Прејди на содржината

Јенс Јеремис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јенс Јеремис
Лични податоци
Роден на 5 март 1974(1974-03-05)(51 г.)
Роден во Герлиц, Германија
Држава Источна Германија Источна Германија
Германија Германија (од 1990)
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2006
Младинска кариера
Мотор Герлиц
Динамо Дрезден Динамо Дрезден
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1995 Динамо Дрезден Динамо Дрезден 10 (1)
1995-1998 Минхен 1860 Минхен 1860 78 (2)
1998-2006 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 160 (6)
Репрезентација
1995 Германија Германија 21 3 (1)
1997-2004 Германија Германија 55 (1)

Јенс Јеремис (роден на 5 март 1974 година, во Герлиц) — германски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Јеремис започнал да игра фудбал во 1980, во младинскиот сектор на локалниот клуб Мотор Герлиц. Во 1986 се префрлил во Динамо Дрезден, каде во осум години ги поминал сите младински категории и го направил своето деби за првиот тим во Бундеслигата на 1 април 1995, во поразот со 3-1 од Минхен 1860. Токму Минхен 1860 станал неговиот следен клуб во кариерата, откако Динамо Дрезден претрпел испаѓање од елитата во сезоната 1994-95 и морале да го пуштат младиот играч од средниот ред да му се приклучил на синиот клуб од Минхен во летото 1995 година. Во Минхен 1860, Јеремис одиграл три одлични сезони во кој бил стандарден првотимец, развивајќи се во квалитетен играч. Тоа го приметил и градскиот соперник, Бајерн Минхен кој успеал да го доведе во својот тим во 1998, а воедно тоа ќе биде и клубот за кој играл до крајот на кариерата.

Сите негови успеси во клупската кариера дошле имено со Бајерн, вклучувајќи и шест национални првенства (1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006), четири Купа на Германија (1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006), Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001 и Интерконтиненталниот куп во 2001 година.

Последниот натпревар во кариерата го одиграл на 13 мај 2006, во кој Бајерн на домашен терен одиграл 3-3 против Борусија Дортмунд,[1] по што ја завршил кариерата на возраст од 32 години.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Својот прв настап во дресот на германската репрезентација Јеремис го имал на 15 ноември 1997, во пријателски натпревар со Јужна Африка. Тој бил повикан и настапувал за германската репрезентација на Светското првенство 1998, при што германскиот комичар Харалд Шмит го нарекол Јенс Јереналдо. Иако бил регистриран за настап на Евро 2000, подоцна бил отстранет поради тоа што го нарекол селекторот Ерих Рибек "патетичен". Сепак, Јеремис подоцна бил вратен во репрезентацијата и учествувал на Светското првенство во 2002. Тој се повлекол од репрезентативниот фудбал по завршувањето на Евро 2004 со цел да се концентрира на кариерата во Бајерн Минхен.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-11-1997ДиселдорфГерманија Германија3 – 0Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-
18-2-1998МускатОман Оман0 – 2Германија ГерманијаПријателска-
22-4-1998КелнГерманија Германија1 – 0Нигерија НигеријаПријателска-добил жолт картон заменет 46'
27-5-1998ХелсинкиФинска Финска0 – 0Германија ГерманијаПријателска-влегол во игра 68'
30-5-1998ФранкфуртГерманија Германија3 – 1Колумбија КолумбијаПријателска-заменет 71'
15-6-1998ПаризГерманија Германија2 – 0САД САДСП 1998 - Прва фаза-добил жолт картон во 30-тата минута 30'
21-6-1998ЛансГерманија Германија2 – 2СР Југославија СР ЈугославијаСП 1998 - Прва фаза-
4-7-1998ЛионГерманија Германија0 – 3Хрватска ХрватскаСП 1998 - Четвртфинале-
5-9-1998Та КалиРоманија Романија1 – 1Германија ГерманијаПријателска-
10-10-1998БурсаТурција Турција1 – 0Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2000-добил жолт картон во 89-тата минута 89'
18-11-1998ГелзенкирхенГерманија Германија1 – 1Холандија ХоландијаПријателска-
6-2-1999ЏексонвилСАД САД3 – 0Германија ГерманијаПријателска-
9-2-1999МајамиКолумбија Колумбија3 – 3Германија ГерманијаПријателска-добил жолт картон заменет 46'
27-3-1999БелфастСеверна Ирска Северна Ирска0 – 3Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2000-
31-3-1999НирнбергГерманија Германија2 – 0Финска ФинскаКвал. за ЕП 20001
28-4-1999БременГерманија Германија0 – 1Шкотска ШкотскаПријателска-заменет 46'
4-6-1999ЛеверкузенГерманија Германија6 – 1Молдавија МолдавијаКвал. за ЕП 2000-заменет 44'
4-9-1999ХелсинкиФинска Финска1 – 2Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2000-
8-9-1999ДортмундГерманија Германија4 – 0Северна Ирска Северна ИрскаКвал. за ЕП 2000-
9-10-1999МинхенГерманија Германија0 – 0Турција ТурцијаКвал. за ЕП 2000-
14-11-1999ОслоНорвешка Норвешка0 – 1Германија ГерманијаПријателска-
23-2-2000АмстердамХоландија Холандија2 – 1Германија ГерманијаПријателска-
7-6-2000ФрајбургГерманија Германија8 – 2Лихтенштајн ЛихтенштајнПријателска-заменет 46'
12-6-2000ЛиежГерманија Германија1 – 1Романија РоманијаЕвро 2000 - Прва фаза-
17-6-2000ШарлроаАнглија Англија1 – 0Германија ГерманијаЕвро 2000 - Прва фаза-добил жолт картон во 42-рата минута 42' заменет 78'
27-2-2001Сен ДениФранција Франција1 – 0Германија ГерманијаПријателска-
24-3-2001ЛеверкузенГерманија Германија2 – 1Албанија АлбанијаКвал. за СП 2002-
28-3-2001МарусиГрција Грција2 – 4Германија ГерманијаКвал. за СП 2002-заменет 90'
27-3-2002РостокГерманија Германија4 – 2САД САДПријателска-заменет 69'
17-4-2002ШтутгартГерманија Германија0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-добил жолт картон во 20-тата минута 20' заменет 77'
9-5-2002ФрајбургГерманија Германија7 – 0Кувајт КувајтПријателска-добил жолт картон во 38-мата минута 38'
14-5-2002КардифВелс Велс1 – 0Германија ГерманијаПријателска-
18-5-2002ЛеверкузенГерманија Германија6 – 2Австрија АвстријаПријателска-заменет 73'
1-6-2002СапороГерманија Германија8 – 0Саудиска Арабија Саудиска АрабијаСП 2002 - Прва фаза-влегол во игра 46'
5-6-2002КашимаГерманија Германија1 – 1Ирска ИрскаСП 2002 - Прва фаза-влегол во игра 90'
11-6-2002ШизуокаКамерун Камерун0 – 2Германија ГерманијаСП 2002 - Прва фаза-влегол во игра 80'
15-6-2002СеогвипоГерманија Германија1 – 0Парагвај ПарагвајСП 2002 - Осминафинале-
21-6-2002УлсанГерманија Германија1 – 0САД САДСП 2002 - Четвртфинале-влегол во игра 60' добил жолт картон во 68-мата минута 68'
25-6-2002СеулГерманија Германија1 – 0Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2002 - Полуфинале-влегол во игра 85'
30-6-2002ЈокохамаГерманија Германија0 – 2Бразил БразилСП 2002 - Финале-заменет 77'
21-8-2002СофијаБугарија Бугарија2 – 2Германија ГерманијаПријателска- добил жолт картон во 71-вата минута 71'
7-9-2002КаунасЛитванија Литванија0 – 2Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2004-влегол во игра 86'
11-10-2002СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 1Германија ГерманијаПријателска-
16-10-2002ХановерГерманија Германија2 – 1Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за ЕП 2004-
20-11-2002ГелзенкирхенГерманија Германија1 – 3Холандија ХоландијаПријателска-заменет 46'
12-2-2003Палма де МајоркаШпанија Шпанија3 – 1Германија ГерманијаПријателска-
7-6-2003ГлазговШкотска Шкотска1 – 1Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2004-
11-6-2003ТорсхавнФарски Острови Фарски Острови0 – 2Германија ГерманијаКвал. за ЕП 2004-заменет 65'
20-8-2003ШтутгартГерманија Германија0 – 1Италија ИталијаПријателска-
15-11-2003ГелзенкирхенГерманија Германија0 – 3Франција ФранцијаПријателска-
31-3-2004КелнГерманија Германија3 – 0Белгија БелгијаПријателска-влегол во игра 71'
28-4-2004БукурештРоманија Романија5 – 1Германија ГерманијаПријателска-влегол во игра 69'
27-5-2004ФрајбургГерманија Германија7 – 0Малта МалтаПријателска-
2-6-2004БазелШвајцарија Швајцарија0 – 2Германија ГерманијаПријателска-влегол во игра 87'
23-6-2004ЛисабонЧешка Чешка2 – 1Германија ГерманијаЕвро 2004 - Прва фаза-влегол во игра 86'
Вкупно Настапи 55 Голови 1

Бајерн Минхен

[уреди | уреди извор]
1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006
1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006
1998, 1999, 2000, 2004
2000–2001
2001
  1. „Jens Jeremies's career last game“ (англиски). espnfc. 2006. Посетено на 19 март 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]