Џанлука Вијали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џанлука Вијали
Vialli 2018.jpg
Лични податоци
Роден на 9 јули 1964 (1964-07-09) (54 г.)
Роден во Кремона, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1999
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1980-1984 Кремонезе Кремонезе 105 (23)
1984-1992 Сампдорија Сампдорија 223 (85)
1992-1996 Јувентус Јувентус 102 (38)
1996-1999 Челси Челси 58 (21)
Репрезентација
1985-1992 Италија Италија 59 (16)
Раководител на екипите
1998-2000 Челси Челси
2001-2002 Вотфорд Вотфорд
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Џанлука Вијали (роден на 9 јули 1964 во Кремона) е италијански фудбалски тренер и поранешен играч, кој играл на позицијата напаѓач. Моментално работи како коментатор за Скај Спорт Италија.

Вијали ја започнал својата кариера во екипата на Кремонезе во 1980 година, каде што тој направил 105 лигашки настапи, постигнувајќи 23 гола. Со неговите настапи го импресионирал раководството на Сампдорија, со која потпишал во 1984 година. За тоа време тој постигнал 85 лигашки голови, освоил 3 Купа на Италија, едно скудето и Купот на победниците на куповите. Во 1992 се преселил во Јувентус за светски рекордна сума од 12.500.000 фунти. За време на неговиот престој во Торино тој со клубот ги освоил речиси сите можни трофеи: Скудетото, Купот на Италија, Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и Купот на УЕФА. Во 1996 година Вијали му се приклучил на Челси, а следната сезона станал играч-менаџер. Во Англија тој го освоил ФА купот, Лига купот, Купот на победниците на куповите и Суперкупот на Европа. Тој е еден од само деветте фудбалери кој ги имаат освоено сите три главни европски клупски натпреварувања и е единствениот играч во европската фудбалска историја кој има победнички и вицешампионски медали во сите три главни европски клупски натпреварувања.

За италијанската репрезентација играл на две Светски првенства во 1986 и 1990 и на едно Европско во 1988. За време на неговата дваесетгодишна кариера како професионален фудбалер, тој има постигнато 259 голови на клупско ниво, 16 гола за репрезентацијата и 11 гола за националниот тим под 21 година што прави вкупно 286 гола во повеќе од 500 настапи.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Вијали доаѓа од семејство од Кремона, а својте први фудбалски чекори ги направил во младинскиот центар Ораторио, во селото Пo ди Кремона.

Тој се приклучил на младинскиот погон на екипата на Пицигетоне, а потоа се преселил во Примаверата на Кремонезе, каде тренер бил Гвидо Сетембрино.

Кремонезе[уреди | уреди извор]

Неговата кариера на професионално ниво започнала во 1980. Во првата сезона со Кремонезе, 1980-1981 во Серија Ц1, тој имал два настапи без постигнат гол.

Наредните три години играјќи во Серија Б секогаш постигнувал голови за Кремонезе, за вкупно во 103 натпревари да постигне 23 гола. Две сезони во тој период тренер на клубот бил Емилијано Мондонико.

Сампдорија[уреди | уреди извор]

По почетокот на кариерата во Кремонезе, клубот од родниот град Вијали преминал во редовите на Сампдорија[1], каде оформува силно партнерство во нападот со својот пријател од детството, Роберто Манчини. Со Вијали во топ-форма Сампдорија ги остварила својте најзначајни успеси во својата клубска историја. За првпат во историјата го освоиле насловот првак на Италија во сезоната 1990-91 во која Вијали бил најдобар стрелец во првенството со постигнати 19 голови. Покрај Серија А, како фудбалер на Сампдорија, Вијали го освоил и Купот на победниците на куповите во сезоната 1989-90, каде во финалето на овој турнир тој ги постигнал двата гола во продолженијата за победа над Андерлехт. Истотака тој освоил и три италијански купа во 1985, 1988 и 1989 година.

Во 1992 година Сампдорија играла во финалето на Лигата на шампионите, но тоа единствено финале досега во нивната истотрија го загубиле од шпанската Барселона. Вијали играл до 100-тата минута од натпреварот кога бил заменет, а 12 минути по неговото излегување од игра Барселона го постигнала единствениот гол за победа во тоа финале преку Роналд Куман.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во сезоната 1992-1993 тој се преселил во Јувентус за рекордна сума од 12.5 милиони фунти во која била вклучена и размена на четири играчи (Микеле Серена, Еугенио Корини, Никола Занини и Мауро Бертарели), кој од Јувентус отишле во Сампдорија[2].

Во тимот на Јувентус, тој играл во нападот првично со Раванели и Баџо, а потоа со Раванели и Дел Пјеро.

Своето деби за Јувентус, Вијали го направил на 6 септември 1992 во натпреварот без голови нагости против Калјари. Во следното-второ коло од првенството тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во победата од 4-1 над Аталанта на домашен терен. На 4 септември, Вијали го постигнал третиот погодок за Јуве во победата над Наполи во Неапол со 2-3, со прекрасно изведен слободен удар во десниот горен агол. [3] Во 11-тото коло од шампионатот во дербито на градот, Вијали го израмнил резултатот во 75-тата минута, а неколку минути пред крајот на натпреварот фудбалерите на ФК Торино си постигнале автогол и Јувентус победил со 2-1. Потоа тој реализирал и во последните минути од натпреварот против Парма, кога со волеј ја зафатил топката која ја нафрлил Андреас Мелер од левата страна за да го спаси својот тим од пораз. Неговите последни два првенствени гола Вијали ги постигнал на Деле Алпи против Фоџа и Лацио. Сепак, со оглед на вложените средства за неговиот трансфер, може да се каже дека Вијали разочарал во својата прва сезона во Торино, која ја завршил со само 6 првенствени гола и останал во сенката на Роберто Баџо кој бил убедливо најдобар стрелец на клубот. Но затоа пак, во неговата деби-сезона во клубот тој го освоил Купот на УЕФА, кој бил единствениот освоен трофеј на Јуве во оваа сезона.

Две години подоцна, во текот на сезоната 1994-1995, Вијали го освоил скудетото, проследено истотака со насловот во италијанскиот Суперкуп каде бил победен неговиот поранешен клуб Сампдорија.

На почетокот од сезоната 1995-96, Вијали станал новиот капитен на клубот по заминувањет на Баџо во Милан. Оваа сезона тој го предводел својот клуб до насловот во Лигата на шампионите победувајќи го во финалето во Рим, Ајакс по изведување на пенали[4]. Така Вијали успевал да го освои трофејот, кој го загуби со Сампдорија четири години порано.

Со Бјанконерите од Торино тој одиграл вкупно 102 натпревари во Серија А во четири сезони, и постигнал 38 голови.

Челси[уреди | уреди извор]

По финалето во Лигата на шампионите, Вијали го напуштил Јувентус и се преселил во Англија, потпишувајќи за лондонскиот Челси каде играл 3 години и ја завршил својата фудбалска кариера. Тука тој ја започнал својата менаџерска кариера, откако во неговата последна сезона како фудбалер тој бил назначен за играч-менаџер.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Тим Држ Од До Скор
Н Поб Пор Н Победи %
Челси Англија 12 февруари 1998 12 септември 2000 143 76 29 38 53.15
Вотфорд Англија 1 јуни 2001 14 јуни 2002 52 20 21 11 38.46

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Италија Сампдорија[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Англија Челси[уреди | уреди извор]

Италија Италија[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Англија Челси[уреди | уреди извор]

Coppacampioni.png
Јувентус - Шампион на Европа 1996.
Coppacampioni.png

1 Перуци | 2 Ферара | 3 Торичели | 5 Порини | 6 Соуса | 7 Ди Ливио | 8 Конте | 9 Вијали | 10 Дел Пјеро | 11 Раванели | 12 Рампуља | 14 Дешам | 18 Југовиќ | 20 Вјерховод | 21 Падовано | 22 Песото | тренер Липи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012". Vol. 1 (1984-1985). Panini.  Unknown parameter |giorno= ignored (помош); Unknown parameter |pagine= ignored (помош); Unknown parameter |age= ignored (помош); Unknown parameter |mese= ignored (помош);
  2. "Вијали потпиша за Јувентус".  Unknown parameter |година= ignored (помош); Unknown parameter |ден= ignored (помош); Unknown parameter |месец= ignored (помош); Unknown parameter |страници= ignored (помош); Unknown parameter |издавач= ignored (помош);
  3. Наполи-Јувентус 2-3
  4. Јувентус првак на Европа
Спортски позиции
Претходник
Италија
Роберто Баџо
Капитен на Јувентус
1995–1996
Наследник
Италија
Антонио Конте