот натпревар од плејофот рундата на Лигата на Европа против италијанскиот Палермо (пораз со 3-0), во кој прикажал одлична игра ба Стадионот Ренцо Барбера.[11] Во реваншот му помогнал на Марибор да победи со 3-2, и неговиот гол дошол во вистинско време на почетокот на второто полувреме за моментални 2-0, но набргу потоа Палермо успеал да израмни.[12]

Во Марибор - кој на крајот на сезоната ја освои титулата во Словенија - Иличиќ одиграл вкупно 11 натпревари (пет во првенството и шест во Лига Европа) со 4 постигнати голови (еден во првенството и три во Лига Европа), за само неколкуте недели, во кои бил член на тимот.

Палермо[уреди | уреди извор]

На 27 август 2010 година, екипата на Марибор објавила дека го продала играчот на Палермо, екипата од која претходниот ден биле елиминирани во Лига Европа.[13] Трансферот бил формализиран на 31 август, последниот ден од летниот фудбалски трансферен прозорец.[14] Иличиќ потпишал договор на пет години со новиот клуб за плата од 300.000 евра по сезона, а неговиот трансфер ги чинел сицилијанците 2.200.000 €; заедно со него во Палермо пристигнал и неговиот соиграч од Марибор, Армин Бачиновиќ.[15]

Своето деби за росанеро го направил на 12 септември 2010 година (воедно и негово деби во италијанското првенство), во второто коло од првенството, во кое Палермо загубил со 3-2 на гостувањето кај Бреша; Иличиќ се појавил во игра како замена на местото на Џулио Милјачо во 76-тата минута,[16] и одиграл добар натпревар.[17] Во следното коло за прв пат бил стартер, а исто така успеал да го постигне и својот прв погодок во дресот на Палермо и во италијанскиот шампионат, отворајќи го резултатот во натпреварот против Интер, но неговиот тим на крајот загубил со 2-1 после целосен пресврт; Во 81-вата минута тој бил заменет со Маурисио Пинила.[18] Во следните натпревари прикажал одлични игри во континуитет, стигајќи до бројката од 4 гола во првите 6 натпревари за Палермо, откако ги погодил мрежите на Јувентус (победа 1-3), Фјорентина (победа 1-2) и Болоња (победа 4-1).[19] Кај неговиот прв тренер во Италија Делио Роси тој бил поставен како офанзивен играч од средниот ред во 4-3-2-1 формација, меѓутоа со промената на тренерската позиција и доаѓањето на Серсе Косми на клупата на Палермо, Иличиќ бил користен како внатрешен играч од средниот ред во 3-5-2 формација.[20] Меѓутоа, по враќањето на Роси на клупата и Иличиќ си ја вратил позицијата од почетокот на сезоната, завршувајќи ја својата прва сезона во Италија со вкупно 39 натпревари и 8 постигнати гола, сите во првенството; исто така тој ги одиграл сите пет натпревари на Палермо во Купот на Италија каде тимот стигнал до финалето во кое загубиле од Интер со 3-1. На 20 јуни го продолжил договорот со клубот за плус уште една година, до 2016,[21] со вметната клаузула за откуп од најмалку 20 милиони евра.[22][23]

Својата втора сезона во клубот ја започнал на 28 јули 2011 година, со првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на Европа игран на Ренцо Барбера против швајцарскиот Тун (2-2), во кој постигнал гол со удар надвор од шеснаесетникот, за моментален резултат 1-1.[24] Откако одиграл два натпревари со дресот број 72., кој го носел и во претходната сезона, пред стартот на првенството решил да го промени и го зел оној со број 27;[25] претходно носен од аргентинската ѕвезда Хавиер Пасторе кој во летото заминал во Париз Сен Жермен. На 13 декември 2011, во натпреварот Палермо - Сиена (4-7 по изведување на пенали) во осминафиналето на Купот на Италија, го реализирал првиот хет-трик во дресот на Палермо,[26] (претходно никогаш не постигнал дури ни два гола на еден натпревар за клубот од Сицилија) и втор во кариерата; исто така тој е првиот играч во историјата на Палермо кој успеал да постигне три гола во Националниот куп.[27] Сезоната ја завршил предвреме, поради повреда на левата нога со која се здобил во 36-тото коло од првенството против Наполи,[28] со 33 одиграни натпревари и 2 гола (против Болоња во 11-тото коло и Фјорентина во 13-тото коло) во лигата.

Сезоната 2012-2013, ја започнал со погодок против Кремонезе, во третиот круг од Купот на Италија (3-1), но подоцна поради повреда го пропуштил првото коло во новото првенство.[29] Во натпреварот од второто коло против Лацио (0-3), за прв пат ја носел капитенската лента на Палермо, по излегувањето од игра на Фабрицио Миколи.[30] На 24 ноември, постигнал два гола во Дербито на Сицилија против Катанија во победата со 3-1, дефинирајќи го тоа како најдобриот ден во неговата кариера.[31] На почетокот од сезоната во краткиот период кога тренер бил Џузепе Санино, Иличиќ бил распореден да игра како втор напаѓач.[32] Во натпреварот на гости против Милан во 29-тото коло од првенството, кој се одиграл на 17 март, го запишал 100-тиот настап за росанеро (91-ви во Серија А, седум во италијанскиот куп и два во Лигата на Европа) и 200-тиот во кариерата

Со голот постигнат во натпреварот против Болоња (1-1) во 32-рото коло, одигран на 14 април, дошол до бројката од 8 гола во сезоната изедначувајќи ги својте перформансите од сезоната 2010-2011. До крајот на сезоната постигнал уште два гола против екипите на Катанија (1-1)[33] и Интер (1-0), завршувајќи со 10 гола во првенството што е негов личен рекорд по бројот на постигнати голови за една сезона. Исто така со вкупно 11 голови (10 во првенството и еден во купот) бил најдобар стрелец на тимот за сезоната. Меѓутоа, и покрај одличните игри на Иличиќ, Палермо испаднал од Серија А со поразот од Фјорентина со 1-0 на 12 мај 2013.

Откако не бил повикан во тренинг-кампот во пресрет на сезоната 2013-2014, Иличиќ го напуштил Палермо после 98 одиграни натпревари во лигата, 7 во Купот на Италија и два во меѓународни рамки, псотигнувајќи вкупно 25 гола.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

На 1 август 2013, го комлетирал својот трансфер во Фјорентина[34][35][36] за 9.000.000 € (која била платена во три години), плус бонуси[37] потпишувајќи петгодишен договор за плата од 1,2 милиони евра по сезона.[37]

Дебитирал во виолетовиот дрес на 26 август, во натпреварот од првото коло на Серија А 2013-2014, победата со 2-1 над Катанија, во кои влегол во игра во 66-тата минута на местото на Џузепе Роси.[38] Својот прв гол за Фјорентина го постигнал на 15 декември 2013 во победата со 3-0 над Болоња.[39] Својата прва сезона Фиренца ја завршил со три постигнати гола во 21 натпревар во лигата, два натпревари и еден гол во купот и 2 гола во 8 натпревари во Лига Европа.

Следната сезона била добра за него, откако постигнал осум голови во 25 натпревари во Серија А. Од тие 8 гола четири постигнал во последните 4 натпревари, вклучувајќи ги и двата гола против на Емполи. Одиграл уште 2 натпревари во Купот на Италија и 7 (2 гола) во Лига Европа.

Својата трета сезона во Фјоентина ја започнал со гол во првиот натпревар од првенството против Милан на 23 август 2015, поставувајќи го конечниот резултат 2-0 со погодок од пенал кој самиот го заработил.

Аталанта[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2017 година, Аталанта го купила Иличиќ од Фиорентина за пријавени 5,5 милиони евра.[40][41][42]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Иличиќ го пропуштил Светското првенство во 2010, но го направил своето деби за националниот тим во пријателски натпревар против Австралија, на 11 август 2010 година.[43] Својот прв гол во репрезетнтативниот дрес го постигнал на 10 септември 2013 против Кипар.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 16 септември 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008 Словенија Бонифика Изола 2.СНЛ 24 3 - - - - - - 24 3
2008-2009 Словенија Интерблок Љубљана 1.СНЛ 27 9 КС 4 1 - - - - 31 10
2009-2010 1.СНЛ 28+2[44] 3+0[44] КС 3 1 ЛЕ 2[45] 0 - - 35 4
Вкупно Интерблок Љубљана 55+2 12+0 7 2 2 0 66 14
јул.-авг. 2010 Словенија Марибор 1.СНЛ 5 1 КС 0 0 ЛЕ 6[46] 3[46] - - 11 4
2010-2011 Италија Палермо А 34 8 КИ 5 0 ЛЕ - - - - 39 8
2011-2012 А 33 2 КИ 1 3 ЛЕ 2[47] 1[47] - - 36 6
2012-2013 А 31 10 КИ 1 1 - - - - 32 11
Вкупно Палермо 98 20 7 4 2 1 - - 107 25
2013-2014 Италија Фјорентина А 21 3 КИ 2 1 ЛЕ 8[48] 2[49] - - 31 6
2014-2015 А 25 8 КИ 2 0 ЛЕ 7 2 - - 34 10
2015-2016 А 2 1 КИ 0 0 ЛЕ 0 0 - - 2 1
Вкупно Фјорентина 48 12 4 1 15 4 - - 67 17
Вкупно во кариерата 232 48 18 7 25 8 275 63

Хет-трик[уреди | уреди извор]

Во својата кариера Иличиќ два пати успеал да постигне по три гола на еден натпревар, т.н. хет-трик. Првиот пат во дресот на Интерблок Љубљана, а потоа и во дресот на Палермо против екипата на Сиена во Купот на Италија. Интересно е тоа што и во двата натпревари во кој постигнал хет-трик неговиот тим не победил.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 (словенечки) Профил на Siol.net
  2. Il retroscena - Ilicic: un mese fa costava 150 mila euro Palermo24.net
  3. Rudar Velenje-Interblock Ljubljana 2-0 Transfermarkt.it
  4. Interblock Ljubljana-Drava Ptuj 3-2 Transfermarkt.it
  5. Nafta Lendava-Interblock Ljubljana 3-3 Transfermarkt.it
  6. http://www.transfermarkt.it/josip-ilicic/leistungsdaten/spieler/80351/plus/?saison=2009 .* Имајте на ум и дека во резимето на словенечкиот куп стои 2 натпревар (1) гол, а треба да биде 3 (1), очигледно има грешка во копирање.
  7. Il nuovo derby Palermo24.net
  8. Videoton-Maribor 1-1 Transfermarkt.it
  9. Maribor-Hibernian 3-0 transfermarkt.it
  10. (словенечки) Maribor-Celje 2-0 Nkmaribor.com
  11. Palermo, per il centrocampo occhi puntati su quel "diavoletto" di Ilicic Tuttopalermo.net
  12. Il Palermo cade a Maribor ma passa sportmediaset.mediaset.it
  13. (словенечки) ILIČIĆ IN BAČINOVIĆ V PALERMO, REP IZ CELJA V MARIBOR Nkmaribor.com
  14. Tutti i trasferimenti - Palermo Legaseriea.it
  15. Palermo, Ililic e Bacinovic: due osservati speciali Ttuttopalermo.net
  16. Brescia-Palermo 3-2 Ilpalermocalcio.it
  17. Palermo, contro l'Inter uno dei due sloveni dall'inizio? Tuttopalermo.net
  18. Palermo-Inter 1-2 Ilpalermocalcio.it
  19. Palermo, Ilicic: "Non ho mai segnato con questa continuità" Tuttopalermo.net
  20. Palermo, adesso vincile tutte! Tuttopalermo.net
  21. Insieme fino al 2016 Ilpalermocalcio.it
  22. Juve, sfida all'Inter per Ilicic sportmediaset.mediaset.it
  23. Palermo, Ilicic alla Juventus e Sorensen o Amauri a Palermo ? Tuttopalermo.net
  24. Palermo-Thun 2-2 it.uefa.com
  25. Numeri di maglia: Ilicic prende il 27 Ilpalermocalcio.it
  26. Palermo-Siena 4-7 d.c.r. Palermocalcio.it
  27. Palermo: Ilicic firma la prima tripletta rosanero in Coppa Golsicilia.it
  28. Prima diagnosi per Ilicic Palermocalcio.it
  29. Palermo-Napoli, le probabili formazioni: Sannino senza Ilicic, Mazzarri lancia Aronica Tuttonapoli.net
  30. Pagelle/ Lazio-Palermo (3-0): i voti della partita (2ª giornata serie A) Ilsussidiario.net
  31. Ilicic: "Il giorno più bello della mia carriera" Palermo24.net
  32. Palermo, Sannino ha trovato il jolly: Ilicic Tuttopalermo.net
  33. Catania-palermo: le formazioni ufficiali Palermocalcio.it
  34. Tutti i trasferimenti - Fiorentina Legaseriea.it
  35. ILICIC E’ UN GIOCATORE DELLA FIORENTINA“ (посет. 2 agosto 2013 г).
  36. Ilicic ceduto alla Fiorentina Palermocalcio.it
  37. 37,0 37,1 Quinquiennale per Ilicic, ecco le cifre Palermo24.net
  38. Fiorentina-Catania 2-1 Legaseriea.it
  39. Fiorentina-Bologna 3-0 Legaseriea.it
  40. Иличиќ ја засили Аталанта sportmedia.mk
  41. Iličićev avtogram na pogodbo z Atalanto“, RTV Slovenija, 5 јули 2017 (посет. 5 јули 2017 г). (на Slovenian)
  42. Atalanta B.C. (5 јули 2017). "Ecco Josip Iličić" (на Italian). Соопштение за печат.
  43. „Zlatko in Zlatan z goloma krstila stoženski stadion“. rtvslo.si (Slovenian). RTV Slovenija. конс. 11 August 2010. 
  44. 44,0 44,1 Бараж
  45. Третото квалификациско коло.
  46. 46,0 46,1 Прелиминарните рунди и плејоф.
  47. 47,0 47,1 Третото квалификациско коло.
  48. 1 настап во плејофот.
  49. без постигнат гол во плејофот

Надворешни врски[уреди | уреди извор]