Прејди на содржината

Пауло Соуса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пауло Соуса
Лични податоци
Роден на 30 август 1970(1970-08-30)(55 г.)
Роден во Визеу, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Шабаб Ал Ахли Шабаб Ал Ахли (тренер)
Повлекување 2002 (31 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1993 Бенфика Бенфика 87 (1)
1993-1994 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 31 (2)
1994-1996 Јувентус Јувентус 54 (1)
1996-1997 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 27 (1)
1998-2000 Интер Интер 31 (0)
2000Парма Парма 8 (0)
2000-2001 Панатинаикос Панатинаикос 10 (0)
2002 Еспањол Еспањол 9 (0)
Репрезентација
1989 Португалија Португалија 20 2 (0)
1989-1991 Португалија Португалија 21 9 (1)
1991-2002 Португалија Португалија 52 (0)
Раководител на екипите
2005-2008 Португалија Португалија (помошник)
2008-2009 КПР КПР
2009-2010 Свонзи Сити Свонзи Сити
2010 Лестер Сити Лестер Сити
2011-2013 Видеотон Видеотон
2013-2014 Макаби Тел Авив Макаби Тел Авив
2014-2015 Базел Базел
2015-2017 Фјорентина Фјорентина
2017-2018 Тјанџин Кванџијан Тјанџин Кванџијан
2019–2020 Бордо Бордо
2021 Полска Полска
2021–2022 Фламенго Фламенго
2023 Салернитана Салернитана
2024– Шабаб Ал Ахли Шабаб Ал Ахли

Пауло Мануел Карвалјо де Соуса (роден на 30 август 1970 година, во Визеу) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Шабаб Ал Ахли.

Играчка кариера

[уреди | уреди извор]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]
Соуса (лево) заедно со соиграчот од Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, го слават освојувањето на Лигата на шампионите во 1996.

Роден во Визеу, Соуса ја започнал својата фудбалска кариера во својата татковина во екипата на Бенфика (1989-1993), пред да се пресели во градскиот соперник Спортинг Лисабон (1993-1994) во 1993 година. Следната сезона ја напуштил Португалија и потпишал за италијанскиот Јувентус (кој го купил за 10 милијарди лири) [1] 1994-1996; во прва година во Италија имал клучна улога за освојувањето на скудетото кое му недостасувало на клубот од Торино во претходните девет години[2], додека во втората понудил перформанси под очекувањата, најмногу заради повредите кои произлегуваат од младоста кој биле третирани неточно во Португалија и станале хронични,[3], но и поради фактот што противничките екипи почнале да го обележуваат како човекот кој е најслабата алка во тимот [4], но сепак тој пронашол начин да биде водач во освојувањето на Лигата на шампионите.

Подоцна тој го носел дресот на германскиот клуб Борусија Дортмунд (1996-1998) со кој во 1997 година го освоил својот втор трофеј во Лигата на шампионите, поразувајќи го својот поранешен тим Јувентус - со што станал еден од само тројцата играчи (заедно со Марсел Десаи и Самуел Ето) кој станал европски шампион во две години по ред, со два различни клуба.[5] - и Интерконтиненталниот куп. Во јануари 1998 година се вратил во Италија откако потпишал договор со Интер за 13,2 милијарди лири[6] (1998-2000), но од тој момент тој никогаш не успеал да ги достигне своите перформанси од минатото. До крајот на својата играчка кариера без некој голем успех го носел дресот на Парма (2000), Панатинаикос (2000-2001) и Еспањол (2002). Кариерата ја завршил во 2002 поради проблеми со повреди, на возраст од 31 година.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Соуса бил член на талентираната португалска репрезентација кој победила на Светското првенство за играчи под 20 години во 1989.

За сениорската репрезентација одиграл 51 натпревари без погодок, а своето деби го имал на 16 јануари 1991 во пријателски натпревар против Шпанија (1-1). Последниот настап го имал во пријателски натпревар против Кина (2-0), во 2002. Својата земја ја претставувал на Европското првенство 1996 и Европското првенство 2000, како и на Светското првенство во 2002, но на тој турнир не одиграл ниту една минута.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-1-1991Кастељон де ла ПланаШпанија Шпанија1 – 1Португалија ПортугалијаПријателска-
23-1-1991МарусиГрција Грција3 – 2Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1992-заменет 72'
9-2-1991Та КалиМалта Малта0 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1992-влегол во игра 63'
20-2-1991ПортоПортугалија Португалија5 – 0Малта МалтаКвал. за Евро 1992-
4-9-1991ВизеуПортугалија Португалија1 – 1Австрија АвстријаПријателска-заменет 46'
10-2-1993ФароПортугалија Португалија1 – 1Норвешка НорвешкаПријателска-влегол во игра 62'
31-3-1993ЦирихШвајцарија Швајцарија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за СП 1994-добил жолт картон во 31-вата минута 31'
28-4-1993ЛисабонПортугалија Португалија5 – 0Шкотска ШкотскаКвал. за СП 1994-
19-6-1993ПортоПортугалија Португалија4 – 0Малта МалтаКвал. за СП 1994-
5-9-1993ТалинЕстонија Естонија0 – 2Португалија ПортугалијаКвал. за СП 1994-
13-10-1993ПортоПортугалија Португалија1 – 0Швајцарија ШвајцаријаКвал. за СП 1994-
10-11-1993ПортоПортугалија Португалија3 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за СП 1994-
17-11-1993МиланоИталија Италија1 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за СП 1994-добил жолт картон во 20-тата минута 20'
19-1-1994ВигоШпанија Шпанија2 – 2Португалија ПортугалијаПријателска-заменет 46'
7-9-1994БелфастСеверна Ирска Северна Ирска1 – 2Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1996-добил жолт картон во 60-тата минута 60'
9-10-1994РигаЛатвија Латвија1 – 3Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1996-
13-11-1994ЛисабонПортугалија Португалија1 – 0Австрија АвстријаКвал. за Евро 1996-
26-4-1995ДаблинИрска Ирска1 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1996-
3-6-1995ПортоПортугалија Португалија3 – 2Латвија ЛатвијаКвал. за Евро 1996-добил жолт картон во 34-тата минута 34' заменет 46'
3-9-1995ПортоПортугалија Португалија1 – 1Северна Ирска Северна ИрскаКвал. за Евро 1996-
11-10-1995ВиенаАвстрија Австрија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 1996-
15-11-1995ЛисабонПортугалија Португалија3 – 0Ирска ИрскаКвал. за Евро 1996-
12-12-1995ЛисабонПортугалија Португалија1 – 1Англија АнглијаКвал. за Евро 1996-заменет 46'
21-2-1996ПортоПортугалија Португалија1 – 2Германија ГерманијаПријателска-
9-6-1996ШефилдДанска Данска1 – 1Португалија ПортугалијаЕвро 1996 - Прва фаза-добил жолт картон во 58-мата минута 58' заменет 79'
14-6-1996НотингемПортугалија Португалија1 – 0Турција ТурцијаЕвро 1996 - Прва фаза-
18-6-1996НотингемХрватска Хрватска0 – 3Португалија ПортугалијаЕвро 1996 - Прва фаза-заменет 71'
23-6-1996БирмингемЧешка Чешка1 – 0Португалија ПортугалијаЕвро 1996 - Четвртфинале-
29-3-1997БелфастСеверна Ирска Северна Ирска0 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за СП 1998-
7-6-1997ПортоПортугалија Португалија2 – 0Албанија АлбанијаКвал. за СП 1998-
20-8-1997СетубалПортугалија Португалија3 – 1Ерменија ЕрменијаКвал. за СП 1998-
6-9-1997БерлинГерманија Германија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за СП 1998-
11-10-1997ЛисабонПортугалија Португалија1 – 0Северна Ирска Северна ИрскаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 63-тата минута 63'
22-4-1998ЛондонАнглија Англија3 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-заменет 76'
18-11-1998СетубалПортугалија Португалија2 – 0Израел ИзраелПријателска-заменет 78'
26-3-1999ГимараешПортугалија Португалија7 – 0Азербејџан АзербејџанКвал. за Евро 2000-
31-3-1999ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 5Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2000-
5-6-1999ЛисабонПортугалија Португалија1 – 0Словачка СловачкаКвал. за Евро 2000-
9-6-1999КоимбраПортугалија Португалија8 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за Евро 2000-заменет 63'
18-8-1999ОеирашПортугалија Португалија4 – 0Андора АндораПријателска-заменет 46'
4-9-1999БакуАзербејџан Азербејџан1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2000-заменет 67'
8-9-1999БукурештРоманија Романија1 – 1Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2000-заменет 69'
9-10-1999ЛисабонПортугалија Португалија3 – 0Унгарија УнгаријаКвал. за Евро 2000-
26-4-2000Реџо КалабријаИталија Италија2 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
20-6-2000РотердамПортугалија Португалија3 – 0Германија ГерманијаЕвро 2000 - Прва фаза-заменет 71'дет.
24-6-2000АмстердамТурција Турција0 – 2Португалија ПортугалијаЕвро 2000 - Четвртфинале-влегол во игра 46' добил жолт картон во 60-тата минута 60'
16-8-2000ВизеуПортугалија Португалија5 – 1Литванија ЛитванијаПријателска-
3-9-2000ТалинЕстонија Естонија1 – 3Португалија ПортугалијаКвал. за СП 2002-
6-10-2001ЛисабонПортугалија Португалија5 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за СП 2002-влегол во игра 66'
14-11-2001ЛисабонПортугалија Португалија5 – 1Ангола АнголаПријателска-
25-5-2002МакаоКина Кина0 – 2Португалија ПортугалијаПријателска-заменет 41'
Вкупно Настапи 51 Голови 0

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Откако во периодот од 2005 до 2008 бил еден од помошниците на селекторот на португалската репрезентација на 19 ноември 2008, бил ангажиран од страна на англискиот клуб Квинс Парк Ренџерс за менаџер; на 9 април 2009 сопственикот на тимот, Флавио Бријаторе му врачил отказ откако полицајците по дваесет кола биле пласирани на десеттото место, заостанувајќи девет бода зад позициите кој воделе во плејофот[7]. Следната сезона 2009-2010, бил назначен за нов менаџер на клупата на Свонзи Сити, доведувајќи ја велшката екипа до седмото место во Чемпионшип. На 7 јуни 2010 потпишал договор со Лестер Сити,[8] меѓутоа во септември истата година добил отказ по само 12 натпревари.

15 мај 2011 потпишал тригодишен договор со Видеотон шампионот на Унгарија од претходната сезона,[9] со кој не започнал најдобро испаѓајќи уште во вториот круг од квалификациите за Лигата на шампионите од австрискиот Штурм Грац; На 8 јануари 2013 ја најавил својата оставка во клубот од Унгарија поради семејни причини. На 12 јуни 2013 бил назаначен за тренер на Макаби Тел Авив, со кого потпишал договор на две години. На 28 мај 2014, откако го раскинал договорот со израелската екипа, потпишал договор на три години со швајцарскиот првак, Базел; освојувајќи го швајцарското првенство уште во својата прва сезона, шеста титула по ред за црвено-сините. Меѓутоа, и покрај успешната сезона во клубот на 17 јуни 2015 го раскинал договорот со швајцарците пред неговото истекување.[10]

Само четири дена подоцна, на 21 јуни се договорил со управата на Фјорентина, да ја преземе тренерската функција во клубот, наследувајќи го Винченцо Монтела.[11] Соуса потпишал двегодишен договор со опција и за третата сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.[12]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Тренерска статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 27 септември 2015
Екипа Земја Од До Учинок
ОНПНИДГПГГР% успешност
Квинс Парк Ренџерс Англија 19 ноември 2008 9 април 2009 &1000000000000002600000026 &100000000000000070000007 &1000000000000001200000012 &100000000000000070000007&1000000000000002300000023&1000000000000002400000024−1 &1000000000000026900000026,9
Свонзи Сити Велс 23 јуни 2009 4 јули 2010 &1000000000000004900000049 &1000000000000001800000018 &1000000000000001800000018 &1000000000000001300000013&1000000000000004500000045&1000000000000003900000039+6 &1000000000000036700000036,7
Лестер Сити Англија 7 јули 2010 1 октомври 2010 &1000000000000001200000012 &100000000000000040000004 &100000000000000020000002 &100000000000000060000006&1000000000000001800000018&1000000000000002700000027−9 &1000000000000033300000033,3
Видеотон Унгарија 1 јуни 2011 7 јануари 2013 &1000000000000008800000088 &1000000000000005200000052 &1000000000000001700000017 &1000000000000001900000019&10000000000000140000000140&1000000000000006300000063+77 &1000000000000059100000059,1
Макаби Тел Авив[13] Израел 11 јуни 2013 28 мај 2014 &1000000000000004900000049 &1000000000000003100000031 &1000000000000001000000010 &100000000000000080000008&1000000000000009100000091&1000000000000004500000045+46 &1000000000000063300000063,3
Базел Швајцарија 18 јуни 2014 17 јуни 2015 &1000000000000005000000050 &1000000000000003200000032 &100000000000000070000007 &1000000000000001100000011&10000000000000112000000112&1000000000000006000000060+52 &1000000000000064000000064,0
Фјорентина Италија 21 јуни 2015 Денес &1000000000000006200000062 &1000000000000002800000028 &1000000000000001800000018 &1000000000000001600000016&1000000000000009800000098&1000000000000006600000066+32 &1000000000000045200000045,2
Вкупно &10000000000000281000000281 &10000000000000149000000149 &1000000000000006600000066 &1000000000000006600000066&10000000000000441000000441&10000000000000264000000264+177 &1000000000000053000000053,0

Играч

Клупски

Португалија Бенфика
1990-1991.
1992–1993
1989
Италија Јувентус
1994–1995
1994–1995
1995
1995–1996
Германија Борусија Дортмунд
1996–1997
1997
1996

Репрезентација

1989

Тренер

Унгарија Видеотон
2011–2012
2011, 2012
Израел Макаби Тел Авив
2013–2014
Швајцарија Базел
2014–2015
  1. Panini, уред. (20126). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 11 (1994-1995). стр. 10. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. „Sousa geometra del gol: "Corro a regola d'arte". la Repubblica. 22 мај 1995.
  3. Stefano Agresti, Sousa si ribella: " Juve ingrata " in Corriere della Sera, 30 јануари 1996, p. 35.
  4. Stefano Agresti, Lippi: " Non ci sono più intoccabili " in Corriere della Sera, 2 јануари 1996, p. 31.
  5. Paul Saffer (4 јуни 2015). uefa.com (уред.). „Morata a caccia del bis“.
  6. Panini, уред. (2012). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 14 (1997-1998). стр. 10.
  7. QPR axe Sousa after just 26 games, BBC Sport, 9 април 2009
  8. lcfc.com (уред.). „Sousa Joins Foxes“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 2015-09-27.
  9. TMW.com, уред. (15 мај 2011). „Ufficiale: Paulo Sousa nuovo tecnico del Videoton“.
  10. fcb.ch, уред. (17 јуни 2015). „FCB und Paulo Sousa beschliessen sofortige einvernehmliche Trennung“ (германски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-27.
  11. violachannel.tv, уред. (21 јуни 2015). „Пауло Соуса нов тренер на Фјорентина“ (италијански).
  12. Paulo Sousa, per il portoghese un biennale con opzione per il terzo anno fiorentina.it
  13. Fixtures Архивирано на 25 септември 2013 г.; at Maccabi's official website

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]