Прејди на содржината

Андреас Мелер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреас Мелер
Лични податоци
Роден на 2 септември 1967(1967-09-02)(58 г.)
Роден во Франкфурт, Западна Германија
Држава Западна Германија Западна Германија
Германија Германија (од 1990)
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2004 (36 г.)
Младинска кариера
Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985-1987 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 35 (5)
1988-1990 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 75 (24)
1990-1992 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 69 (28)
1992-1994 Јувентус Јувентус 56 (19)
1994-2000 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 153 (47)
2000-2003 Шалке 04 Шалке 04 86 (6)
2003-2004 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 11 (0)
Репрезентација
1988-1990 Западна Германија Западна Германија 21 4 (2)
1988-1999 Германија Германија 85 (29)
Раководител на екипите
2007–2008 Викторија Ашафенбург
2015–2017 Унгарија Унгарија000000000000000(Асистент)

Андреас Мелер (германски: Andreas Möller; роден во Франкфурт на Мајна, Германија, 2 септември 1967) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Со германската репрезентацијата, Мелер ги освоил и светското и европското првенство, додека на клупско ниво бил првак во Лигата на шампионите, Купот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп. Интересно, играјќи за Јувентус и Борусија Дортмунд, Мелер ги освојувал титулите победувајќи ги во финалето токму својте поранешни клубови.

По завршувањето на играчката кариера, Мелер на кратко бил тренер во баварскиот нисколигаш Викторија Ашафенбург. Од 2015 до 2017, тој му бил асистент на селекторот Бернд Штрок во унгарската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Играчот ја започнал својата кариера во Ајнтрахт Франкфурт каде најпрво играл за јуниорите, а во 1985 година влегува во сениорскиот тим. Во клубот поминал две сезони по што во 1988 година во зимскиот трансферен прозорец преоѓа во Борусија Дортмунд. Во сезоната 1988-89 тој го освоил германскиот куп, откако во финалето неговиот тим бил подобар од Вердер Бремен со 4-1.

Во 1990 година, Мелер се враќа во Ајнтрахт за кого таа сезона постигнал 16 првенствени голови што е негов личен рекорд, кој во текот на понатамошната своја кариера не успеал да го сруши.

Во 1992 година, Мелер за првпат во својата кариера ја напушта Германија и се сели во италијанскиот Јувентус. За две сезони, тој одиграл вкупно 56 натпревари и постигнал 19 голови во Серија А. Во својата прва сезона постигнал 10 гола и бил втор стрелец на тимот (зад Роберто Баџо кој имал 21), а во втората еден гол помалку. Во 1993 како член на клубот го освоил Купот на УЕФА победувајќи го во финалето во двата натпревари својот поранешен клуб Борусија Дортмунд со 3-1 и 3-0.

Мелер со Борусија Дортмунд во 1997.

После авантурата во Италија, Андреас се враќа во Германија и тоа повторно во дресот на Борусија Дортмунд со кој ги остварува најголемите успеси во својата кариера. За време на неговиот втор период во Дортмунд, тој освоил две титули во Бундеслигата и два германски Суперкупа. Како што го освоил Купот на УЕФА со Јувентус победувајќи ја Борусија, така во 1997 година ја освоил Лигата на шампионите со Борусија победувајќи го Јувентус со 3-1. Исто така, тука е и Интерконтиненталниот куп кој е освоен следната година, кога Борусија била подобра од бразилскиот Крузеиро со 2-0. Во шестте години поминати во клубот, Мелер се покажал како одличен стрелец, асистент и разигрувач. Заради тоа, во тоа време бил сметан за еден од најдобрите играчи од средниот ред. Подоцна со текот на времето тој добил поголема конкуренција во средниот ред на Борусија која била сочинета од помлади играчи како Ларс Рикен, Кристијан Нерлингер, Мирослав Стевиќ и Владимир Бут, па така Андреас го напуштил клубот во 2000-тата година.

Својот нов почеток, Мелер одлучил да го направи во Шалке 04, но неговото доаѓање во клубот било пропратено со критики бидејќи во клубот доаѓа од лутиот соперник на Шалке 04, Борусија Дортмунд. Во дебитантската сезона за Шалке 04, бил освоен купот на германија (кој го одбраниле следната сезона) додека во првенството Шалке завршил како втор. Во текот на сезоната 2002-03, Мелер претежно бил на клупата за резерви па така на крајот на сезоната одлучил да го напушти клубот.

Својата последна сезона како играч ја одбележил со враќање во клубот во којшто ја започнал својата кариера Ајнтрахт Франкфурт. Покрај почетното воодушевување следувало големо разочарување за самиот Мелер бидејќи одиграл свега 11 првенствени натпревари од кој само во две бил стартер. Својот последен професионален натпревар го одиграл на 28 февруари 2004, во победата со 3-1 над Борусија Менхенгладбах, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 89-тата минута.

Андреас Мелер своето официјално повлекување од фудбалот го објавил на 2 март 2004.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Мелер со репрезентацијата на Германија под 20 години настапувал во финалето на светското јуниорско првенство во Чиле 1987 година. Германците таму биле поразени на пенали од својте врсници од Југославија.

Својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Германија, Мелер го одиграл на 21 септември 1988 во Диселдорф против СССР, а последната на 9 февруари 1999 против Колумбија во Мајами.

Во текот на периодот додека настапувал за Елфите, Андреас го освоил насловот на светското првенство 1990-тата (Италија 1990) и европското во 1996-тата (Европско првенство 1996). Интересно е дека во 1990 не одиграл ниту еден натпревар на светското првенство иако бил член на репрезентацијата, додека на ЕП 1996-тата не можел да игра во финалето заради црвениот картон кој го заработил во полуфиналето.

Вкупно, Андерас Мелер учествувал на три Светски првенства (во 1990, 1994 и 1998) и две европски првенства (во 1992 и 1996).

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
21-9-1988ДиселдорфЗападна Германија Западна Германија1 – 0Советскиот Сојуз Советскиот СојузПријателска-
22-3-1989СофијаБугарија Бугарија1 – 2Западна Германија Западна ГерманијаПријателска-
26-4-1989РотердамХоландија Холандија1 – 1Западна Германија Западна ГерманијаКвал. за СП 1990-
31-5-1989КардифВелс Велс0 – 0Западна Германија Западна ГерманијаКвал. за СП 1990-
6-9-1989ДаблинИрска Ирска1 – 1Западна Германија Западна ГерманијаПријателска-
4-10-1989ДортмундЗападна Германија Западна Германија6 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 19902
15-11-1989КелнЗападна Германија Западна Германија2 – 1Велс ВелсКвал. за СП 1990-
28-2-1990МонпељеФранција Франција2 – 1Западна Германија Западна ГерманијаПријателска1
26-5-1990ДиселдорфЗападна Германија Западна Германија1 – 0Чехословачка ЧехословачкаПријателска-
30-5-1990ГелзенкирхенЗападна Германија Западна Германија1 – 0Данска ДанскаПријателска-
10-6-1990МиланоЗападна Германија Западна Германија4 – 1Југославија ЈугославијаСП 1990 - Прва фаза-
1-7-1990МиланоЧехословачка Чехословачка0 – 1Западна Германија Западна ГерманијаСП 1990 - Четвртфинале-
29-8-1990ЛисабонПортугалија Португалија1 – 1Западна Германија Западна ГерманијаПријателска-
10-10-1990СолнаШведска Шведска1 – 3Германија ГерманијаПријателска-
27-3-1991Франкфурт на МајнаГерманија Германија2 – 1Советскиот Сојуз Советскиот СојузПријателска-
11-9-1991ЛондонАнглија Англија0 – 1Германија ГерманијаПријателска-
16-10-1991НирнбергГерманија Германија4 – 1Велс ВелсКвал. за ЕП 19921
20-11-1991АндерлехтБелгија Белгија0 – 1Германија ГерманијаКвал. за ЕП 1992-
18-12-1991ЛеверкузенГерманија Германија4 – 0Луксембург ЛуксембургКвал. за ЕП 1992-
22-4-1992ПрагаЧехословачка Чехословачка1 – 1Германија ГерманијаПријателска-
Вкупно Настапи (20. место) 85 Голови (15. место) 29
1994-1995, 1995-1996
1988-1989, 2000-2001, 2001-2002
1995, 1996
1992-1993
1996-1997
1997

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
1990
1993
1996

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]